Џез фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzez-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 12:32:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џез фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzez-festival/ 32 32 Во Куманово „Џез фестивал 2024“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vo-kumanovo-dhez-festival-2024/ Tue, 08 Oct 2024 12:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=824230

Во занаетчискиот дом Куманово вечер во 20 часот по осми пат ќе се одржи „Џез фестивал Куманово 2024“, информираа денеска организаторите на фестивалот, „Институтот за наука, уметност култура и спорт“.

Кумановци вечер ќе имаат можност да ги проследат настапите на македонските бендови н „Такси Консилиум“ и „Максимовски јунајтед“.

Почнавме скромно 2017-та година, се надоградуваме и се обидуваме да ја промовираме џез културата во градот. Поддршка имаме само од општината, градоначалникот и советот кои го поддржа настанот. Очекуваме посетеноста да биде исто како и лани, кога беа исполнети сите места во Занаетчискиот дом, изјави Филип Стевановски, уметнички директор.

Организаторите ги поканија граѓаните да уживаат во звуците на џез музиката, додавајќи дека влезот е слободен.

The post Во Куманово „Џез фестивал 2024“ appeared first on Република.

]]>

Во занаетчискиот дом Куманово вечер во 20 часот по осми пат ќе се одржи „Џез фестивал Куманово 2024“, информираа денеска организаторите на фестивалот, „Институтот за наука, уметност култура и спорт“. Кумановци вечер ќе имаат можност да ги проследат настапите на македонските бендови н „Такси Консилиум“ и „Максимовски јунајтед“.
Почнавме скромно 2017-та година, се надоградуваме и се обидуваме да ја промовираме џез културата во градот. Поддршка имаме само од општината, градоначалникот и советот кои го поддржа настанот. Очекуваме посетеноста да биде исто како и лани, кога беа исполнети сите места во Занаетчискиот дом, изјави Филип Стевановски, уметнички директор.
Организаторите ги поканија граѓаните да уживаат во звуците на џез музиката, додавајќи дека влезот е слободен.

The post Во Куманово „Џез фестивал 2024“ appeared first on Република.

]]>
Националниот џез оркестар настапи на Balkan Jazz Showcase-2024 во Тирана https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/natsionalniot-dhez-orkestar-nastapi-na-balkan-jazz-showcase-2024-vo-tirana/ Mon, 13 May 2024 09:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=777503

Во организација на Албанското џез здружение (Albanian jazz society) оваа година по четврти пат ќе се одржи фестивалот Balkan Jazz Showcase-2024.  На настанот ќе настапат оркестарот NisVille од Србија, Сара Јововиќ трио од Црна Гора, Sethstat Quintet од Македонија, Gypseons Trio од Грција, Leo Richartz Trio од Германија, Alba Dajlani & AJS Quartet од Албанија и Националниот џез оркестар од Македонија. Покрај учесниците од Германија, овој настан ќе ги собере едни од најталентираните џез музичари од Балканот и претставува можност за културна размена и промоција на богатството на џез музиката во овој регион.

На фестивалот Balkan Jazz Showcase-2024 ќе се соберат и директори на фестивали од различни земји, а специјални гости се водечките луѓе од џез асоцијацијата на Кина. Оваа соработка обезбедува не само културна размена, туку и потенцијални проекти во рамките на програмите на Креативна Европа и Западен Балкан, како и промоција на балканската џез сцена на фестивали во кинеските градови како Пекинг, Шангај, Гуангжу и Ченгду.

Покрај музичките изведби, настанот ја вклучува и изложбата „Drumsville - Evolution of the New Orleans Beat“, како подарок од џез-музејот на Њу Орлеанс.

Се очекува оваа манифестација, која ќе се одржи во салата Black Box во Универзитетот за уметности во Тирана од 10-12 мај да ги зајакне врските меѓу уметниците и фестивалите ширум Балканот, отворајќи нови хоризонти за идни соработки и размена на идеи.

Настапот на Националниот џез оркестар се одржа на 11 мај.  Настапот на Balkan Jazz Showcase-2024 во Тирана е прв од неколкуте настапи надвор од нашата земја кои ќе следат во наредниот период, преку кои оркестарот ќе се претстави пред публиката во неколку Балкански земји, за што деталите ќе бидат објавени наскоро.

The post Националниот џез оркестар настапи на Balkan Jazz Showcase-2024 во Тирана appeared first on Република.

