Џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzaferi/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 14:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џафери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzaferi/ 32 32 Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-begaj-protsesot-na-evrointegratsii-da-se-zaokruzhi-so-uspeh/ Thu, 13 Jun 2024 14:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=787258

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија.

На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех.

Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата.

Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија. На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех. Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата. Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>
Џафери на Самит на лидери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-na-samit-na-lideri-vo-kotor-reformite-se-kluchen-chekor-za-doblizhuvane-na-regionot-vo-eu/ Thu, 16 May 2024 11:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=778771

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“, се обрати на Панелот „Состојбата на терен и идните планови-нов план за раст“. Во своето обраќање, претседателот на Владата истакна дека независно од тоа што Македонија се наоѓаше во предизборен период, за Владата, евроинтеграцијата беше врвен приоритет и беше фокусирана на спроведувањето на приоритетните реформи кои се важни за членството на државата во ЕУ.

„Владата која ја предводам, останува посветена на остварувањето на европската агенда, која бара спроведување на суштински реформи и усогласување со правото и стандардите на Европската Унија.

Дополнително, го поздравувам усвојувањето на Регулативата за Механизмот за реформи и раст, со која се обезбедени дополнителни финансиски средства за поддршка на реформите, а чие користење е поврзано со испорачување резултати. Изминатиов период, и покрај фактот што Македонија беше во изборен период, интензивно работевме на финализирање на нашата Реформска агенда 2024-2027. Последната нацрт верзија на Реформската агенда, одобрена од Владата, беше споделена со Европската комисија на почетокот на мај“, рече премиерот Џафери.

Во рамките на овој процес, потенцираше претседателот на Владата, Талат Џафери, изминативе два месеци, Македонија поднесе пред-апликација за членство во СЕПА, а Владата објави јавен повик на кој аплицираа повеќе македонски центри за дигитални иновации.

„Ова се мали, но значајни чекори кои ја потврдуваат насоката на движење на земјата. Со ист таков ентузијазам и посветеност очекувам да се спроведат најновите патокази кои се однесуваат на забрзаното приближување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на Реформската агенда. И, последно, но не помалку важно. Во однос на регионалната соработка, ги поддржуваме начелно поставените темели во новиот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар. Имајќи предвид дека сме во период пред избор на нова Влада, деталните активности за кои се надлежни ресорните институции допрва треба да бидат етаблирани и развиени во периодот што следи“, рече премиерот.

Претседателот на Владата на Македонија во своето обраќање потенцираше и дека за да успее новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар на кој напорно работат сите, треба да се одблокира работењето на ЦЕФТА, а Македонија да има свој претставник на највисоко ниво.

„Се надевам дека оваа трасирана патека ќе продолжи да биде водилка и за следната Влада на Република Македонија“, истакна Џафери на крајот на своето обраќање.

The post Џафери на Самит на лидери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“, се обрати на Панелот „Состојбата на терен и идните планови-нов план за раст“. Во своето обраќање, претседателот на Владата истакна дека независно од тоа што Македонија се наоѓаше во предизборен период, за Владата, евроинтеграцијата беше врвен приоритет и беше фокусирана на спроведувањето на приоритетните реформи кои се важни за членството на државата во ЕУ. „Владата која ја предводам, останува посветена на остварувањето на европската агенда, која бара спроведување на суштински реформи и усогласување со правото и стандардите на Европската Унија. Дополнително, го поздравувам усвојувањето на Регулативата за Механизмот за реформи и раст, со која се обезбедени дополнителни финансиски средства за поддршка на реформите, а чие користење е поврзано со испорачување резултати. Изминатиов период, и покрај фактот што Македонија беше во изборен период, интензивно работевме на финализирање на нашата Реформска агенда 2024-2027. Последната нацрт верзија на Реформската агенда, одобрена од Владата, беше споделена со Европската комисија на почетокот на мај“, рече премиерот Џафери. Во рамките на овој процес, потенцираше претседателот на Владата, Талат Џафери, изминативе два месеци, Македонија поднесе пред-апликација за членство во СЕПА, а Владата објави јавен повик на кој аплицираа повеќе македонски центри за дигитални иновации. „Ова се мали, но значајни чекори кои ја потврдуваат насоката на движење на земјата. Со ист таков ентузијазам и посветеност очекувам да се спроведат најновите патокази кои се однесуваат на забрзаното приближување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на Реформската агенда. И, последно, но не помалку важно. Во однос на регионалната соработка, ги поддржуваме начелно поставените темели во новиот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар. Имајќи предвид дека сме во период пред избор на нова Влада, деталните активности за кои се надлежни ресорните институции допрва треба да бидат етаблирани и развиени во периодот што следи“, рече премиерот. Претседателот на Владата на Македонија во своето обраќање потенцираше и дека за да успее новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар на кој напорно работат сите, треба да се одблокира работењето на ЦЕФТА, а Македонија да има свој претставник на највисоко ниво. „Се надевам дека оваа трасирана патека ќе продолжи да биде водилка и за следната Влада на Република Македонија“, истакна Џафери на крајот на своето обраќање.

The post Џафери на Самит на лидери во Котор: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Почна со работа НУ Музички ансамбл на Република Македонија – Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-so-rabota-nu-muzichki-ansambl-na-republika-severna-makedonija-tetovo/ Sat, 04 May 2024 12:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=774090

Премиерот во техничката Влада Талат Џафери присуствуваше на настан со кој се одбележа отворањето на новата музичка сцена во Тетово, односно основањето на националната установа - Музички ансамбл на Република Македонија - Тетово.

- Основањето на оваа установа претставува реализација на долгогодишното барање на кадрите кои откако ќе завршеа факултет по музика, немаа каде да го продолжат својот професионален пат. Сега, во рамките на оваа установа во која ќе се негува и развива вокалната и инструменталната сериозна музика, како и популарната и џез музика, ќе можат да го негуваат и усовршуваат својот талент и својата пасија сите љубители на овој жанр, информираа вечерва од владината прес-служба.

Џафери информирал за очекуваното донесување на одлуката на Владата на предлог на Министерството за култура со која на оваа установа и се доделуваат на трајно користење простории кои сега се во државна сопственост.

- Со основањето на Музичкиот ансамбл, придонесуваме кон подобрувањето на демократската рамноправност во нашата заедничка држава, Република Македонија и во оваа област од општествениот живот, истакнал Џафери

The post Почна со работа НУ Музички ансамбл на Република Македонија – Тетово appeared first on Република.

]]>

Премиерот во техничката Влада Талат Џафери присуствуваше на настан со кој се одбележа отворањето на новата музичка сцена во Тетово, односно основањето на националната установа - Музички ансамбл на Република Македонија - Тетово. - Основањето на оваа установа претставува реализација на долгогодишното барање на кадрите кои откако ќе завршеа факултет по музика, немаа каде да го продолжат својот професионален пат. Сега, во рамките на оваа установа во која ќе се негува и развива вокалната и инструменталната сериозна музика, како и популарната и џез музика, ќе можат да го негуваат и усовршуваат својот талент и својата пасија сите љубители на овој жанр, информираа вечерва од владината прес-служба. Џафери информирал за очекуваното донесување на одлуката на Владата на предлог на Министерството за култура со која на оваа установа и се доделуваат на трајно користење простории кои сега се во државна сопственост. - Со основањето на Музичкиот ансамбл, придонесуваме кон подобрувањето на демократската рамноправност во нашата заедничка држава, Република Македонија и во оваа област од општествениот живот, истакнал Џафери

The post Почна со работа НУ Музички ансамбл на Република Македонија – Тетово appeared first on Република.

]]>
Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-primer-vo-regionot-za-implementirane-na-rodova-ramnopravnost/ Mon, 15 Apr 2024 11:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=766322

Претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Џафери:

„Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

И ние во Република Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи.

Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост.

Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво.

Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика.

Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност.

Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден.

Почитувани присутни,

Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема.

Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата.

Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста.

Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност.

Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.

 

The post Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Џафери: „Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност. И ние во Република Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи. Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост. Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво. Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика. Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност. Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден. Почитувани присутни, Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема. Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата. Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста. Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност. Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.  

The post Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност appeared first on Република.

]]>
Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-na-iftarskata-vechera-upati-poraki-za-vzaemna-pochit-zhelbi-za-dobro-zdravje-blagosostojba-i-uspeh/ Thu, 21 Mar 2024 18:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=757124

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, по повод светиот месец Рамазан, приреди Ифтарска вечера на која беа поканети и присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, актуелните членови на Владата, претставниците од верските заедници во земјава, претставници од судството, академската јавност и други гости.

Во своето поздравно обраќање пред присутните гости, премиерот Џафери посочи дека  Ифтарската вечера, како традиција за време на светиот месец Рамазан, е начин за собирање на блиското и далечно семејство, на пријателите, соработниците. Рамазан, иако е месец во кој верниците од исламската вероисповед постат, во исто време, ги хранат душата и мислите со позитивни мисли, со взаемна почит и разбирање, со чувство на солидарност и сочувство за секое човечко битие.

 

При тоа, ифтарските вечери се можност и за потсетување на основните вредности на взаемна почит, упатување на желби за добро здравје, благосостојба и успех.

