џез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzez/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 18:07:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzez/ 32 32 Вечер на популарни џез хитови, вечерва пред платото на кумановскиот Центар за култура https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vecher-na-popularni-dhez-hitovi-vecherva-pred-platoto-na-kumanovskiot-tsentar-za-kultura/ Thu, 08 Aug 2024 19:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=804716

Кумановци вечерва со почеток во 20:30 часот ќе имаат можност да уживаат во музичката вечер која ја организира НУЦК „Трајко Прокопиев“ на која ќе настапат академските музичари Јован Цветковиќ и Игор Величковски, информираа денеска надлежните од установата. Публиката која ќе го проследи настапот ќе ужива во популарни џез мелодии и евергрини во џез аранжмани.

-На платото пред центарот за култура веќе некое време не се одржуваат концерти поради градежните активности на плоштадот, меѓутоа овој пат и изведувачите и публиката ќе бидат на самото плато, каде со соодветно осветлување и озвучување ќе уживаат во одличниот музички перформанс, изјави, музичкиот соработник во центарот, Александар Митрички.

На музичката вечер ќе настапат пијанистот Јован Цветковиќ, кој воедно е и член на оркестарот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ и саксофонистот, Игор Величковски кој работи како наставник во основното музичко училиште „Панче Пешев“.

The post Вечер на популарни џез хитови, вечерва пред платото на кумановскиот Центар за култура appeared first on Република.

]]>

Кумановци вечерва со почеток во 20:30 часот ќе имаат можност да уживаат во музичката вечер која ја организира НУЦК „Трајко Прокопиев“ на која ќе настапат академските музичари Јован Цветковиќ и Игор Величковски, информираа денеска надлежните од установата. Публиката која ќе го проследи настапот ќе ужива во популарни џез мелодии и евергрини во џез аранжмани. -На платото пред центарот за култура веќе некое време не се одржуваат концерти поради градежните активности на плоштадот, меѓутоа овој пат и изведувачите и публиката ќе бидат на самото плато, каде со соодветно осветлување и озвучување ќе уживаат во одличниот музички перформанс, изјави, музичкиот соработник во центарот, Александар Митрички. На музичката вечер ќе настапат пијанистот Јован Цветковиќ, кој воедно е и член на оркестарот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ и саксофонистот, Игор Величковски кој работи како наставник во основното музичко училиште „Панче Пешев“.

The post Вечер на популарни џез хитови, вечерва пред платото на кумановскиот Центар за култура appeared first on Република.

]]>
Целодневен џез хепенинг по повод Светскиот ден на џезот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tselodneven-dhez-hepening-po-povod-svetskiot-den-na-dhezot/ Mon, 29 Apr 2024 07:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=772064

На 30ти април, во паркот "Ибни Пајко," со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на нашиот целодневен џез хепенинг со кој се приклучуваме кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.

Годинава на сцената ќе ги видиме следните артисти:
Сашко Николовски Септет (МК)
Фани Поса Квартет (ХУ/СРБ/ДЕ)
Гоце Стевковски - Богданци Реунион квартет (МК)
Лана Јањанин Квартет (ХР)
Џијан Емин и Магичниот оркестар (МК)
Карлос Сардуј Грув Месинџерс (КУБА).
На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција.
Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација.

Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.

Ден пред 1ви мај, ве покануваме да заборавите на секојдневните рутини и обврски и да ни се придружите на настанот по кој е препознатлива пролетта во Скопје - глобалната прослава на џезот и неговите придобивки!

Бидете дел од ова случување, заедно да уживаме во радоста на џез музиката бидејќи на овој ден, сѐ е џез! велат организаторите.

The post Целодневен џез хепенинг по повод Светскиот ден на џезот appeared first on Република.

