џамија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzamija/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 10:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џамија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzamija/ 32 32 Во Германија веќе има 2.500 џамии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-veke-ima-2-500-dhamii/ Tue, 15 Oct 2024 10:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=827061

Бројот на џамии во Германија се искачи на 2500. Поголемиот дел се наоѓаат во западниот и централиот дел на земјата, покажуваат последните податоци.

Зголемениот број на верски исламски објекти се должи на мигрантите кои дојдоа како резултат на војните на Блискиот исток, но и на муслиманското „домородно“ население кое е во постојан пораст.

The post Во Германија веќе има 2.500 џамии appeared first on Република.

]]>

Бројот на џамии во Германија се искачи на 2500. Поголемиот дел се наоѓаат во западниот и централиот дел на земјата, покажуваат последните податоци. Зголемениот број на верски исламски објекти се должи на мигрантите кои дојдоа како резултат на војните на Блискиот исток, но и на муслиманското „домородно“ население кое е во постојан пораст.

The post Во Германија веќе има 2.500 џамии appeared first on Република.

]]>
Грците бесни што Турција сака манастирот Хора да го користи како џамија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsite-besni-shto-turtsija-saka-manastirot-hora-da-go-koristi-kako-dhamija/ Tue, 07 May 2024 17:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=774965

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

The post Грците бесни што Турција сака манастирот Хора да го користи како џамија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

The post Грците бесни што Турција сака манастирот Хора да го користи како џамија appeared first on Република.

]]>
Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ako-odite-vo-solun-posetete-ja-novata-dhamija-prva-po-100-godini/ Fri, 12 Apr 2024 12:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=765407

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии.

Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство.

„Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме голема радост што учествуваме во оваа молитва“, изјави за АФП Исмаил Бедредин (66), пензиониран столар.

Наречена „Јени џамија“ (Нова џамија), таа е историски споменик изграден во 1902 година од италијанскиот архитект Виталијано Посели, првобитна религиозна намена имала едвај две децении, а била музеј од 1963 година до реставрацијата која последниве години ја иницира грчкото Министерство за култура и религиозни прашања.

„До денес, немавме јавно место за молитва (во Солун) и ја користевме нашата куќа за верски должности“, рече Али, 23-годишен Турчин кој студира економија на Универзитетот Аристотел во Солун.

Со видно присуство полицијата вчера ги проверувала оние кои дошле во џамијата.

„Благодарам на оние кои придонесоа за заживување на овој културен споменик, што покажува дека нема противречност меѓу да се биде муслиман и граѓанин“, рече грчко-египетскиот имам Таха Абделгалил, кој ја предводеше молитвата.

Изградена на два ката, комбинирајќи ја муслиманската традиција со елементи на архитектонскиот стил од 19 век, џамијата на почетокот на 20 век служела како место за богослужба за еврејските преобратеници во муслиманската вера, наречено „Донме“.

По грчко-турскиот договор за размена на население во 1923 година, кој произлезе од Лозанскиот договор од истата година кој го означи крајот на Отоманската империја, во џамијата накратко биле сместени грчки бегалци од Турција.

Мировниот договор предвидуваше 1,6 милиони Грци кои живееле во Мала Азија, во денешна Турција, да се преселат во Грција, а 385.000 муслимани од Грција на териториите на соседна Турција.

Во 1963 година џамијата е претворена во Археолошки музеј, а на плоштадот пред неа има богата збирка на мермерни скулптури од римската ера и од почетокот на христијанството – саркофази, надгробни споменици, релјефи, надгробни споменици од Солун.

Во поново време, џамијата се користеше како изложбен простор за Општинската галерија на Солун.

Во 2013 година, на иницијатива на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, зградата беше предадена за пладневна молитва на учениците од солинскиот огранок на исламското верско училиште од градот Комотини во северна Грција.

Грчкото население е претежно православно, а муслиманската заедница до неодамна немаше никакво официјално место за богослужба освен во регионот на североисточна Грција каде живее муслиманско население од турско потекло, изземено од верскиот закон од 1923 година.

Дури во 2020 година беше официјално отворена првата џамија во Атина, изградена првенствено за потребите на илјадниците муслимански бегалци и мигранти кои пристигнаа во Грција во последните децении

The post Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години appeared first on Република.

