Дурмо турс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/durmo-turs/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 09:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дурмо турс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/durmo-turs/ 32 32 ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-skopje-podnese-zhalba-na-presudata-za-avtobuskata-nesreka-na-durmo-turs/ Sat, 24 Aug 2024 07:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=809626

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител предлага Апелацискиот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност.

Според јавниот обвинител, во овој случај, како што стои во соопштението, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира и супституира судската улога во процесот на одлучувањето.

-Преку критичка оценка на доказите, поединечно и во нивното содејство, првостепениот суд не дозволи судската пресуда да зависи само од осамено и на ништо непоткрепено мислење на вештаци вклучени во супервештачењето, кои не успеаја да изградат јасен став за клучни прашања, а ја пролонгираа главната расправа повеќе од една година, наведува јавниот обвинител Дарко Јакимовски, истакнувајќи ги доказите врз основа на кои Судот правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба и го применил Кривичниот законик кога нашол дека во дејствијата на сите обвинети се содржани сите битни елементи на кривичните дела за кои се огласени за виновни.

Меѓутоа, објаснуваат од ЈО, жалбата е поднесена поради одлуката за висината на кривичните санкции изречени за четворица од обвинетите.

-Основниот кривичен суд Скопје, како првостепен кривичен суд, со пресудата од 26.12.2023 година, обвинетиот Д.Б. го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.2 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 4 години, во која казна му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетиот Р.М. судот го огласи виновен за истото кривично дело и го осуди на казна затвор во траење од 6 години, во кои му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетите И.Ѓ., Г.Д. и Ј.Б. виновни за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.299 ст.1 вв со чл.22 од Кривичниот законик беа осудени на затворски казни во траење по пет години, во кои е засметано времето поминато во притвор и куќен притвор. Возачот М.Т., за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.1 од КЗ, беше осуден на казна затвор во траење од 14 години, во кои се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор, посочува Обвинителството.

Според јавниот обвинител, стои во информацијата, во однос на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д., Судот погрешно ги ценел олеснувачките и отежнувачките околности, како и индивидуалната одговорност на обвинетите за случувањето на тешката сообраќајна несреќа, во која загинаа 16 лица, а уште 38 беа повредени.

-Животите на патниците кои се превезувале не само во предметниот автобус, туку и во другите автобуси и останатите учесници во јавниот сообраќај биле директно загрозени од начинот на кој обвинетите ги извршувале своите законски обврски, истакнува јавниот обвинител во жалбата.

Тој потсетува дека во континуитет предметниот автобус бил прогласуван за технички исправен иако воопшто не бил прегледуван, а 16 дена по последниот наводно извршен технички преглед, превозникот „Дурмо турс” вршел јавен превоз на патници со тој автобус без да биде сообраќајно регистриран. Манипулација со брзината на движење и „штелување” на тахометрите, за да не се плаќаат казни не само на предметниот автобус, туку и на други автобуси, било исто така прифатено како правило.

-Имајќи го предвид степенот на кривична одговорност и придонесот кој го имал секој од обвинетите во настапување на тешките последици, јавниот обвинител ја обжали пресудата, соопштува Обвинителството.

Како што дополнува, за возачот М.Т. според надлежниот обвинител соодветна е високата затворска казна со оглед на неговата одговорност, но и непокажаното жалење за тешките последици во текот на судскиот процес. За обвинетиот Ј.Б. чиј придонес за несреќата бил најмал, јавниот обвинител оцени дека е доволна определената затворска казна. За останатите четворица, не е извршено санкционирање сразмерно со тежината на делото, јачината на загрозувањето на заштитните добра, како и степенот на кривична одговорност кај обвинетите чии пропусти доведоа до најтешките човечки загуби во патниот сообраќај на територијата на нашата држава. Од тие причини, за овие обвинети, јавниот обвинител предлага Апелациониот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност, се наведува во соопштението.

The post ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс” appeared first on Република.