Вечерва „Читаме џез“ со Марија Димитријевиќ, Филип Димишковски и Андреа Мирческа https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vecherva-chitame-dhez-so-marija-dimitrijevik-filip-dimishkovski-i-andrea-mircheska/ Fri, 12 Apr 2024 08:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=765263

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), овој петок (12.04), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во најубавите џез-стандарди, во акустично-вокална изведба на триото предводено од џез-вокалистката Марија Димитријевиќ.

Моќниот глас и впечатливата интерпретација на Димитријевиќ, во придружба на клавиристот Филип Димишковски и Андреа Мирческа на контрабас, ќе ја одведе публиката на незаборавно патување низ историјата и развитокот на најубавите џез-композиции на сите времиња.

Настапуваат:
Марија Димитријевиќ – вокал
Филип Димишковски – клавијатури
Андреа Мирческа – контрабас

„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани, кои се одржуваат секој петок во „Café Literatura“ во „Дајмонд мол“. Целта на овие концерти е на публиката да ѝ се овозможи квалитетно музичко искуство и да се поддржи развитокот на џез-културата.

The post Вечерва „Читаме џез“ со Марија Димитријевиќ, Филип Димишковски и Андреа Мирческа appeared first on Република.

]]>

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), овој петок (12.04), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во најубавите џез-стандарди, во акустично-вокална изведба на триото предводено од џез-вокалистката Марија Димитријевиќ. Моќниот глас и впечатливата интерпретација на Димитријевиќ, во придружба на клавиристот Филип Димишковски и Андреа Мирческа на контрабас, ќе ја одведе публиката на незаборавно патување низ историјата и развитокот на најубавите џез-композиции на сите времиња. Настапуваат: Марија Димитријевиќ – вокал Филип Димишковски – клавијатури Андреа Мирческа – контрабас „Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани, кои се одржуваат секој петок во „Café Literatura“ во „Дајмонд мол“. Целта на овие концерти е на публиката да ѝ се овозможи квалитетно музичко искуство и да се поддржи развитокот на џез-културата.  

The post Вечерва „Читаме џез“ со Марија Димитријевиќ, Филип Димишковски и Андреа Мирческа appeared first on Република.

]]>
Концерти на „Кантон6“ и Глигор Кондовски вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во рамките на проектот „Џез во Центарот“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontserti-na-kanton6-i-gligor-kondovski-vecherva-vo-kafe-knizharnitsata-bukva-vo-ramkite-na-proektot-dhez-vo-tsentarot/ Fri, 21 Jul 2023 07:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=663745

Овој петок, 21 јули, во рамките на проектот „Џез во центарот“, во кафе-книжарница „Буква“, со концерт во живо ќе настапат реномираните домашни автори и изведувачи, бендот „Кантон6“ и Глигор Кондовски, музичари што соработуваат и издаваат за дискографската куќа „ПМГ рекордингс/ПМГ џез“.

„Џез во центарот“ е насочен кон музичко оплеменување на градските центарски катчиња, оние места што секојдневно ги одминуваме брзајќи некаде. Прекрасни скопски исечоци, полни со вибрантен дух и скриена убавина, вредна за внимание. Ова лето, во соработка со Општина Центар, музички го мапираме јадрото на урбаниот градски центар, простор совршен за пријатни средби, летни дискусии и секако уживање во музика. Простор блокиран од напуштени кина, недовршени цркви и амбициозни паркинзи. Простор кој има потенцијал за развој. Кафе-книжарницата „Буква“ се наоѓа токму таму, зад киното „Култура“, црквата „Св. Константин и Елена“, паркингот на Собранието и поранешниот Дом на АРМ. Простор со автентична атмосфера, свратилиште на многубројни уметници, студенти, креативци и граѓани заинтересирани за разни културни содржини.

Токму во овој простор со концертите на „Кантон6“ и Глигор Кондовски, проектот „Џез во центарот“ ја доближува до граѓаните квалитетната џез, етно и современа музика од домашни музичари.
Проектот се реализира од здружението за развој на музичката култура, „ПМГ рекордингс 2.0“, со поддршка на Општина Центар.