„Семејството е главниот столб, околу кое се одвива целиот наш живот и кое е најзначајната поддршка и поттик за да можеме да ги вршиме нашите секојдневни задачи и одговорности со највисоката посветеност и внимание.Само тогаш кога имаме мир во семејството, имаме спокој и во умот, и можеме да рефлектираме спокој и во работата и во државата. Апелирам до сите, да бидеме подобри луѓе од тоа што сме, да правиме корисни дела за луѓето во потреба, затоа што само тогаш ќе бидеме вистински среќни, кога сите околу нас ќе ја споделуваат среќата со нас“, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери.

 

The post Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, по повод светиот месец Рамазан, приреди Ифтарска вечера на која беа поканети и присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, актуелните членови на Владата, претставниците од верските заедници во земјава, претставници од судството, академската јавност и други гости. Во своето поздравно обраќање пред присутните гости, премиерот Џафери посочи дека  Ифтарската вечера, како традиција за време на светиот месец Рамазан, е начин за собирање на блиското и далечно семејство, на пријателите, соработниците. Рамазан, иако е месец во кој верниците од исламската вероисповед постат, во исто време, ги хранат душата и мислите со позитивни мисли, со взаемна почит и разбирање, со чувство на солидарност и сочувство за секое човечко битие.   При тоа, ифтарските вечери се можност и за потсетување на основните вредности на взаемна почит, упатување на желби за добро здравје, благосостојба и успех. „Семејството е главниот столб, околу кое се одвива целиот наш живот и кое е најзначајната поддршка и поттик за да можеме да ги вршиме нашите секојдневни задачи и одговорности со највисоката посветеност и внимание.Само тогаш кога имаме мир во семејството, имаме спокој и во умот, и можеме да рефлектираме спокој и во работата и во државата. Апелирам до сите, да бидеме подобри луѓе од тоа што сме, да правиме корисни дела за луѓето во потреба, затоа што само тогаш ќе бидеме вистински среќни, кога сите околу нас ќе ја споделуваат среќата со нас“, порача претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери.  

The post Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех appeared first on Република.

]]>
Џафери-Бомгартнер: Франција е значаен партнер на Македонија на пристапниот пат во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-bomgartner-frantsija-e-znachaen-partner-na-severna-makedonija-na-pristapniot-pat-vo-eu/ Tue, 19 Mar 2024 13:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=756329

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Француската Република во Скопје, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

На средбата беа констатирани три децении одлични билатерални односи и пријателството меѓу нашите две земји, карактеризирани со високо развиен, конструктивен и партнерски политички дијалог. Воедно, беше изразен и интересот во следниот период да се стави поголем акцент на економската и трговската соработка.

Премиерот Џафери го поздрави севкупниот и засилен француски ангажман во регионот на Западен Балкан, олицетворен преку низа иницијативи и конкретни чекори во изминатиот период насочени кон зајакната стратешка, политичка, економска и општествена соработка. Во таа насока, се заблагодари за поддршката на Франција во процесот на проширување на Европската Унија со целиот регион, и Македонија посебно, и ја нагласи посветеноста на Владата која ја предводи да ја продолжи започнатата динамика на патот кон ЕУ.

Честитајќи го именувањето за Премиер, амбасадорот Бомгартнер ја поздрави досегашната одлична соработка со Џафери во чиј мандат како Претседател на Собранието беше направен голем исчекор во развојот на билатералната парламентарна соработка. Амбасадорот изрази подготвеност за натамошна сестрана соработка со Владата во насока на натамошно јакнење на односите меѓу двете земји, кои се засновани на долга историја на пријателство.

 

Бомгартнер ја нагласи силната посветеност на Франција кон европската перспектива на Македонија и истакна дека Франција ќе продолжи активно да манифестира конструктивност и поддршка на тој пат, при што се осврна и на важноста на претстојните парламентарни избори во Македонија, изразувајќи надеж дека идната Влада и Собрание ќе продолжат активно да ја спроведуваат европската агенда.

Премиерот го честиташе 20 март - Денот на Франкофонијата и нагласи дека Македонија останува активно посветена на Меѓународната Организација на Франкофонијата и ќе продолжи со активностите за афирмација на францускиот јазик во државата.

The post Џафери-Бомгартнер: Франција е значаен партнер на Македонија на пристапниот пат во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Француската Република во Скопје, Н.Е. Сирил Бомгартнер. На средбата беа констатирани три децении одлични билатерални односи и пријателството меѓу нашите две земји, карактеризирани со високо развиен, конструктивен и партнерски политички дијалог. Воедно, беше изразен и интересот во следниот период да се стави поголем акцент на економската и трговската соработка. Премиерот Џафери го поздрави севкупниот и засилен француски ангажман во регионот на Западен Балкан, олицетворен преку низа иницијативи и конкретни чекори во изминатиот период насочени кон зајакната стратешка, политичка, економска и општествена соработка. Во таа насока, се заблагодари за поддршката на Франција во процесот на проширување на Европската Унија со целиот регион, и Македонија посебно, и ја нагласи посветеноста на Владата која ја предводи да ја продолжи започнатата динамика на патот кон ЕУ. Честитајќи го именувањето за Премиер, амбасадорот Бомгартнер ја поздрави досегашната одлична соработка со Џафери во чиј мандат како Претседател на Собранието беше направен голем исчекор во развојот на билатералната парламентарна соработка. Амбасадорот изрази подготвеност за натамошна сестрана соработка со Владата во насока на натамошно јакнење на односите меѓу двете земји, кои се засновани на долга историја на пријателство.   Бомгартнер ја нагласи силната посветеност на Франција кон европската перспектива на Македонија и истакна дека Франција ќе продолжи активно да манифестира конструктивност и поддршка на тој пат, при што се осврна и на важноста на претстојните парламентарни избори во Македонија, изразувајќи надеж дека идната Влада и Собрание ќе продолжат активно да ја спроведуваат европската агенда. Премиерот го честиташе 20 март - Денот на Франкофонијата и нагласи дека Македонија останува активно посветена на Меѓународната Организација на Франкофонијата и ќе продолжи со активностите за афирмација на францускиот јазик во државата.

The post Џафери-Бомгартнер: Франција е значаен партнер на Македонија на пристапниот пат во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-shlivanchanin-integratsijata-na-severna-makedonija-i-tsrna-gora-vo-eu-e-znachajna-za-regionot-i-evropa/ Wed, 13 Mar 2024 11:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=754344

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со Велимир Шљиванчанин, привремен вршител на работи во Амбасадата на Црна Гора во Скопје.

На состанокот се истакна големото и традиционално пријателство помеѓу граѓаните на двете земји и билатералните односи коишто се без отворени прашања, и се базираат на долгогодишна и конструктивна соработка која постојано оди во нагорна линија.

Во таа насока, соговорниците заеднички констатираа дека Македонија и Црна Гора се пример како се градат и развиваат добрососедски односи.

Посебно беше потенцирана и важноста на сојузништвото во НАТО на двете држави, кое во актуелниот геополитички контекст е од особено значење за целиот регион и за Европа. Се разменија и искуства од придобивките на државите со зачленувањето на НАТО, како и околу реформските процеси кои се неопходни за евроинтеграцискиот процес.

Премиерот Џафери нагласи дека, Република Македонија е успешна мултиетничка демократија, модел за Европа во мало. И, изрази очекување дека во скоро време и припадниците на црногорската заедница во Македонија ќе бидат внесени во Уставот, со што државата ќе го отвори и првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ.

На средбата разговараа и за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и одржувањето на заедничка меѓу-владина седница на двете земји, веднаш по изборите во Република Македонија.

Шљиванчанин го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и се заблагодари за посветеноста на Владата во продолжување на процесот на уставни измени, со кои и црногорската заедница би станала составен дел од Уставот. Притоа, истакна дека тоа е од важност не само за Црна Гора и за билатералните односи меѓу двете земји, туку и за деблокирањето на патот на Македонија кон ЕУ.

The post Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со Велимир Шљиванчанин, привремен вршител на работи во Амбасадата на Црна Гора во Скопје. На состанокот се истакна големото и традиционално пријателство помеѓу граѓаните на двете земји и билатералните односи коишто се без отворени прашања, и се базираат на долгогодишна и конструктивна соработка која постојано оди во нагорна линија. Во таа насока, соговорниците заеднички констатираа дека Македонија и Црна Гора се пример како се градат и развиваат добрососедски односи. Посебно беше потенцирана и важноста на сојузништвото во НАТО на двете држави, кое во актуелниот геополитички контекст е од особено значење за целиот регион и за Европа. Се разменија и искуства од придобивките на државите со зачленувањето на НАТО, како и околу реформските процеси кои се неопходни за евроинтеграцискиот процес. Премиерот Џафери нагласи дека, Република Македонија е успешна мултиетничка демократија, модел за Европа во мало. И, изрази очекување дека во скоро време и припадниците на црногорската заедница во Македонија ќе бидат внесени во Уставот, со што државата ќе го отвори и првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ. На средбата разговараа и за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и одржувањето на заедничка меѓу-владина седница на двете земји, веднаш по изборите во Република Македонија. Шљиванчанин го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и се заблагодари за посветеноста на Владата во продолжување на процесот на уставни измени, со кои и црногорската заедница би станала составен дел од Уставот. Притоа, истакна дека тоа е од важност не само за Црна Гора и за билатералните односи меѓу двете земји, туку и за деблокирањето на патот на Македонија кон ЕУ.

The post Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа appeared first on Република.

]]>
Џафери на средба со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-na-sredba-so-noviot-sostav-na-dksk-poddrshka-vo-realizatsija-na-nadlezhnostite-i-izgradbata-na-pravedno-opshtestvo-za-site/ Fri, 08 Mar 2024 12:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=752651

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата.

