Душа на платно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dusha-na-platno/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 07:44:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Душа на платно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dusha-na-platno/ 32 32 Изложба „Душа на платно“ на Боре Митовски во Уметничкиот центар АРТ ХАБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-dusha-na-platno-na-bore-mitovski-vo-umetnichkiot-tsentar-art-hab/ Mon, 13 Nov 2023 07:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=700854

Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Боре Митовски насловена „Душа на платно“.

Боре Митовски по потекло е од државава, но долги години живее и работи во Словенија. Ова е негова прва самостојна изложба во државава на која што ќе бидат презентирани над 30 слики изработени во техниката акрил на платно.

Сликите на Боре Митовски се изградени композиции во стилот на надреализмот, кубизмот и експресионизмот. Тој во неговите слики на пејсажи и мртви природи гради еден оргинален свет на геометриски форми исполнети со жив колорит на бои. Неговата слика како силна конструкција ја гради со цртеж и разиграни строги линии кои градат одредена перспектива и влез во друга димензија. Геометриските плохи се исполнети со комплементарни бои кои дават експресивност и виталност во сликата. Уметничката слобода, креативност и фантазија гради посебни некои простори со урбани и природни пејсажи блиски до македонската традиција и фолклор со асоцијација на македонските везови и декорации на народните носии ,но со ликовен модерен сензибилитет .Неговиот пристап во сликарството е блиско до витражот поради неговата раскошност и призрачност, напиша во текстот за каталогот неговиот пријател-склуптор, Синиша Новески.

Како што посочува, од ликовните елементи тој ги применува линијата ,формата, комплементарните бои, текстурата и мелодичниот ритам кој е во едниство со просторот и формите. Неговите слики го содржат медитеранскиот динамичен дух , но сепак стилизиран во некој рационален бароктен ред и смиренос, како и обидот да прави тродимензионални форми создава илузија на рељефност на сликата.

Со овој циклус на слики тој остава впецаток на креативен и сериозен сликар кај кого има потенцијал за интересен креативен ликовен и естетски развој.

 

The post Изложба „Душа на платно“ на Боре Митовски во Уметничкиот центар АРТ ХАБ appeared first on Република.

]]>

Во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Боре Митовски насловена „Душа на платно“. Боре Митовски по потекло е од државава, но долги години живее и работи во Словенија. Ова е негова прва самостојна изложба во државава на која што ќе бидат презентирани над 30 слики изработени во техниката акрил на платно.
Сликите на Боре Митовски се изградени композиции во стилот на надреализмот, кубизмот и експресионизмот. Тој во неговите слики на пејсажи и мртви природи гради еден оргинален свет на геометриски форми исполнети со жив колорит на бои. Неговата слика како силна конструкција ја гради со цртеж и разиграни строги линии кои градат одредена перспектива и влез во друга димензија. Геометриските плохи се исполнети со комплементарни бои кои дават експресивност и виталност во сликата. Уметничката слобода, креативност и фантазија гради посебни некои простори со урбани и природни пејсажи блиски до македонската традиција и фолклор со асоцијација на македонските везови и декорации на народните носии ,но со ликовен модерен сензибилитет .Неговиот пристап во сликарството е блиско до витражот поради неговата раскошност и призрачност, напиша во текстот за каталогот неговиот пријател-склуптор, Синиша Новески.
Како што посочува, од ликовните елементи тој ги применува линијата ,формата, комплементарните бои, текстурата и мелодичниот ритам кој е во едниство со просторот и формите. Неговите слики го содржат медитеранскиот динамичен дух , но сепак стилизиран во некој рационален бароктен ред и смиренос, како и обидот да прави тродимензионални форми создава илузија на рељефност на сликата. Со овој циклус на слики тој остава впецаток на креативен и сериозен сликар кај кого има потенцијал за интересен креативен ликовен и естетски развој.  

The post Изложба „Душа на платно“ на Боре Митовски во Уметничкиот центар АРТ ХАБ appeared first on Република.

]]>