]]>

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Јавниот обвинител предлага Апелацискиот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност. Според јавниот обвинител, во овој случај, како што стои во соопштението, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира и супституира судската улога во процесот на одлучувањето.
-Преку критичка оценка на доказите, поединечно и во нивното содејство, првостепениот суд не дозволи судската пресуда да зависи само од осамено и на ништо непоткрепено мислење на вештаци вклучени во супервештачењето, кои не успеаја да изградат јасен став за клучни прашања, а ја пролонгираа главната расправа повеќе од една година, наведува јавниот обвинител Дарко Јакимовски, истакнувајќи ги доказите врз основа на кои Судот правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба и го применил Кривичниот законик кога нашол дека во дејствијата на сите обвинети се содржани сите битни елементи на кривичните дела за кои се огласени за виновни.
Меѓутоа, објаснуваат од ЈО, жалбата е поднесена поради одлуката за висината на кривичните санкции изречени за четворица од обвинетите.
-Основниот кривичен суд Скопје, како првостепен кривичен суд, со пресудата од 26.12.2023 година, обвинетиот Д.Б. го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.2 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 4 години, во која казна му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетиот Р.М. судот го огласи виновен за истото кривично дело и го осуди на казна затвор во траење од 6 години, во кои му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетите И.Ѓ., Г.Д. и Ј.Б. виновни за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.299 ст.1 вв со чл.22 од Кривичниот законик беа осудени на затворски казни во траење по пет години, во кои е засметано времето поминато во притвор и куќен притвор. Возачот М.Т., за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.1 од КЗ, беше осуден на казна затвор во траење од 14 години, во кои се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор, посочува Обвинителството.
Според јавниот обвинител, стои во информацијата, во однос на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д., Судот погрешно ги ценел олеснувачките и отежнувачките околности, како и индивидуалната одговорност на обвинетите за случувањето на тешката сообраќајна несреќа, во која загинаа 16 лица, а уште 38 беа повредени.
-Животите на патниците кои се превезувале не само во предметниот автобус, туку и во другите автобуси и останатите учесници во јавниот сообраќај биле директно загрозени од начинот на кој обвинетите ги извршувале своите законски обврски, истакнува јавниот обвинител во жалбата.
Тој потсетува дека во континуитет предметниот автобус бил прогласуван за технички исправен иако воопшто не бил прегледуван, а 16 дена по последниот наводно извршен технички преглед, превозникот „Дурмо турс” вршел јавен превоз на патници со тој автобус без да биде сообраќајно регистриран. Манипулација со брзината на движење и „штелување” на тахометрите, за да не се плаќаат казни не само на предметниот автобус, туку и на други автобуси, било исто така прифатено како правило. -Имајќи го предвид степенот на кривична одговорност и придонесот кој го имал секој од обвинетите во настапување на тешките последици, јавниот обвинител ја обжали пресудата, соопштува Обвинителството.
Како што дополнува, за возачот М.Т. според надлежниот обвинител соодветна е високата затворска казна со оглед на неговата одговорност, но и непокажаното жалење за тешките последици во текот на судскиот процес. За обвинетиот Ј.Б. чиј придонес за несреќата бил најмал, јавниот обвинител оцени дека е доволна определената затворска казна. За останатите четворица, не е извршено санкционирање сразмерно со тежината на делото, јачината на загрозувањето на заштитните добра, како и степенот на кривична одговорност кај обвинетите чии пропусти доведоа до најтешките човечки загуби во патниот сообраќај на територијата на нашата држава. Од тие причини, за овие обвинети, јавниот обвинител предлага Апелациониот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност, се наведува во соопштението.

The post ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс” appeared first on Република.

]]>
Дочекавме: Денеска пресуда за трагедијата кај Ласкарци со автобусот на „Дурмо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dochekavme-deneska-presuda-za-tragedijata-kaj-laskartsi-so-avtobusot-na-durmo/ Thu, 25 Jan 2024 07:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=736537

 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, а во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Во случајот се обвинети сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, кои се товарат за соучество во истото дело.

Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.

Во доказната постапка од процесот беа изведени повеќе вербални и материјални докази, а беше направено вештачење и супервештачење.

Одбраната на обвинетите во завршните зборови потенцираше дека во доказната постапка не се докажал товарот што им се става на товар на секој од обвинетите посебно и побараа ослободителна пресуда.

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, од друга страна, во своите завршни зборови побара најстрога казна, бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска. Пресудата треба да биде објавена во 12 часот.

The post Дочекавме: Денеска пресуда за трагедијата кај Ласкарци со автобусот на „Дурмо“ appeared first on Република.

]]>

 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, а во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени. Во случајот се обвинети сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, кои се товарат за соучество во истото дело. Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години. Во доказната постапка од процесот беа изведени повеќе вербални и материјални докази, а беше направено вештачење и супервештачење. Одбраната на обвинетите во завршните зборови потенцираше дека во доказната постапка не се докажал товарот што им се става на товар на секој од обвинетите посебно и побараа ослободителна пресуда. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, од друга страна, во своите завршни зборови побара најстрога казна, бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“. Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа. Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска. Пресудата треба да биде објавена во 12 часот.

