џенова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzenova/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 20:31:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џенова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzenova/ 32 32 Балотели се врати во Серија А https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/baloteli-se-vrati-vo-serija-a/ Mon, 28 Oct 2024 20:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=831844

Џенова и официјално го објави потпишувањето договор со Марио Балотели како слободен играч. Договорот на напаѓачот е само до крајот на сезоната.

На овој начин, 34-годишниот играч се враќа во Серија А каде што претходно играше со Интер, Милан и Бреша.

Во италијанската елита Балотели има вкупно 141 натпревар со 52 гола и 18 асистенции. Играше и за Лумеџане, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Адана Демирспор и Сион.

Скандалозниот фудбалер е и поранешен репрезентативец на Италија за која одигра 36 натпревари со 14 голови и 5 асистенции.

Балотели ѝ се придружува на Џенова со мисија да му помогне на тимот да ги надмине проблемите во нападот и да се спаси од испаѓање. По првите девет првенствени кола, „грифоните“ го имаат вториот најслаб напад со своите седум гола, и се на 18. позиција во поредокот со 6 бода, откако забележаа една победа, три нерешени и пет порази.

Од почетокот на сезоната, голем број играчи на тимот се повредија, што на крајот доведе до трансфер на искусниот напаѓач.

The post Балотели се врати во Серија А appeared first on Република.

]]>

Џенова и официјално го објави потпишувањето договор со Марио Балотели како слободен играч. Договорот на напаѓачот е само до крајот на сезоната. На овој начин, 34-годишниот играч се враќа во Серија А каде што претходно играше со Интер, Милан и Бреша. Во италијанската елита Балотели има вкупно 141 натпревар со 52 гола и 18 асистенции. Играше и за Лумеџане, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Адана Демирспор и Сион. Скандалозниот фудбалер е и поранешен репрезентативец на Италија за која одигра 36 натпревари со 14 голови и 5 асистенции. Балотели ѝ се придружува на Џенова со мисија да му помогне на тимот да ги надмине проблемите во нападот и да се спаси од испаѓање. По првите девет првенствени кола, „грифоните“ го имаат вториот најслаб напад со своите седум гола, и се на 18. позиција во поредокот со 6 бода, откако забележаа една победа, три нерешени и пет порази. Од почетокот на сезоната, голем број играчи на тимот се повредија, што на крајот доведе до трансфер на искусниот напаѓач.

The post Балотели се врати во Серија А appeared first on Република.

]]>
Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mnogu-uapseni-i-povredi-po-gradskoto-derbi-megu-dhenova-i-sampdorija/ Thu, 26 Sep 2024 18:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=819990

Осум навивачи се уапсени, а десет завршија во болница по судирите меѓу приврзаниците на Џенова и градскиот ривал Сампдорија во средата вечер.

По пауза од две години овие два клуба играа еден против друг, во второто коло од Купот на Италија. По 90 минути резултатот беше 1-1, а по изведувањето пенали пласман понатаму обезбеди Сампдорија.

Италијанските медиуми јавија дека пресметки меѓу навивачите на двата клуба се случувале во целиот град, а траеле до 3 часот наутро.

Меѓу многуте повредени навивачи, десет од нив се хоспитализирани, а повредени биле и петмина полицајци.

Голем број навивачи биле уапсени, но во меѓувреме ослободени, а осум од нив сè уште се во притвор.

The post Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија appeared first on Република.

]]>

Осум навивачи се уапсени, а десет завршија во болница по судирите меѓу приврзаниците на Џенова и градскиот ривал Сампдорија во средата вечер. По пауза од две години овие два клуба играа еден против друг, во второто коло од Купот на Италија. По 90 минути резултатот беше 1-1, а по изведувањето пенали пласман понатаму обезбеди Сампдорија. Италијанските медиуми јавија дека пресметки меѓу навивачите на двата клуба се случувале во целиот град, а траеле до 3 часот наутро. Меѓу многуте повредени навивачи, десет од нив се хоспитализирани, а повредени биле и петмина полицајци. Голем број навивачи биле уапсени, но во меѓувреме ослободени, а осум од нив сè уште се во притвор.

The post Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија appeared first on Република.

