Душица Димитриеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dushitsa-dimitrieska/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 10:07:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Душица Димитриеска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dushitsa-dimitrieska/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sovetot-na-javni-obviniteli-da-prestane-so-krshene-na-zakonot-i-vednash-da-ja-otpovika-dushitsa-dimitrieska-od-uo-na-akademijata/ Mon, 04 Nov 2024 08:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=833860

Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска.

Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал.

Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители.

Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС.

Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС.

Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи.

Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители, велат од ВМРО ДПМНЕ. Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска. Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал. Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители. Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС. Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС. Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи. Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата appeared first on Република.

]]>
Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dushitsa-dimitrieska-izbrana-za-nov-pretsedatel-na-sovetot-na-javni-obviniteli/ Wed, 27 Sep 2023 16:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=685732

Советот на јавни обвинители на денешната 85. седница за нов претседател ја избра Душица Димитриеска, а Иџет Мемети за нов заменик претседател.

Јавната обвинителка Душица Димитриеска е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар.

- На ден 27.09.2023 година, Советот на јавните обвинители на Република Македонија ја одржа 85 -та седница на Советот. На истата беше констатиран престанок на мандат претседател на Советот поради истекот на времето за кое е избран г-дин Антонио Јолевски заклучно со 30.09.2023 година. Воедно се спроведе избор на нов претседател на кое што едногласно за претседател беше избрана г-ѓа Душица Димитриеска-јавен обвинител која е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар, а за заменик претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија беше избран г-дин Иџет Мемети, информираат од Советот на ЈО.

The post Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители на денешната 85. седница за нов претседател ја избра Душица Димитриеска, а Иџет Мемети за нов заменик претседател. Јавната обвинителка Душица Димитриеска е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар. - На ден 27.09.2023 година, Советот на јавните обвинители на Република Македонија ја одржа 85 -та седница на Советот. На истата беше констатиран престанок на мандат претседател на Советот поради истекот на времето за кое е избран г-дин Антонио Јолевски заклучно со 30.09.2023 година. Воедно се спроведе избор на нов претседател на кое што едногласно за претседател беше избрана г-ѓа Душица Димитриеска-јавен обвинител која е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар, а за заменик претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија беше избран г-дин Иџет Мемети, информираат од Советот на ЈО.

The post Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>