Џифони филмски денови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzifoni-filmski-denovi/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Jun 2022 10:15:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џифони филмски денови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzifoni-filmski-denovi/ 32 32 Украинскиот детски филм „Бобот“ за крај на „Џифони филмски денови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ukrainskiot-detski-film-bobot-za-kraj-na-dzifoni-filmski-denovi/ Thu, 09 Jun 2022 10:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=513083

Украинскиот детски филм „Бобот“ во режија на Макс Ксјонда, ќе биде последниот наслов од програмата „Џифони филмски денови“, што ќе заврши в сабота (11 јуни) во 10 часот во Кинотека. По филмот ќе следува дискусија.

Влад многу сака да им раскажува фантастични приказни на своите другари во летниот камп, иако и самиот е по малку плашливо дете. 12-годишниот сонувач случајно се наоѓа во конфликт помеѓу две вонземски сили. Заедно со електрична трансформер кутија Бобот, храбра девојка и ексцентричен научник тој мора да го спаси светот од глобална катастрофа. Бобот го има решението за спас на светот. Додека ги раскажува приказните за храброста, Влад ќе открие дека да се надмине стравот е прилично голем предизвик, се вели во најавата за филмот.

Филмот има освоено неколку награди, меѓу кои и за специјални визуелни ефекти.

По дискусијата на филмот, во 12:30 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа.

’Џифони филмски денови’ привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија“, велат организаторите.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм и од Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

 

The post Украинскиот детски филм „Бобот“ за крај на „Џифони филмски денови“ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот детски филм „Бобот“ во режија на Макс Ксјонда, ќе биде последниот наслов од програмата „Џифони филмски денови“, што ќе заврши в сабота (11 јуни) во 10 часот во Кинотека. По филмот ќе следува дискусија.
Влад многу сака да им раскажува фантастични приказни на своите другари во летниот камп, иако и самиот е по малку плашливо дете. 12-годишниот сонувач случајно се наоѓа во конфликт помеѓу две вонземски сили. Заедно со електрична трансформер кутија Бобот, храбра девојка и ексцентричен научник тој мора да го спаси светот од глобална катастрофа. Бобот го има решението за спас на светот. Додека ги раскажува приказните за храброста, Влад ќе открие дека да се надмине стравот е прилично голем предизвик, се вели во најавата за филмот.
Филмот има освоено неколку награди, меѓу кои и за специјални визуелни ефекти. По дискусијата на филмот, во 12:30 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа.
’Џифони филмски денови’ привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија“, велат организаторите.
Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм и од Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.  

The post Украинскиот детски филм „Бобот“ за крај на „Џифони филмски денови“ appeared first on Република.

]]>
Проекција на украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ и дискусија за перспективите на младите во Europe House Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekcija-na-ukrainskiot-film-koga-drvjata-pagjaat-i-diskusija-za-perspektivite-na-mladite-vo-europe-house-skopje/ Fri, 03 Jun 2022 07:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=510487

Украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ од Марисја Никитук ќе биде прикажан во Europe House Скопје в сабота во 17 часот. Проекцијата е во рамките на програмата „Џифони филмски денови“, што ја организира фестивалот „Џифони Македонија“. Филмот е наменет за деца над 16 години, а по проекцијата ќе следува и дискусија на тема „Перспективите на младите во период на транзиција“, а Украина е земена како актуелен пример. Целиот настан ќе се одвива на англиски јазик.

„Кога дрвјата паѓаат“ е дебитантски филм на Марисја Никитук, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2018 година. Филмот е копродукција меѓу Украина, Полска и Македонија.

На осмата сесија на „Џифони филмски денови“ во редовниот термин од 10 часот, во Кинотеката ќе бидат прикажани три кратки филма за публика над 10 години. Ќе гостуваат и претставници од екипите на филмовите. Станува збор за наградуваните: „Змија“ на Андреј Илиевски Волкашин, „Јас не сум Игор“ на Сергеј Ѓеоргиев и „Перики“ на Ангела Димеска, која беше учесничка на „Џифони Италија“ во 2015 година. Филмот „Змија“ има учествувано на 30-ина фестивали, а освои три награди на фестивал во Грција. „Јас не сум Игор“ зборува за спортското навивање и кога тоа се претвора во националистичко скандирање и борба.

„Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм и од Кинотека, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

 

 

The post Проекција на украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ и дискусија за перспективите на младите во Europe House Скопје appeared first on Република.

]]>

Украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ од Марисја Никитук ќе биде прикажан во Europe House Скопје в сабота во 17 часот. Проекцијата е во рамките на програмата „Џифони филмски денови“, што ја организира фестивалот „Џифони Македонија“. Филмот е наменет за деца над 16 години, а по проекцијата ќе следува и дискусија на тема „Перспективите на младите во период на транзиција“, а Украина е земена како актуелен пример. Целиот настан ќе се одвива на англиски јазик. „Кога дрвјата паѓаат“ е дебитантски филм на Марисја Никитук, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2018 година. Филмот е копродукција меѓу Украина, Полска и Македонија. На осмата сесија на „Џифони филмски денови“ во редовниот термин од 10 часот, во Кинотеката ќе бидат прикажани три кратки филма за публика над 10 години. Ќе гостуваат и претставници од екипите на филмовите. Станува збор за наградуваните: „Змија“ на Андреј Илиевски Волкашин, „Јас не сум Игор“ на Сергеј Ѓеоргиев и „Перики“ на Ангела Димеска, која беше учесничка на „Џифони Италија“ во 2015 година. Филмот „Змија“ има учествувано на 30-ина фестивали, а освои три награди на фестивал во Грција. „Јас не сум Игор“ зборува за спортското навивање и кога тоа се претвора во националистичко скандирање и борба. „Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија. Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм и од Кинотека, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.    