Средбата се реализираше на барање на претседателот на Владата, Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски.

На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција.

Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати.

Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија.

Премиерот Џафери, на претседателката на Комисијата, Димитровска и на присутните претставнички, го честиташе Меѓународниот ден на жената, 8 Март, истакнувајќи ја важноста на споделената одговорна улога, во изградбата праведно и правично општество за сите.

 

The post Џафери на средба со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата. Средбата се реализираше на барање на претседателот на Владата, Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски. На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција. Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати. Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија. Премиерот Џафери, на претседателката на Комисијата, Димитровска и на присутните претставнички, го честиташе Меѓународниот ден на жената, 8 Март, истакнувајќи ја важноста на споделената одговорна улога, во изградбата праведно и правично општество за сите.  

The post Џафери на средба со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите appeared first on Република.

]]>
Македонија гради европски вредности на соживот, мултикултурност и мултиетничност https://arhiva3.republika.mk/zivot/makedonija-gradi-evropski-vrednosti-na-sozhivot-multikulturnost-i-multietnichnost/ Mon, 04 Mar 2024 18:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=751186

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска за време на работната посета на Битола ги посетија НУ Завод и музеј и Музејот на албанската азбука. Премиерот ја посети и Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, како и Постојаната музејска поставка, во која се поместени преку 2.000 музејски предмети од различни временски периоди. Во нејзини рамки се изложени предмети кои припаѓаат на археолошките, етнолошките, историските збирки, како и на збирките на современа уметност.

За време на посетата на „Музејот на албанската азбука“, претседателот на Владата, Џафери, ја виде поставената мобилна дигитална изложба која се состои од 51 фотографии,  изработени со најмодерна технологија, на кои се претставени личностите кои придонеле за развојот на албанската азбука низ вековите, фотографии на личности–учесници на Битолскиот конгрес одржан во Битола и 58 документи во музејските витрини. Мобилната или дигиталната изложба се состои од осветлена церада со два монитори. Во музејските витрини има документи кои се од огромно значење,  и се сведоштво за албанската азбука низ вековите.

Премиерот, во двете музејски установи разговараше со вработените, за условите за работа и активностите во однос на домашната и меѓународна соработка. Претседателот на Владата, Џафери, истакна дека за Македонија се од голема важност културните пораки кои ги испраќаат овие две значајни државни институции. Тој посочи дека Заводот и музеј во Битола и Музејот на албанската азбука се од исклучително значење за градењето на мултикултурниот живот во земјата.

 

The post Македонија гради европски вредности на соживот, мултикултурност и мултиетничност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска за време на работната посета на Битола ги посетија НУ Завод и музеј и Музејот на албанската азбука. Премиерот ја посети и Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, како и Постојаната музејска поставка, во која се поместени преку 2.000 музејски предмети од различни временски периоди. Во нејзини рамки се изложени предмети кои припаѓаат на археолошките, етнолошките, историските збирки, како и на збирките на современа уметност. За време на посетата на „Музејот на албанската азбука“, претседателот на Владата, Џафери, ја виде поставената мобилна дигитална изложба која се состои од 51 фотографии,  изработени со најмодерна технологија, на кои се претставени личностите кои придонеле за развојот на албанската азбука низ вековите, фотографии на личности–учесници на Битолскиот конгрес одржан во Битола и 58 документи во музејските витрини. Мобилната или дигиталната изложба се состои од осветлена церада со два монитори. Во музејските витрини има документи кои се од огромно значење,  и се сведоштво за албанската азбука низ вековите. Премиерот, во двете музејски установи разговараше со вработените, за условите за работа и активностите во однос на домашната и меѓународна соработка. Претседателот на Владата, Џафери, истакна дека за Македонија се од голема важност културните пораки кои ги испраќаат овие две значајни државни институции. Тој посочи дека Заводот и музеј во Битола и Музејот на албанската азбука се од исклучително значење за градењето на мултикултурниот живот во земјата.  

The post Македонија гради европски вредности на соживот, мултикултурност и мултиетничност appeared first on Република.

]]>
Џафери: Придонесуваме во развојот на општеството преку обезбедување европски услови за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-pridonesuvame-vo-razvojot-na-opshtestvoto-preku-obezbeduvane-evropski-uslovi-za-obrazovanie/ Mon, 04 Mar 2024 18:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=751183

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска за време на работната посета на Битола, беше во посета на повеќе високообразовни институции. Џафери оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и ги посети Педагошкиот факултет во Битола, како и Факултетот за информатички и комуникациски технологии - ФИКТ. Во Ректоратот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, се сретна со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски. На средбата, премиерот беше информиран за функционирањето, тековните активности и идните планови на оваа високообразовна институција.

„Задоволство ми е што можам од лице место да се уверам во она што се основни предуслови за работа на академската фела, на професорите, особено на студентите. Одблиску видов какви се условите и разговаравме кои се можностите за понатамошната поддршка од Владата и владините институции на овие значајни институции од сферата на образованието. Зборувавме и за колективните договори, иако за тоа имаме разговарано многупати досега, и разменивме соодветни информации по однос на текот на таа конкретна активност“, изјави претседателот на Владата, Џафери.

Премиерот го посети и Педагошкиот факултет во Битола, каде оствари средба со раководството и академскиот кадар на Факултетот. На состанокот беше констатирано дека оваа високообразовна институција продуцирала генерации на учители, наставници и воспитувачи, и е институција која во континуитет се развивала, почнувајќи од академија до факултет во чекор со времето и според образовните потреби во земјава.

Премиерот Џафери го посети и Студентскиот информативен центар, кој е точка за поврзување на многу студенти со различни, слични и исти интереси и на кои им нуди широк спектар на активности, обуки, тренинзи, конференции, натпревари и слично.

Владата, изминатиот период, со донесување на нов Закон за високо образование, обезбеди повеќе права и можности за академската фела, со што ја гарантираше нивната слобода на делување и изразување, како за наставниот и научниот кадар, така и за студентите. Владата го унапреди и студентскиот стандард, а преку МОН се доделуваат повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи.

 

The post Џафери: Придонесуваме во развојот на општеството преку обезбедување европски услови за образование appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска за време на работната посета на Битола, беше во посета на повеќе високообразовни институции. Џафери оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и ги посети Педагошкиот факултет во Битола, како и Факултетот за информатички и комуникациски технологии - ФИКТ. Во Ректоратот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, се сретна со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски. На средбата, премиерот беше информиран за функционирањето, тековните активности и идните планови на оваа високообразовна институција. „Задоволство ми е што можам од лице место да се уверам во она што се основни предуслови за работа на академската фела, на професорите, особено на студентите. Одблиску видов какви се условите и разговаравме кои се можностите за понатамошната поддршка од Владата и владините институции на овие значајни институции од сферата на образованието. Зборувавме и за колективните договори, иако за тоа имаме разговарано многупати досега, и разменивме соодветни информации по однос на текот на таа конкретна активност“, изјави претседателот на Владата, Џафери. Премиерот го посети и Педагошкиот факултет во Битола, каде оствари средба со раководството и академскиот кадар на Факултетот. На состанокот беше констатирано дека оваа високообразовна институција продуцирала генерации на учители, наставници и воспитувачи, и е институција која во континуитет се развивала, почнувајќи од академија до факултет во чекор со времето и според образовните потреби во земјава. Премиерот Џафери го посети и Студентскиот информативен центар, кој е точка за поврзување на многу студенти со различни, слични и исти интереси и на кои им нуди широк спектар на активности, обуки, тренинзи, конференции, натпревари и слично. Владата, изминатиот период, со донесување на нов Закон за високо образование, обезбеди повеќе права и можности за академската фела, со што ја гарантираше нивната слобода на делување и изразување, како за наставниот и научниот кадар, така и за студентите. Владата го унапреди и студентскиот стандард, а преку МОН се доделуваат повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи.  

The post Џафери: Придонесуваме во развојот на општеството преку обезбедување европски услови за образование appeared first on Република.

]]>
Џафери, Бочварски и Рустеми на увид на делницата Гостивар – Букојчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dhaferi-bochvarski-i-rustemi-na-uvid-na-delnitsata-gostivar-bukojchani/ Fri, 01 Mar 2024 14:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=750090

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, придружувани од заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, денеска извршија увид во изградбата на автопатска делница на Коридорот 8, од Гостивар до Букојчани.

 

На средбата со претставници со изведувачот и со надзорот беа информирани со динамиката на изградбата на делниците на Коридор 8.

 

„Од денес па натаму, граѓаните ќе можат конкретно да ги видат активностите од спроведувањето на проектот. Изведувачот на работите не е непознат, имајќи предвид дека во регионот имаат реализирани вакви проекти, тоа е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде. Како Влада, обезбедуваме предуслови за работите да течат непречено. Мислам дека сите сме имале можност да поминеме по патиштата кои ги имаат изградено досега. Во тој контекст, не се сомневам за нивниот квалитет и капацитет да го направат најдоброто. Проектот ја опфаќа делницата Тетово–Гостивар–Кичево, Требениште–Ќафасан. На албанска страна веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот Коридор 8 е врска меѓу Јадранот и Црното Море, што го прави овој Коридор од особена важност“ – изјави претседателот на Владата, Џафери.

 

Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.