]]>

Во организација на Албанското џез здружение (Albanian jazz society) оваа година по четврти пат ќе се одржи фестивалот Balkan Jazz Showcase-2024.  На настанот ќе настапат оркестарот NisVille од Србија, Сара Јововиќ трио од Црна Гора, Sethstat Quintet од Македонија, Gypseons Trio од Грција, Leo Richartz Trio од Германија, Alba Dajlani & AJS Quartet од Албанија и Националниот џез оркестар од Македонија. Покрај учесниците од Германија, овој настан ќе ги собере едни од најталентираните џез музичари од Балканот и претставува можност за културна размена и промоција на богатството на џез музиката во овој регион. На фестивалот Balkan Jazz Showcase-2024 ќе се соберат и директори на фестивали од различни земји, а специјални гости се водечките луѓе од џез асоцијацијата на Кина. Оваа соработка обезбедува не само културна размена, туку и потенцијални проекти во рамките на програмите на Креативна Европа и Западен Балкан, како и промоција на балканската џез сцена на фестивали во кинеските градови како Пекинг, Шангај, Гуангжу и Ченгду. Покрај музичките изведби, настанот ја вклучува и изложбата „Drumsville - Evolution of the New Orleans Beat“, како подарок од џез-музејот на Њу Орлеанс. Се очекува оваа манифестација, која ќе се одржи во салата Black Box во Универзитетот за уметности во Тирана од 10-12 мај да ги зајакне врските меѓу уметниците и фестивалите ширум Балканот, отворајќи нови хоризонти за идни соработки и размена на идеи. Настапот на Националниот џез оркестар се одржа на 11 мај.  Настапот на Balkan Jazz Showcase-2024 во Тирана е прв од неколкуте настапи надвор од нашата земја кои ќе следат во наредниот период, преку кои оркестарот ќе се претстави пред публиката во неколку Балкански земји, за што деталите ќе бидат објавени наскоро.

The post Националниот џез оркестар настапи на Balkan Jazz Showcase-2024 во Тирана appeared first on Република.

]]>
Извонреден настап во Тирана на составот SETH STAT https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/izvonreden-nastap-vo-tirana-na-sostavot-seth-stat/ Mon, 13 May 2024 08:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=777458

Извонреден настап во Тирана на еден од етикетата PMG JAZZ, составот SETH STATСето она што изминативе четириесет години го посеа во македонската култура, Оливер Белопета со неговата огромна и извонредна работа на Скопскиот џез фестивал, денес почнува да раѓа сериозни плодови.

Еден од нив е продукцијата PMG JAZZ и нејзините артисти.

Вчеравечер на тиранската „Академија за уметност“ се одржа првата вечер од Тиранскиот џез фестивал, каде на прекрасен начин се претстави македонскиот состав SETH STAT. „Во доцните вечерни часови овде во Тирана, нивната музика правеше хипнотични слики со мирис на скопските ноќи. На моменти потсетува како да е излезена од некој филм на Џармуш или Алмодовар. Нашите музичари настапија со една голема сигурност, модерност и светски начин. Ова беше големо изненадување за тиранската публика, која ги награди со аплаузи и внимание“, информираат од Македонскиот КИЦ во Тирана.

The post Извонреден настап во Тирана на составот SETH STAT appeared first on Република.

]]>

Извонреден настап во Тирана на еден од етикетата PMG JAZZ, составот SETH STATСето она што изминативе четириесет години го посеа во македонската култура, Оливер Белопета со неговата огромна и извонредна работа на Скопскиот џез фестивал, денес почнува да раѓа сериозни плодови.

Еден од нив е продукцијата PMG JAZZ и нејзините артисти.

Вчеравечер на тиранската „Академија за уметност“ се одржа првата вечер од Тиранскиот џез фестивал, каде на прекрасен начин се претстави македонскиот состав SETH STAT. „Во доцните вечерни часови овде во Тирана, нивната музика правеше хипнотични слики со мирис на скопските ноќи. На моменти потсетува како да е излезена од некој филм на Џармуш или Алмодовар. Нашите музичари настапија со една голема сигурност, модерност и светски начин. Ова беше големо изненадување за тиранската публика, која ги награди со аплаузи и внимание“, информираат од Македонскиот КИЦ во Тирана.

The post Извонреден настап во Тирана на составот SETH STAT appeared first on Република.