]]>

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство.
„Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме голема радост што учествуваме во оваа молитва“, изјави за АФП Исмаил Бедредин (66), пензиониран столар.
Наречена „Јени џамија“ (Нова џамија), таа е историски споменик изграден во 1902 година од италијанскиот архитект Виталијано Посели, првобитна религиозна намена имала едвај две децении, а била музеј од 1963 година до реставрацијата која последниве години ја иницира грчкото Министерство за култура и религиозни прашања.
„До денес, немавме јавно место за молитва (во Солун) и ја користевме нашата куќа за верски должности“, рече Али, 23-годишен Турчин кој студира економија на Универзитетот Аристотел во Солун.
Со видно присуство полицијата вчера ги проверувала оние кои дошле во џамијата.
„Благодарам на оние кои придонесоа за заживување на овој културен споменик, што покажува дека нема противречност меѓу да се биде муслиман и граѓанин“, рече грчко-египетскиот имам Таха Абделгалил, кој ја предводеше молитвата.
Изградена на два ката, комбинирајќи ја муслиманската традиција со елементи на архитектонскиот стил од 19 век, џамијата на почетокот на 20 век служела како место за богослужба за еврејските преобратеници во муслиманската вера, наречено „Донме“. По грчко-турскиот договор за размена на население во 1923 година, кој произлезе од Лозанскиот договор од истата година кој го означи крајот на Отоманската империја, во џамијата накратко биле сместени грчки бегалци од Турција. Мировниот договор предвидуваше 1,6 милиони Грци кои живееле во Мала Азија, во денешна Турција, да се преселат во Грција, а 385.000 муслимани од Грција на териториите на соседна Турција. Во 1963 година џамијата е претворена во Археолошки музеј, а на плоштадот пред неа има богата збирка на мермерни скулптури од римската ера и од почетокот на христијанството – саркофази, надгробни споменици, релјефи, надгробни споменици од Солун. Во поново време, џамијата се користеше како изложбен простор за Општинската галерија на Солун. Во 2013 година, на иницијатива на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, зградата беше предадена за пладневна молитва на учениците од солинскиот огранок на исламското верско училиште од градот Комотини во северна Грција. Грчкото население е претежно православно, а муслиманската заедница до неодамна немаше никакво официјално место за богослужба освен во регионот на североисточна Грција каде живее муслиманско население од турско потекло, изземено од верскиот закон од 1923 година. Дури во 2020 година беше официјално отворена првата џамија во Атина, изградена првенствено за потребите на илјадниците муслимански бегалци и мигранти кои пристигнаа во Грција во последните децении

The post Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години appeared first on Република.

]]>
Една искршена, една ограбена џамија во Гостиварско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/edna-iskrshena-edna-ograbena-dhamija-vo-gostivarsko/ Mon, 04 Mar 2024 14:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=751097

Два инциденти во џамии во Гостиварско се пријавени во полиција деновиве.

Прво вчера во СВР Тетово е пријавено дека на 2/3 март било влезено во џамијата во гостиварско Неготино и биле направени оштетувања на опремата за осветлување. Увид извршила екипа од гостиварското одделение за внатрешни работи, од каде велат дека се расчистува и документира случајот.

Утрово, пак, 46-годишниот Љ.А. од гостиварско Чегране во СВР Тетово пријавил дека изминатата ноќ (3/4 март) било влезено во џамијата во која работел и биле одземени пари.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Една искршена, една ограбена џамија во Гостиварско appeared first on Република.

]]>

Два инциденти во џамии во Гостиварско се пријавени во полиција деновиве. Прво вчера во СВР Тетово е пријавено дека на 2/3 март било влезено во џамијата во гостиварско Неготино и биле направени оштетувања на опремата за осветлување. Увид извршила екипа од гостиварското одделение за внатрешни работи, од каде велат дека се расчистува и документира случајот. Утрово, пак, 46-годишниот Љ.А. од гостиварско Чегране во СВР Тетово пријавил дека изминатата ноќ (3/4 март) било влезено во џамијата во која работел и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Една искршена, една ограбена џамија во Гостиварско appeared first on Република.