„Кантон6“ е пионерски музички проект, кој датира од 2000 година, предвесник на инди-техно-рок-кросоверот во земјата, развиен од Мирко Попов и Синиша Евтимов. Со многубројни сингл и ЕП-изданија и 4 студиски албуми во овој состав, „Кантон6“ се трансформира во вистинска лајв-електроатракција. Од 2019 година „Кантон6“ активно работи како трио во соработка со џез-музичарот Владан Дробицки. Со впечатлив настап во живо, „Кантон6“ како електро-џез-етносостав создава современа музика инспирирана од автохтониот македонски ритам. Истата година соработува со „Гербрудер Теихман“ од Берлин, со кој издава албум во живо – Interactive Music Lab (Skopje Session). Во 2021 година го издава својот последен студиски албум #Jazzus. „Кантон6“ има активна концертна активност во земјата и надвор со настапи на „Катовице џез-арт фестивал“ (Полска), фестивалот „Диес“ (Le festival DIÈSE) во Дижон (Франција), интернационалниот „Џез-фест“ во Крагуевац (Србија), „Карусел фестивалот за амбиентална и етномузика“ во Чачак (Србија), „Зеленковац џез-фест“ (Босна и Херцеговина), прилепскиот „Џез-фестивал“, „ПМГ рекордингс фестивал“, „ДирмОн фестивал“ во Струга, „Аларма панк џез-фестивалот“ во Софија (Бугарија), „Здраво, млади“ во Скопје и др.

Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и магистер по филмско и ТВ-сценарио, кој денес работи како професор по виолина. Покрај успешната педагошка работа, во портфолиото на Кондовски се запишани шест албуми со амбиентална џез-музика и многубројни претставувања во земјата и регионот со музички композиции, кратки и документарни филмови. Зад себе има три музички изданија (албуми) за „ПМГ џез“, еден соло и два во соработка со колегите автори и изведувачи Владан Дробицки, Марија Каева и Дени Омерагиќ. Покрај музичкото творештво, Кондовски има реализирано и три самостојни изложби.

Влезот е бесплатен.

The post Концерти на „Кантон6“ и Глигор Кондовски вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во рамките на проектот „Џез во Центарот“ appeared first on Република.

