џејмс петифер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzejms-petifer/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 07:55:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џејмс петифер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzejms-petifer/ 32 32 Петифер: Доброто однесување на македонските влади носи сѐ поголеми понижувања, а Преспанскиот договор е најлошото нешто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petifer-dobroto-odnesuvanje-na-makedonskite-vladi-nosi-s-pogolemi-ponizuvanja-a-prespanskiot-dogovor-e-najloshoto-neshto/ Wed, 05 Oct 2022 07:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=557475

Во Нивици беше потпишан договор што ја институционализира Македонија како земја од втора категорија, вели во интервјуто за МКД.мк Џејмс Петифер, професор по историја на универзитетот Оксфорд, кој уште пред потпишувањето повикуваше на запирање на преименувањето на македонската држава и на целиот пакет на уставни промени поврзани со тоа.

Јa познавам Македонија уште кога беше социјалистичка република. Мислам дека постоењето на Македонија никогаш не беше признаено од соседите уште од тогаш. Меѓународната заедница направи голема грешка со тоа што не се изјасни јасно за Македонија, не покажа јасна посветеност и никогаш не ја призна како независна. Тоа беше препорачано уште во извештајот на Арен.

Но Британија и Франција не го прифатија тоа сакајќи да ја зачуваат Југославија. Долго водеа политика за да ја зачуваат Југославија. Затоа сме тука каде што сме. Повеќето проблеми водат корени од тогаш. Се разбира дека Грција и Бугарија, бранејќи ги националните интереси, го искористија правото на вето за членството на Македонија во НАТО и ЕУ затоа што беа единствените членки на ЕУ и НАТО од регионот. Тоа не беше добра ситуација. Охридскиот договор беше неопходен. Но тука требаше да се застане. Преспанскиот договор е чекор назад од тоа. Сериозен чекор назад. Премногу ѝ се даде на Грција. И се понижија луѓето тука, во Македонија, вели тој.

Професорот Џејмс Петифер е автор на 11 книги за Балканот по Отоманската Империја и предава историја на Универзитетот Оксфорд, Велика Британија. Вчера во Матица македонска беше промовирано македонското издание на книгата „Езерата и империите во македонската историја – оспорување на водите“ на професорите од Лондон - Џејмс Петифер и Миранда Викерс.

Целото интервју на МКД.мк

The post Петифер: Доброто однесување на македонските влади носи сѐ поголеми понижувања, а Преспанскиот договор е најлошото нешто appeared first on Република.

]]>

Во Нивици беше потпишан договор што ја институционализира Македонија како земја од втора категорија, вели во интервјуто за МКД.мк Џејмс Петифер, професор по историја на универзитетот Оксфорд, кој уште пред потпишувањето повикуваше на запирање на преименувањето на македонската држава и на целиот пакет на уставни промени поврзани со тоа.
Јa познавам Македонија уште кога беше социјалистичка република. Мислам дека постоењето на Македонија никогаш не беше признаено од соседите уште од тогаш. Меѓународната заедница направи голема грешка со тоа што не се изјасни јасно за Македонија, не покажа јасна посветеност и никогаш не ја призна како независна. Тоа беше препорачано уште во извештајот на Арен. Но Британија и Франција не го прифатија тоа сакајќи да ја зачуваат Југославија. Долго водеа политика за да ја зачуваат Југославија. Затоа сме тука каде што сме. Повеќето проблеми водат корени од тогаш. Се разбира дека Грција и Бугарија, бранејќи ги националните интереси, го искористија правото на вето за членството на Македонија во НАТО и ЕУ затоа што беа единствените членки на ЕУ и НАТО од регионот. Тоа не беше добра ситуација. Охридскиот договор беше неопходен. Но тука требаше да се застане. Преспанскиот договор е чекор назад од тоа. Сериозен чекор назад. Премногу ѝ се даде на Грција. И се понижија луѓето тука, во Македонија, вели тој.
Професорот Џејмс Петифер е автор на 11 книги за Балканот по Отоманската Империја и предава историја на Универзитетот Оксфорд, Велика Британија. Вчера во Матица македонска беше промовирано македонското издание на книгата „Езерата и империите во македонската историја – оспорување на водите“ на професорите од Лондон - Џејмс Петифер и Миранда Викерс. Целото интервју на МКД.мк

The post Петифер: Доброто однесување на македонските влади носи сѐ поголеми понижувања, а Преспанскиот договор е најлошото нешто appeared first on Република.

]]>
Петифер: Одлуката од Истанбул е донесена за да се спречат бугарските амбиции во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petifer-odlukata-od-istanbul-e-donesena-za-da-se-sprechat-bugarskite-ambicii-vo-ohrid/ Wed, 11 May 2022 05:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=500811

Во морето реакции по одлуката на Вселенската патријаршија за Македонската православна црква-Охридска архиепископија се издвојува видувањето на британскиот експерт за Балканот, Џејмс Петифер.

„Одлуката од Истанбул јасно е донесена под притисок на надворешните советници на патријархот, со цел да се спречат бугарските амбиции во Охрид“, коментира на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ (Светиот крст) во Оксфорд.

„На едно ниво ова е важен чекор, но со оглед на тоа колку православни (не само Руси) сметаат дека неговиот авторитет многу сериозно е компромитиран со неканонската одлука да ја признае автокефалноста на Украинската православна црква, тоа можеби нема да биде многу. Македонската црква гледа кон Москва, која стекна голем кредибилитет во Скопје со средување на заканата од Јован и Србија пред неколку години. Патријархот нема овластувања да ги прави овие работи, само полниот Црковен собор. Си игра со оган“, вели Петифер за одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

The post Петифер: Одлуката од Истанбул е донесена за да се спречат бугарските амбиции во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во морето реакции по одлуката на Вселенската патријаршија за Македонската православна црква-Охридска архиепископија се издвојува видувањето на британскиот експерт за Балканот, Џејмс Петифер. „Одлуката од Истанбул јасно е донесена под притисок на надворешните советници на патријархот, со цел да се спречат бугарските амбиции во Охрид“, коментира на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ (Светиот крст) во Оксфорд.