]]>
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес https://arhiva3.republika.mk/scena/natsionalniot-dhez-orkestar-so-programata-dhez-lektira-gostuva-vo-veles-2/ Mon, 22 Apr 2024 08:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=769182

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов "Џез лектира" гостува во Велес.
Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот.“

На концертот "Џез Лектира," се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како "Кралот на свингот". Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично.

The post Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес appeared first on Република.

]]>

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов "Џез лектира" гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот.“ На концертот "Џез Лектира," се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како "Кралот на свингот". Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично.

The post Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес appeared first on Република.

]]>
7. издание на Џез Фактори Фестивал Битола се отвора со промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на Љупчо Јолевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/7-izdanie-na-dhez-faktori-festival-bitola-se-otvora-so-promotsija-na-knigite-radio-i-nepravilen-ritam-na-lupcho-jolevski/ Tue, 26 Mar 2024 08:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=758743

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 03-ти до 06-ти Април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови.

Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар.

www.jff.mk

www.narodenteatarbitola.com

 

Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски.Следниот ден е резервиран за настапот на Јулиа Сиедл Трио од (Австрија) и Николас Гардел Трио од (Франција) на сцената на Народен Театар од 20ч, а програмата продолжува со настапот на Максимовски Јунајтед во Порта Џез од 22ч.

На 5. Април концерти ќе одржат Гоце Мицанов Трио (Македонија)  и UNLEASHED COOPERATION од (Полска). Во Паб Бурбон Стрит преку поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair.

 

Последниот ден е резервиран за работилницата за изработка на  гитари на Ивица Јорданов, настапот на Сара Ташкоска Квартет во Камарите, годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали во Битолскиот театар, а вечерта фестивалот ќе биде затворен со концертите на Сакис Пападимитриу од (Грција) и Ossa Квартет од (Србија).

Во Камарите ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола.

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др.

Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители.

Посветеноста, беспрекорната организација и реализација на Џез Фабрика Фестивал ја препозна и Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ и за периодот 2019 – 2024г. на фестивалот му го додели нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”.

Џез Фабрика Фестивал во 2020г. е избран од страна на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот за учество во програмата за соработка и асоцијација.

Од 2022г. фестивалот е дел и од асоцијацијата на џез фестивали – Скопје во партнерство со: Равне џез фестивал (Словенија), Трансилванија џез фестивал (Романија), Кикинда џез фестивал (Србија) и Модоарс фестивал (Македонија).

Од 2021 Џез Фабрика Фестивал Битола е дел од проектот Франција – Балкан Џез Мрежа во партнерство со џез фестивалите од Франција: Дижон, Шамбери и Рона-Алпи, како и Балканските џез фестивали: Нишвил, Подгорица и Тирана.

За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.

 

The post 7. издание на Џез Фактори Фестивал Битола се отвора со промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на Љупчо Јолевски appeared first on Република.

]]>

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 03-ти до 06-ти Април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови. Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар. www.jff.mk www.narodenteatarbitola.com   Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски.Следниот ден е резервиран за настапот на Јулиа Сиедл Трио од (Австрија) и Николас Гардел Трио од (Франција) на сцената на Народен Театар од 20ч, а програмата продолжува со настапот на Максимовски Јунајтед во Порта Џез од 22ч. На 5. Април концерти ќе одржат Гоце Мицанов Трио (Македонија)  и UNLEASHED COOPERATION од (Полска). Во Паб Бурбон Стрит преку поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair.   Последниот ден е резервиран за работилницата за изработка на  гитари на Ивица Јорданов, настапот на Сара Ташкоска Квартет во Камарите, годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали во Битолскиот театар, а вечерта фестивалот ќе биде затворен со концертите на Сакис Пападимитриу од (Грција) и Ossa Квартет од (Србија). Во Камарите ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола. Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола. Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др. Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители. Посветеноста, беспрекорната организација и реализација на Џез Фабрика Фестивал ја препозна и Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ и за периодот 2019 – 2024г. на фестивалот му го додели нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”. Џез Фабрика Фестивал во 2020г. е избран од страна на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот за учество во програмата за соработка и асоцијација. Од 2022г. фестивалот е дел и од асоцијацијата на џез фестивали – Скопје во партнерство со: Равне џез фестивал (Словенија), Трансилванија џез фестивал (Романија), Кикинда џез фестивал (Србија) и Модоарс фестивал (Македонија). Од 2021 Џез Фабрика Фестивал Битола е дел од проектот Франција – Балкан Џез Мрежа во партнерство со џез фестивалите од Франција: Дижон, Шамбери и Рона-Алпи, како и Балканските џез фестивали: Нишвил, Подгорица и Тирана. За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.  