]]>
Израелски доселеници упаднале во најсветото место за Муслиманите – џамијата Ал Акса во Ерусалим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelski-doselenitsi-upadnale-vo-najsvetoto-mesto-za-muslimanite-dhamijata-al-aksa-vo-erusalim/ Tue, 06 Feb 2024 16:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=741125

Израелски доселеници, под заштита на полициските сили, упаднале во дворот на џамијата Ал Акса.

Очевидци изјавиле дека десетици доселеници влегле во Ал Акса од портата Магариба, ги посетиле дворовите на верското здание и изведувале талмудски ритуали, пренесе палестионската агенција ВАФА.

Израелската полиција, стационирана пред портите на Стариот град и џамијата Ал Акса, исто така, спречила влез на палестински граѓани, поради што бројот на верниците се намалува четврти месец по ред.

The post Израелски доселеници упаднале во најсветото место за Муслиманите – џамијата Ал Акса во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

Израелски доселеници, под заштита на полициските сили, упаднале во дворот на џамијата Ал Акса. Очевидци изјавиле дека десетици доселеници влегле во Ал Акса од портата Магариба, ги посетиле дворовите на верското здание и изведувале талмудски ритуали, пренесе палестионската агенција ВАФА. Израелската полиција, стационирана пред портите на Стариот град и џамијата Ал Акса, исто така, спречила влез на палестински граѓани, поради што бројот на верниците се намалува четврти месец по ред.

The post Израелски доселеници упаднале во најсветото место за Муслиманите – џамијата Ал Акса во Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Ги собул своите, бирал, па ги земал најубавите туѓи патики: Крадец во џамија „оперирал“ додека другите се молеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gi-sobul-svoite-biral-pa-gi-zemal-najubavite-tugi-patiki-kradets-vo-dhamija-operiral-dodeka-drugite-se-molele/ Sun, 26 Nov 2023 10:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=716332

Сараевскиот имам Мухамед еф. Велиќ на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж краде патики додека останатите се молат.

Како што објасни Велиќ, за време на молитвата, маж влегол во џамијата облечен во патики, ги соблекол своите и му украл нови патики на еден од мажите, кој во тој момент се молел, пренесува Српска инфо.

The post Ги собул своите, бирал, па ги земал најубавите туѓи патики: Крадец во џамија „оперирал“ додека другите се молеле appeared first on Република.

]]>

Сараевскиот имам Мухамед еф. Велиќ на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж краде патики додека останатите се молат. Како што објасни Велиќ, за време на молитвата, маж влегол во џамијата облечен во патики, ги соблекол своите и му украл нови патики на еден од мажите, кој во тој момент се молел, пренесува Српска инфо.

The post Ги собул своите, бирал, па ги земал најубавите туѓи патики: Крадец во џамија „оперирал“ додека другите се молеле appeared first on Република.

]]>
Приведен Косовец кој украл пари од џамија на Бит Пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-kosovets-koj-ukral-pari-od-dhamija-na-bit-pazar/ Sun, 27 Aug 2023 18:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=676399

Полицијата уапсила 37-годишно лице од Косово осомничено за кражба на пари од џамија во скопски Бит Пазар.

На 26.08.2023 во 20.30 часот во Скопје, на подрачје на Центар, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Н.Р.(37) од Косово, поради основано сомнение дека на 29.07.2023 околу 10.00 часот од џамија на подрачје на Бит Пазар со употреба на сила одзел пари, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

The post Приведен Косовец кој украл пари од џамија на Бит Пазар appeared first on Република.

Се урна џамија во Нигерија додека стотина верници се молеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-urna-dhamija-vo-nigerija-dodeka-stotina-vernitsi-se-molea/ Sat, 12 Aug 2023 09:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=671316

Седум лица загинаа, а неколку други се повредени откако структурата на централната џамија полна со верници попушти во градот Зарија, државата Кадуна во северна Нигерија.

Портпаролот на градскиот совет во Зарија, Абдулахи Кварбаи, изјави дека несреќата се случила во време кога стотици верници биле во џамијата за попладневната молитва, пренесува Ројтерс.

„Прво беа пронајдени четири тела, а потоа уште три кога спасувачкиот тим заврши со увидот на урнатините на џамијата“, рече Кварбаи.

