Џез фактори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzez-faktori/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 10:23:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џез фактори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzez-faktori/ 32 32 7.издание на Џез Фактори Фестивал Битола од 3-6 април https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/7-izdanie-na-dhez-faktori-festival-bitola-od-3-6-april/ Tue, 05 Mar 2024 10:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=751418

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 3-6 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола .

„Низ годините, се трудиме со организирање на фестивалот да го збогатиме културниот живот во Битола, придонесувајќи кон подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера што ќе ги привлече и задржи младите да останат и да живеат во Битола преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите“, изјави директорот и основач на Џез Фактори Фестивал професорот Сашо Поповски.
Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски.

 

Следниот ден е резервиран за настапот на Јулиа Сиедл Трио од (Австрија) и Николас Гардел Трио од (Франција) на сцена на Народен Театар од 20ч, а програмата продолжува со настапот на Максимовски Јунајтед во Порта Џез од 22ч.

На 5 Април концерти ќе одржат Гоце Мицанов Трио (Македонија) и UNLEASHED COOPERATION од (Полска). Во Паб Бурбон Стрит преку поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair.

 

Последниот ден е резервиран за работилницата за изработка на гитари на Ивица Јорданов, настапот на Сара Ташкоска Квартет во Камарите, годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали во Битолскиот театар, а вечерта фестивалот ќе биде затворен со концертите на Сакис Пападимитриу од (Грција) и Ossa Квартет од (Србија).
Последниот ден во Камарите ќе биде и доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола.
Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др.

 

Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители.

Посветеноста, беспрекорната организација и реализација на Џез Фабрика Фестивал ја препозна и Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ и за периодот 2019 – 2024г. на фестивалот му го додели нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”.

Џез Фабрика Фестивал во 2020г. е избран од страна на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот за учество во програмата за соработка и асоцијација.

Од 2022г. фестивалот е дел и од асоцијацијата на џез фестивали – Скопје во партнерство со: Равне џез фестивал (Словенија), Трансилванија џез фестивал (Романија), Кикинда џез фестивал (Србија) и Модоарс фестивал (Македонија).

Од 2021 Џез Фабрика Фестивал Битола е дел од проектот Франција – Балкан Џез Мрежа во партнерство со џез фестивалите од Франција: Дижон, Шамбери и Рона-Алпи, како и Балканските џез фестивали: Нишвил, Подгорица и Тирана.

Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар за што дополнително ќе информираме.

За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.

The post 7.издание на Џез Фактори Фестивал Битола од 3-6 април appeared first on Република.

]]>

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 3-6 април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола . „Низ годините, се трудиме со организирање на фестивалот да го збогатиме културниот живот во Битола, придонесувајќи кон подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера што ќе ги привлече и задржи младите да останат и да живеат во Битола преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите“, изјави директорот и основач на Џез Фактори Фестивал професорот Сашо Поповски. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на книгите “Радио“ и “Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски.   Следниот ден е резервиран за настапот на Јулиа Сиедл Трио од (Австрија) и Николас Гардел Трио од (Франција) на сцена на Народен Театар од 20ч, а програмата продолжува со настапот на Максимовски Јунајтед во Порта Џез од 22ч. На 5 Април концерти ќе одржат Гоце Мицанов Трио (Македонија) и UNLEASHED COOPERATION од (Полска). Во Паб Бурбон Стрит преку поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair.   Последниот ден е резервиран за работилницата за изработка на гитари на Ивица Јорданов, настапот на Сара Ташкоска Квартет во Камарите, годишната конференција на Асоцијацијата на Џез фестивали во Битолскиот театар, а вечерта фестивалот ќе биде затворен со концертите на Сакис Пападимитриу од (Грција) и Ossa Квартет од (Србија). Последниот ден во Камарите ќе биде и доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2023 во соработка со Општина Битола. Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола. Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др.   Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители. Посветеноста, беспрекорната организација и реализација на Џез Фабрика Фестивал ја препозна и Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ и за периодот 2019 – 2024г. на фестивалот му го додели нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”. Џез Фабрика Фестивал во 2020г. е избран од страна на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот за учество во програмата за соработка и асоцијација. Од 2022г. фестивалот е дел и од асоцијацијата на џез фестивали – Скопје во партнерство со: Равне џез фестивал (Словенија), Трансилванија џез фестивал (Романија), Кикинда џез фестивал (Србија) и Модоарс фестивал (Македонија). Од 2021 Џез Фабрика Фестивал Битола е дел од проектот Франција – Балкан Џез Мрежа во партнерство со џез фестивалите од Франција: Дижон, Шамбери и Рона-Алпи, како и Балканските џез фестивали: Нишвил, Подгорица и Тирана. Влезниците освен на билетарата на Народниот театар Битола, може да се набават и онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот како и преку страната на Битолскиот театар за што дополнително ќе информираме. За годинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.

