Џибони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dziboni/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Feb 2024 12:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џибони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dziboni/ 32 32 Џибони и Влатко Стефановски синоќа на сцената во Скопје: Заедно ги изведоа „Libar“ и „ Čuvam noć od budnih“ https://arhiva3.republika.mk/scena/dhiboni-i-vlatko-stefanovski-sinoka-na-stsenata-vo-skopje-zaedno-gi-izvedoa-libar-i-cuvam-noc-od-budnih/ Sun, 18 Feb 2024 12:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=745328

Хрватскиот кантавтор Златан Стипшиќ-Џибони синоќа во салата „Јане Сандански“ одржа концерт на кој гостин беше Влатко Стефановски. Ваква комбинација на сцената само можете да посакате, а присутните без сведоци на маестрална изведба на нивните хитови „Libar“ и „ Čuvam noć od budnih“.

Џибони во чест на неговиот долгогодишен пријател и соработник, Оливер Драгојевиќ го почна концертот со неговиот хит „Цесарица“.

Еден од последните концерти кои ги одржав заедно со Оливер беше во Скопје и затоа сакав да го почнам концертот токму со „Цесарица“, рече Џибони синоќа, а публиката во еден глас ја пееше песната која ја одбележа младоста на многу генерации.

Влатко Стефановски, како секогаш уникатен во изведбата. Го придружуваше  Џибони во изведбата на неколку негови хитови, а потоа ја сам ја отсвири „Чукни во дрво“, на голема радост на присутните кои на нозе и со силен аплауз го поздравија.

Во двочасовниот настап на хрватската музичка ѕвезда се редеа „Опрости“, „Тајна вјештина“, „Темпера“, „Ниси више моја бол“, Миракул“, „Не одустајем“, „Посољени зрак и разливена тинта“...

Салата е доволно интимна за да се гледаме во очи, но и доволно голема за сите мои пријатели на сцената за одличен концерт, рече Џибони.

А неговите пријатели и соработници на сцената додека ги претставуваше на сцената ни создадоа впечаток на уникатен збир од прекрасни музичари од Македонија, Словенија, Хрватска, но и такви со германско и чешко потекло кои видно расположени со добра енергија и прекрасна музика ни приредија одличен концерт.

При крај на концертот, Џибони уште еднаш му се оддолжи на Оливер Драгојевиќ со изведбата на „Старим ја, а у љубав вјере немам“, а како вистински Далматинец постојано одржуваше топол контакт со публиката, слегуваше од бината меѓу присутните, се фотографираше, разговараше и на самиот крај посакувајќи ни убава година пред нас ни даде и совет секој безбедно да се врати дома.

Концертот слободно може да го наречеме ексклузивен, па дури и интимен бидејќи Џибони дојде по двe распродадени арени во Загреб и две распродадени „Штарк” арени во Белград, каде го видоа речиси 80.000 посетители.