Уривањата на зградите се вообичаени во најнаселената африканска земја, каде што често се прекршуваат прописите, а градежните материјали и изработката се супстандардни, наведува Ројтерс.

The post Се урна џамија во Нигерија додека стотина верници се молеа appeared first on Република.

]]>

Седум лица загинаа, а неколку други се повредени откако структурата на централната џамија полна со верници попушти во градот Зарија, државата Кадуна во северна Нигерија. Портпаролот на градскиот совет во Зарија, Абдулахи Кварбаи, изјави дека несреќата се случила во време кога стотици верници биле во џамијата за попладневната молитва, пренесува Ројтерс.
„Прво беа пронајдени четири тела, а потоа уште три кога спасувачкиот тим заврши со увидот на урнатините на џамијата“, рече Кварбаи.
Уривањата на зградите се вообичаени во најнаселената африканска земја, каде што често се прекршуваат прописите, а градежните материјали и изработката се супстандардни, наведува Ројтерс.

The post Се урна џамија во Нигерија додека стотина верници се молеа appeared first on Република.

]]>
Државно комбе за џамијата во Арачиново, оти тоа не било „заборавено село“ и „заслужува повеќе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/drzhavno-kombe-za-dhamijata-vo-arachinovo-oti-toa-ne-bilo-zaboraveno-selo-i-zasluzhuva-poveke/ Tue, 18 Jul 2023 09:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=662599

Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, порача директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на Фејсбук откако обезбеди транспортно возило за услугите на селската џамија.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше оваа одлука како спротивна на уставниот принцип на секуларна држава.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот доделил едно комбе „Цитроен“ на џамијата во Арачиново. Одлуката е спротивна на уставниот принцип на секуларната држава, уште повеќе што во ова време на криза многу државни болници, градинки и училишта имаат реална потреба од превозни средства, а немаат средства за истите да ги набават, изјави Милошоски за Плусинфо.

The post Државно комбе за џамијата во Арачиново, оти тоа не било „заборавено село“ и „заслужува повеќе“ appeared first on Република.

]]>

Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, порача директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на Фејсбук откако обезбеди транспортно возило за услугите на селската џамија. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше оваа одлука како спротивна на уставниот принцип на секуларна држава.
Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот доделил едно комбе „Цитроен“ на џамијата во Арачиново. Одлуката е спротивна на уставниот принцип на секуларната држава, уште повеќе што во ова време на криза многу државни болници, градинки и училишта имаат реална потреба од превозни средства, а немаат средства за истите да ги набават, изјави Милошоски за Плусинфо.

The post Државно комбе за џамијата во Арачиново, оти тоа не било „заборавено село“ и „заслужува повеќе“ appeared first on Република.

]]>
Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот доделил комбе на џамија во Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-agentsijata-za-upravuvane-so-odzemen-imot-dodelil-kombe-na-dhamija-vo-arachinovo/ Tue, 18 Jul 2023 08:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=662580

Агенцијата за управување со одземен имот обезбеди и пушти во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново.

Општина Харачина не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, така што мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана.Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука!  напиша директорот на агенцијата, Дритон Небиу на Фејсбук.

The post Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот доделил комбе на џамија во Арачиново appeared first on Република.

На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-mavrovsko-ezero-kje-se-gradi-dzamija/ Mon, 19 Dec 2022 09:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=587519

Државно земјиште околу Мавровското Eзеро со површина од 2600 м2 преку ноќ стана сопственост на Исламската верска заедница која планира да гради верски објект. ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа, дознава партијата „Левица“.

Членови на ИВЗ, со помош на нивни роднини во Катастарот на Гостивар, преку трето лице кое се јавува како посредник од неодамна станаа сопственици на супер атрактивното земјиште.

Ова се гледа од документите до кои дојде политичката партија Левица.

Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков Дол, со површина од околу 2600м2.

Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба. Министерството за транспорт и врски уште во март 2021 година му наложи на старо-новиот градоначалник на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела – Незир Сулејмани, инаку сопственик на фирмата „Кораб Мермери.”

