Душко Арсовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dushko-arsovski/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 14:20:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Душко Арсовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dushko-arsovski/ 32 32 Арсовски веќе не е портпарол на Влада: Заминува од функцијата на негово барање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-veke-ne-e-portparol-na-vlada-zaminuva-od-funktsijata-na-negovo-barane/ Tue, 21 Mar 2023 14:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=622108

Новинарот Душко Арсовски денеска го завршува својот ангажман како портпарол на Владата на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата, која ја отвори токму Арсовски.

Му благодарам на Душко Арсовски за неговиот ангажман, верувам благодарни му се и медиумите, зашто две и пол години функционираше врвно професионално и е заслужен за оценката на Владата како најтранспарентна институција во државата – рече Ковачевски.

Арсовски на крајот на прес-конференцијата им се заблагодари на медиумите за соработката.

The post Арсовски веќе не е портпарол на Влада: Заминува од функцијата на негово барање appeared first on Република.

]]>

Владиниот портпарол Душко Арсовски си даде оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladiniot-portparol-dushko-arsovski-si-dade-ostavka/ Tue, 21 Mar 2023 14:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=622104

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање.

Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера.

Голема благодарност верувам дека ќе упатат и медиумите со кои што во текот на изминативе две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво. Практично и тој беше дел од процесот во кој што Владата како институција беше оценета како најтранспарентна, односно 100 проценти транспарентност, рече Ковачевски.

The post Владиниот портпарол Душко Арсовски си даде оставка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање. Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера.
Голема благодарност верувам дека ќе упатат и медиумите со кои што во текот на изминативе две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво. Практично и тој беше дел од процесот во кој што Владата како институција беше оценета како најтранспарентна, односно 100 проценти транспарентност, рече Ковачевски.

The post Владиниот портпарол Душко Арсовски си даде оставка appeared first on Република.

]]>
Владата ќе ги учела граѓаните како да штедат струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-kje-gi-uchela-gragjanite-kako-da-shtedat-struja/ Wed, 16 Nov 2022 12:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=574494

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја, велат оттаму, додавајќи дека ќе презентираат „корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат“.

Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.

Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.

Порака за штедење упати и Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика, истакнувајќи дека во овој процес се многу важни граѓаните, институциите и компаниите и оти секој треба да направи мала промена во домот или на работното место кое ќе значи многу за енегетскиот систем.

Енергетскиот биланс за производството на струја од ЕСМ покажува дека вчера потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи се задоволени со домашно производство од 10 786 мегават часови и набавена струја во износ од 3 110 мегавачт часови. Во термоелектраните се произведени 7 834 мегават часови, а од обновливи извори на енергија 2 952 мегават часови струја.

Владата донесе План за штедење со конкретни насоки за сите органи на државната управа, а заштедата на државните институции што почнаа да го применуваат планот од 1 септември,како што беше објавено, изнесува 20 проценти.

The post Владата ќе ги учела граѓаните како да штедат струја appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја, велат оттаму, додавајќи дека ќе презентираат „корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат“.
Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.
Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти. Порака за штедење упати и Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика, истакнувајќи дека во овој процес се многу важни граѓаните, институциите и компаниите и оти секој треба да направи мала промена во домот или на работното место кое ќе значи многу за енегетскиот систем. Енергетскиот биланс за производството на струја од ЕСМ покажува дека вчера потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи се задоволени со домашно производство од 10 786 мегават часови и набавена струја во износ од 3 110 мегавачт часови. Во термоелектраните се произведени 7 834 мегават часови, а од обновливи извори на енергија 2 952 мегават часови струја. Владата донесе План за штедење со конкретни насоки за сите органи на државната управа, а заштедата на државните институции што почнаа да го применуваат планот од 1 септември,како што беше објавено, изнесува 20 проценти.

The post Владата ќе ги учела граѓаните како да штедат струја appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/ Wed, 21 Sep 2022 11:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=552885

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа.

На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука - рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта.

Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.

The post Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа.
На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука - рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта.
Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.

The post Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
Хоџа и Арсовски: Ограничувањето на висината на маржите за одделни прехранбени продукти е израз на грижата за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hodza-i-arsovski-ogranichuvanjeto-na-visinata-na-marzite-za-oddelni-prehranbeni-produkti-e-izraz-na-grizata-za-gragjanite/ Wed, 15 Jun 2022 12:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=515539

Портпаролите на Владата на Република Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од 52-тата седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

На оваа прес-конференција портпаролите се осврнаа и на вчерашната Одлука на Владата за посебни услови за трговија на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало.

Според Одлуката, која стапува на сила од денес, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за бел шеќер како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара.

Портпаролите информираа дека Владата на вчерашната седница донесе одлука за распишување на уште два нови јавни огласи за доделување државно земјоделско земјиште над 3 хектари. На располагање на земјоделците се ставаат вкупно 3.769 хектари државно земјоделско земјиште. Едниот јавен оглас е за одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна за период до 15 години. Вкупната површина за овој оглас е 529 хектари, во десет региони: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип.

Другиот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари е за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за оранжерии, насади со лешник, маслинарници, поставување на пчелни семејства, рибници и друго. Вкупната површина за овој јавен оглас е 3.240 хектари, во 22 региони: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и подрачните единици на министерството се отворени за сите детални информации за аплицирање на огласите.

Овие јавни огласи, како што посочија, се дел од мерките кои Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за поддршка на земјоделците и зголемување на домашното производство на земјоделско-прехранбени производи. Огласите се дел од Националниот план за производство на храна, а целта е секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде ставена во функција на производство на храна.

Портпаролите информираа дека Владата на вчерашната седница донесе и решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и буџетот до 31 март, како што е предвидено со законската одредба.

За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби.

На прашањето дали Владата го наруши рокот за распуштање на Советот на Општина Тетово, портпаролите информираа дека сите законски рокови и процедури се испочитувани и дека на вчерашната седница на Владата е донесена одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово. Понатаму, како што информираа, процедурата продолжува во Собранието и според сите законски одредби ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на оваа општина.

На медиумскиот интерес дали Владата ќе одговори барањето на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор и задолжителна исплата на регрес за годишен одмор од следната година, портпаролите информираа дека Владата на Република Македонија донесе одлука со која е формирано тело за помирување. Во Одборот за помирување членови се заменик- претседателот на Влада задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Како што беше напоменато, дијалогот со ССМ никогаш не бил прекинат и продолжуваат и разговорите со гранковите синдикати.

The post Хоџа и Арсовски: Ограничувањето на висината на маржите за одделни прехранбени продукти е израз на грижата за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Портпаролите на Владата на Република Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од 52-тата седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите. На оваа прес-конференција портпаролите се осврнаа и на вчерашната Одлука на Владата за посебни услови за трговија на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало. Според Одлуката, која стапува на сила од денес, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за бел шеќер како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало. Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара. Портпаролите информираа дека Владата на вчерашната седница донесе одлука за распишување на уште два нови јавни огласи за доделување државно земјоделско земјиште над 3 хектари. На располагање на земјоделците се ставаат вкупно 3.769 хектари државно земјоделско земјиште. Едниот јавен оглас е за одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна за период до 15 години. Вкупната површина за овој оглас е 529 хектари, во десет региони: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип.

Другиот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари е за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за оранжерии, насади со лешник, маслинарници, поставување на пчелни семејства, рибници и друго. Вкупната површина за овој јавен оглас е 3.240 хектари, во 22 региони: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и подрачните единици на министерството се отворени за сите детални информации за аплицирање на огласите. Овие јавни огласи, како што посочија, се дел од мерките кои Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за поддршка на земјоделците и зголемување на домашното производство на земјоделско-прехранбени производи. Огласите се дел од Националниот план за производство на храна, а целта е секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде ставена во функција на производство на храна. Портпаролите информираа дека Владата на вчерашната седница донесе и решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и буџетот до 31 март, како што е предвидено со законската одредба. За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби. На прашањето дали Владата го наруши рокот за распуштање на Советот на Општина Тетово, портпаролите информираа дека сите законски рокови и процедури се испочитувани и дека на вчерашната седница на Владата е донесена одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово. Понатаму, како што информираа, процедурата продолжува во Собранието и според сите законски одредби ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на оваа општина. На медиумскиот интерес дали Владата ќе одговори барањето на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор и задолжителна исплата на регрес за годишен одмор од следната година, портпаролите информираа дека Владата на Република Македонија донесе одлука со која е формирано тело за помирување. Во Одборот за помирување членови се заменик- претседателот на Влада задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Како што беше напоменато, дијалогот со ССМ никогаш не бил прекинат и продолжуваат и разговорите со гранковите синдикати.