]]>

Овој петок, 21 јули, во рамките на проектот „Џез во центарот“, во кафе-книжарница „Буква“, со концерт во живо ќе настапат реномираните домашни автори и изведувачи, бендот „Кантон6“ и Глигор Кондовски, музичари што соработуваат и издаваат за дискографската куќа „ПМГ рекордингс/ПМГ џез“. „Џез во центарот“ е насочен кон музичко оплеменување на градските центарски катчиња, оние места што секојдневно ги одминуваме брзајќи некаде. Прекрасни скопски исечоци, полни со вибрантен дух и скриена убавина, вредна за внимание. Ова лето, во соработка со Општина Центар, музички го мапираме јадрото на урбаниот градски центар, простор совршен за пријатни средби, летни дискусии и секако уживање во музика. Простор блокиран од напуштени кина, недовршени цркви и амбициозни паркинзи. Простор кој има потенцијал за развој. Кафе-книжарницата „Буква“ се наоѓа токму таму, зад киното „Култура“, црквата „Св. Константин и Елена“, паркингот на Собранието и поранешниот Дом на АРМ. Простор со автентична атмосфера, свратилиште на многубројни уметници, студенти, креативци и граѓани заинтересирани за разни културни содржини. Токму во овој простор со концертите на „Кантон6“ и Глигор Кондовски, проектот „Џез во центарот“ ја доближува до граѓаните квалитетната џез, етно и современа музика од домашни музичари. Проектот се реализира од здружението за развој на музичката култура, „ПМГ рекордингс 2.0“, со поддршка на Општина Центар. „Кантон6“ е пионерски музички проект, кој датира од 2000 година, предвесник на инди-техно-рок-кросоверот во земјата, развиен од Мирко Попов и Синиша Евтимов. Со многубројни сингл и ЕП-изданија и 4 студиски албуми во овој состав, „Кантон6“ се трансформира во вистинска лајв-електроатракција. Од 2019 година „Кантон6“ активно работи како трио во соработка со џез-музичарот Владан Дробицки. Со впечатлив настап во живо, „Кантон6“ како електро-џез-етносостав создава современа музика инспирирана од автохтониот македонски ритам. Истата година соработува со „Гербрудер Теихман“ од Берлин, со кој издава албум во живо – Interactive Music Lab (Skopje Session). Во 2021 година го издава својот последен студиски албум #Jazzus. „Кантон6“ има активна концертна активност во земјата и надвор со настапи на „Катовице џез-арт фестивал“ (Полска), фестивалот „Диес“ (Le festival DIÈSE) во Дижон (Франција), интернационалниот „Џез-фест“ во Крагуевац (Србија), „Карусел фестивалот за амбиентална и етномузика“ во Чачак (Србија), „Зеленковац џез-фест“ (Босна и Херцеговина), прилепскиот „Џез-фестивал“, „ПМГ рекордингс фестивал“, „ДирмОн фестивал“ во Струга, „Аларма панк џез-фестивалот“ во Софија (Бугарија), „Здраво, млади“ во Скопје и др. Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и магистер по филмско и ТВ-сценарио, кој денес работи како професор по виолина. Покрај успешната педагошка работа, во портфолиото на Кондовски се запишани шест албуми со амбиентална џез-музика и многубројни претставувања во земјата и регионот со музички композиции, кратки и документарни филмови. Зад себе има три музички изданија (албуми) за „ПМГ џез“, еден соло и два во соработка со колегите автори и изведувачи Владан Дробицки, Марија Каева и Дени Омерагиќ. Покрај музичкото творештво, Кондовски има реализирано и три самостојни изложби. Влезот е бесплатен.

The post Концерти на „Кантон6“ и Глигор Кондовски вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во рамките на проектот „Џез во Центарот“ appeared first on Република.

]]>
Kонцерт и промоција на нов албум на Bopheads https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-i-promocija-na-nov-album-na-bopheads/ Fri, 28 Oct 2022 06:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=566596

На 29 октомври, сабота, џез ансамблот Bopheads, составен од моментално најзначајните имиња на македонската сцена, ќе ја почести својата публика со два настани.

Во Малата сала на Филхармонија, со почеток од 20 часот ќе се одржи овогодинешното концертно издание на ,,Dinner Sessions,’’ овој пат со еден од најдобрите џез состави на нашиве простори – Bopheads.

Идеен творец на овој проект е пијанистот на Bopheads, композиторот и аранжер, Гордан Спасовски кој зад себе има голем број на соработки и богата кариера со повеќе различни состави.

На 29ти, во Малата сала во Филхармонија, покрај Гордан ќе настапат Кирил Туфекчиевски на контрабас, Виктор Филиповски на тапани, Кирил Кузманов на сопран и алт саксофон, Трајче Велков на труба, Иван Иванов на тенор саксофон, како и специјалниот гостин Џон Илија Апелгрен.

На концертот ќе бидат изведени премиерни композиции, неколку композиции од минатогодишното издание на ,,Dinner Sessions’’ претставени во едно ново руво, како и композиции од деби албумот на Bopheads, ,,At The Philharmonic”.

Билетите можат да се набават на продажната мрежа на www.mktickets.mk.

Веднаш по завршувањето на концертот ќе следи и официјална промоција на првиот албум на Bopheads, At the Philharmonic, издаден од страна на издавачката куќа ЗЏМ Рекордс, која ќе се одржи во Филхармонија Бар, со почеток од 22 часот. Настанот ќе биде проследен со ДЈ сет на Бојан Петков, Шамба.