Се поставува прашањето – зошто на ИВЗ ѝ се потребни парцели во заштитено подрачје и што друго планира да гради во заштитените зони?

Изградба на било каков објект од поголем размер, толку блиску до брегот на езерото би довело до низа штетни влијанија врз квалитетот на водата на езерото и неговата фауна.

Ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Ова решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука.

Јасно е дека корупцијата и деградирањето на правната држава, преку распарчување на државен имот, е главна одлика на владеењето на неспособните кадри на СДС и ДУИ.

The post На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? appeared first on Република.

]]>

Државно земјиште околу Мавровското Eзеро со површина од 2600 м2 преку ноќ стана сопственост на Исламската верска заедница која планира да гради верски објект. ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа, дознава партијата „Левица“. Членови на ИВЗ, со помош на нивни роднини во Катастарот на Гостивар, преку трето лице кое се јавува како посредник од неодамна станаа сопственици на супер атрактивното земјиште. Ова се гледа од документите до кои дојде политичката партија Левица. Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков Дол, со површина од околу 2600м2.
Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба. Министерството за транспорт и врски уште во март 2021 година му наложи на старо-новиот градоначалник на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела – Незир Сулејмани, инаку сопственик на фирмата „Кораб Мермери.”
Се поставува прашањето – зошто на ИВЗ ѝ се потребни парцели во заштитено подрачје и што друго планира да гради во заштитените зони? Изградба на било каков објект од поголем размер, толку блиску до брегот на езерото би довело до низа штетни влијанија врз квалитетот на водата на езерото и неговата фауна. Ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Ова решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука. Јасно е дека корупцијата и деградирањето на правната држава, преку распарчување на државен имот, е главна одлика на владеењето на неспособните кадри на СДС и ДУИ.

The post На Мавровско Езеро ќе се гради џамија!? appeared first on Република.

]]>
Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-svecheno-pushti-vo-upotreba-dzamija-vo-karposh/ Thu, 15 Dec 2022 20:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=586213

Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези.

На свеченото отворање освен градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.

Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук.

The post Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош appeared first on Република.

]]>

Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези. На свеченото отворање освен градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.
Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук.
 
The post Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош appeared first on Република.

]]>
Се урна купола во Џамија во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-urna-kupola-vo-dzamija-vo-saraevo/ Sat, 14 May 2022 16:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=502279

Се урна куполата во џамијата Сокоље во Сараево, поради што сите верски активности беа прекинати до понатамошно известување, објавија денеска медиумите во БиХ.

Не е позната причината поради која се урна куполата на џамијата, но предизвикала огромна материјална штета, пренесува порталот Klix.ba.

Како што беше соопштено, во несреќата за среќа нема повредени.

Во џамијата се чисти и поправа куполата, па сите верски активности се прекинати до дополнително известување.

The post Се урна купола во Џамија во Сараево appeared first on Република.

]]>

Се урна куполата во џамијата Сокоље во Сараево, поради што сите верски активности беа прекинати до понатамошно известување, објавија денеска медиумите во БиХ. Не е позната причината поради која се урна куполата на џамијата, но предизвикала огромна материјална штета, пренесува порталот Klix.ba. Како што беше соопштено, во несреќата за среќа нема повредени. Во џамијата се чисти и поправа куполата, па сите верски активности се прекинати до дополнително известување.

The post Се урна купола во Џамија во Сараево appeared first on Република.

]]>
И во Нерези молкум се гради џамија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-vo-nerezi-molkum-se-gradi-dzamija/ Tue, 11 Jan 2022 10:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=443035

По утврдување на бесправноста на изградбата на џамијата во Злокуќани, жители на Нерези реагираат дека и во оваа населба се гради верски објект без дозвола.

https://republika.mk/vesti/skopje/na-bozik-nikna-minare-vo-karposh-nikoj-ne-znae-koj-ja-gradi-dzamijata/

Станува збор за изградба на верски објект од страна на ИВЗ на катастарските парцели 912/1 и 912/2 во сопственост на ИВЗ и Република Македонија, а кои се наоѓаат во Средно Нерези.

Советниците на Левица поднесоа барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби истите јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен со цел утврдување на фактичката состојба. Изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот. Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес, реагираат денеска од партијата.