]]>
Србинот на бродот прошталното писмо на сопругата и го пишал од сопствената крв https://arhiva3.republika.mk/vesti/srbinot-na-brodot-proshtalnoto-pismo-na-soprugata-i-go-pishal-od-sopstvenata-krv/ Tue, 08 Feb 2022 14:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=455794

Сомнежите за убиството кое го потресе Балканот е  дека морнарот, државјанин на Србија, кој има околу 50 години, извршил самоубиство

Обвинителството во Џенова и италијанската полиција продолжуваат со истрагата за мистериозната смрт на српскиот морнар, кој беше пронајден мртов со пресече грло на бродот MSC Adelaide.

https://republika.mk/vesti/balkan/pokraj-teloto-na-srbin-so-zaklano-grlo-pronajdeni-450-kilogrami-kokain/

Наводно пред смртта и напишал порака на сопругата со сопствена крв

Тој бил пронајден мртов неколку часа откако полицијата запленила повеќе од 400 килограми кокаин во контејнер кој патувал со чамец.

Италијанските медиуми јавуваат дека колега го пронашол жив со жилет во рака и го вклучил алармот. Наводно од рака му го  фрлил бричот кој се уште не е пронајден.

Србинот наводно и оставил проштална порака на сопругата пред смртта, која ја напишал со крв на преградата на бродот.

Заменик-обвинителката Еугенија Меникети утрово извршила увид на бродот и во наредните денови ќе бидат сослушани сите 20 членови на екипажот, меѓу кои и командантот, единствениот Италијанец на бродот.

The post Србинот на бродот прошталното писмо на сопругата и го пишал од сопствената крв appeared first on Република.

]]>

Сомнежите за убиството кое го потресе Балканот е  дека морнарот, државјанин на Србија, кој има околу 50 години, извршил самоубиство Обвинителството во Џенова и италијанската полиција продолжуваат со истрагата за мистериозната смрт на српскиот морнар, кој беше пронајден мртов со пресече грло на бродот MSC Adelaide. https://republika.mk/vesti/balkan/pokraj-teloto-na-srbin-so-zaklano-grlo-pronajdeni-450-kilogrami-kokain/ Наводно пред смртта и напишал порака на сопругата со сопствена крв Тој бил пронајден мртов неколку часа откако полицијата запленила повеќе од 400 килограми кокаин во контејнер кој патувал со чамец. Италијанските медиуми јавуваат дека колега го пронашол жив со жилет во рака и го вклучил алармот. Наводно од рака му го  фрлил бричот кој се уште не е пронајден. Србинот наводно и оставил проштална порака на сопругата пред смртта, која ја напишал со крв на преградата на бродот. Заменик-обвинителката Еугенија Меникети утрово извршила увид на бродот и во наредните денови ќе бидат сослушани сите 20 членови на екипажот, меѓу кои и командантот, единствениот Италијанец на бродот.

The post Србинот на бродот прошталното писмо на сопругата и го пишал од сопствената крв appeared first on Република.

]]>
Покрај телото на Србин со заклано грло пронајдени 450 килограми кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pokraj-teloto-na-srbin-so-zaklano-grlo-pronajdeni-450-kilogrami-kokain/ Tue, 08 Feb 2022 12:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=455685

Србин со исечено грло е пронајден на брод кој впловил во пристаништето во Џенова. Покрај телото, цариниците во бродот пронашле и 450 килограми кокаин од најчист квалитет.

Иако не е пронајдено оружје, засега се претпоставува дека се работи за самоубиство. Од друга страна, поради големото количество запленета дрога, полицијата не ја исклучува можноста тој да е убиен.

Истражителите проверуваат дали има соучесници а бродот ќе остане закотвен во пристаништето додека трае истрагата.

The post Покрај телото на Србин со заклано грло пронајдени 450 килограми кокаин appeared first on Република.

]]>

Србин со исечено грло е пронајден на брод кој впловил во пристаништето во Џенова. Покрај телото, цариниците во бродот пронашле и 450 килограми кокаин од најчист квалитет. Иако не е пронајдено оружје, засега се претпоставува дека се работи за самоубиство. Од друга страна, поради големото количество запленета дрога, полицијата не ја исклучува можноста тој да е убиен. Истражителите проверуваат дали има соучесници а бродот ќе остане закотвен во пристаништето додека трае истрагата.