The post 7.издание на Џез Фактори Фестивал Битола од 3-6 април appeared first on Република.

]]>
5. jубилејно издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/5-jubilejno-izdanie-na-dzez-faktori-festivalot-vo-bitola/ Thu, 07 Jul 2022 08:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=525234

Јубилејното издание на Џез фактори фестивалот оваа година ќе се одржи во периодот од 7 до 9 јули, со настапот на “FISCHERMANNS ORCHESTRA“ од Швајцарија, беше речено на денешната прес-конференција во Битола.

Целта за одржување на “ЏФФ“ е да понуди нови културни настани и да го збогати културниот живот во Битола, придонесувајќи кон подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера што ќе ги привлече и задржи младите да останат и да живеат во Битола преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите, изјави директорот и основач на Џез фактори фестивалот професорот Сашо Поповски и додаде:

-За ова 5.издание во рамките на таа долгорочна идеја за фестивалот, сакавме истиот да го надмине регионалниот карактер и да имаме гости надвор од Балканот.Со уметничкиот директор на фестивалот проф.Тони Китановски успеавме да ја направиме годинешната програма, па така Џез фактори се отвора со џез оркестар кој ни доаѓа од Швајцарија“.

 

Со вкупно 9 изведувачки акти во главната и споредна програма организаторите го најавија годинешното издание во кое покрај традиционалниот партнер НУ. Народен Театар каде ќе се реализира најголемиот дел од настаните, промовираат и нова летна сцена во соработка со Културниот и Информативен Центар Битола (КИЦ) по моделот на големите европски фестивали.

Директорот на Битолскиот театар, Иван Јерчиќ изрази благодарност за соработката со “Џез фактори фестивалот“.

На мое огромно задоволство Џез фактори фестивалот се одржува по 5.пат и покрај сите тешкотии кои не снајдоа во пандемискиот, постпандемискиот, период. Сашо успева и покрај сето тоа да донесе една одлична програма секоја година во Битола. Задоволството е обострано за оваа соработка и ветувам дека и во иднина ќе бидеме дел од оваа Џез фактори приказна“

Со програмата фестивалот се доближува до програмите на европските џез фестивали во букирање на интернационални артисти кои се во зенитот на своите кариери како: FISCHERMANNS ORCHESTRA (Switzerland), ERMANNO PANTA & BANDA ZEITUN (Spain – Peru), OLIVIER SAMOUILLAN (France), FANFARA STATION (Italy), како и македонските артисти GORDAN SPASOVSKI TRIO, SASO POPOVSKI QUARTET, ALEKSANDAR BOSHKOV QUARTET, ANTONIE VESKOVSKI, и два ДЏ сетови на ILE THE HAIR и B.BOY Јордан Николов..

Во делот на оф програмата на Џез Фабрика се вклучени и клубовите во Битола: Порта Џез, Камарите и Bourbon street, со што фестивалот го доближуваат до поширока публика.

Ова јубилејно издание на Џез Фабрика ќе биде збогатено и со 3 презентации и 2 работилници. Па така тука е македонскиот бренд Аудиокултура со главен фокус на производите на Теохаров Аудио – врвна Hi Fi техника која ќе биде презентирана во трите фестивалски денови, потоа дебата во соработка со Камаи Медиа на тема – Значењето на ИТ компаниите во креирањето на современото културно живеење во Битола.

И оваа година ќе биде доделена наградата “Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2021 во соработка со Општина Битола, која оди во рацете на Александар Бошков.

Фестивалот секоја година промовира и млади музичари. Оваа година премиерно посетителите ќе имаат можност да го слушнат новиот албум “Light Pillar” на Гордан Спасовски Трио, материјалот за новиот албум на Александар Бошков и новиот материјал на Антоние Весковски – Off Ground Orchestra кој ја имаше својата премиера на сцената на Македонска Филхармонија.

Отварањето на јубилејното издание на Џез фактори фестивалот е утре, 7.јули со настапот на FISCHERMANNS ORCHESTRA од Швајцарија со почеток од 20 часот.

Фестивалот се одржува со поддршка на општина Битола, Народниот Театар и асоцијацијата Мост од Будимпешта.

The post 5. jубилејно издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Јубилејното издание на Џез фактори фестивалот оваа година ќе се одржи во периодот од 7 до 9 јули, со настапот на “FISCHERMANNS ORCHESTRA“ од Швајцарија, беше речено на денешната прес-конференција во Битола.
Целта за одржување на “ЏФФ“ е да понуди нови културни настани и да го збогати културниот живот во Битола, придонесувајќи кон подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера што ќе ги привлече и задржи младите да останат и да живеат во Битола преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите, изјави директорот и основач на Џез фактори фестивалот професорот Сашо Поповски и додаде: -За ова 5.издание во рамките на таа долгорочна идеја за фестивалот, сакавме истиот да го надмине регионалниот карактер и да имаме гости надвор од Балканот.Со уметничкиот директор на фестивалот проф.Тони Китановски успеавме да ја направиме годинешната програма, па така Џез фактори се отвора со џез оркестар кој ни доаѓа од Швајцарија“.  
Со вкупно 9 изведувачки акти во главната и споредна програма организаторите го најавија годинешното издание во кое покрај традиционалниот партнер НУ. Народен Театар каде ќе се реализира најголемиот дел од настаните, промовираат и нова летна сцена во соработка со Културниот и Информативен Центар Битола (КИЦ) по моделот на големите европски фестивали. Директорот на Битолскиот театар, Иван Јерчиќ изрази благодарност за соработката со “Џез фактори фестивалот“.
На мое огромно задоволство Џез фактори фестивалот се одржува по 5.пат и покрај сите тешкотии кои не снајдоа во пандемискиот, постпандемискиот, период. Сашо успева и покрај сето тоа да донесе една одлична програма секоја година во Битола. Задоволството е обострано за оваа соработка и ветувам дека и во иднина ќе бидеме дел од оваа Џез фактори приказна“
Со програмата фестивалот се доближува до програмите на европските џез фестивали во букирање на интернационални артисти кои се во зенитот на своите кариери како: FISCHERMANNS ORCHESTRA (Switzerland), ERMANNO PANTA & BANDA ZEITUN (Spain – Peru), OLIVIER SAMOUILLAN (France), FANFARA STATION (Italy), како и македонските артисти GORDAN SPASOVSKI TRIO, SASO POPOVSKI QUARTET, ALEKSANDAR BOSHKOV QUARTET, ANTONIE VESKOVSKI, и два ДЏ сетови на ILE THE HAIR и B.BOY Јордан Николов.. Во делот на оф програмата на Џез Фабрика се вклучени и клубовите во Битола: Порта Џез, Камарите и Bourbon street, со што фестивалот го доближуваат до поширока публика. Ова јубилејно издание на Џез Фабрика ќе биде збогатено и со 3 презентации и 2 работилници. Па така тука е македонскиот бренд Аудиокултура со главен фокус на производите на Теохаров Аудио – врвна Hi Fi техника која ќе биде презентирана во трите фестивалски денови, потоа дебата во соработка со Камаи Медиа на тема – Значењето на ИТ компаниите во креирањето на современото културно живеење во Битола. И оваа година ќе биде доделена наградата “Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2021 во соработка со Општина Битола, која оди во рацете на Александар Бошков. Фестивалот секоја година промовира и млади музичари. Оваа година премиерно посетителите ќе имаат можност да го слушнат новиот албум “Light Pillar” на Гордан Спасовски Трио, материјалот за новиот албум на Александар Бошков и новиот материјал на Антоние Весковски – Off Ground Orchestra кој ја имаше својата премиера на сцената на Македонска Филхармонија. Отварањето на јубилејното издание на Џез фактори фестивалот е утре, 7.јули со настапот на FISCHERMANNS ORCHESTRA од Швајцарија со почеток од 20 часот. Фестивалот се одржува со поддршка на општина Битола, Народниот Театар и асоцијацијата Мост од Будимпешта.

The post 5. jубилејно издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола appeared first on Република.

]]>
Џез фактори фестивалот партнер во новиот проект „Jazz Network – France/Balkans“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dzez-faktori-festivalot-partner-vo-noviot-proekt-jazz-network-france-balkans/ Wed, 16 Mar 2022 08:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=473551

Интернационалниот Џез Фабрика Фестивал (JFF) кој традиционално се одржува секоја година во Битола, е партнер во новиот проект „Jazz Network – France/Balkans“, кој започна кон крајот на 2021 година, каде уште се француските градови Дижон и Равоар и неколку градови на Балканот: Битола, Ниш, Фиер, Подгорица. Исто така дел од проектот, се реномирани џез-организации: Media-Music, La Dynamo, Occijazz, réseau Jazz en Occitanie, Couleurs Jazz Media (Франција), Syri Blu (Албанија), Jazz Festival во Србија, Jazz Factory Фестивал-Македонија и Jazz Art (Црна Гора).

Тоа се одлични вести за целокупниот тим на (JFF) кој напорно работеше во текот на изминатите години. Целта на проектот е преку џез музика да се изградат мостови меѓу Франција и балканските земји Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија. Балканските џез музичари сакаат да ги прошират контактите со нивните француски колеги за да изградат одржлива мрежа што ќе овозможи размена на уметници, младинско вклучување и заеднички активности, изјави директорот на Џез фактори фестивалот, Сашо Поповски за порталот Битолањуз.мк. Проектот ќе придонесе за зајакнување на културните врски и соработка меѓу градовите и џез-организациите за подобрување на фестивалите и музичките сезони во овие земји. Се надеваме на успешна соработка и проширување и зајакнување на културните и џез врските помеѓу балканскиот регион и Франција.

Мрежата е наменета за поттик и соработка на музичари од петте држави преку директна соработка на артистите, формирање на интернационални состави, развој на џез сцената преку радио емисии, подкасти, пишани и електронски медиуми, развој на културната соработка и размена преку општинските одделенија за култура на градовите учесници каде се формираат одржливи услови за развој на сцената.

Првите состаноци на проектните партнери се одржаа во Дижон и Шамбери од 23 до 25 февруари 2022 година. Претставници од мрежата ќе бидат гости на ЏФФ. Битола од 7 до 9 јули 2022.

Проектот е финансиран од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Национална комисија за децентрализација и соработка на Франција, Генерален директорат за глобализација на културата, образованието и меѓународен развој, Делегација за надворешна акција на територијални колективи. Овој фестивал веќе е дел од програмата на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот.

Исто така Џез Фабрика Фестивал е член и на ЕФФЕ (Европската Асоцијација на Фестивали) која за периодот од 2019 – 2020 им го додели нивниот амблем  (Remarcable Arts Festival), како и на балканска асоцијација на џез фестивали меѓу кои: Кикинда Џез и Блуз Фестивал – Р. Србија, Петровац Џез Фестивал – Црна Гора, Џез Фортнајт Фестивал – Скопје, Рочела Џез Фестивал – Италија, Силе Џез Фестивал – Италија.

Џез фактори фестивалот оваа година ќе се одржи во периодот од 7 до 9 ти јули и како и секоја година така и оваа ни најавија реномирани имиња од светот на џезот.

The post Џез фактори фестивалот партнер во новиот проект „Jazz Network – France/Balkans“ appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот Џез Фабрика Фестивал (JFF) кој традиционално се одржува секоја година во Битола, е партнер во новиот проект „Jazz Network – France/Balkans“, кој започна кон крајот на 2021 година, каде уште се француските градови Дижон и Равоар и неколку градови на Балканот: Битола, Ниш, Фиер, Подгорица. Исто така дел од проектот, се реномирани џез-организации: Media-Music, La Dynamo, Occijazz, réseau Jazz en Occitanie, Couleurs Jazz Media (Франција), Syri Blu (Албанија), Jazz Festival во Србија, Jazz Factory Фестивал-Македонија и Jazz Art (Црна Гора).
Тоа се одлични вести за целокупниот тим на (JFF) кој напорно работеше во текот на изминатите години. Целта на проектот е преку џез музика да се изградат мостови меѓу Франција и балканските земји Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија. Балканските џез музичари сакаат да ги прошират контактите со нивните француски колеги за да изградат одржлива мрежа што ќе овозможи размена на уметници, младинско вклучување и заеднички активности, изјави директорот на Џез фактори фестивалот, Сашо Поповски за порталот Битолањуз.мк. Проектот ќе придонесе за зајакнување на културните врски и соработка меѓу градовите и џез-организациите за подобрување на фестивалите и музичките сезони во овие земји. Се надеваме на успешна соработка и проширување и зајакнување на културните и џез врските помеѓу балканскиот регион и Франција.
Мрежата е наменета за поттик и соработка на музичари од петте држави преку директна соработка на артистите, формирање на интернационални состави, развој на џез сцената преку радио емисии, подкасти, пишани и електронски медиуми, развој на културната соработка и размена преку општинските одделенија за култура на градовите учесници каде се формираат одржливи услови за развој на сцената. Првите состаноци на проектните партнери се одржаа во Дижон и Шамбери од 23 до 25 февруари 2022 година. Претставници од мрежата ќе бидат гости на ЏФФ. Битола од 7 до 9 јули 2022. Проектот е финансиран од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Национална комисија за децентрализација и соработка на Франција, Генерален директорат за глобализација на културата, образованието и меѓународен развој, Делегација за надворешна акција на територијални колективи. Овој фестивал веќе е дел од програмата на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот. Исто така Џез Фабрика Фестивал е член и на ЕФФЕ (Европската Асоцијација на Фестивали) која за периодот од 2019 – 2020 им го додели нивниот амблем  (Remarcable Arts Festival), како и на балканска асоцијација на џез фестивали меѓу кои: Кикинда Џез и Блуз Фестивал – Р. Србија, Петровац Џез Фестивал – Црна Гора, Џез Фортнајт Фестивал – Скопје, Рочела Џез Фестивал – Италија, Силе Џез Фестивал – Италија. Џез фактори фестивалот оваа година ќе се одржи во периодот од 7 до 9 ти јули и како и секоја година така и оваа ни најавија реномирани имиња од светот на џезот.

The post Џез фактори фестивалот партнер во новиот проект „Jazz Network – France/Balkans“ appeared first on Република.

]]>