Џејмс Џојс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzejms-dzojs/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Feb 2023 08:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џејмс Џојс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzejms-dzojs/ 32 32 Марија Гиревска во „Буква“ ќе го промовира двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/marija-girevska-vo-bukva-ke-go-promovira-dvojazichnoto-izdanie-na-dhakomo-dhojs/ Thu, 02 Feb 2023 08:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=603624

Вечерва, на втори февруари во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска.

Книгата е прво самостојно двојазично издание на Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и американскиот биограф Ричард Елман. Втори февруари е роденденот на Џојс и на неговиот прочуен роман „Улис“, но и на кафе-книжарницата „Буква“.

Мијата ќе настапи со изведбата на песната од „Улис“, My Girl’s a Yorkshire Girl.

Гиревска пред една деценија го преведе „Улис“ на македонски во рамки на проектот Ѕвезди на светската книжевност. Овојпат, преводот на „Џакомо Џојс“ не е финансиран од државата ниту од некоја фондација, туку Гиревска самостојно го издаде.

Најпознатото дело на Џојс, „Улис“ на македонски е преведено во 1977 година, но во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година.

Овие фрагментирани белешки или епифании за една миговна љубов главно ја опишуваат вљубеноста на еден ирски учител во својата ученичка од еврејско потекло. Веројатно станува збор за Амалија Попер (Amalia Popper), ќерката на Леополдо Попер од Трст, трговец Евреин. Името на таткото упатува и на еден од изворите за името и ликот на Леополд Блум од „Улис“. Белешките најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во романот „Улис“. Меѓутоа, никој со сигурност не може да појасни зошто Џојс никогаш не ги објавил овие белешки и ги оставил во Трст, за подоцна брат му Станислав да ги најде и зачува. Испишани се во ракописот на Џојс, без промени, освен насловот „Џакомо Џојс“, кој е испишан во горниот лев агол од нечија друга рака. Џојс немал обичај да ја употребува италијанската форма на своето име. Белешките ги пишувал на осум големи листови, двострано, на цврста хартија каква што би употребиле за цртање скици со молив, и ги оставил меѓу кориците на една сина школска тетратка. Овие листови дури и потсетуваат на оние пергаментни листови на кои во 1909 Џојс ги пишувал песните од „Камерна музика“ за својата сопруга.

„Сама по себе, таа е исто толку сеопфатна колку што е Моли Блум, чие Да ѝ се припишува токму нејзе, а сепак останува недофатлива, и можеби тука лежи една од причините зошто Џакомо Џојс почнува токму со прашањето ,Која?‘“ (Фриц Сен). Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат „едно мало, кревко, трајно совршенство“,

 

The post Марија Гиревска во „Буква“ ќе го промовира двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на втори февруари во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска. Книгата е прво самостојно двојазично издание на Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и американскиот биограф Ричард Елман. Втори февруари е роденденот на Џојс и на неговиот прочуен роман „Улис“, но и на кафе-книжарницата „Буква“. Мијата ќе настапи со изведбата на песната од „Улис“, My Girl’s a Yorkshire Girl. Гиревска пред една деценија го преведе „Улис“ на македонски во рамки на проектот Ѕвезди на светската книжевност. Овојпат, преводот на „Џакомо Џојс“ не е финансиран од државата ниту од некоја фондација, туку Гиревска самостојно го издаде. Најпознатото дело на Џојс, „Улис“ на македонски е преведено во 1977 година, но во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година. Овие фрагментирани белешки или епифании за една миговна љубов главно ја опишуваат вљубеноста на еден ирски учител во својата ученичка од еврејско потекло. Веројатно станува збор за Амалија Попер (Amalia Popper), ќерката на Леополдо Попер од Трст, трговец Евреин. Името на таткото упатува и на еден од изворите за името и ликот на Леополд Блум од „Улис“. Белешките најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во романот „Улис“. Меѓутоа, никој со сигурност не може да појасни зошто Џојс никогаш не ги објавил овие белешки и ги оставил во Трст, за подоцна брат му Станислав да ги најде и зачува. Испишани се во ракописот на Џојс, без промени, освен насловот „Џакомо Џојс“, кој е испишан во горниот лев агол од нечија друга рака. Џојс немал обичај да ја употребува италијанската форма на своето име. Белешките ги пишувал на осум големи листови, двострано, на цврста хартија каква што би употребиле за цртање скици со молив, и ги оставил меѓу кориците на една сина школска тетратка. Овие листови дури и потсетуваат на оние пергаментни листови на кои во 1909 Џојс ги пишувал песните од „Камерна музика“ за својата сопруга. „Сама по себе, таа е исто толку сеопфатна колку што е Моли Блум, чие Да ѝ се припишува токму нејзе, а сепак останува недофатлива, и можеби тука лежи една од причините зошто Џакомо Џојс почнува токму со прашањето ,Која?‘“ (Фриц Сен). Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат „едно мало, кревко, трајно совршенство“,  