 

„Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и  градежништвото. Имаме одличен напредок до сега. Владата веќе донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за Тетово – Гостивар - Букојчани  и за Прилеп - Битола, што значи дека му отворивме голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна модерна и квалитетна патна мрежа.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми истакна дека дополнително очекува интензивирање на работите со отворање на градежната сезона.

 

„Започнати се видливи градежни активности, при што веќе интензивно се врши експропријација на земјиштето, а Изведувачот работи и на проектирање, врши геотехнички и геомеханички истражни работи, како и други неопходни активности. Во моментов, се работи на неколку позиции на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, односно на делницата Гостивар – Букојчани, каде што се работи на ископ со минирање на главната траса, на земјени работи за поставување на дробилка, на подготвителни активности за поставување на бетонска база, на производство на префабрикувани елементи за изведба на пропуст кај реката Вардар, на изградба на сервисен пат, како и на поставување на времена сигнализација за сервисниот пат. Поодминати активности има и на делницата Тетово – Гостивар.“ – изјави директорот Рустеми.

 

Џош Бејкер, главен проект менаџер од компанијата Бехтел, истакна дека имаат одлична комуникација и соработка со државата и институциите и отворен фронт за работа на повеќе точки.

 

„Нашиот тим во моментот брои повеќе од 450 вработени во Бехтел и Енка и мило ми е што можам да истакнам дека повеќе од 50% од тие вработени се луѓе од тука, од локалното население. До сега обезбедивме повеќе од 300 машини и тие работат на овој проект и очекувам тој број да се зголемува. Наша цел е да работиме што повеќе со домашните компании, во моментов имаме повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75% од тие фирми се од Македонија. Веќе подолго време работиме на ископување на секција 2, како што може да видите позади нас, а од денеска вршиме ископувања и на секција 1, односно на трасата Тетово – Гостивар.“ – изјави Бејкер.

 

Изградбата на Коридорите 8 и 10-Д е стратешки проект на Македонија заради интеграција во европските транспортни мрежи, како и за развој на домашната економија.

 

Денешната работна посета на Гостивар се заокружи со увид во реконструкцијата на локалниот пат Здуње – Дебреше, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од речиси 18 милиони денари.

 

 

The post Џафери, Бочварски и Рустеми на увид на делницата Гостивар – Букојчани appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, придружувани од заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, денеска извршија увид во изградбата на автопатска делница на Коридорот 8, од Гостивар до Букојчани.   На средбата со претставници со изведувачот и со надзорот беа информирани со динамиката на изградбата на делниците на Коридор 8.   „Од денес па натаму, граѓаните ќе можат конкретно да ги видат активностите од спроведувањето на проектот. Изведувачот на работите не е непознат, имајќи предвид дека во регионот имаат реализирани вакви проекти, тоа е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде. Како Влада, обезбедуваме предуслови за работите да течат непречено. Мислам дека сите сме имале можност да поминеме по патиштата кои ги имаат изградено досега. Во тој контекст, не се сомневам за нивниот квалитет и капацитет да го направат најдоброто. Проектот ја опфаќа делницата Тетово–Гостивар–Кичево, Требениште–Ќафасан. На албанска страна веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот Коридор 8 е врска меѓу Јадранот и Црното Море, што го прави овој Коридор од особена важност“ – изјави претседателот на Владата, Џафери.   Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.   „Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и  градежништвото. Имаме одличен напредок до сега. Владата веќе донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за Тетово – Гостивар - Букојчани  и за Прилеп - Битола, што значи дека му отворивме голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна модерна и квалитетна патна мрежа.“ – изјави министерот Бочварски.   Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми истакна дека дополнително очекува интензивирање на работите со отворање на градежната сезона.   „Започнати се видливи градежни активности, при што веќе интензивно се врши експропријација на земјиштето, а Изведувачот работи и на проектирање, врши геотехнички и геомеханички истражни работи, како и други неопходни активности. Во моментов, се работи на неколку позиции на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, односно на делницата Гостивар – Букојчани, каде што се работи на ископ со минирање на главната траса, на земјени работи за поставување на дробилка, на подготвителни активности за поставување на бетонска база, на производство на префабрикувани елементи за изведба на пропуст кај реката Вардар, на изградба на сервисен пат, како и на поставување на времена сигнализација за сервисниот пат. Поодминати активности има и на делницата Тетово – Гостивар.“ – изјави директорот Рустеми.   Џош Бејкер, главен проект менаџер од компанијата Бехтел, истакна дека имаат одлична комуникација и соработка со државата и институциите и отворен фронт за работа на повеќе точки.   „Нашиот тим во моментот брои повеќе од 450 вработени во Бехтел и Енка и мило ми е што можам да истакнам дека повеќе од 50% од тие вработени се луѓе од тука, од локалното население. До сега обезбедивме повеќе од 300 машини и тие работат на овој проект и очекувам тој број да се зголемува. Наша цел е да работиме што повеќе со домашните компании, во моментов имаме повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75% од тие фирми се од Македонија. Веќе подолго време работиме на ископување на секција 2, како што може да видите позади нас, а од денеска вршиме ископувања и на секција 1, односно на трасата Тетово – Гостивар.“ – изјави Бејкер.   Изградбата на Коридорите 8 и 10-Д е стратешки проект на Македонија заради интеграција во европските транспортни мрежи, како и за развој на домашната економија.   Денешната работна посета на Гостивар се заокружи со увид во реконструкцијата на локалниот пат Здуње – Дебреше, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од речиси 18 милиони денари.    

The post Џафери, Бочварски и Рустеми на увид на делницата Гостивар – Букојчани appeared first on Република.

]]>
Џафери од Инвестицискиот самит на ЕБОР: Геополитичката позиција и економските политики нè прават атрактивен избор за инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-od-investitsiskiot-samit-na-ebor-geopolitichkata-pozitsija-i-ekonomskite-politiki-ne-pravat-atraktiven-izbor-za-investitsii/ Mon, 26 Feb 2024 13:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=748550

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.
На Самитот, премиерот Џафери учествуваше во дискусијата на премиерскиот панел на кој учествуваа премиери од Западен Балкан, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, премиерот на Република Косово, Албин Курти, премиерот на Албанија, Еди Рама, и домаќинот на Самитот, претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.

На првиот дел од дискусијата, премиерите дискутираа на темата, „Зошто странските инвеститори би инвестирале во земјите од регионот“, на што премиерот Џафери истакна:

„Сведочиме на многубројни промени, кризи, конфликти со директен ефект врз сите глобални економии. Тука произлегува првиот одговор на прашањето зошто странските инвеститори би инвестирале во Македонија – а тоа е поради нарушувањето на глобалните добавувачки ланци. Поради близината до европските центри, Македонија е една од дестинациите за воспоставување на производство. Имаме добра локација, добри врски и пристаништа блиску до нас како Солун и Драч, па за кратко време производот произведен кај нас може да стигне до друга земја, односно до крајна дестинација.

Вториот аргумент е стабилната состојба на макроекономски и фискален план, интензивниот процес на хармонизација на домашното со законодавството на ЕУ, поволното деловно опкружување и добро развиените програми за поддршка за инвеститорите. Тука ја вклучуваме и стимулативната даночна политика, меѓу другото и преку склучување на договори за одбегнување на двојното оданочување и даночната евазија. Македонија нема закони кои ги дискриминираат странските инвеститори, ние ги сметаме за наши - бидејќи сите придонесуваат за иста цел - подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Трет аргумент се значителните стимулации за компаниите кои работат кај нас. Тие вклучуваат различни мерки, и тоа: субвенции за отворање работни места и за капитални инвестиции, субвенции до 50% од прифатливите инвестициски трошоци за истражување и развој и поддршка на извозниците. Ниското ниво на оданочување на добивките на корпоративниот сектор и доходот на физичките лица, односно 10% стапка на корпоративниот данок и на данокот на личен доход, стимулира раст на економската активност и инвестициите. Кај нас успешно оперираат повеќе технолошки индустриски развојни зони кои се особено атрактивни за странските инвестиции.

Нашата држава предводи во регионот со имплементирани закони и подзаконски акти кои се целосно усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар. Отпочнавме преговори со Европската Унија и членка сме на НАТО. Тоа нуди стабилност. Имаме склучено договори за слободна трговија со ЕУ (27 земји), ЕФТА (4 земји), ЦЕФТА (7 земји), Билатерална слободна трговија со Турција, Украина и Обединетото Кралство“.

Во вториот дел од панелот, премиерите ги дискутираа приоритетите на Владите од регионот како и прекуграничните соработки, на што премиерот Џафери нагласи:

„Република Македонија, по донесување на Законот за енергетика, практично го либерализира пазарот на енергетското поле. Во тој контекст е атрактивна за инвестиции од обновливи извори, имајќи предвид дека земјава во текот на годинава има преку 250 сончеви денови. И, има можности за искористување на силата на ветрот за да може и тој извор да се користи. Од особено значење е електро-енергетската поврзаност со соседите. Во тек е проектот за поврзување со Република Албанија и со тоа фактички се завршува процесот на електро-енергетско поврзување со сите соседи.

Патната инфраструктура, со тоа и железничкиот дел од таа инфраструктура е од особено значење, имајќи предвид дека во тек се изградбите на железничката пруга Куманово - граница со Бугарија и со тоа се поврзуваме понатаму и со инфраструктурата со Бугарија. Коридорот 8 и дел од коридорот 10-Д којшто овозможува поврзување на релација Јон-Адриатик - Црно Море. Од геостратешки аспект е значењето на овој коридор, особено во однос на потребите од НАТО контекст, во потребите за движење и комуникација во логистичка смисла, апропо состојбите во регионот на Црното море, секако и на Блискиот Исток.