The post 7. издание на Џез Фактори Фестивал Битола се отвора со промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на Љупчо Јолевски appeared first on Република.

]]>
Завршната вечер на Скопскиот џез фестивал богата со музичари и стилови https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zavrshnata-vecher-na-skopskiot-dhez-festival-bogata-so-muzichari-i-stilovi/ Sun, 22 Oct 2023 10:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=693845

Четвртата, завршна, вечер на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, е извонредно богата со музичари, но и со музички стилови. Имено, вечерва ќе проследиме три концертни настапи: најпрвин, во Националната опера и балет, триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез, потоа 18-члениот скандинавски Supersonic Orchestra на Гард Нилсен, за на крај, во МКЦ, да уживаме во афробразилските звуци на многубројниот бенд од Сао Паоло, Bixiga 70.

Вечерта ќе ја отвори триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез. Каучич е неприкосновена словенечка џез и импро легенда, плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат на страста за експериментирање и идеалот за музичка комуникација. Агусти Фернандез е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика. Три музички икони, мајстори на импровизацијата и рафинираната композиција кои остварија силна музичка врска уште пред да се сретнат.

Вториот концерт во Националната опера и балет е воедно и вториот ексклузивитет во богатата програма на 42. Скопски џез фестивал: многубројната скандинавска екипа која во последниве три години го освои светот и е „привилегија“ на најквалитетните и најелитните европски џез фестивaли - Gard Nilssen Supersonic Orchestra. Вистински „дрим-тим“, во кој се наоѓаат 18 големи имиња на скандинавскиот џез, сите поединечно силни лидери на бендови и импровизатори од светска класа. Музиката е енергична, сугестивна, динамична, креативна и експлозивна, инспирирана од Орнет Колман, Фела Кути, Сан Ра, Алис Колтрејн, Дјук Елингтон, Луис Мохоло и Кертис Мејфилд. Слободна музика, полна со децибели, а сепак мелодична и експресивна.

Годинешното фестивалско издание ќе го затвори еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес - Bixiga 70. Тие умешно ги вткајуваат бразилските влијанија во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. На завршниот концерт на 42. Скопски џез фестивал, експлозивните Бразилци ќе го претстават својот најнов, штотуку објавен, петти по ред албум „Vapor“ (Glitterbeat Records), поведувајќи ја публиката во неизбежен танц до доцна во ноќта.

The post Завршната вечер на Скопскиот џез фестивал богата со музичари и стилови appeared first on Република.

]]>

Четвртата, завршна, вечер на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, е извонредно богата со музичари, но и со музички стилови. Имено, вечерва ќе проследиме три концертни настапи: најпрвин, во Националната опера и балет, триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез, потоа 18-члениот скандинавски Supersonic Orchestra на Гард Нилсен, за на крај, во МКЦ, да уживаме во афробразилските звуци на многубројниот бенд од Сао Паоло, Bixiga 70. Вечерта ќе ја отвори триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез. Каучич е неприкосновена словенечка џез и импро легенда, плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат на страста за експериментирање и идеалот за музичка комуникација. Агусти Фернандез е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика. Три музички икони, мајстори на импровизацијата и рафинираната композиција кои остварија силна музичка врска уште пред да се сретнат. Вториот концерт во Националната опера и балет е воедно и вториот ексклузивитет во богатата програма на 42. Скопски џез фестивал: многубројната скандинавска екипа која во последниве три години го освои светот и е „привилегија“ на најквалитетните и најелитните европски џез фестивaли - Gard Nilssen Supersonic Orchestra. Вистински „дрим-тим“, во кој се наоѓаат 18 големи имиња на скандинавскиот џез, сите поединечно силни лидери на бендови и импровизатори од светска класа. Музиката е енергична, сугестивна, динамична, креативна и експлозивна, инспирирана од Орнет Колман, Фела Кути, Сан Ра, Алис Колтрејн, Дјук Елингтон, Луис Мохоло и Кертис Мејфилд. Слободна музика, полна со децибели, а сепак мелодична и експресивна. Годинешното фестивалско издание ќе го затвори еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес - Bixiga 70. Тие умешно ги вткајуваат бразилските влијанија во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. На завршниот концерт на 42. Скопски џез фестивал, експлозивните Бразилци ќе го претстават својот најнов, штотуку објавен, петти по ред албум „Vapor“ (Glitterbeat Records), поведувајќи ја публиката во неизбежен танц до доцна во ноќта.

