Движење БЕСА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dvizenje-besa/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 19:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Движење БЕСА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dvizenje-besa/ 32 32 Движење Беса: Корумпирана влада прима гости, ОБСЕ да се заинтересира како е можно лобито на ДУИ да го добие тендерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvizhene-besa-korumpirana-vlada-prima-gosti-obse-da-se-zainteresira-kako-e-mozhno-lobito-na-dui-da-go-dobie-tenderot/ Thu, 30 Nov 2023 19:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=718131

Актуелната корумпирана влада на ДУИ/СДСМ одлучи овој настан да биде домаќин во салата „Борис Трајковски“ каде пред три месеци беше извршено перење коруптивни пари во износ од 1,8 милиони евра, од страна на донаторската компанија на ДУИ позната како ЕУРОВИА, кои под сосема сомнителни и нетранспарентни околности го добија предметниот тендер, посочи Љуљзиме Амети, потпаролка на Движење Беса.

Движењето БЕСА го крена гласот и ги извести претставниците на ОБСЕ за случајот, бидејќи токму онаму каде што оваа КОРУМПИРАНА ВЛАДА на ДУИ/СДСМ ве назначи да примите гости, токму таа сала е модифицирана со пари од даночните обврзници на нашата земја, на тендер што го доби фирмата пријателка на ДУИ. Исто така, пред три месеци ја информиравме јавноста дека сомнително коруптивниот тендер од 1,8 милиони евра за адаптација на салата „Борис Трајковски“ за Министерскиот самит на ОБСЕ го добил кланот на ДУИ! Го повикуваме ОБСЕ да се заинтересира како сериозна европска организација, која со децении придонесува за нашата земја, со какви финансиски средства се украси таа сала, колку чинеше таа сала и како е можно лобито на ДУИ да го добие наведениот тендер, вели таа.

Од Движењето Беса посочуваат дека „ги повикуваат сите надлежни органи да разјаснат и да се изјаснат дали пројавиле интерес и истрага за оваа корупциска афера, почнувајќи од Јавното обвинителство, Антикорупциската комисија и Државната ревизија, за да се открие вистината за тоа како токму од сите фирми кои се пријавиле на тендерот, тендерот од 1,8 милиони евра го добила фирмата донатор на ДУИ“.

Одговорните институции се должни итно и сериозно да постапат за расветлување на случајот без да бидат под влијание на политички притисоци за целосно да се расветли вистината на овој сомнителен и симптоматичен мега тендер кој содржи елементи на коруптивна афера! Ако сега се премолчи ова злосторство, наскоро ќе дојде денот кога некој друг ќе го открие, но тогаш ќе има одговорност за сите оние кои имале свои раце во злосторството, вели Амети.

The post Движење Беса: Корумпирана влада прима гости, ОБСЕ да се заинтересира како е можно лобито на ДУИ да го добие тендерот appeared first on Република.

]]>

Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-medhiti-i-kasami-zaedno-ke-nastapat-na-pretstojnite-parlamentarni-i-pretsedatelski-izbori/ Tue, 28 Nov 2023 20:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=717325

Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами вечерва во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија.

Пред потпишувањето, тројцата партиски лидери се обратија пред присутните партиски членови и симпатизери кои присуствуваа на настанот во една од спортските сали во Тетово.

Претседателот на Демократско Движење Изет Меџити ја истакна потребата за мобилизација за промени.

-Ова е движење за тие што мислат поинаку од криминалот на партијата на власт. Доста беше молчење, тишина, апатија и едноумие. Времето за промени се приближува. Ги повикувам сите да се приклучат, тие што можат да го променат мислењето можат се да променат, промената доаѓа, порача Изет Меџити.

Интеграцијата во Европската унија е избор на сите, порача лидерот на Алтернатива.

-Тој што соработува само со надворешниот фактор на штета на внатрешниот фактор на албанскиот народ, не може да владее без соработка со албанскиот народ. Треба да има соработка за демократија, економија, општествен развој за војување против корупција и дискриминација на патот кон ЕУ, истакна Африм Гаши.

Лидерот на Движење Беса Биљал Касами последен се обрати од говорницата, посочувајќи дека повисоко убедување од нивниот сојуз е „бесата“ (ветувањето) за европски промени.

-Во овој момент кога во Македонија криминалот и корупцијата излегоа од контрола, правосудниот систем е узурпиран од власта, образованието уништено, здравството е запоставено, додека млади масовно ја напуштаат државата. Да се обединиме да ставиме крај на сето ова, да бидеме гласот на сите граѓани кои со нетрпение чекаат промени. Само обединети можеме да се избориме со сите гореспоменати антиграѓански и антиевропски појави на актуелната власт. Се обединуваме затоа што Албанците во Македонија заслужуваат автентично претставување, истакна Касами.

Исто така, Касами посочи дека тие ќе ги отстранат сите законски и уставни дефиниции кои се евазивни во остварувањето на правата на Албанците.

(МИА)

The post Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори appeared first on Република.

]]>

Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами вечерва во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори. Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија. Пред потпишувањето, тројцата партиски лидери се обратија пред присутните партиски членови и симпатизери кои присуствуваа на настанот во една од спортските сали во Тетово. Претседателот на Демократско Движење Изет Меџити ја истакна потребата за мобилизација за промени.
-Ова е движење за тие што мислат поинаку од криминалот на партијата на власт. Доста беше молчење, тишина, апатија и едноумие. Времето за промени се приближува. Ги повикувам сите да се приклучат, тие што можат да го променат мислењето можат се да променат, промената доаѓа, порача Изет Меџити.
Интеграцијата во Европската унија е избор на сите, порача лидерот на Алтернатива.
-Тој што соработува само со надворешниот фактор на штета на внатрешниот фактор на албанскиот народ, не може да владее без соработка со албанскиот народ. Треба да има соработка за демократија, економија, општествен развој за војување против корупција и дискриминација на патот кон ЕУ, истакна Африм Гаши.
Лидерот на Движење Беса Биљал Касами последен се обрати од говорницата, посочувајќи дека повисоко убедување од нивниот сојуз е „бесата“ (ветувањето) за европски промени.
-Во овој момент кога во Македонија криминалот и корупцијата излегоа од контрола, правосудниот систем е узурпиран од власта, образованието уништено, здравството е запоставено, додека млади масовно ја напуштаат државата. Да се обединиме да ставиме крај на сето ова, да бидеме гласот на сите граѓани кои со нетрпение чекаат промени. Само обединети можеме да се избориме со сите гореспоменати антиграѓански и антиевропски појави на актуелната власт. Се обединуваме затоа што Албанците во Македонија заслужуваат автентично претставување, истакна Касами.
Исто така, Касами посочи дека тие ќе ги отстранат сите законски и уставни дефиниции кои се евазивни во остварувањето на правата на Албанците.
(МИА)

The post Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори appeared first on Република.

]]>
Беса: Груби и Ахмети не знаат кој пат да го изберат, па бараат помош од Еди Рама https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/besa-grubi-i-ahmeti-ne-znaat-koj-pat-da-go-izberat-pa-baraat-pomosh-od-edi-rama/ Tue, 10 Jan 2023 13:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=595406

„Линијата помеѓу тоа да се биде корисен во тесна ситуација, од една страна, и да се користи таквата ситуација во своја полза, од друга, е многу тенка, затоа внимавајте! Артан Груби, но и Али Ахмети, секогаш кога се наоѓаат на раскрсница и не знаат кој пат да го изберат, односно како да се справат со моментната состојба во Владата, тие бараат помош од Еди Рама или кусо кажано – го употребуваат албанскиот премиер за да им помогне да излезат од кризата“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Движењето Беса.

Од таму посочуваат дека „Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се извлечат од оваа политичка ситуација создадена во Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го неговиот авторитет за да ги извлече од калта во која се потопени две децении“.

„Токму ова е причината што Движењето Беса и Билал Касами нема да седнат на маса со оние што не успеваат да ја водат државата на прав пат. И сега, наместо да излезат пред народот да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама. Ние пред шест години присуствувавме на состанокот со Еди Рама, каде што ветивме дека ќе спроведеме некои точки од интерес за Албанците во Македонија, но овој договор никогаш не ја виде светлината на денот. Затоа што вака одлучија Артан Груби и Али Ахмети. Неколкупати баравме заедничка средба на политичките лидери, но тоа не се случи. Побаравме и објаснување за неисполнувањето на овие точки што ги ветивме, што исто така не беше разјаснето. Сега се поставува прашањето зошто е потребно повторно да седнеме со овие луѓе кога знаеме дека состанокот завршува без исполнување на договореното“, стои во соопштението.

„Многу бргу планираме средба со господинот Рама, но како сериозна партија, како партија што координира, а не како ДУИ, која средбата со албанскиот премиер ја користи за спас и лични интереси“, наведуваат од Беса.

The post Беса: Груби и Ахмети не знаат кој пат да го изберат, па бараат помош од Еди Рама appeared first on Република.