The post Марија Гиревска во „Буква“ ќе го промовира двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ appeared first on Република.

]]>
На роденденот на Џејмс Џојс промоција на двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-rodendenot-na-dhejms-dhojs-promotsija-na-dvojazichnoto-izdanie-na-dhakomo-dhojs-vo-bukva/ Mon, 30 Jan 2023 12:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=602636

В четврток, на втори февруари во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска.

Книгата е прво самостојно двојазично издание на Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и американскиот биограф Ричард Елман. Втори февруари е роденденот на Џојс и на неговиот прочуен роман „Улис“, но и на кафе-книжарницата „Буква“.

Мијата ќе настапи со изведбата на песната од „Улис“, My Girl’s a Yorkshire Girl.

Овие фрагментирани белешки или епифании за една миговна љубов главно ја опишуваат вљубеноста на еден ирски учител во својата ученичка од еврејско потекло. Веројатно станува збор за Амалија Попер (Amalia Popper), ќерката на Леополдо Попер од Трст, трговец Евреин. Името на таткото упатува и на еден од изворите за името и ликот на Леополд Блум од „Улис“. Белешките најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во романот „Улис“. Меѓутоа, никој со сигурност не може да појасни зошто Џојс никогаш не ги објавил овие белешки и ги оставил во Трст, за подоцна брат му Станислав да ги најде и зачува. Испишани се во ракописот на Џојс, без промени, освен насловот „Џакомо Џојс“, кој е испишан во горниот лев агол од нечија друга рака. Џојс немал обичај да ја употребува италијанската форма на своето име. Белешките ги пишувал на осум големи листови, двострано, на цврста хартија каква што би употребиле за цртање скици со молив, и ги оставил меѓу кориците на една сина школска тетратка. Овие листови дури и потсетуваат на оние пергаментни листови на кои во 1909 Џојс ги пишувал песните од „Камерна музика“ за својата сопруга.

„Сама по себе, таа е исто толку сеопфатна колку што е Моли Блум, чие Да ѝ се припишува токму нејзе, а сепак останува недофатлива, и можеби тука лежи една од причините зошто Џакомо Џојс почнува токму со прашањето ,Која?‘“ (Фриц Сен). Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат „едно мало, кревко, трајно совршенство“,

Најпознатото дело на Џојс, на македонски е преведен во 1977 година, но во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година.

The post На роденденот на Џејмс Џојс промоција на двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