The post Џибони и Влатко Стефановски синоќа на сцената во Скопје: Заедно ги изведоа „Libar“ и „ Čuvam noć od budnih“ appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот кантавтор Златан Стипшиќ-Џибони синоќа во салата „Јане Сандански“ одржа концерт на кој гостин беше Влатко Стефановски. Ваква комбинација на сцената само можете да посакате, а присутните без сведоци на маестрална изведба на нивните хитови „Libar“ и „ Čuvam noć od budnih“. Џибони во чест на неговиот долгогодишен пријател и соработник, Оливер Драгојевиќ го почна концертот со неговиот хит „Цесарица“.
Еден од последните концерти кои ги одржав заедно со Оливер беше во Скопје и затоа сакав да го почнам концертот токму со „Цесарица“, рече Џибони синоќа, а публиката во еден глас ја пееше песната која ја одбележа младоста на многу генерации.
Влатко Стефановски, како секогаш уникатен во изведбата. Го придружуваше  Џибони во изведбата на неколку негови хитови, а потоа ја сам ја отсвири „Чукни во дрво“, на голема радост на присутните кои на нозе и со силен аплауз го поздравија. Во двочасовниот настап на хрватската музичка ѕвезда се редеа „Опрости“, „Тајна вјештина“, „Темпера“, „Ниси више моја бол“, Миракул“, „Не одустајем“, „Посољени зрак и разливена тинта“...
Салата е доволно интимна за да се гледаме во очи, но и доволно голема за сите мои пријатели на сцената за одличен концерт, рече Џибони.
А неговите пријатели и соработници на сцената додека ги претставуваше на сцената ни создадоа впечаток на уникатен збир од прекрасни музичари од Македонија, Словенија, Хрватска, но и такви со германско и чешко потекло кои видно расположени со добра енергија и прекрасна музика ни приредија одличен концерт. При крај на концертот, Џибони уште еднаш му се оддолжи на Оливер Драгојевиќ со изведбата на „Старим ја, а у љубав вјере немам“, а како вистински Далматинец постојано одржуваше топол контакт со публиката, слегуваше од бината меѓу присутните, се фотографираше, разговараше и на самиот крај посакувајќи ни убава година пред нас ни даде и совет секој безбедно да се врати дома. Концертот слободно може да го наречеме ексклузивен, па дури и интимен бидејќи Џибони дојде по двe распродадени арени во Загреб и две распродадени „Штарк” арени во Белград, каде го видоа речиси 80.000 посетители.  

The post Џибони и Влатко Стефановски синоќа на сцената во Скопје: Заедно ги изведоа „Libar“ и „ Čuvam noć od budnih“ appeared first on Република.

]]>
Влатко Стефановски ќе биде гостин на концертот на Џибони https://arhiva3.republika.mk/scena/vlatko-stefanovski-ke-bide-gostin-na-kontsertot-na-dhiboni/ Wed, 14 Feb 2024 08:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=743914

Нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски официјално ќе биде гостин на концертот на Џибони оваа сабота - 17ти февруари во СЦ Јане Сандански, а со тоа, се разбира и негов домаќин, како наш еминентен уметник, соопштија организаторите

Џибони ќе одржи свој двочасовен "best of" концерт во СЦ Јане Сандански! ,,Либар", ,,Миракул", ,,Чиним праву ствар", ,,Посољени зрак и разливена тинта", ,,Тајна вјештина", Не одустајем" и уште многу други... оваа сабота, 17ти февруари, во живо од СЦ Јане Сандански!
Преостанатите влезници во сите категории се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

The post Влатко Стефановски ќе биде гостин на концертот на Џибони appeared first on Република.

Џибони ќе го менува Аки на последниот концерт на „Парни ваљак“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/dziboni-kje-go-menuva-aki-na-posledniot-koncert-na-parni-valjak/ Tue, 01 Feb 2022 17:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=452619

По смртта на фронтменот, легендарниот Аки Рахимовски, бендот „Парни ваљак“ на својот Инстаграм профил објави дека турнејата е откажана поради големата загуба што ја претрпе овој бенд.

Групата најави и дека ќе одржи концерт во чест на Аки Рахимовски насловен „Ролер и пријатели: нашата Акија“ во Арена Загреб на 26 март 2022 година, каде, меѓу другите пејачи, нивните песни ќе ги изведе и Златан Стипишиќ Џибони.

The post Џибони ќе го менува Аки на последниот концерт на „Парни ваљак“ appeared first on Република.

]]>

По смртта на фронтменот, легендарниот Аки Рахимовски, бендот „Парни ваљак“ на својот Инстаграм профил објави дека турнејата е откажана поради големата загуба што ја претрпе овој бенд. Групата најави и дека ќе одржи концерт во чест на Аки Рахимовски насловен „Ролер и пријатели: нашата Акија“ во Арена Загреб на 26 март 2022 година, каде, меѓу другите пејачи, нивните песни ќе ги изведе и Златан Стипишиќ Џибони.

The post Џибони ќе го менува Аки на последниот концерт на „Парни ваљак“ appeared first on Република.

]]>