The post Завршната вечер на Скопскиот џез фестивал богата со музичари и стилови appeared first on Република.

]]>
Почнува фестивалот „Прилеп џез викенд“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochnuva-festivalot-prilep-dhez-vikend/ Mon, 28 Aug 2023 20:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=676711

Почнувајќи од денеска, па до 2 септември Прилеп по 12-ти пат е домаќин на фестивалот „Прилеп џез викенд“ (Prilep Jazz Weekend). Фестивалот го задржува досегашниот концепт и ќе понуди ОФ-програма и три џез-вечери во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Отворањето на Фестивалот ќе биде означено со вечерашниот концерт на археолошкиот локалитет „Врбјанска ќука“. Незаборавна вечер ќе понуди Џенгис Ибрахим, еден од врвните музичари на Балканот,  препознатлив по ориенталната музика што ја изведува. Ибрахим ќе изведе композиции кои комуницираат со архаичниот амбиент и ги рефлектираат неговите импресии од интеракцијата со древниот свет.

Утре,  во клубот „Калинка“ ќе настапат „Next to Silence“, бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но продолжи да создава своја музика. Во составот се: Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас,  Гоце Наумов – барабани.

На првата вечер на 31 август на малата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе настапат Добрила Грашеска и Доријан Јовановиќ со нивниот последен проект „Пиле Шарено“.

Вториот дел од вечерта е резервиран за најновото  сновидение на Јордан Костов, „Jingarabushi“: разнобојни лица и инструменти, познати и непознати, кои на јаве ќе се сретнат на сцената на годинашниот Прилепски џез фестивал. Составот, кој е резултат на многубројните авантури на композиторот-скитник, е сочинет од вокалите и флејтите на Нао Иизука, гитарата на Хисао Фукушима, пијаното на Гензох Такехиса, гајдата на Шин-ја Охно, баритон саксофонот на Андреас Гунтер и перкусиите на Дамјан Грујо. Костов повторно ги спојува истокот и западот диригирајќи го овој ексцентричен Јапонско-германско-македонски оркестар, во кој се придружува со хармониката, неговиот примарен инструмент.

Втората џез-вечер на 1 септември на малата сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја отворат Soothsayer, бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари кои ја истражуваат класичната сакс-бас-тапани трио музичка форма, и многу се забавуваат додека го прават тоа. Во вториот дел од џез-вечерта ќе настапат познатите и успешни членови на бендот „Фолтин“.

Последната вечер на годинашниов Прилеп-џез викенд, на 2 септември е резервирана за име гостите од Србија, „3gonome3“. Тоа е експериментално трио составено од  фантастични музичари, мајстори на импровизацијата. Фестивалот ќе го затворат „Intergalactic mutant funk“, колектив од музичари чие основање е поттикнато од желбата за поспонтана егзистенција.

Фестивалот „Prilep Jazz Weekend“ е во организација на здружението за супкултура „ПП Џез фестивал“