В четврток, на втори февруари во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска. Книгата е прво самостојно двојазично издание на Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и американскиот биограф Ричард Елман. Втори февруари е роденденот на Џојс и на неговиот прочуен роман „Улис“, но и на кафе-книжарницата „Буква“. Мијата ќе настапи со изведбата на песната од „Улис“, My Girl’s a Yorkshire Girl. Овие фрагментирани белешки или епифании за една миговна љубов главно ја опишуваат вљубеноста на еден ирски учител во својата ученичка од еврејско потекло. Веројатно станува збор за Амалија Попер (Amalia Popper), ќерката на Леополдо Попер од Трст, трговец Евреин. Името на таткото упатува и на еден од изворите за името и ликот на Леополд Блум од „Улис“. Белешките најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во романот „Улис“. Меѓутоа, никој со сигурност не може да појасни зошто Џојс никогаш не ги објавил овие белешки и ги оставил во Трст, за подоцна брат му Станислав да ги најде и зачува. Испишани се во ракописот на Џојс, без промени, освен насловот „Џакомо Џојс“, кој е испишан во горниот лев агол од нечија друга рака. Џојс немал обичај да ја употребува италијанската форма на своето име. Белешките ги пишувал на осум големи листови, двострано, на цврста хартија каква што би употребиле за цртање скици со молив, и ги оставил меѓу кориците на една сина школска тетратка. Овие листови дури и потсетуваат на оние пергаментни листови на кои во 1909 Џојс ги пишувал песните од „Камерна музика“ за својата сопруга. „Сама по себе, таа е исто толку сеопфатна колку што е Моли Блум, чие Да ѝ се припишува токму нејзе, а сепак останува недофатлива, и можеби тука лежи една од причините зошто Џакомо Џојс почнува токму со прашањето ,Која?‘“ (Фриц Сен). Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат „едно мало, кревко, трајно совршенство“, Најпознатото дело на Џојс, на македонски е преведен во 1977 година, но во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година.

The post На роденденот на Џејмс Џојс промоција на двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс, авторот на „Улис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-dhakomo-dhojs-od-dhejms-dhojs-avtorot-na-ulis/ Sun, 29 Jan 2023 14:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=602289

Книгата „Џакомо Џојс“ во превод на македонски јазик ќе биде промовирана во четврток (2 февруари) во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 19 часот. На втори февруари освен роденденот на Џојс, се одбележува 101 година од објавувањето на „Улис“ и третиот роденден на „Буква“.

„3 во 1 ќе славиме со дружба и промоција на новата книга, двојазично издание (англиски и македонски) во превод на Марија Гиревска и со белешки од Фриц Сен и Ричард Елман. Кој сака нека чита!“, се вели во објавата на настанот.

Ракописот на ‘Џакомо Џојс’, испишан рачно од Џејмс Џојс на 8 листови за цртање и оставен меѓу кориците на една сина школска тетратка, бил пронајден во Трст. Брат му Станислав ги зачувал, а постхумно се објавени дури во 1968. Овие белешки најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во ‘Улис’. Зошто Џојс ги оставил овие листови во Трст кога заминал во Париз во јуни 1920 година? Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат ‘едно мало, кревко, трајно совршенство’, се вели во најавата за настанот.

 

The post Промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс, авторот на „Улис“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Џакомо Џојс“ во превод на македонски јазик ќе биде промовирана во четврток (2 февруари) во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 19 часот. На втори февруари освен роденденот на Џојс, се одбележува 101 година од објавувањето на „Улис“ и третиот роденден на „Буква“. „3 во 1 ќе славиме со дружба и промоција на новата книга, двојазично издание (англиски и македонски) во превод на Марија Гиревска и со белешки од Фриц Сен и Ричард Елман. Кој сака нека чита!“, се вели во објавата на настанот.
Ракописот на ‘Џакомо Џојс’, испишан рачно од Џејмс Џојс на 8 листови за цртање и оставен меѓу кориците на една сина школска тетратка, бил пронајден во Трст. Брат му Станислав ги зачувал, а постхумно се објавени дури во 1968. Овие белешки најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во ‘Улис’. Зошто Џојс ги оставил овие листови во Трст кога заминал во Париз во јуни 1920 година? Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат ‘едно мало, кревко, трајно совршенство’, се вели во најавата за настанот.  

The post Промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс, авторот на „Улис“ appeared first on Република.

]]>
Светот денеска ја прославува стогодишнината од објавувањето на „Улис“ на Џејмс Џојс https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetot-deneska-ja-proslavuva-stogodishninata-od-objavuvanjeto-na-ulis-na-dzejms-dzojs/ Wed, 02 Feb 2022 08:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=452736

Денеска светот ја прославува стогодишнината од отпечатувањето на романот „Улис“ од ирскиот писател Џејмс Џојс. Овој роман, веќе со децении важи за еден од најголемите романи на ХХ век и едно од најважните дела напишани во историјата.