Во однос на енергетиката, секако се работи на интерконекторот, гасното поврзување со Грција, односно со Република Србија и тоа е во контекст на внатрешната потреба за гасификација на Република Македонија и во тој контекст се и проекциите за тоа поврзување.

Тоа се во главно проектите. Дел од проектите ги спомна, поврзувањето со Република Косово, премиерот Курти. Во нашиот дел значи до половина стои како обврска и е потпишана билатерална спогодба и делот од Коридорот за поврзување на Коридорот 8 со автопатот Арбен Џафери делницата, средства финансиски се обезбедени. Во тек е постапката за избор на изведувач и да почне доградбата на таа делница. Целиот регион се поврзува автопатски и тоа придонесува да брзината на комуникација и во економска смисла, односно на она што би биле инвестиции и во нашиот дел. Низата други, помали проекти, не е ниту место ниту потреба таксативно да се спомнуваат, но има доста проекции кои се во тек и кои се интересни за присуство на странски инвеститори кои се добредојдени“.

The post Џафери од Инвестицискиот самит на ЕБОР: Геополитичката позиција и економските политики нè прават атрактивен избор за инвестиции appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими. На Самитот, премиерот Џафери учествуваше во дискусијата на премиерскиот панел на кој учествуваа премиери од Западен Балкан, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, премиерот на Република Косово, Албин Курти, премиерот на Албанија, Еди Рама, и домаќинот на Самитот, претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо. На првиот дел од дискусијата, премиерите дискутираа на темата, „Зошто странските инвеститори би инвестирале во земјите од регионот“, на што премиерот Џафери истакна: „Сведочиме на многубројни промени, кризи, конфликти со директен ефект врз сите глобални економии. Тука произлегува првиот одговор на прашањето зошто странските инвеститори би инвестирале во Македонија – а тоа е поради нарушувањето на глобалните добавувачки ланци. Поради близината до европските центри, Македонија е една од дестинациите за воспоставување на производство. Имаме добра локација, добри врски и пристаништа блиску до нас како Солун и Драч, па за кратко време производот произведен кај нас може да стигне до друга земја, односно до крајна дестинација. Вториот аргумент е стабилната состојба на макроекономски и фискален план, интензивниот процес на хармонизација на домашното со законодавството на ЕУ, поволното деловно опкружување и добро развиените програми за поддршка за инвеститорите. Тука ја вклучуваме и стимулативната даночна политика, меѓу другото и преку склучување на договори за одбегнување на двојното оданочување и даночната евазија. Македонија нема закони кои ги дискриминираат странските инвеститори, ние ги сметаме за наши - бидејќи сите придонесуваат за иста цел - подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Трет аргумент се значителните стимулации за компаниите кои работат кај нас. Тие вклучуваат различни мерки, и тоа: субвенции за отворање работни места и за капитални инвестиции, субвенции до 50% од прифатливите инвестициски трошоци за истражување и развој и поддршка на извозниците. Ниското ниво на оданочување на добивките на корпоративниот сектор и доходот на физичките лица, односно 10% стапка на корпоративниот данок и на данокот на личен доход, стимулира раст на економската активност и инвестициите. Кај нас успешно оперираат повеќе технолошки индустриски развојни зони кои се особено атрактивни за странските инвестиции. Нашата држава предводи во регионот со имплементирани закони и подзаконски акти кои се целосно усогласени со Европската енергетска заедница, со кои е овозможена либерализација на енергетскиот пазар. Отпочнавме преговори со Европската Унија и членка сме на НАТО. Тоа нуди стабилност. Имаме склучено договори за слободна трговија со ЕУ (27 земји), ЕФТА (4 земји), ЦЕФТА (7 земји), Билатерална слободна трговија со Турција, Украина и Обединетото Кралство“. Во вториот дел од панелот, премиерите ги дискутираа приоритетите на Владите од регионот како и прекуграничните соработки, на што премиерот Џафери нагласи: „Република Македонија, по донесување на Законот за енергетика, практично го либерализира пазарот на енергетското поле. Во тој контекст е атрактивна за инвестиции од обновливи извори, имајќи предвид дека земјава во текот на годинава има преку 250 сончеви денови. И, има можности за искористување на силата на ветрот за да може и тој извор да се користи. Од особено значење е електро-енергетската поврзаност со соседите. Во тек е проектот за поврзување со Република Албанија и со тоа фактички се завршува процесот на електро-енергетско поврзување со сите соседи. Патната инфраструктура, со тоа и железничкиот дел од таа инфраструктура е од особено значење, имајќи предвид дека во тек се изградбите на железничката пруга Куманово - граница со Бугарија и со тоа се поврзуваме понатаму и со инфраструктурата со Бугарија. Коридорот 8 и дел од коридорот 10-Д којшто овозможува поврзување на релација Јон-Адриатик - Црно Море. Од геостратешки аспект е значењето на овој коридор, особено во однос на потребите од НАТО контекст, во потребите за движење и комуникација во логистичка смисла, апропо состојбите во регионот на Црното море, секако и на Блискиот Исток. Во однос на енергетиката, секако се работи на интерконекторот, гасното поврзување со Грција, односно со Република Србија и тоа е во контекст на внатрешната потреба за гасификација на Република Македонија и во тој контекст се и проекциите за тоа поврзување. Тоа се во главно проектите. Дел од проектите ги спомна, поврзувањето со Република Косово, премиерот Курти. Во нашиот дел значи до половина стои како обврска и е потпишана билатерална спогодба и делот од Коридорот за поврзување на Коридорот 8 со автопатот Арбен Џафери делницата, средства финансиски се обезбедени. Во тек е постапката за избор на изведувач и да почне доградбата на таа делница. Целиот регион се поврзува автопатски и тоа придонесува да брзината на комуникација и во економска смисла, односно на она што би биле инвестиции и во нашиот дел. Низата други, помали проекти, не е ниту место ниту потреба таксативно да се спомнуваат, но има доста проекции кои се во тек и кои се интересни за присуство на странски инвеститори кои се добредојдени“.

The post Џафери од Инвестицискиот самит на ЕБОР: Геополитичката позиција и економските политики нè прават атрактивен избор за инвестиции appeared first on Република.

]]>
Џафери – Стефанишина: Македонија е партнер на Украина и важен фактор во европската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-stefanishina-severna-makedonija-e-partner-na-ukraina-i-vazhen-faktor-vo-evropskata-stabilnost/ Fri, 16 Feb 2024 13:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=744895

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во Минхен се сретна со вицепремиерката на Украина за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина.

На состанокот заеднички се оцени дека безбедносното прашање на Украина е безбедносен предизвик за цела Европа и за меѓународната демократска заедница во глобални рамки. Од тие причини се изразија очекувања европската и светската демократска јавност да стојат заедно и едни до други како клучен предуслов за одбраната на глобалниот мир.

Премиерот Џафери истакна дека „Република Македонија веднаш и недвосмислено ја осуди агресијата на Руската Федерација врз Украина, поддржувајќи го украинскиот територијален интегритет. Исто така, застанавме стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија во однос на надворешната и безбедносна политика. И како совесна членка на НАТО, ја пружаме потребната помош на Украина.“

Премиерот Џафери ја поздрави и одлуката на Европскиот совет да отвори пристапни преговори за членство на Украина во Европската Унија и отвори можност за споделување искуства во однос на евроинтеграцискиот процес и реформите потребни за приближување кон Унијата.

Премиерот Џафери напомена дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени на политиката на отворени врати на НАТО и ја поддржуваме апликацијата на Украина за членство во НАТО. Украина беше, исто така, врвен приоритет и клучно безбедносно прашање при претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Македонија работеше и се уште работи на обезбедувањето суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ, истакна премиерот Џафери.

 

The post Џафери – Стефанишина: Македонија е партнер на Украина и важен фактор во европската стабилност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во Минхен се сретна со вицепремиерката на Украина за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина. На состанокот заеднички се оцени дека безбедносното прашање на Украина е безбедносен предизвик за цела Европа и за меѓународната демократска заедница во глобални рамки. Од тие причини се изразија очекувања европската и светската демократска јавност да стојат заедно и едни до други како клучен предуслов за одбраната на глобалниот мир. Премиерот Џафери истакна дека „Република Македонија веднаш и недвосмислено ја осуди агресијата на Руската Федерација врз Украина, поддржувајќи го украинскиот територијален интегритет. Исто така, застанавме стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија во однос на надворешната и безбедносна политика. И како совесна членка на НАТО, ја пружаме потребната помош на Украина.“ Премиерот Џафери ја поздрави и одлуката на Европскиот совет да отвори пристапни преговори за членство на Украина во Европската Унија и отвори можност за споделување искуства во однос на евроинтеграцискиот процес и реформите потребни за приближување кон Унијата. Премиерот Џафери напомена дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени на политиката на отворени врати на НАТО и ја поддржуваме апликацијата на Украина за членство во НАТО. Украина беше, исто така, врвен приоритет и клучно безбедносно прашање при претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Македонија работеше и се уште работи на обезбедувањето суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ, истакна премиерот Џафери.  

The post Џафери – Стефанишина: Македонија е партнер на Украина и важен фактор во европската стабилност appeared first on Република.

