две деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dve-deca/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Dec 2023 17:36:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png две деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dve-deca/ 32 32 Со нож убил четиричлено семејство во Њујорк, меѓу загинатите се и две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-nozh-ubil-chetirichleno-semejstvo-vo-nujork-megu-zaginatite-se-i-dve-detsa/ Sun, 03 Dec 2023 17:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=719015

Четири лица денес беа убиени, меѓу кои две деца, во напад со нож во Квинс во Њујорк.

Убиени се 11-годишно девојче, 12-годишно момче, 44-годишна жена и 30-годишен маж, а се претпоставува дека сите се членови на семејство, соопшти полицијата, пренесоа медиумите.

Во нападот се повредени и три лица, од кои едно потешко. Меѓу повредените има и двајца полицајци кои дошле на местото на настанот.

Според Си-Ен-Ен, полицијата добила повик 911 непосредно по 5 часот наутро од млада жена која рекла дека нејзиниот братучед ги убил членовите на нејзиното семејство, објави на прес-конференција началникот на њујоршката полиција Џефри Мадри.

По пристигнувањето, полициските службеници виделе како излегува маж со багаж, кој на полицајците им извадил кујнски нож, едниот го прободел во вратот и градите, а другиот го удрил во главата, додаде началникот. Еден од полицајците извадил оружје и пукал, убивајќи го осомничениот, рече Мадри.

The post Со нож убил четиричлено семејство во Њујорк, меѓу загинатите се и две деца appeared first on Република.

]]>

Четири лица денес беа убиени, меѓу кои две деца, во напад со нож во Квинс во Њујорк. Убиени се 11-годишно девојче, 12-годишно момче, 44-годишна жена и 30-годишен маж, а се претпоставува дека сите се членови на семејство, соопшти полицијата, пренесоа медиумите. Во нападот се повредени и три лица, од кои едно потешко. Меѓу повредените има и двајца полицајци кои дошле на местото на настанот. Според Си-Ен-Ен, полицијата добила повик 911 непосредно по 5 часот наутро од млада жена која рекла дека нејзиниот братучед ги убил членовите на нејзиното семејство, објави на прес-конференција началникот на њујоршката полиција Џефри Мадри. По пристигнувањето, полициските службеници виделе како излегува маж со багаж, кој на полицајците им извадил кујнски нож, едниот го прободел во вратот и градите, а другиот го удрил во главата, додаде началникот. Еден од полицајците извадил оружје и пукал, убивајќи го осомничениот, рече Мадри.  

The post Со нож убил четиричлено семејство во Њујорк, меѓу загинатите се и две деца appeared first on Република.

]]>
Петмина граѓани од Македонија, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/petmina-gragani-od-makedonija-megu-koi-dve-detsa-chekaat-da-bidat-evakuirani-od-pojasot-gaza/ Tue, 24 Oct 2023 12:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=694535

Македонските власти се обидуваат да евакуираат петмина наши државјани од Газа – брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестински државјанин и е издадена виза, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.

Тоа го правиме секојдневно. Беа двајца – еден брачен пар и последна бројка е пет. Татко и две мали деца. Дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе. Она што е невозможно ние да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно и од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани, рече Садики.

Новиот амбасадор, кој одговараше на прашање на пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што се прави за извлекување на наѓи граѓани од Појасот Газа, меѓу другото информираше дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.

Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. И ние ќе инсистираме. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука, но конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од Амсадата во Тел Авив, а за Газа преку Амбасадата во Египет, рече Садики.

Новиот амбасадор истакна дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300.

Новиот амбасадор на Македонија во Тел Авив во излагањето пред пратениците, главно, се осврна на состојбата во Израел по нападот од страна на Хамас на 7 октомври. Се очекува да се види како ќе се одвива ситуацијата таму по најавената копнена офанзива на Израел.

Македонија ги следи позициите на Брисел и се залагаме за продолжување на преговорите се до постигнување трајно и сеопфатно решение. Кризата во последните две недели покажа колку е важно сојузништвото на САД со Израел, пресудно за обезбедување поддршка за Израел, рече Садики.

Кажа дека односите на Македонија и Израел се одлични, но имаме слаба секторска и економска соработка. Се предлага соработка во туризмот и економијата односно инвестиции. Посетите на највисоко нови ќе зависат од безбедносната состојба во земјата.

The post Петмина граѓани од Македонија, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Македонските власти се обидуваат да евакуираат петмина наши државјани од Газа – брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестински државјанин и е издадена виза, изјави идниот македонски амбасадор во Тел Авив Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието.
Тоа го правиме секојдневно. Беа двајца – еден брачен пар и последна бројка е пет. Татко и две мали деца. Дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе. Она што е невозможно ние да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно и од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани, рече Садики.
Новиот амбасадор, кој одговараше на прашање на пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што се прави за извлекување на наѓи граѓани од Појасот Газа, меѓу другото информираше дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестински државјанин и за неа е издадена виза.
Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. И ние ќе инсистираме. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука, но конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од Амсадата во Тел Авив, а за Газа преку Амбасадата во Египет, рече Садики.
Новиот амбасадор истакна дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300. Новиот амбасадор на Македонија во Тел Авив во излагањето пред пратениците, главно, се осврна на состојбата во Израел по нападот од страна на Хамас на 7 октомври. Се очекува да се види како ќе се одвива ситуацијата таму по најавената копнена офанзива на Израел.
Македонија ги следи позициите на Брисел и се залагаме за продолжување на преговорите се до постигнување трајно и сеопфатно решение. Кризата во последните две недели покажа колку е важно сојузништвото на САД со Израел, пресудно за обезбедување поддршка за Израел, рече Садики.
Кажа дека односите на Македонија и Израел се одлични, но имаме слаба секторска и економска соработка. Се предлага соработка во туризмот и економијата односно инвестиции. Посетите на највисоко нови ќе зависат од безбедносната состојба во земјата.

The post Петмина граѓани од Македонија, меѓу кои две деца чекаат да бидат евакуирани од Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Спасувачка мисија на Водно: Жена со две мали деца останала во мрак, ја пропуштиле жичницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasuvachka-misija-na-vodno-zhena-so-dve-mali-detsa-ostanala-vo-mrak-ja-propushtile-zhichnitsata/ Sun, 02 Jul 2023 13:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=657459

Вчеравечер на бројот за итни случаи 112 во ЦУК е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош. Се работело за жена со две малолетни деца, заради тоа што задоцниле да се вратат и немале и не знаеле друг начин за да се симнат надолу кон Средно Водно, а жичницата повеќе не работела и мракот веќе не им дозволувал да се движат безбедно.

Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП Скопје и е добиена информација дека жичарата веќе е затворена и дека не може повторно да се активира.

„Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации. Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје“, велат од ЦУК.

Со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно.

По 21.00 часот од страна на жената со двете дечиња е добиена информација во ЦУК дека истата безбедно е веќе во нејзиното возило со двете дечиња и дека возејќи се спушта надолу кон својот дом во градот.

The post Спасувачка мисија на Водно: Жена со две мали деца останала во мрак, ја пропуштиле жичницата appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер на бројот за итни случаи 112 во ЦУК е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош. Се работело за жена со две малолетни деца, заради тоа што задоцниле да се вратат и немале и не знаеле друг начин за да се симнат надолу кон Средно Водно, а жичницата повеќе не работела и мракот веќе не им дозволувал да се движат безбедно. Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП Скопје и е добиена информација дека жичарата веќе е затворена и дека не може повторно да се активира. „Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации. Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје“, велат од ЦУК. Со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно. По 21.00 часот од страна на жената со двете дечиња е добиена информација во ЦУК дека истата безбедно е веќе во нејзиното возило со двете дечиња и дека возејќи се спушта надолу кон својот дом во градот.  

The post Спасувачка мисија на Водно: Жена со две мали деца останала во мрак, ја пропуштиле жичницата appeared first on Република.

]]>
Две деца, сведоци на масакрот во училиштето на Врачар посакале да се самоубијат, а две да убијат некого https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dve-detsa-svedotsi-na-masakrot-vo-uchilishteto-na-vrachar-posakale-da-se-samoubijat-a-dve-da-ubijat-nekogo/ Tue, 09 May 2023 09:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=638674

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ истакна дека вчера на детската клиника за невропсихијатрија биле примени четири деца, бидејќи две имале идеја да се убијат, а две да убијат некого.

Децата почувствуваа дека нешто не е во ред, а исто така и родителите. Тие деца бараа да останат во болница и затоа ги повикувам сите родители, деца, кој има проблем да се јави на вистинскиот број. Се согласувам дека во училиштата треба да има полицајци, но тие не можат да го спречат стравот, ни требаат педагози и психолози да разговараме, рече министерката Грујичиќ.

Таа изјави дека животот мора да продолжи, а потоа побара од медиумите да ги остават надлежните како понатаму и кои се следните чекори во решавањето на овој проблем кој сите ги остави затечени.

The post Две деца, сведоци на масакрот во училиштето на Врачар посакале да се самоубијат, а две да убијат некого appeared first on Република.