„Два опита (Конески и Старделов)“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dva-opita-koneski-i-stardelov/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 08:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Два опита (Конески и Старделов)“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dva-opita-koneski-i-stardelov/ 32 32 Промоција на книгата „Два опита (Конески и Старделов)“ од Иван Џепароски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-dva-opita-koneski-i-stardelov-od-ivan-dheparoski/ Tue, 05 Mar 2024 08:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=751299

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Филозофскиот фалултет на УКИМ денеска организира промоција на книгата „Два опита (Конески и Старделов)“ од проф. д-р Иван Џепароски, која ќе ја претстават рецензентите проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Вангел Ноневски.

Според нив, монографијата „Два опита (Конески и Старделов)“ претставува оригинално конципирано, консеквентно изведено и длабински промислено дело, во кое е изложен врвен аналитичко-критички и херменевтички пристап кон аспектите што ги поврзуваат делата на двајцата великани на современата македонска интелектуална и книжевна култура – Блаже Конески и Георги Старделов.

Рецензентката Димишковска посочува дека повеќеслојноста на оваа монографија се изразува во фактот што таа не само што нуди драгоцени информации за нивниот живот, дело и творечки искуства, туку ги елаборира и суштинските аспекти од нивниот придонес на планот на книжевноста, книжевната критика, естетиката и филозофијата.

Рецензентот Ноневски, пак, забележува дека оваа книга е уникатен придонес кон нашата културна, филозофска и академска средина.

Одбирајќи да ги претстави двајцата интелектуалци чии академски кариери биле заемно испрепелетени, авторот погаѓа во суштината на одбраната тема: овие двајца великани да се престават не како засебни фигури (иако и таквиот пристап би бил легитимен), туку како дејци чиј ангажман бил меѓусебно испреплетен и надополнувачки, наведува проф. Ноневски.

 

The post Промоција на книгата „Два опита (Конески и Старделов)“ од Иван Џепароски appeared first on Република.

]]>

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Филозофскиот фалултет на УКИМ денеска организира промоција на книгата „Два опита (Конески и Старделов)“ од проф. д-р Иван Џепароски, која ќе ја претстават рецензентите проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Вангел Ноневски. Според нив, монографијата „Два опита (Конески и Старделов)“ претставува оригинално конципирано, консеквентно изведено и длабински промислено дело, во кое е изложен врвен аналитичко-критички и херменевтички пристап кон аспектите што ги поврзуваат делата на двајцата великани на современата македонска интелектуална и книжевна култура – Блаже Конески и Георги Старделов. Рецензентката Димишковска посочува дека повеќеслојноста на оваа монографија се изразува во фактот што таа не само што нуди драгоцени информации за нивниот живот, дело и творечки искуства, туку ги елаборира и суштинските аспекти од нивниот придонес на планот на книжевноста, книжевната критика, естетиката и филозофијата. Рецензентот Ноневски, пак, забележува дека оваа книга е уникатен придонес кон нашата културна, филозофска и академска средина.
Одбирајќи да ги претстави двајцата интелектуалци чии академски кариери биле заемно испрепелетени, авторот погаѓа во суштината на одбраната тема: овие двајца великани да се престават не како засебни фигури (иако и таквиот пристап би бил легитимен), туку како дејци чиј ангажман бил меѓусебно испреплетен и надополнувачки, наведува проф. Ноневски.
 

The post Промоција на книгата „Два опита (Конески и Старделов)“ од Иван Џепароски appeared first on Република.

]]>