The post Хоџа и Арсовски: Ограничувањето на висината на маржите за одделни прехранбени продукти е израз на грижата за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Владата не одговори на прашањето на „Република“ за клубот „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ne-odgovori-na-prashanjeto-na-republika-za-klubot-vancho-mihajlov/ Wed, 04 May 2022 12:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=497495

„Република“ пред неколку дена официјално ја праша Владата до каде е собирањето на информации и дали има решение за „натамошни чекори“ за отворањето на Клубот „Ванчо Михајлов“.

Одговор немаше се до денеска кога портаролот Душко Арсовски на прашање на други медиуми даде каков-таков одговор.

https://youtu.be/5LgXJyN0Shc?t=675

На прашање до каде се проверките на Владата за легитимноста на постоењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Арсовски денеска посочи дека се собираат информации за начинот на кој е регистриран тој клуб.

– Очекуваме во најскоро време работите да бидат појасни за што јавноста ќе биде информирана. Тоа што е важно е дека се разгледуваат повеќе опции и институциите ќе постапат соодветно во овој случај, додаде Арсовски.

The post Владата не одговори на прашањето на „Република“ за клубот „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

„Република“ пред неколку дена официјално ја праша Владата до каде е собирањето на информации и дали има решение за „натамошни чекори“ за отворањето на Клубот „Ванчо Михајлов“. Одговор немаше се до денеска кога портаролот Душко Арсовски на прашање на други медиуми даде каков-таков одговор. https://youtu.be/5LgXJyN0Shc?t=675 На прашање до каде се проверките на Владата за легитимноста на постоењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Арсовски денеска посочи дека се собираат информации за начинот на кој е регистриран тој клуб.
– Очекуваме во најскоро време работите да бидат појасни за што јавноста ќе биде информирана. Тоа што е важно е дека се разгледуваат повеќе опции и институциите ќе постапат соодветно во овој случај, додаде Арсовски.
 
The post Владата не одговори на прашањето на „Република“ за клубот „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати вербата во институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-vladata-izminatite-pet-godini-ja-vrati-verbata-vo-instituciite/ Wed, 20 Apr 2022 13:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=491197

Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на нашата држава.

Република Cеверна Македонија продолжува да гради слободно и демократско општество, во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин, додаде Арсовски.

Тој нагласи дека овој Извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога, како што рече, сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и во справувањето со корупцијата.

Арсовски посочи на подобрениот рејтинг на владеењето, кој според Извештајот е бележи раст.

Дополнително Република Cеверна Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021. Остануваме на целта за постигнување подобри резултати и обезбедување на општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи, нагласи Арсовски.

Невладината организација „Фридом Хаус“ објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-e-rangirana-kako-hibriden-rezim/

The post Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати вербата во институциите appeared first on Република.

]]>

Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на нашата држава.
Република Cеверна Македонија продолжува да гради слободно и демократско општество, во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин, додаде Арсовски.
Тој нагласи дека овој Извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога, како што рече, сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и во справувањето со корупцијата. Арсовски посочи на подобрениот рејтинг на владеењето, кој според Извештајот е бележи раст.
Дополнително Република Cеверна Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021. Остануваме на целта за постигнување подобри резултати и обезбедување на општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи, нагласи Арсовски.
Невладината организација „Фридом Хаус“ објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“. https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-e-rangirana-kako-hibriden-rezim/

The post Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати вербата во институциите appeared first on Република.

]]>