The post И во Нерези молкум се гради џамија appeared first on Република.

]]>

По утврдување на бесправноста на изградбата на џамијата во Злокуќани, жители на Нерези реагираат дека и во оваа населба се гради верски објект без дозвола. https://republika.mk/vesti/skopje/na-bozik-nikna-minare-vo-karposh-nikoj-ne-znae-koj-ja-gradi-dzamijata/ Станува збор за изградба на верски објект од страна на ИВЗ на катастарските парцели 912/1 и 912/2 во сопственост на ИВЗ и Република Македонија, а кои се наоѓаат во Средно Нерези.
Советниците на Левица поднесоа барање за информации до Општина Карпош кои се однесуваат на овој случај и бараат општинските служби истите јавно да ги соопштат со цел да не се остави простор за шпекулации и тензии, a воедно и да излезат на терен со цел утврдување на фактичката состојба. Изградбата на било какви верски објекти без дозвола е спротивно на законот. Воедно, изградбата на верски објекти не е од никаков приоритет на жителите на Општина Карпош па оттаму бараме наместо верски објекти на територијата на Општината да се градат инфраструктурни објекти од општ интерес, реагираат денеска од партијата.

The post И во Нерези молкум се гради џамија appeared first on Република.

]]>
На Божик никна минаре во Карпош, никој не знае кој ја гради џамијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-bozik-nikna-minare-vo-karposh-nikoj-ne-znae-koj-ja-gradi-dzamijata/ Sun, 09 Jan 2022 16:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=442207

Во ноќните часови на Божик никна минаре во скопската населба Злокуќани, пренесува „Сител“. Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците поголго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу, кои, како што велат, најинтензивно се граделе во време на избори.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, за телевизијата потврди дека џамијата се гради бесправно и вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради. Јакимовски објаснува дека ноќта на Божик се градело минарето, кое всушност се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде. Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата. Раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро.

Од Исламската верска заедница за „Сител“ нема официјален одговор дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат.

„Сител“ се обиде да добие одговор и од оџата од новата џамија во Злокуќани, но тој не сакаше да разговара со новинари.

Инаку, мештаните не се жалат само за џамијата. Тие веќе подолг период имаат проблеми со новодоселените бидејќи секојдневно пуштале премногу гласна музика. Се жалат и на неподнослива миризба поради тоа што новите соседи, кои во последните неколку години масовно се доселуваат во населбата, често горат пластика, гуми и кабли.

Само во последните две години поднеле над 200 пријави до Полицијата, но решение за проблемот нема. Не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се соочуваат дури и со физички напади од новодојденците.

Ако надлежните не го решат проблемот, најавуваат блокади и протести.

Повеќе на „Сител

The post На Божик никна минаре во Карпош, никој не знае кој ја гради џамијата appeared first on Република.

]]>

Во ноќните часови на Божик никна минаре во скопската населба Злокуќани, пренесува „Сител“. Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците поголго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу, кои, како што велат, најинтензивно се граделе во време на избори. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, за телевизијата потврди дека џамијата се гради бесправно и вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради. Јакимовски објаснува дека ноќта на Божик се градело минарето, кое всушност се издигнало над оградата и сега веќе се гледа од секаде. Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата. Раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро. Од Исламската верска заедница за „Сител“ нема официјален одговор дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат. „Сител“ се обиде да добие одговор и од оџата од новата џамија во Злокуќани, но тој не сакаше да разговара со новинари. Инаку, мештаните не се жалат само за џамијата. Тие веќе подолг период имаат проблеми со новодоселените бидејќи секојдневно пуштале премногу гласна музика. Се жалат и на неподнослива миризба поради тоа што новите соседи, кои во последните неколку години масовно се доселуваат во населбата, често горат пластика, гуми и кабли. Само во последните две години поднеле над 200 пријави до Полицијата, но решение за проблемот нема. Не сакаат да зборуваат пред камера бидејќи се соочуваат дури и со физички напади од новодојденците. Ако надлежните не го решат проблемот, најавуваат блокади и протести. Повеќе на „Сител

The post На Божик никна минаре во Карпош, никој не знае кој ја гради џамијата appeared first on Република.

]]>