Џезаир Реџепи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzezair-redzepi/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jan 2022 08:10:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џезаир Реџепи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzezair-redzepi/ 32 32 Скулпторот Џезаир Реџепи на Гостивар му подари скулптура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skulptorot-dzezair-redzepi-na-gostivar-mu-podari-skulptura/ Wed, 05 Jan 2022 08:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=440744

Скулптура во метал, дело на гостиварскиот уметник Џезаир Реџепи, од денеска ќе стои на левиот брег на Вардар во Гостивар. Ова дело со висина од речиси пет метри стана сопственост на општина Гостивар по потпишување на меморандумот помеѓу локалната самоуправа и авторот.

На церемонијата за откривање на скулптурата, наречена „Метафора на слободата", присуствуваа повеќе уметници од градот. За идејата да го подари ова дело, Реџепи рече дека со ова сака да поттикне други автори да прават уметнички дела за отворен простор.
„Иако во Гостивар има многу уметници, сепак нема многу уметнички дела на отворен простор. Сметам дека со уметност се облагородува просторот во кој престојуваме, особено кејот на Вардар и тој да стане своевидно уметничко катче“, рече Реџепи.

Изработката на скулптурата финансиски е поддржана од Министерството за култура, а авторот ја работеше една година.

Благодарност во име на локалната власт и граѓаните искажа претседателот на Советот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

„Ова е еден гест со кој се создава попријатен амбиент за гостиварци, но и подигање на културното ниво. Посакувам ова да биде мотив и за други уметници да творат слични проекти“, рече Лимани.

Џезаир Реџепи е дипломиран скулптор на Државниот универзитет Тетово и е вработен во Конзерваторскиот центар во Гостивар.

The post Скулпторот Џезаир Реџепи на Гостивар му подари скулптура appeared first on Република.

]]>

Скулптура во метал, дело на гостиварскиот уметник Џезаир Реџепи, од денеска ќе стои на левиот брег на Вардар во Гостивар. Ова дело со висина од речиси пет метри стана сопственост на општина Гостивар по потпишување на меморандумот помеѓу локалната самоуправа и авторот. На церемонијата за откривање на скулптурата, наречена „Метафора на слободата", присуствуваа повеќе уметници од градот. За идејата да го подари ова дело, Реџепи рече дека со ова сака да поттикне други автори да прават уметнички дела за отворен простор. „Иако во Гостивар има многу уметници, сепак нема многу уметнички дела на отворен простор. Сметам дека со уметност се облагородува просторот во кој престојуваме, особено кејот на Вардар и тој да стане своевидно уметничко катче“, рече Реџепи. Изработката на скулптурата финансиски е поддржана од Министерството за култура, а авторот ја работеше една година. Благодарност во име на локалната власт и граѓаните искажа претседателот на Советот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани. „Ова е еден гест со кој се создава попријатен амбиент за гостиварци, но и подигање на културното ниво. Посакувам ова да биде мотив и за други уметници да творат слични проекти“, рече Лимани. Џезаир Реџепи е дипломиран скулптор на Државниот универзитет Тетово и е вработен во Конзерваторскиот центар во Гостивар.

The post Скулпторот Џезаир Реџепи на Гостивар му подари скулптура appeared first on Република.

]]>