]]>
Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на Владите од светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-od-minhenskata-bezbednosna-konferentsija-globalniot-mir-i-obezbeduvaneto-fer-i-demokratski-izbori-za-nad-2-milijardi-gragani-e-prioritet-na-vladite-od-svetot/ Fri, 16 Feb 2024 12:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=744879

Денеска, претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери ја започна својата агенда на годинешната Минхенска безбедносна конференција. Пред првите билатерални средби премиерот Џафери изјави:

„Од денес до недела се наоѓаме во Минхен заради следење на работите на Минхенската конференција за безбедност. Секако дека значењето на оваа конференција е во доменот на актуелните случувања во гео-стратешките и геополитичките случувања во светот. Фокусот главно се претпоставува дека ќе биде состојбата во Украина и секако проследена со состојбите во Блискиот Исток. Пропратно, тема ќе биде безбедноста и одбраната во Европа и улогата на Европа во тој контекст.

Секако значењето на конференцијата и како проследување на темата ќе биде и фактот дека во повеќе од 65 земји во светот, преку 2 милијарди граѓани ќе имаат можност на избори да ја искажат својата волја и секако дека тоа е од посебен интерес за да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни, фер избори од кои ќе произлегуваат новите институции во соодветните држави.

Во оваа ситуација ќе ја имам можноста соодветно да имам и билатерални средби со повеќе колеги од другите земји кои учествуваат на конференцијата.

Оттука, пораката за соодветна соработка со сите нив и по однос на нашата состојба со документите ќе биде една од темите за која што ќе се разменуваат мислења со колегите со кои ќе ја имам можноста да поразговараме билатерално.“

 

The post Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на Владите од светот appeared first on Република.

]]>

Денеска, претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери ја започна својата агенда на годинешната Минхенска безбедносна конференција. Пред првите билатерални средби премиерот Џафери изјави: „Од денес до недела се наоѓаме во Минхен заради следење на работите на Минхенската конференција за безбедност. Секако дека значењето на оваа конференција е во доменот на актуелните случувања во гео-стратешките и геополитичките случувања во светот. Фокусот главно се претпоставува дека ќе биде состојбата во Украина и секако проследена со состојбите во Блискиот Исток. Пропратно, тема ќе биде безбедноста и одбраната во Европа и улогата на Европа во тој контекст. Секако значењето на конференцијата и како проследување на темата ќе биде и фактот дека во повеќе од 65 земји во светот, преку 2 милијарди граѓани ќе имаат можност на избори да ја искажат својата волја и секако дека тоа е од посебен интерес за да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни, фер избори од кои ќе произлегуваат новите институции во соодветните држави. Во оваа ситуација ќе ја имам можноста соодветно да имам и билатерални средби со повеќе колеги од другите земји кои учествуваат на конференцијата. Оттука, пораката за соодветна соработка со сите нив и по однос на нашата состојба со документите ќе биде една од темите за која што ќе се разменуваат мислења со колегите со кои ќе ја имам можноста да поразговараме билатерално.“  

The post Џафери од Минхенската безбедносна конференција: Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на Владите од светот appeared first on Република.

]]>
Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-tigan-hrvatska-silno-ja-poddrzhuva-evropskata-perspektiva-na-severna-makedonija/ Thu, 15 Feb 2024 13:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=744434

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Н.Е. Нивес Тигањ.

На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион.

Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот и ја изрази силната поддршка за европските перспективи на земјава. Воедно, потврди дека за Република Хрватска е од голем интерес решавањето на прашањето за патните исправи за граѓаните на Република Македонија, со оглед на големиот придонес што го даваат нашите граѓани во нивната туристичка економија.

Џафери истакна дека Владата останува посветена на почитување на европските вредности и спроведување на процесите важни за евроинтеграцијата на Македонија.

Соговорниците на средбата разменија мислења за поддршката на Хрватска за Македонија, во поглед на корисните искуства значајни за евроинтеграцискиот процес.

Македонија и Хрватска имаат воспоставено дипломатски односи пред повеќе од 30 години. Во овој период, билатералните односи се унапредени, а во следниот период двете земји ќе бидат посветени на зголемувањето на трговската размена и на економската соработка.

 

The post Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Н.Е. Нивес Тигањ. На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион. Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот и ја изрази силната поддршка за европските перспективи на земјава. Воедно, потврди дека за Република Хрватска е од голем интерес решавањето на прашањето за патните исправи за граѓаните на Република Македонија, со оглед на големиот придонес што го даваат нашите граѓани во нивната туристичка економија. Џафери истакна дека Владата останува посветена на почитување на европските вредности и спроведување на процесите важни за евроинтеграцијата на Македонија. Соговорниците на средбата разменија мислења за поддршката на Хрватска за Македонија, во поглед на корисните искуства значајни за евроинтеграцискиот процес. Македонија и Хрватска имаат воспоставено дипломатски односи пред повеќе од 30 години. Во овој период, билатералните односи се унапредени, а во следниот период двете земји ќе бидат посветени на зголемувањето на трговската размена и на економската соработка.  

The post Средба Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија appeared first on Република.

]]>
Џафери: Градинките значат реални придобивки и поддршка за семејствата, но и траен влог во иднината на државата https://arhiva3.republika.mk/zivot/dhaferi-gradinkite-znachat-realni-pridobivki-i-poddrshka-za-semejstvata-no-i-traen-vlog-vo-idninata-na-drzhavata/ Thu, 15 Feb 2024 13:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=744406

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери денеска ја посети Општина Липково. Премиерот Џафери присуствуваше и се обрати на настан по повод увид во новата градинка, а го посети и Домот на културата во село Матејче. Премиерот Џафери присуствуваше и на увид на реконструираниот локален пат во селото Липково. А потоа го посети и Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградба на спортска сала.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери од Матејче:

Најголемо признание за нашата работа е кога ќе се видат плодовите од истата. Среќен сум што денеска ја посетив градинката во Матејче и Општината Липково.
Со ова решаваме горлив проблем на жителите на ова населено место. Градинката е со капацитет за згрижување на над 117 деца и ова е најголемата градинка на територијата на Општина Липково. Вкупната инвестиција е 960.000 евра. Објектот е изграден на површина од 560 метри квадратни, а во него ќе можат да се згрижат деца од јасли до шест години. Градинката ќе има и сопствена кујна, со капацитет за подготовка од 100 до 200 оброци дневно.
Градинката е современ енергетско-ефикасен објект изграден по сите стандарди, со цел, обезбедување подобар квалитет на раното детско згрижување и воспитување, и подобрување на пристапот и интересот за услугите поврзани со згрижувањето и воспитувањето на нашите најмили од нивната најрана возраст.
Го посетив и Домот на културата тука во Матечје, и драго ми е што од Владата се обезбедени 30 милиони денари, и со кофинасирање на општината и се надевам дека во блиска иднина ќе биде заокружена изградбата на истиот.
Децата се темелот на секое општество. Нивниот здрав раст и развој се секогаш во нашиот фокус и затоа сме силно посветени на подобрување на условите во постојните градинки, но и изградба на нови низ целата држава.

Од 2017 година досега, отворени се или реконструирани вкупно 83 градинки низ целата држава, со опфат од над 8.000 деца.

Тоа не се само бројки, туку реални придобивки и поддршка за семејствата, но и траен влог во развојот и иднината на државата.

Сето ова е вистинска грижа за децата, за нашите најмлади и за сите граѓани. Тоа се политики кои даваат резултат, кои докажуваат дека се грижиме за сите.

Ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно како што тоа го правевме и досега. Нашата цел е да создадеме европски услови за живот, да обезбедиме повисок животен стандард и да ги задржиме нашите млади дома. Зацртавме што поскоро остварување на европските перспективи. Тоа и ќе го оствариме заедно“.

The post Џафери: Градинките значат реални придобивки и поддршка за семејствата, но и траен влог во иднината на државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери денеска ја посети Општина Липково. Премиерот Џафери присуствуваше и се обрати на настан по повод увид во новата градинка, а го посети и Домот на културата во село Матејче. Премиерот Џафери присуствуваше и на увид на реконструираниот локален пат во селото Липково. А потоа го посети и Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградба на спортска сала. Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери од Матејче:
Најголемо признание за нашата работа е кога ќе се видат плодовите од истата. Среќен сум што денеска ја посетив градинката во Матејче и Општината Липково. Со ова решаваме горлив проблем на жителите на ова населено место. Градинката е со капацитет за згрижување на над 117 деца и ова е најголемата градинка на територијата на Општина Липково. Вкупната инвестиција е 960.000 евра. Објектот е изграден на површина од 560 метри квадратни, а во него ќе можат да се згрижат деца од јасли до шест години. Градинката ќе има и сопствена кујна, со капацитет за подготовка од 100 до 200 оброци дневно. Градинката е современ енергетско-ефикасен објект изграден по сите стандарди, со цел, обезбедување подобар квалитет на раното детско згрижување и воспитување, и подобрување на пристапот и интересот за услугите поврзани со згрижувањето и воспитувањето на нашите најмили од нивната најрана возраст. Го посетив и Домот на културата тука во Матечје, и драго ми е што од Владата се обезбедени 30 милиони денари, и со кофинасирање на општината и се надевам дека во блиска иднина ќе биде заокружена изградбата на истиот. Децата се темелот на секое општество. Нивниот здрав раст и развој се секогаш во нашиот фокус и затоа сме силно посветени на подобрување на условите во постојните градинки, но и изградба на нови низ целата држава. Од 2017 година досега, отворени се или реконструирани вкупно 83 градинки низ целата држава, со опфат од над 8.000 деца. Тоа не се само бројки, туку реални придобивки и поддршка за семејствата, но и траен влог во развојот и иднината на државата. Сето ова е вистинска грижа за децата, за нашите најмлади и за сите граѓани. Тоа се политики кои даваат резултат, кои докажуваат дека се грижиме за сите. Ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно како што тоа го правевме и досега. Нашата цел е да создадеме европски услови за живот, да обезбедиме повисок животен стандард и да ги задржиме нашите млади дома. Зацртавме што поскоро остварување на европските перспективи. Тоа и ќе го оствариме заедно“.