The post Проекција на украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ и дискусија за перспективите на младите во Europe House Скопје appeared first on Република.

]]>
Анимираниот филм „Детето фантом“ утре на „Џифони филмски денови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/animiraniot-film-deteto-fantom-utre-na-dzifoni-filmski-denovi/ Fri, 27 May 2022 07:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=507464

Фестивалот „Џифони Македонија“ на седмата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже анимираниот француски филм за деца „Детето фантом“ в сабота  (21 мај) во 10 часот во Кинотеката. Филмот е синхронизиран на македонски јазик, продукцијата е од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол.

Детето фантом е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф.

По дискусијата на филмот, во 12.30 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа.

„Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

 

 

The post Анимираниот филм „Детето фантом“ утре на „Џифони филмски денови“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Џифони Македонија“ на седмата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже анимираниот француски филм за деца „Детето фантом“ в сабота  (21 мај) во 10 часот во Кинотеката. Филмот е синхронизиран на македонски јазик, продукцијата е од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол. Детето фантом е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. По дискусијата на филмот, во 12.30 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа. „Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија. Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.    

The post Анимираниот филм „Детето фантом“ утре на „Џифони филмски денови“ appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот филм „Стаклено момче“ на „Џифони филмски денови“ в сабота во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/italijanskiot-film-stakleno-momche-na-dzifoni-filmski-denovi-v-sabota-vo-kinoteka/ Thu, 12 May 2022 07:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=501270

Фестивалот „Џифони Македонија“ на шестата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже италијанскиот филм за деца „Стаклено момче“ во режија на Самуеле Роси. Филмот ќе биде прикажан в сабота (14 мај) во 10 часот во Кинотеката.

Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете. Филмот е копродукција помеѓу Италија, Австрија и Швајцарија. Главните улоги ги толкуваат: Андреа Ару, Лорета Гоџи, Роза Барболини. Освоил неколку филмски награди и номинации.

Со филмот беше отворено последното издание на фестивалот „Џифони Македонија“.

„Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од петто одделение нагоре, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

По дискусијата на филмот, во 12 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм и Кинотека, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

The post Италијанскиот филм „Стаклено момче“ на „Џифони филмски денови“ в сабота во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Џифони Македонија“ на шестата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже италијанскиот филм за деца „Стаклено момче“ во режија на Самуеле Роси. Филмот ќе биде прикажан в сабота (14 мај) во 10 часот во Кинотеката. Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може да живее како и секое друго дете. Филмот е копродукција помеѓу Италија, Австрија и Швајцарија. Главните улоги ги толкуваат: Андреа Ару, Лорета Гоџи, Роза Барболини. Освоил неколку филмски награди и номинации. Со филмот беше отворено последното издание на фестивалот „Џифони Македонија“. „Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од петто одделение нагоре, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија. По дискусијата на филмот, во 12 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева. Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм и Кинотека, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

The post Италијанскиот филм „Стаклено момче“ на „Џифони филмски денови“ в сабота во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Џифони Филмски Денови во пресрет на десеттото издание на „Џифони Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dzifoni-filmski-denovi-vo-presret-na-desettoto-izdanie-na-dzifoni-makedonija/ Mon, 04 Apr 2022 08:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=482954

Oд 9 април до 11 јуни, секоја сабота од 10 часот во Кинотеката на Македонија ќе се прикажува по еден филм наменет за младата публика, проследен со дискусија и средба со филмски автор или актер. Потоа следи “ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА” работилница со режисерката Марија Џиџева.
Филмовите што ќе произлезат од работилницата ќе бидат прикажани за време на десеттото издание на Џифони Македонија, и заедно со филмовите направени на фестивалот ќе се натпреваруваат за главната награда – професионална камера.

Линк за пријавивање на Giffoni Movie Days
https://tinyurl.com/movie-days

Линк за пријавивање за Филмската училница
https://tinyurl.com/film-classroom

Проектот Џифони Филмски Денови - Giffoni Movie Days е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм на РСМ и Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер Џифони Експириенс

The post Џифони Филмски Денови во пресрет на десеттото издание на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Oд 9 април до 11 јуни, секоја сабота од 10 часот во Кинотеката на Македонија ќе се прикажува по еден филм наменет за младата публика, проследен со дискусија и средба со филмски автор или актер. Потоа следи “ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА” работилница со режисерката Марија Џиџева. Филмовите што ќе произлезат од работилницата ќе бидат прикажани за време на десеттото издание на Џифони Македонија, и заедно со филмовите направени на фестивалот ќе се натпреваруваат за главната награда – професионална камера.

Линк за пријавивање на Giffoni Movie Days https://tinyurl.com/movie-days

Линк за пријавивање за Филмската училница https://tinyurl.com/film-classroom

Проектот Џифони Филмски Денови - Giffoni Movie Days е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм на РСМ и Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер Џифони Експириенс

The post Џифони Филмски Денови во пресрет на десеттото издание на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>