The post Покрај телото на Србин со заклано грло пронајдени 450 килограми кокаин appeared first on Република.

]]>
Славниот Германец ќе биде нов тренер на Пандев во Џенова https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/slavniot-germanec-kje-bide-nov-trener-na-pandev-vo-dzenova/ Sun, 16 Jan 2022 04:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=445128

Андриј Шевченко повеќе не е тренер на Џенова, во чиј дрес настапува македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Раководството на италијанскиот клуб одлучи да ја прекине соработката со Шевченко кој на клупата на Џенова беше на само девет натпревари во Серија А, на кои имаше скор од три нерешени и шест порази.

https://twitter.com/GenoaCFC/status/1482320224347164674?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1482320224347164674%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.marca.com%2Ffutbol%2Fmercado-fichajes%2F2022%2F01%2F15%2F61e282e022601db4648b4584.html

Како што објави Скај Италија, на местото на Шевченко како тренер на Џенова ќе биде назначен Германецот Бруно Лабадија, кој во кариерата ги предводеше Баер Леверкузен, Штутгарт, Хамбург, Фолфсбург и Херта Берлин.

 

The post Славниот Германец ќе биде нов тренер на Пандев во Џенова appeared first on Република.

]]>

Андриј Шевченко повеќе не е тренер на Џенова, во чиј дрес настапува македонскиот интернационалец Горан Пандев. Раководството на италијанскиот клуб одлучи да ја прекине соработката со Шевченко кој на клупата на Џенова беше на само девет натпревари во Серија А, на кои имаше скор од три нерешени и шест порази. https://twitter.com/GenoaCFC/status/1482320224347164674?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1482320224347164674%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.marca.com%2Ffutbol%2Fmercado-fichajes%2F2022%2F01%2F15%2F61e282e022601db4648b4584.html Како што објави Скај Италија, на местото на Шевченко како тренер на Џенова ќе биде назначен Германецот Бруно Лабадија, кој во кариерата ги предводеше Баер Леверкузен, Штутгарт, Хамбург, Фолфсбург и Херта Берлин.  

The post Славниот Германец ќе биде нов тренер на Пандев во Џенова appeared first on Република.

]]>
Џенова размислува да го отпушти Шевченко https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dzenova-razmisluva-da-go-otpushti-shevchenko/ Mon, 10 Jan 2022 09:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=442472

Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко може да добие отказ, објави на Твитер италијанскиот новинар и добар познавач на италијанскито фудбал Николо Шира.

Според Шира, Украинецот би можело да биде отпуштен во следните неколку часа. Раководството на клубот во многу скоро време ќе одлучи за судбината на Шевченко.

https://twitter.com/NicoSchira/status/1480308515923275778

Оваа информација ја потврдува и сајтот на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

По вчерашниот пораз од Специја (0:1) на домашен терен, клубот за кој настапува Горан Пандев останува во зоната за испаѓање. Тимот има 12 бодови и се наоѓа на 19. место.

Под водство на 45-годишниот Шевченко, Џенова нема ниту една победа во првенството. На девет средби во Серија А има три нерешени и шест порази. Единствената победа ја забележа во Купот на Италија над Салернитана (1:0).

The post Џенова размислува да го отпушти Шевченко appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко може да добие отказ, објави на Твитер италијанскиот новинар и добар познавач на италијанскито фудбал Николо Шира. Според Шира, Украинецот би можело да биде отпуштен во следните неколку часа. Раководството на клубот во многу скоро време ќе одлучи за судбината на Шевченко. https://twitter.com/NicoSchira/status/1480308515923275778 Оваа информација ја потврдува и сајтот на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. По вчерашниот пораз од Специја (0:1) на домашен терен, клубот за кој настапува Горан Пандев останува во зоната за испаѓање. Тимот има 12 бодови и се наоѓа на 19. место. Под водство на 45-годишниот Шевченко, Џенова нема ниту една победа во првенството. На девет средби во Серија А има три нерешени и шест порази. Единствената победа ја забележа во Купот на Италија над Салернитана (1:0).

The post Џенова размислува да го отпушти Шевченко appeared first on Република.

]]>