двајца директори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dvajtsa-direktori/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jan 2024 11:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png двајца директори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dvajtsa-direktori/ 32 32 Обвинителството отвори истрага против двајца директори и тројца онколози за случајот „Онкологија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-otvori-istraga-protiv-dvajtsa-direktori-i-trojtsa-onkolozi-za-sluchajot-onkologija/ Wed, 31 Jan 2024 11:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=738965

Јавното обвинителств отвори истрага за случајот со Онкологија и побара мерки за претпазливост за поранешниот директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој се сомничи за седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „измама во службата“, како и за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“. Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“.

Васев, освен забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова, му е изречено и оддалечување од работното место. Додека, за Нухи е побарано само забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. По ова барање треба да одлучи Основниот Кривичен суд Скопје.

Во текот на предистражната постапка во овој предмет работевме во тим од двајца јавни обвинители, беа преземени многу дејствија и прибавена е обемна документација. Од исклучителна важност за целата оваа постапка беа онколошките пациенти и нивните семејства на кои сакам уште еднаш јавно да им се заблагодарам и да ги охрабрам да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци на конкретната клиника, изјави обвинителката која го води случајот, Ана Гоговска Јакимовска.

На денешниот брифинг со новинари таа рече дека медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од Фондот за здравствено осигурување на Македонија во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство.

Како што информираше, спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата.

Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од 1. 817.520.000 или близу 30 милиони евра.

The post Обвинителството отвори истрага против двајца директори и тројца онколози за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителств отвори истрага за случајот со Онкологија и побара мерки за претпазливост за поранешниот директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој се сомничи за седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „измама во службата“, како и за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“. Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“. Васев, освен забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова, му е изречено и оддалечување од работното место. Додека, за Нухи е побарано само забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. По ова барање треба да одлучи Основниот Кривичен суд Скопје.
Во текот на предистражната постапка во овој предмет работевме во тим од двајца јавни обвинители, беа преземени многу дејствија и прибавена е обемна документација. Од исклучителна важност за целата оваа постапка беа онколошките пациенти и нивните семејства на кои сакам уште еднаш јавно да им се заблагодарам и да ги охрабрам да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци на конкретната клиника, изјави обвинителката која го води случајот, Ана Гоговска Јакимовска.
На денешниот брифинг со новинари таа рече дека медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од Фондот за здравствено осигурување на Македонија во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство. Како што информираше, спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата. Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од 1. 817.520.000 или близу 30 милиони евра.  

The post Обвинителството отвори истрага против двајца директори и тројца онколози за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>
Училиште од Велес со двајца директори, еден назначен од министер, еден од градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchilishte-od-veles-so-dvajtsa-direktori-eden-naznachen-od-minister-eden-od-gradonachalnik/ Thu, 29 Dec 2022 20:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=591636

Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, објави „А1он“.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште.

Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение.

Министерот според оваа постапка се поставил над Законот за основно образование и надвор од неговата надлежност поставил негов директор игнорирајќи ги записниците од инспекторите. Според истиот закон надлежен орган за назначување на директор или в.д директор е градоначалникот, но не и министерот. Очигледно е дека има прекршување на законите во поглед на надлежностите, но дали некој ќе реагира“, велат извори за „А1он“.

The post Училиште од Велес со двајца директори, еден назначен од министер, еден од градоначалник appeared first on Република.

]]>

Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, објави „А1он“. Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште. Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение.