Џеред Кушнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzered-kushner/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Mar 2024 14:07:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џеред Кушнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzered-kushner/ 32 32 Зетот на Трамп планира да гради одморалишта во Сазан и Зврнец, Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zetot-na-tramp-planira-da-gradi-odmoralishta-vo-sazan-i-zvrnets-albanija/ Sat, 16 Mar 2024 14:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=755404

Американскиот бизнисмен и инвеститор, Џеред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој беше и негов советник додека тој беше во Белата куќа, најави дека планира да инвестира во Албанија во туристичкиот сектор.

Во интервју за Блумберг изјавил дека неговите инвестициски планови вклучуваат туристички одморалишта во Сазан и Зврнец.

За реализација на овие проекти и на уште еден во Белград, рекол дека ќе инвестира над милијарда американски долари.

-Инвестициите ќе се реализираат преку компанијата „Affinity Partners“ со седиште во Мајами, со поддршка од арапските земји. Според планот на Кушнер, во Зврнец ќе се градат илјадници сместувачки единици за туризам, додека на островот Сазан ќе се подигнат луксузни сместувачки единици од брендот Аман, пренесуваат албанските медиуми.

Кушнер изјавил дека „островот Сазан е едно од најчистите и најуникатни крајбрежја што некогаш ги видел во светот“. Инвестицискиот план за Албанија, го подготвил заедно со поранешниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел.

Островот Сазан се наоѓа на стратешки важна локација помеѓу Отрантскиот теснец и устието на заливот Валона, означувајќи ја границата помеѓу Јадранското и Јонското море.

Островот Зврнец е скоро цел покриен со високи борови дрвја, тој е туристичка атракција, каде се наоѓа добро сочуваниот византиски манастир „Света Богородица“ од 13-14 век.

The post Зетот на Трамп планира да гради одморалишта во Сазан и Зврнец, Албанија appeared first on Република.

]]>

Американскиот бизнисмен и инвеститор, Џеред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој беше и негов советник додека тој беше во Белата куќа, најави дека планира да инвестира во Албанија во туристичкиот сектор. Во интервју за Блумберг изјавил дека неговите инвестициски планови вклучуваат туристички одморалишта во Сазан и Зврнец. За реализација на овие проекти и на уште еден во Белград, рекол дека ќе инвестира над милијарда американски долари. -Инвестициите ќе се реализираат преку компанијата „Affinity Partners“ со седиште во Мајами, со поддршка од арапските земји. Според планот на Кушнер, во Зврнец ќе се градат илјадници сместувачки единици за туризам, додека на островот Сазан ќе се подигнат луксузни сместувачки единици од брендот Аман, пренесуваат албанските медиуми. Кушнер изјавил дека „островот Сазан е едно од најчистите и најуникатни крајбрежја што некогаш ги видел во светот“. Инвестицискиот план за Албанија, го подготвил заедно со поранешниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел. Островот Сазан се наоѓа на стратешки важна локација помеѓу Отрантскиот теснец и устието на заливот Валона, означувајќи ја границата помеѓу Јадранското и Јонското море. Островот Зврнец е скоро цел покриен со високи борови дрвја, тој е туристичка атракција, каде се наоѓа добро сочуваниот византиски манастир „Света Богородица“ од 13-14 век.

The post Зетот на Трамп планира да гради одморалишта во Сазан и Зврнец, Албанија appeared first on Република.

]]>
Го молев лекарот да не ѝ каже на жена ми: Сопругот на Иванка Трамп криел една тајна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-molev-lekarot-da-ne-kaze-na-zena-mi-soprugot-na-ivanka-tramp-kriel-edna-tajna/ Tue, 26 Jul 2022 12:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=533374

Сопругот на Иванка Трамп (40), Џеред Кушнер (41) објави книга мемоари, во која меѓу другото пишува и за една тајна што сакал да ја скрие од сопругата и од нејзиниот татко кој тогаш бил претседател на САД

Кушнер ќе објави книга мемоари насловена Breaking History: A White House Memoir, во која зборува за времето додека работел во Белата куќа.

Тој меѓу другото откри дека во 2019-та година на возраст од само 38 години дознал дека боледува од рак на тироидната жлезда.

Како што вели, дијагнозата ја добил сосема случајно, додека бил на патување во Тексас.

Утрото кога отпатував во Тексас да присуствувам на отворањето на фабриката Louis Vuitton, лекарот на Белата куќа Шон Конли ме повлече во медицинската кабина на авионот и ми рече: ‘Ги добив резултатите од тестовите што ги направивме. Најверојатно имаш канцер и ќе треба веднаш да те оперираме’ – раскажува Џеред и вели дека го замолил лекарот да не кажува никому за неговата дијагноза.

Те молам немој да кажуваш никому – посебно не на мојата сопруга или на нејзиниот татко – му рекол Џеред на лекарот.

Сопругот на Иванка, кој во тој период работел како советник на претседателот раскажува како брзо одлучил да закаже операција, притоа водејќи сметка за тоа да загуби што е можно помалку време на работното место и никој да не дознае што се случува со него.

Ова беше личен проблем и не сакав јавноста да знае за тоа. Кога ќе помислам на тоа време, се сеќавам дека постојано си повторував себеси дека сум оставен во божји раце и во рацете на лекарите и дека што ѝ да се случи е надвор од мојата контрола. На мигови размислував дали ќе ми треба продолжено лекување – вели тој.

Сепак, признава дека кратко по дијагнозата одлучил вестите да ги сподели со сопругата Иванка, како и со двајца од неговите најблиски соработници, но се трудел да ги скрие од таткото на неговата сопруга.

Но, еден ден пред операцијата Трамп го викнал на разговор и му рекол дека знае за неговата здравствена состојба:

Разбирам дека не сакаш да се дознае. И јас сакам некои работи да ги кријам. Ќе бидеш во ред. Немој да се грижиш за работата. Тука сме – му рекол Трамп.

Инаку, ракот на тироидната жлезда е еден од најретките типови канцер што го напаѓаат човечкото тело. Најчесто се јавува кај луѓето во 30-тите и во 60-тите години, а многу почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите.

The post Го молев лекарот да не ѝ каже на жена ми: Сопругот на Иванка Трамп криел една тајна appeared first on Република.

]]>

Сопругот на Иванка Трамп (40), Џеред Кушнер (41) објави книга мемоари, во која меѓу другото пишува и за една тајна што сакал да ја скрие од сопругата и од нејзиниот татко кој тогаш бил претседател на САД Кушнер ќе објави книга мемоари насловена Breaking History: A White House Memoir, во која зборува за времето додека работел во Белата куќа. Тој меѓу другото откри дека во 2019-та година на возраст од само 38 години дознал дека боледува од рак на тироидната жлезда. Како што вели, дијагнозата ја добил сосема случајно, додека бил на патување во Тексас.
Утрото кога отпатував во Тексас да присуствувам на отворањето на фабриката Louis Vuitton, лекарот на Белата куќа Шон Конли ме повлече во медицинската кабина на авионот и ми рече: ‘Ги добив резултатите од тестовите што ги направивме. Најверојатно имаш канцер и ќе треба веднаш да те оперираме’ – раскажува Џеред и вели дека го замолил лекарот да не кажува никому за неговата дијагноза.
Те молам немој да кажуваш никому – посебно не на мојата сопруга или на нејзиниот татко – му рекол Џеред на лекарот. Сопругот на Иванка, кој во тој период работел како советник на претседателот раскажува како брзо одлучил да закаже операција, притоа водејќи сметка за тоа да загуби што е можно помалку време на работното место и никој да не дознае што се случува со него.
Ова беше личен проблем и не сакав јавноста да знае за тоа. Кога ќе помислам на тоа време, се сеќавам дека постојано си повторував себеси дека сум оставен во божји раце и во рацете на лекарите и дека што ѝ да се случи е надвор од мојата контрола. На мигови размислував дали ќе ми треба продолжено лекување – вели тој.
Сепак, признава дека кратко по дијагнозата одлучил вестите да ги сподели со сопругата Иванка, како и со двајца од неговите најблиски соработници, но се трудел да ги скрие од таткото на неговата сопруга. Но, еден ден пред операцијата Трамп го викнал на разговор и му рекол дека знае за неговата здравствена состојба:
Разбирам дека не сакаш да се дознае. И јас сакам некои работи да ги кријам. Ќе бидеш во ред. Немој да се грижиш за работата. Тука сме – му рекол Трамп.
Инаку, ракот на тироидната жлезда е еден од најретките типови канцер што го напаѓаат човечкото тело. Најчесто се јавува кај луѓето во 30-тите и во 60-тите години, а многу почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите.

The post Го молев лекарот да не ѝ каже на жена ми: Сопругот на Иванка Трамп криел една тајна appeared first on Република.

]]>