џајлс норман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzajls-norman/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Dec 2022 16:33:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џајлс норман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzajls-norman/ 32 32 Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-kanadskiot-ambasador-dzajls-norman/ Wed, 07 Dec 2022 16:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=583078

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Република Македонија.

На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.

Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста од високиот степен на криминал и корупција во државата и слабиот капацитет од страна на владата на СДСМ за борба против организираниот криминал, укажувајќи дека изминатите 6 години откако владее СДСМ државата тоне во криминал, а за тоа говорат и фактите дека високи владини функционери се обвинети за незаконито делување и крадење на државни пари, се вели во соопштението.

Во однос на македонската економија, Мицкоски посочил дека економијата е пред целосен колапс а за тоа е директно виновна и одговорна владата на Димитар Ковачевски и СДСМ, бидејќи наместо да понуди добри економски политики кои ќе значат спас за државата и граѓаните од сиромаштија, нудат нереални и задоцнети мерки.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната поддршката и соработка, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како нов предводник на новата влада ќе продолжи со интензивна соработка и натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Република Македонија. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба. Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста од високиот степен на криминал и корупција во државата и слабиот капацитет од страна на владата на СДСМ за борба против организираниот криминал, укажувајќи дека изминатите 6 години откако владее СДСМ државата тоне во криминал, а за тоа говорат и фактите дека високи владини функционери се обвинети за незаконито делување и крадење на државни пари, се вели во соопштението. Во однос на македонската економија, Мицкоски посочил дека економијата е пред целосен колапс а за тоа е директно виновна и одговорна владата на Димитар Ковачевски и СДСМ, бидејќи наместо да понуди добри економски политики кои ќе значат спас за државата и граѓаните од сиромаштија, нудат нереални и задоцнети мерки. Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната поддршката и соработка, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како нов предводник на новата влада ќе продолжи со интензивна соработка и натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман appeared first on Република.

]]>