На концертот и промоцијата им претходи прес-концерефција од отворен карактер која ќе се одржи во Филхармонија бар на 27 октомври, со почеток од 11 часот

***
Bopheads e џез ансамбл составен од во моментов најзначајните претставници на џез сцената во Македонија. Во него членуваат Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски - контрабас, Виктор Филиповски - тапани, Кирил Кузманов - сопран и алт саксофон, Трајче Велков – труба. Сите членови на на бендот освен Виктор Филиповски, своето образование го имаат стекнато на престижната Џез академија во Грац, Австрија, каде што беа испратени на студирање како дефицитарен кадар, по што тие се вратија во нашата земја, со цел знаењето стекнато во овој европски град да го пренесат и кај нас. Виктор Филиповски пак, своето образование го има стекнато на Џез академијата во Штип. Сите членови на Боперс покрај нивната кариера како изведувачи, работат и како едукатори, односно се професори на Џез академиите во Скопје и Штип.

Bopheads е бенд кој претходно настапуваше и под имињата CuckooRack и Bopers, и постои на македонската џез сцена повеќе од 5 години, во текот на кои има реализирано низа значајни настапи меѓу кои настап на Dubrovnik Jazz Outbreak – 2019, настап на Prishtina Jazz Week – 2019, настап на Prilep Jazz Weekend – 2019, настап на манифестацијата “Today it’s All about jazz” – 2022, самостоен концерт во НУ Центар за Култура „Ацо Шопов,” настап на Art Generator - Festival of jazz, world and contemporary music во Велес – 2022.

Членовите на ансамблот имаат низа заеднички соработки и претходно, во различни џез состави.

The post Kонцерт и промоција на нов албум на Bopheads appeared first on Република.

]]>

На 29 октомври, сабота, џез ансамблот Bopheads, составен од моментално најзначајните имиња на македонската сцена, ќе ја почести својата публика со два настани. Во Малата сала на Филхармонија, со почеток од 20 часот ќе се одржи овогодинешното концертно издание на ,,Dinner Sessions,’’ овој пат со еден од најдобрите џез состави на нашиве простори – Bopheads. Идеен творец на овој проект е пијанистот на Bopheads, композиторот и аранжер, Гордан Спасовски кој зад себе има голем број на соработки и богата кариера со повеќе различни состави. На 29ти, во Малата сала во Филхармонија, покрај Гордан ќе настапат Кирил Туфекчиевски на контрабас, Виктор Филиповски на тапани, Кирил Кузманов на сопран и алт саксофон, Трајче Велков на труба, Иван Иванов на тенор саксофон, како и специјалниот гостин Џон Илија Апелгрен. На концертот ќе бидат изведени премиерни композиции, неколку композиции од минатогодишното издание на ,,Dinner Sessions’’ претставени во едно ново руво, како и композиции од деби албумот на Bopheads, ,,At The Philharmonic”. Билетите можат да се набават на продажната мрежа на www.mktickets.mk. Веднаш по завршувањето на концертот ќе следи и официјална промоција на првиот албум на Bopheads, At the Philharmonic, издаден од страна на издавачката куќа ЗЏМ Рекордс, која ќе се одржи во Филхармонија Бар, со почеток од 22 часот. Настанот ќе биде проследен со ДЈ сет на Бојан Петков, Шамба. На концертот и промоцијата им претходи прес-концерефција од отворен карактер која ќе се одржи во Филхармонија бар на 27 октомври, со почеток од 11 часот *** Bopheads e џез ансамбл составен од во моментов најзначајните претставници на џез сцената во Македонија. Во него членуваат Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски - контрабас, Виктор Филиповски - тапани, Кирил Кузманов - сопран и алт саксофон, Трајче Велков – труба. Сите членови на на бендот освен Виктор Филиповски, своето образование го имаат стекнато на престижната Џез академија во Грац, Австрија, каде што беа испратени на студирање како дефицитарен кадар, по што тие се вратија во нашата земја, со цел знаењето стекнато во овој европски град да го пренесат и кај нас. Виктор Филиповски пак, своето образование го има стекнато на Џез академијата во Штип. Сите членови на Боперс покрај нивната кариера како изведувачи, работат и како едукатори, односно се професори на Џез академиите во Скопје и Штип. Bopheads е бенд кој претходно настапуваше и под имињата CuckooRack и Bopers, и постои на македонската џез сцена повеќе од 5 години, во текот на кои има реализирано низа значајни настапи меѓу кои настап на Dubrovnik Jazz Outbreak – 2019, настап на Prishtina Jazz Week – 2019, настап на Prilep Jazz Weekend – 2019, настап на манифестацијата “Today it’s All about jazz” – 2022, самостоен концерт во НУ Центар за Култура „Ацо Шопов,” настап на Art Generator - Festival of jazz, world and contemporary music во Велес – 2022. Членовите на ансамблот имаат низа заеднички соработки и претходно, во различни џез состави.  