The post Почнува фестивалот „Прилеп џез викенд“ appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од денеска, па до 2 септември Прилеп по 12-ти пат е домаќин на фестивалот „Прилеп џез викенд“ (Prilep Jazz Weekend). Фестивалот го задржува досегашниот концепт и ќе понуди ОФ-програма и три џез-вечери во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Отворањето на Фестивалот ќе биде означено со вечерашниот концерт на археолошкиот локалитет „Врбјанска ќука“. Незаборавна вечер ќе понуди Џенгис Ибрахим, еден од врвните музичари на Балканот,  препознатлив по ориенталната музика што ја изведува. Ибрахим ќе изведе композиции кои комуницираат со архаичниот амбиент и ги рефлектираат неговите импресии од интеракцијата со древниот свет. Утре,  во клубот „Калинка“ ќе настапат „Next to Silence“, бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но продолжи да создава своја музика. Во составот се: Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас,  Гоце Наумов – барабани. На првата вечер на 31 август на малата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе настапат Добрила Грашеска и Доријан Јовановиќ со нивниот последен проект „Пиле Шарено“. Вториот дел од вечерта е резервиран за најновото  сновидение на Јордан Костов, „Jingarabushi“: разнобојни лица и инструменти, познати и непознати, кои на јаве ќе се сретнат на сцената на годинашниот Прилепски џез фестивал. Составот, кој е резултат на многубројните авантури на композиторот-скитник, е сочинет од вокалите и флејтите на Нао Иизука, гитарата на Хисао Фукушима, пијаното на Гензох Такехиса, гајдата на Шин-ја Охно, баритон саксофонот на Андреас Гунтер и перкусиите на Дамјан Грујо. Костов повторно ги спојува истокот и западот диригирајќи го овој ексцентричен Јапонско-германско-македонски оркестар, во кој се придружува со хармониката, неговиот примарен инструмент. Втората џез-вечер на 1 септември на малата сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја отворат Soothsayer, бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари кои ја истражуваат класичната сакс-бас-тапани трио музичка форма, и многу се забавуваат додека го прават тоа. Во вториот дел од џез-вечерта ќе настапат познатите и успешни членови на бендот „Фолтин“. Последната вечер на годинашниов Прилеп-џез викенд, на 2 септември е резервирана за име гостите од Србија, „3gonome3“. Тоа е експериментално трио составено од  фантастични музичари, мајстори на импровизацијата. Фестивалот ќе го затворат „Intergalactic mutant funk“, колектив од музичари чие основање е поттикнато од желбата за поспонтана егзистенција. Фестивалот „Prilep Jazz Weekend“ е во организација на здружението за супкултура „ПП Џез фестивал“

The post Почнува фестивалот „Прилеп џез викенд“ appeared first on Република.

]]>
Прв Охридски џез-фестивал на крајот на август https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/prv-ohridski-dhez-festival-na-krajot-na-avgust/ Thu, 24 Aug 2023 09:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=675290

Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации на крајот на август ќе го организира првиот Охридски џез-фестивал.

Фестивалот е предвидено да се одржи на 31 август и 1 септември, со настапи на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, како и концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.

Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот, пишува во својата објава на фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.

The post Прв Охридски џез-фестивал на крајот на август appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации на крајот на август ќе го организира првиот Охридски џез-фестивал.

Фестивалот е предвидено да се одржи на 31 август и 1 септември, со настапи на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, како и концерт на Џон И. Апелгрен квартетот. Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот, пишува во својата објава на фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.

The post Прв Охридски џез-фестивал на крајот на август appeared first on Република.

]]>
Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври: 10 концерти и еден документарен филм https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/skopski-dzez-festival-od-13-do-16-oktomvri-10-koncerti-i-eden-dokumentaren-film/ Tue, 13 Sep 2022 08:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=550277

Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава е сочинет од 10 концертни настапи и еден документарен филм. Програмата е извонредно силна, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес:

13 октомври
НОБ, 20:00 >> Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra
МКЦ, 23:00 >> Zulu 3.4

14 октомври
НОБ, 20:00 >> Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane
МКЦ, 23:00 >> Abacaxi • Taxi Consilium

15 октомври
НОБ, 20:00 >> Amaro Freitas Trio • Goran Kajfeš Subtropic Arkestra
МКЦ, 24:00 >> New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara)

16 октомври
НОБ, 20:00 >> Thumbscrew • Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr

ПРОГРАМА ПЛУС
12 октомври
МКЦ Кино Фросина, 20:00 >> Summer Of Soul - документарен филм

Повеќе детали за фестивалот: www.skopjejazzfest.com.mk

The post Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври: 10 концерти и еден документарен филм appeared first on Република.

]]>

Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава е сочинет од 10 концертни настапи и еден документарен филм. Програмата е извонредно силна, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес: 13 октомври НОБ, 20:00 >> Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra МКЦ, 23:00 >> Zulu 3.4 14 октомври НОБ, 20:00 >> Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane МКЦ, 23:00 >> Abacaxi • Taxi Consilium 15 октомври НОБ, 20:00 >> Amaro Freitas Trio • Goran Kajfeš Subtropic Arkestra МКЦ, 24:00 >> New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara) 16 октомври НОБ, 20:00 >> Thumbscrew • Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr ПРОГРАМА ПЛУС 12 октомври МКЦ Кино Фросина, 20:00 >> Summer Of Soul - документарен филм Повеќе детали за фестивалот: www.skopjejazzfest.com.mk

The post Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври: 10 концерти и еден документарен филм appeared first on Република.

]]>