The post Џафери: Градинките значат реални придобивки и поддршка за семејствата, но и траен влог во иднината на државата appeared first on Република.

]]>
Османи, Џафери и Маричиќ во посета на мобилната станица за патни исправи во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dhaferi-i-marichik-vo-poseta-na-mobilnata-stanitsa-za-patni-ispravi-vo-brisel/ Wed, 14 Feb 2024 13:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=744076

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во придружба на Претседателот на Владата, Талат Џафери и Заменик претседателот на Владата за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, за време на престојот во Брисел, денес, ја посети Амбасадата на Република Македонија, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку мобилната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи.

 

“Амбасадата во Брисел и сите други дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија целосно ја реорганизираа својата работа во делот на конзуларната проблематика со цел излегување во пресрет на интересите и потребите на нашите граѓани кои живеат и работат во странство. Секое барање од наш државјанин значи обврска за сите нас, особено за дипломатите во претставништвата, со цел давање на брз, ефикасен и квалитетен одговор. Ова е период кога сите ние сме дополнително посветени за соочување со овој предизвик наметнат од енормното зголемување на барањата за конзуларни услуги особено во делот на патните исправи” - истакна Османи, запознавајќи се одблиску со актуелната состојба во Амбасадата врзано за оваа проблематика.

 

Џафери, Маричиќ и Османи разговараа со наши државјани кои се наоѓаа во просториите на Амбасадата и ги уверија дека се прават максимални напори истите да не се соочуваат со никаков проблем во државата каде што живеат, поради обврската за обновување на личните документи која произлегува од Договорот од Преспа.

 

“Издавање на патните листови без надомест за сите државјани кои живеат во странство и имаат потреба да се вратат во земјата за да извадат нови патни исправи, како и достава на патниот лист преку брза пошта таму каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва се само дел од решенијата. Следува организирање на конзуларни денови и други видови на олеснувања за граѓаните во странство, за кои нашите претставништва беа инструирани и наскоро следи објава на планот”, информираше Министерот.

 

Министерот Османи ги брифираше нашите државјани дека времетраењето на изработката на пасоши кое е многу подолго од вообичаените рокови кои постоеја до неодамна е главната причина зошто периодот за врачување на изготвените пасоши во нашите претставништва е значително подолг од досегашната пракса  која имаше просек од 30 дена.

 

Министерството за надворешни работи располага со ограничен број на базни и мобилни станици. Една од мобилните станици е токму во Амбасадата во Брисел која во координација и соработка со Амбасадите во Хаг и Париз врши услуги за сликање и земање на биометриски податоци и за нашите државјани во Холандија и Франција.

 

Инаку, во текот на 2023-та година, Амбасадата во Брисел има обработено вкупно 2.488 предмети, од кои 1.127 издадени патни исправи и 523 патни листови; во Париз се обработени 1.083 предмети, меѓу кои 390 патни исправи и 242 патни листови; додека во Хаг вкупно 1.076, со 340 патни исправи и 72 патни листови.

 

Во нашата Амбасада во Брисел, беше оставрена средба и со добитникот на МКартата во Белгија, со цел врачување на истата. Министерот Османи изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот МКарта, како значајно вмрежување на нашите најдобри претставници од дијаспората во светот и одличен пример за врската на овие личности со нашата земја.

The post Османи, Џафери и Маричиќ во посета на мобилната станица за патни исправи во Брисел appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во придружба на Претседателот на Владата, Талат Џафери и Заменик претседателот на Владата за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, за време на престојот во Брисел, денес, ја посети Амбасадата на Република Македонија, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку мобилната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи.

 

“Амбасадата во Брисел и сите други дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија целосно ја реорганизираа својата работа во делот на конзуларната проблематика со цел излегување во пресрет на интересите и потребите на нашите граѓани кои живеат и работат во странство. Секое барање од наш државјанин значи обврска за сите нас, особено за дипломатите во претставништвата, со цел давање на брз, ефикасен и квалитетен одговор. Ова е период кога сите ние сме дополнително посветени за соочување со овој предизвик наметнат од енормното зголемување на барањата за конзуларни услуги особено во делот на патните исправи” - истакна Османи, запознавајќи се одблиску со актуелната состојба во Амбасадата врзано за оваа проблематика.

 

Џафери, Маричиќ и Османи разговараа со наши државјани кои се наоѓаа во просториите на Амбасадата и ги уверија дека се прават максимални напори истите да не се соочуваат со никаков проблем во државата каде што живеат, поради обврската за обновување на личните документи која произлегува од Договорот од Преспа.

 

“Издавање на патните листови без надомест за сите државјани кои живеат во странство и имаат потреба да се вратат во земјата за да извадат нови патни исправи, како и достава на патниот лист преку брза пошта таму каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва се само дел од решенијата. Следува организирање на конзуларни денови и други видови на олеснувања за граѓаните во странство, за кои нашите претставништва беа инструирани и наскоро следи објава на планот”, информираше Министерот.

 

Министерот Османи ги брифираше нашите државјани дека времетраењето на изработката на пасоши кое е многу подолго од вообичаените рокови кои постоеја до неодамна е главната причина зошто периодот за врачување на изготвените пасоши во нашите претставништва е значително подолг од досегашната пракса  која имаше просек од 30 дена.

 

Министерството за надворешни работи располага со ограничен број на базни и мобилни станици. Една од мобилните станици е токму во Амбасадата во Брисел која во координација и соработка со Амбасадите во Хаг и Париз врши услуги за сликање и земање на биометриски податоци и за нашите државјани во Холандија и Франција.

 

Инаку, во текот на 2023-та година, Амбасадата во Брисел има обработено вкупно 2.488 предмети, од кои 1.127 издадени патни исправи и 523 патни листови; во Париз се обработени 1.083 предмети, меѓу кои 390 патни исправи и 242 патни листови; додека во Хаг вкупно 1.076, со 340 патни исправи и 72 патни листови.

 

Во нашата Амбасада во Брисел, беше оставрена средба и со добитникот на МКартата во Белгија, со цел врачување на истата. Министерот Османи изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот МКарта, како значајно вмрежување на нашите најдобри претставници од дијаспората во светот и одличен пример за врската на овие личности со нашата земја.

The post Османи, Џафери и Маричиќ во посета на мобилната станица за патни исправи во Брисел appeared first on Република.

]]>
Средба Џафери – Мишел: Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-mishel-severna-makedonija-mora-da-ja-iskoristi-shansata-za-chlenstvo-vo-eu/ Wed, 14 Feb 2024 11:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=744050

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.

На средбата беа разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот.

Соговорниците констатираа дека обновениот моментум на ЕУ за проширување е добредојден и треба да биде поттик за спроведување реформи во земјите од Западниот Балкан, со фокус на Планот за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во Европската Унија.

Премиерот Џафери на средбата истакна дека ЕУ перспективата останува главен двигател на промените но и помирувањето во Регионот.

Соговорниците на средбата истакнаа дека Македонија негува одлични односи со сите земји од Западен Балкан. Минатата година, како земја претседавач со ОБСЕ, Македонија потврди дека во континуитет е кредибилен партнер на ЕУ и на меѓународната заедница.

Премиерот Џафери упати благодарност до претседателот на Европскиот совет, Мишел за поддршката во процесот на европско интегрирање на земјата.

 

The post Средба Џафери – Мишел: Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец. На средбата беа разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот. Соговорниците констатираа дека обновениот моментум на ЕУ за проширување е добредојден и треба да биде поттик за спроведување реформи во земјите од Западниот Балкан, со фокус на Планот за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во Европската Унија. Премиерот Џафери на средбата истакна дека ЕУ перспективата останува главен двигател на промените но и помирувањето во Регионот. Соговорниците на средбата истакнаа дека Македонија негува одлични односи со сите земји од Западен Балкан. Минатата година, како земја претседавач со ОБСЕ, Македонија потврди дека во континуитет е кредибилен партнер на ЕУ и на меѓународната заедница. Премиерот Џафери упати благодарност до претседателот на Европскиот совет, Мишел за поддршката во процесот на европско интегрирање на земјата.  

The post Средба Џафери – Мишел: Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Џафери во Брисел на средба со европратениците: Евроинтеграциите остануваат во фокусот на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-brisel-na-sredba-so-evropratenitsite-evrointegratsiite-ostanuvaat-vo-fokusot-na-vladata/ Wed, 14 Feb 2024 09:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=743979

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во Брисел оствари средба со европратениците Илхан Кјучук, Тонино Пицула, Тинеке Стрик и Карло Реслер. Во владината делегација која ја предводи премиерот Џафери се и првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На средбата беа разменети мислења за европската интеграција на Македонија, владините политики во пресрет на двојните избори во државата, како и за активностите на Владата кои произлегуваат од подготовките за успешното реализирање на Планот за раст.