Касами: Движењето Беса ќе бара да се тргне и одредницата 20 отсто за албанскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kasami-dvizenjeto-besa-kje-bara-da-se-trgne-i-odrednicata-20-otsto-za-albanskiot-jazik/ Thu, 27 Oct 2022 10:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=566282

Политичкиот дискурс околу уставните измени треба да се одвива за тргнување на одредницата 20 отсто за употребата на албанскиот јазик, но не и за промени околу употребата на Бадентеровото мнозинство и балансерот за вработувања, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Движење Беса, Биљал Касами и градоначалник на Тетово.

Според него, не се работи за две исти работи, 20 отсто, вели тој, е дефиниција за јазикот за тие кои се над 20 отсто.

– И со последниот попис се докажа дека повеќе од 20 посто се Албанците во Македонија и нема некој друг народ кој е блиску до 19, па да чекаме дали ќе исполни тој услов. Што се однесува до другите механизами за поддршка на немнозинските заедници, мислам дека тоа е во делот на регулирањето на државата. Така да мислам дека не е време за отворање на такви теми кои сигурно доколку би се отвориле, би биле во правец на подобрување на позицијата на немнозинските заедници. Меѓународното и европското право не познава можност со демократски механизми да се уназада правата на немнозинските заедници. Сме подготвени да разговараме и за таа тема, но во правец на подобрување на правата на сите етничките заедници во Македонија, освен македонската етничка заедница која ја има државотворноста и сите права, истакна Биљал Касами.

Тој вели дека како Движење Беса имаат редовни консултации со меѓународните партнери, а партијата ги поддржува сите активности за уставните измени и забрзување на интеграцискиот пат на Македонија.

The post Касами: Движењето Беса ќе бара да се тргне и одредницата 20 отсто за албанскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Политичкиот дискурс околу уставните измени треба да се одвива за тргнување на одредницата 20 отсто за употребата на албанскиот јазик, но не и за промени околу употребата на Бадентеровото мнозинство и балансерот за вработувања, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Движење Беса, Биљал Касами и градоначалник на Тетово. Според него, не се работи за две исти работи, 20 отсто, вели тој, е дефиниција за јазикот за тие кои се над 20 отсто.
– И со последниот попис се докажа дека повеќе од 20 посто се Албанците во Македонија и нема некој друг народ кој е блиску до 19, па да чекаме дали ќе исполни тој услов. Што се однесува до другите механизами за поддршка на немнозинските заедници, мислам дека тоа е во делот на регулирањето на државата. Така да мислам дека не е време за отворање на такви теми кои сигурно доколку би се отвориле, би биле во правец на подобрување на позицијата на немнозинските заедници. Меѓународното и европското право не познава можност со демократски механизми да се уназада правата на немнозинските заедници. Сме подготвени да разговараме и за таа тема, но во правец на подобрување на правата на сите етничките заедници во Македонија, освен македонската етничка заедница која ја има државотворноста и сите права, истакна Биљал Касами.
Тој вели дека како Движење Беса имаат редовни консултации со меѓународните партнери, а партијата ги поддржува сите активности за уставните измени и забрзување на интеграцискиот пат на Македонија.

The post Касами: Движењето Беса ќе бара да се тргне и одредницата 20 отсто за албанскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Демири: Движењето БЕСА ќе ги искористи сите демократски механизми за предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demiri-dvizenjeto-besa-kje-gi-iskoristi-site-demokratski-mehanizmi-za-predvremeni-izbori/ Thu, 19 May 2022 21:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=504616

Движењето БЕСА, иако е за предвремени парламентарни избори, најавуваат став дека ќе ги поддржат сите предлози/закони кои се во интерес на граѓаните. Абдуш Демири во „Патот кон“, ги обвини владејачките партии дека им даваат предност на законите кои се во нивен личен интерес. Демири потсети и на штрајкот на наставниците и рече дека кај нас некои права може да се постигнат само со штрајкови, протести и други иницијативи.

Како опозициски политички субјект и ние сме многу заинтересирани земјата што поскоро да оди на предвремени парламентарни избори, што значи дека ќе ги искористиме сите можни демократски механизми за да ја постигнеме оваа цел и тој правец исто така нашите пратеници во собранието ќе бидат на оваа линија. Но, тоа значи дека за работи кои се во директен интерес на граѓаните, тие иницијативи и проекти секако ќе се гласаат. Сведоци сме на штрајк на вработените во образованието. Со многу труд и со штрајк за постигнување на целта. Ова можеше навреме да го донесе Владата, но еве парламентарното мнозинство ни испраќа порака дека тоа може да се добие само ако се вложат максимални напори преку разни механизми, штрајкови, протести и други иницијативи, рече Демири.

The post Демири: Движењето БЕСА ќе ги искористи сите демократски механизми за предвремени избори appeared first on Република.