На 2 февруари 1922 година, Силвија Бич, сопственичката на париската книжарница „Шекспир и компани“, за првпат во целост го објавила романот „Улис“. Џојс го пишувал романот седум години додека живеел во Трст, Цирих и Париз и долго време се мачел да го објави своето животно дело, сè додека тоа не се случило, симболично, на неговиот четириесетти роденден.

[caption id="attachment_452754" align="alignnone" width="685"] Силвија Бич и Џејмс Џојс во париската книжарница, 1922[/caption]

Долги години „Улис“ бил сметан за контроверзен роман, забранет за печат во многу земји, па оние што сакале да го читаат морале да го набавуваат на нелегални начини. Сепак, со текот на времето човештвото ја увидело неговата големина и брилијантност и денес „Улис“ со право се смета за ремек-дело на дваесеттиот век.

Низ светот до денес „Улис“ е преведен на повеќе од 40 јазици. На македонски, во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Марија Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година. Гиревска најавува дека по повод роденденот на Улис, годинава подготвува ново издание на „Улис“ на македонски.

[caption id="attachment_452751" align="alignnone" width="679"] Последното издание на „Улис“ од Џејмс Џојс, Полица, 2019 (фото: Наташа Атанасова)[/caption]

По повод стогодишнината, повеќе од стотина писатели, уметници и музичари, меѓу кои и Маргарет Атвуд и Салман Ружди, од 2 февруари до 16 јуни (денот познат како Блумсдеј) здружено ќе го читаат „Улис“. Подкастот може да се следи на следниов линк на денес легендарната книжарница „Шекспир и компани“: https://shakespeareandcompany.com/event/1072/friends-of-shakespeare-and-company-read-ulysses-by-james-joyce

 

 

The post Светот денеска ја прославува стогодишнината од објавувањето на „Улис“ на Џејмс Џојс appeared first on Република.

]]>

Денеска светот ја прославува стогодишнината од отпечатувањето на романот „Улис“ од ирскиот писател Џејмс Џојс. Овој роман, веќе со децении важи за еден од најголемите романи на ХХ век и едно од најважните дела напишани во историјата. На 2 февруари 1922 година, Силвија Бич, сопственичката на париската книжарница „Шекспир и компани“, за првпат во целост го објавила романот „Улис“. Џојс го пишувал романот седум години додека живеел во Трст, Цирих и Париз и долго време се мачел да го објави своето животно дело, сè додека тоа не се случило, симболично, на неговиот четириесетти роденден. [caption id="attachment_452754" align="alignnone" width="685"] Силвија Бич и Џејмс Џојс во париската книжарница, 1922[/caption] Долги години „Улис“ бил сметан за контроверзен роман, забранет за печат во многу земји, па оние што сакале да го читаат морале да го набавуваат на нелегални начини. Сепак, со текот на времето човештвото ја увидело неговата големина и брилијантност и денес „Улис“ со право се смета за ремек-дело на дваесеттиот век. Низ светот до денес „Улис“ е преведен на повеќе од 40 јазици. На македонски, во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Марија Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година. Гиревска најавува дека по повод роденденот на Улис, годинава подготвува ново издание на „Улис“ на македонски. [caption id="attachment_452751" align="alignnone" width="679"] Последното издание на „Улис“ од Џејмс Џојс, Полица, 2019 (фото: Наташа Атанасова)[/caption] По повод стогодишнината, повеќе од стотина писатели, уметници и музичари, меѓу кои и Маргарет Атвуд и Салман Ружди, од 2 февруари до 16 јуни (денот познат како Блумсдеј) здружено ќе го читаат „Улис“. Подкастот може да се следи на следниов линк на денес легендарната книжарница „Шекспир и компани“: https://shakespeareandcompany.com/event/1072/friends-of-shakespeare-and-company-read-ulysses-by-james-joyce    

The post Светот денеска ја прославува стогодишнината од објавувањето на „Улис“ на Џејмс Џојс appeared first on Република.

]]>