На првата посета на Брисел како премиер, Џафери им посочи на европратениците дека Владата во Македонија, ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, во насока на забрзана европска интеграција.

Европратениците кои припаѓаат на различни политички групи, му честитаа на Џафери за премиерската функција, истакнувајќи ја силната поддршка за Македонија во спроведување на реформските процеси и членството во ЕУ.

Премиерот Џафери нагласи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на земјава, за што постои висока поддршка кај граѓаните. На средбата беа разменети мислења за Планот за раст, кој е од голема важност за Македонија, во насока на економски напредок, отворање на нови работни места, подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и можност компаниите од државата да имаат пристап до делови од единствениот пазар на ЕУ пред членството.

Претседателот на Владата, Џафери, се заблагодари на европратениците за нивната поддршка на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, која е приоритет и токму поради тоа премиерот за свој надворешен советник го ангажираше Иво Вајгл кој со своето драгоцено искуство ќе придонесе кон забрзувањето на Европскиот пат. Премиерот побара натамошна поддршка од европратениците, во зајакнувањето на соработката и присуството на претставници од нашата земја во Европскиот Парламент.

The post Џафери во Брисел на средба со европратениците: Евроинтеграциите остануваат во фокусот на Владата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во Брисел оствари средба со европратениците Илхан Кјучук, Тонино Пицула, Тинеке Стрик и Карло Реслер. Во владината делегација која ја предводи премиерот Џафери се и првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. На средбата беа разменети мислења за европската интеграција на Македонија, владините политики во пресрет на двојните избори во државата, како и за активностите на Владата кои произлегуваат од подготовките за успешното реализирање на Планот за раст. На првата посета на Брисел како премиер, Џафери им посочи на европратениците дека Владата во Македонија, ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, во насока на забрзана европска интеграција. Европратениците кои припаѓаат на различни политички групи, му честитаа на Џафери за премиерската функција, истакнувајќи ја силната поддршка за Македонија во спроведување на реформските процеси и членството во ЕУ. Премиерот Џафери нагласи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на земјава, за што постои висока поддршка кај граѓаните. На средбата беа разменети мислења за Планот за раст, кој е од голема важност за Македонија, во насока на економски напредок, отворање на нови работни места, подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и можност компаниите од државата да имаат пристап до делови од единствениот пазар на ЕУ пред членството. Претседателот на Владата, Џафери, се заблагодари на европратениците за нивната поддршка на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, која е приоритет и токму поради тоа премиерот за свој надворешен советник го ангажираше Иво Вајгл кој со своето драгоцено искуство ќе придонесе кон забрзувањето на Европскиот пат. Премиерот побара натамошна поддршка од европратениците, во зајакнувањето на соработката и присуството на претставници од нашата земја во Европскиот Парламент.

The post Џафери во Брисел на средба со европратениците: Евроинтеграциите остануваат во фокусот на Владата appeared first on Република.

]]>
Џафери од Тетово: Инвестициите во инфраструктурата се влог за сите нас, за економски развој и просперитет на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dhaferi-od-tetovo-investitsiite-vo-infrastrukturata-se-vlog-za-site-nas-za-ekonomski-razvoj-i-prosperitet-na-drzhavata/ Tue, 13 Feb 2024 12:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=743630

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери денеска присуствуваше и се обрати на настан со кој се означи почетокот на изградбата на обиколницата на Тетово преку клучката Требош до Непроштено.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери:

 

Драго ми е што денеска отпочнуваме со решение на еден горлив проблем не само за тетовци, туку и за целиот Полошки регион и пошироко. Со децении стоеше само како идеја изградбата на обиколницата околу Тетово, која создаваше невиден сообраќаен хаос за граѓаните од западниот дел на Македонија и тешкотии во нивното секојдневно функционирање. Со обиколницата од улиците на централното градско подрачје ќе ги тргнеме камионите, тешките товарни возила, превозниците и транспортерите, односно  ќе имаат можност да возат по современ и безбеден пат, а со тоа ќе ги заштитиме и граѓаните кои живеат во овој регион.
Обиколницата околу Тетово е голем проект кој ќе се протега од клучката „Требош“ до Непроштено. Средствата за овој проект се  обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во износ од над 12,2 милиони евра.
Инвестирањето во патната инфраструктура е приоритет на Владата на Република Македонија. Реализираме рекордни инвестиции во патиштата. Започнавме со реализација на најголемата капитална инвестиција во историјата на нашата земја, изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, европски коридори кои ќе не поврзат со исток и запад, со што Македонија станува клучен транзитен центар.
Кога велам исток мислам на црното море, да не има недоразбирања во смисла на идеолошките поврзувања.
Со изградбата на овие два коридори, ги зајакнуваме врските со соседите, отвораме работни места, создаваме можности за нови бизниси, ги вклучуваме во работа и домашните компании и стимулираме економски раст и зголемување на трговската размена.
Македонија го менува својот лик и станува уште подостапна за инвеститорите кои се повеќе ги препознаваат нашите можности и потенцијали.
Нема да дозволиме граѓаните да бидат изолирани и исклучени од цивилизација во сопствената држава. Наш приоритет е забрзан развој на Македонија, отворање на нови пазари, нови инвестиции, европска иднина овде во нашата држава. Граѓаните го заслужуваат тоа и наша обврска е тоа да го исполниме.
Само минатата година реализиравме околу 400 милиони евра во капитални проекти. Имено овие неколку години успеавме да изградиме и рехабилитираме преку 1.400 километри патна мрежа. Само во патната инфраструктура инвестираме преку 2 милијарди евра.
Го подигнавме квалитетот на патиштата низ земјава, а со тоа влијаеме и на квалитетот на животот на граѓаните.
Ние не бегаме од предизвиците - докажавме дека се соочуваме со нив. Нашата примарна цел е да создадеме модерна и безбедна патна инфраструктура, која ќе овозможи рамномерен развој на сите региони во државата и квалитетно ќе не поврзе со земјите од Европската Унија и соседите. Овие инвестиции ги реализираме за да создадеме услови за економски раст, олеснувајќи го транспортот на товар и патници и отворајќи нови можности за домашните компании.
Секој километар изграден пат во земјава е влог за сите нас, за идните генерации, за економски развој и просперитет на целата држава.

The post Џафери од Тетово: Инвестициите во инфраструктурата се влог за сите нас, за економски развој и просперитет на државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери денеска присуствуваше и се обрати на настан со кој се означи почетокот на изградбата на обиколницата на Тетово преку клучката Требош до Непроштено. Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери:  
Драго ми е што денеска отпочнуваме со решение на еден горлив проблем не само за тетовци, туку и за целиот Полошки регион и пошироко. Со децении стоеше само како идеја изградбата на обиколницата околу Тетово, која создаваше невиден сообраќаен хаос за граѓаните од западниот дел на Македонија и тешкотии во нивното секојдневно функционирање. Со обиколницата од улиците на централното градско подрачје ќе ги тргнеме камионите, тешките товарни возила, превозниците и транспортерите, односно  ќе имаат можност да возат по современ и безбеден пат, а со тоа ќе ги заштитиме и граѓаните кои живеат во овој регион. Обиколницата околу Тетово е голем проект кој ќе се протега од клучката „Требош“ до Непроштено. Средствата за овој проект се  обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта во износ од над 12,2 милиони евра. Инвестирањето во патната инфраструктура е приоритет на Владата на Република Македонија. Реализираме рекордни инвестиции во патиштата. Започнавме со реализација на најголемата капитална инвестиција во историјата на нашата земја, изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, европски коридори кои ќе не поврзат со исток и запад, со што Македонија станува клучен транзитен центар. Кога велам исток мислам на црното море, да не има недоразбирања во смисла на идеолошките поврзувања. Со изградбата на овие два коридори, ги зајакнуваме врските со соседите, отвораме работни места, создаваме можности за нови бизниси, ги вклучуваме во работа и домашните компании и стимулираме економски раст и зголемување на трговската размена. Македонија го менува својот лик и станува уште подостапна за инвеститорите кои се повеќе ги препознаваат нашите можности и потенцијали. Нема да дозволиме граѓаните да бидат изолирани и исклучени од цивилизација во сопствената држава. Наш приоритет е забрзан развој на Македонија, отворање на нови пазари, нови инвестиции, европска иднина овде во нашата држава. Граѓаните го заслужуваат тоа и наша обврска е тоа да го исполниме. Само минатата година реализиравме околу 400 милиони евра во капитални проекти. Имено овие неколку години успеавме да изградиме и рехабилитираме преку 1.400 километри патна мрежа. Само во патната инфраструктура инвестираме преку 2 милијарди евра. Го подигнавме квалитетот на патиштата низ земјава, а со тоа влијаеме и на квалитетот на животот на граѓаните. Ние не бегаме од предизвиците - докажавме дека се соочуваме со нив. Нашата примарна цел е да создадеме модерна и безбедна патна инфраструктура, која ќе овозможи рамномерен развој на сите региони во државата и квалитетно ќе не поврзе со земјите од Европската Унија и соседите. Овие инвестиции ги реализираме за да создадеме услови за економски раст, олеснувајќи го транспортот на товар и патници и отворајќи нови можности за домашните компании. Секој километар изграден пат во земјава е влог за сите нас, за идните генерации, за економски развој и просперитет на целата држава.

The post Џафери од Тетово: Инвестициите во инфраструктурата се влог за сите нас, за економски развој и просперитет на државата appeared first on Република.

]]>