The post Kонцерт и промоција на нов албум на Bopheads appeared first on Република.

]]>
Вечер со Клод Болинг – Тут Квартет на „Бит фест џез“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecher-so-klod-boling-tut-kvartet-na-bit-fest-dzez/ Mon, 27 Jun 2022 12:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=520305

Како дел од програмата на битолското културно лето „Бит фест 2022“, вечерва со почеток во 21 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи настанот: „Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани.

Четворица академски музичари ќе изведуваат музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тут свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби.

Тут свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба.

The post Вечер со Клод Болинг – Тут Квартет на „Бит фест џез“ appeared first on Република.

]]>

Како дел од програмата на битолското културно лето „Бит фест 2022“, вечерва со почеток во 21 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи настанот: „Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани. Четворица академски музичари ќе изведуваат музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тут свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби. Тут свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба.  

The post Вечер со Клод Болинг – Тут Квартет на „Бит фест џез“ appeared first on Република.

]]>
Концертот на Шарески триото во Битола потсети колку е иновативен џезот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncertot-na-shareski-trioto-vo-bitola-potseti-kolku-e-inovativen-dzezot/ Fri, 06 May 2022 14:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=498663

Синоќа во клубот Јагода во Битола, етаблирана точка која пар години е сцена за домашни и странски артисти од светот на електронската музика, за прв пат се организира концерт под наслов •Thursday We Jazz• на кој настапи македонскиот џез гитарист, композитор и аранжер Георги Шарески со своето трио, а специјален гостин беше младиот трубач со париска адреса и македонски корени Симеон Петров.

Шарески е џез музичар од светска класа, дипломец е на колеџот во Беркли-САД, има издадено седум албуми со оригинална музика и настапува на познати џез-фестивали низ цела Европа и светот. На концертот во битолскиот клуб Јагода, локација која е всушност реконструран железнички магацин и го има оној вајб на берлинската авангардна сцена, на која Шарески е веќе одомаќинет, настапи со познатата формација во која се Оливер Јосифовски на бас и Александар Петровски  на тапани.

Концертот на Шарески триото само потсети колку џезот е иновативен, колку личните стилови на музичарите имаат слобода, покажувајќи ја таа идеална димензија во која секој музичар има свој уникатен звук, како што секој човек има уникатен карактер.

Младиот трубач кој е роден и живее во Париз, Симеон Петров воодушеви и даде една поинаква димензија на неколку одбрани постари дела на Шарески, како и музика инспирирана од балканските, американските, па и африкански ритмови и мелодии.

За познавачите, во џез-клубовите во Европа, секогаш има концертна атмосфера. Публиката го посветува целото внимание кон бината, никој не зборува гласно, озвучувањето е совршено, а бендот може да изведува и дела со најнежна динамика. Тоа синоќа се случи во клубот Јагода и ја направи таа квалитетна разлика со она што се случува на нашите простори, кога доаѓаат џез музичари, односно кај нас музиката во живо во кафулињата и клубовите најчесто е третирана како позадинска, што го минимизира она што таа има да го каже и искомуницира со публиката.

The post Концертот на Шарески триото во Битола потсети колку е иновативен џезот appeared first on Република.