The post Дочекавме: Денеска пресуда за трагедијата кај Ласкарци со автобусот на „Дурмо“ appeared first on Република.

]]>
„Дурмо турс“ дојде до завршни зборови https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/durmo-turs-dojde-do-zavrshni-zborovi/ Tue, 26 Dec 2023 07:18:22 +0000 https://republika.mk/?p=726676

Со завршни зборови на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени.

На денешната расправа, како што е најавено, завршен збор треба да даде одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски,  петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски.

На минатото рочиште, завршни зборови даваа бранителите на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски.

Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“ ниту еден доказ не докажал дека се исполнува битието на обвиението што му се става на товар на обвинетиот.

Бранителката на третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, двокатката, Ружа Томеска, исто така потенцираше дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека Ѓорѓиевски го сторил делото што му се става на товар и побара ослободителна пресуда.

Второ и третообвинетиот се приклучија кон завршните зборови на нивните бранители.

Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули.

Јакимовски побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.

Бранителите на првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, во завршните зборови наведоа дека во постапката не се долажало ниту едно дејствие за кое е обвинет сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во чиј автобус при незгодата загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

The post „Дурмо турс“ дојде до завршни зборови appeared first on Република.

]]>

Со завршни зборови на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени. На денешната расправа, како што е најавено, завршен збор треба да даде одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски,  петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски. На минатото рочиште, завршни зборови даваа бранителите на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски. Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“ ниту еден доказ не докажал дека се исполнува битието на обвиението што му се става на товар на обвинетиот. Бранителката на третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, двокатката, Ружа Томеска, исто така потенцираше дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека Ѓорѓиевски го сторил делото што му се става на товар и побара ослободителна пресуда. Второ и третообвинетиот се приклучија кон завршните зборови на нивните бранители. Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули. Јакимовски побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“. Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа. Бранителите на првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, во завршните зборови наведоа дека во постапката не се долажало ниту едно дејствие за кое е обвинет сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во чиј автобус при незгодата загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години. Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

The post „Дурмо турс“ дојде до завршни зборови appeared first on Република.

]]>
Речиси го заборавивме овој случај: Завршни зборови за „Дурмо турс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rechisi-go-zaboravivme-ovoj-sluchaj-zavrshni-zborovi-za-durmo-turs/ Thu, 14 Dec 2023 07:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=722726

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Завршни зборови денеска треба да даде Јавниот обвинител, потоа и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судењето започна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите во Кривичен се однесуваа на супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Потоа Бирото за судски вештачења формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичен пристигна по една година, во декември 2022

The post Речиси го заборавивме овој случај: Завршни зборови за „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Завршни зборови денеска треба да даде Јавниот обвинител, потоа и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судењето започна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите во Кривичен се однесуваа на супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Потоа Бирото за судски вештачења формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичен пристигна по една година, во декември 2022

The post Речиси го заборавивме овој случај: Завршни зборови за „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>
Судот ги одби прашањата на адвокатот на возачот на комбниот автобус на „Дурмо турс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-gi-odbi-prashanata-na-advokatot-na-vozachot-na-kombniot-avtobus-na-durmo-turs/ Tue, 31 Oct 2023 14:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=696725

Во Основниот кривичен суд Скопје, во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, денеска беше испитан вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење.

На денешната расправа, адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот, постави повеќе прашања во врска со исказите на повеќемина сведоци чии што изјави, според него, не кореспондираат со наодите од вештачењето.

Овие прашања судот ги одби од причина што вештите лица посочија дека сите изјави од сведоците ги земале предвид, но материјалните траги за траекторијата на движење на автобусот им биле приоритет.

Судот ќе ги цени сите искази дадени на главната расправа, сите 36 патници, оштетени, 11 очевидци и на сите законски застапници, потенцираше судијката Диана Груевска Илиевска.

На денешното рочиште беше презентирано и видеото кое вештите лица го направиле како експеримент со цел да ја утврдат траекторијата на движење на автобусот во моментот на несреќата.

Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. Испитувањето на сообраќајните супервештаци започна во мај годинава.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

По пристигнувањето на супервештачењето во Кривичен во декември лани, настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска. Застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Судот ги одби прашањата на адвокатот на возачот на комбниот автобус на „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје, во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, денеска беше испитан вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење. На денешната расправа, адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот, постави повеќе прашања во врска со исказите на повеќемина сведоци чии што изјави, според него, не кореспондираат со наодите од вештачењето. Овие прашања судот ги одби од причина што вештите лица посочија дека сите изјави од сведоците ги земале предвид, но материјалните траги за траекторијата на движење на автобусот им биле приоритет.
Судот ќе ги цени сите искази дадени на главната расправа, сите 36 патници, оштетени, 11 очевидци и на сите законски застапници, потенцираше судијката Диана Груевска Илиевска.
На денешното рочиште беше презентирано и видеото кое вештите лица го направиле како експеримент со цел да ја утврдат траекторијата на движење на автобусот во моментот на несреќата. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. Испитувањето на сообраќајните супервештаци започна во мај годинава. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. По пристигнувањето на супервештачењето во Кривичен во декември лани, настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска. Застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Судот ги одби прашањата на адвокатот на возачот на комбниот автобус на „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>
Се сеќавате на Ласкарци и „Дурмо турс“?: Судењето уште трае https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-sekavate-na-laskartsi-i-durmo-turs-sudeneto-ushte-trae/ Thu, 19 Oct 2023 10:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=692787

Во основниот кривичен суд Скопје во врска со автобуската несреќа кај селот Ласкарци денеска беше испитувано вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот, денеска продолжи да го испитува вештото лице Љупчо Постолов.

Прашан дали 1,67 секунди не се доволни за сопирање, но е доволно за реакција на воланот и насочување на воланот кон десно, тој одговори дека неколку пати нагласиле дека од возачот на автобусот немало никаква реакција.

Во врска со тоа дека воланот по незгодата е најден завртен во десно, прашан дали во предметот сретнале фотографија каде што воланот е фотографиран во позиција за движење право, тој одговори дека во крајната положба воланот е во деформирана состојба.

- Таква фотографија нема, но објаснив дека сите фотографии каде што е воланот свртен кон десно може да биле од многу други причини и деформации, рече вештакот.

Прашан дали АБС системот на овој автобус бил исправен на денот на незгодата, тој одговори не.

- Според машинските согледувања, АБС системот не бил исправен, односно била пресечена жицата што е поврзана со уредите, одговори тој.

На прашањето дали таа неисправност на АБС системот била кај едно од тркалата, или кај сите тркала, тој одговори кај сите.

Прашан дали со ваков неисправен АБС систем за кочење, овој автобус смеел да биде пуштен во сообраќај и да превезува патници на ден 13.2.2019 година од страна на одговорните лица на превозникот Дурмо Турс, тој одговори дека не би требало.

- Сметам дека не би требало, бидејќи секоја неисправност која би се утврдила на техничкиот преглед, пред да биде пуштен автобусот во сообраќаен промет, требало да биде отстранета, рече вештакот.

[caption id="attachment_27823" align="alignnone" width="571"] (фото: МИА)[/caption]

Прашан дали при ваков неисправен АБС систем, при максимално кочење со ножната кочница, може да дојде до тоа предните тркала на автобусот да не се управуваат, тој одговори дека АБС системот немал никакво влијание ниту е во причинска врска за случување на сообраќајната незгода.

Сослушувањето на супервештаците се одвива веќе подолго време. На последните рочишта бранителот на шестообвинетиот - возач на автобусот, постави повеќе прашања во однос на настанувањето на несреќата и техничката неисправност на автобусот, на кои на најголем дел имаше приговори од страна на бранителите на останатите обвинети, според кои, прашањата се повторуваат.

Обвинителот на денешното рочиште рече дека стратегијата на бранителите на останатите обвинети е да ја префрлат одговорноста на возачот, на што, тие одговорија дека е недозволиво јавен обвинител, изјавувајќи такво нешто, да се става во улога на бранител на обвинет.

Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. Судењето продолжува на 31 октомври.

The post Се сеќавате на Ласкарци и „Дурмо турс“?: Судењето уште трае appeared first on Република.

]]>

Во основниот кривичен суд Скопје во врска со автобуската несреќа кај селот Ласкарци денеска беше испитувано вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот, денеска продолжи да го испитува вештото лице Љупчо Постолов. Прашан дали 1,67 секунди не се доволни за сопирање, но е доволно за реакција на воланот и насочување на воланот кон десно, тој одговори дека неколку пати нагласиле дека од возачот на автобусот немало никаква реакција. Во врска со тоа дека воланот по незгодата е најден завртен во десно, прашан дали во предметот сретнале фотографија каде што воланот е фотографиран во позиција за движење право, тој одговори дека во крајната положба воланот е во деформирана состојба. - Таква фотографија нема, но објаснив дека сите фотографии каде што е воланот свртен кон десно може да биле од многу други причини и деформации, рече вештакот. Прашан дали АБС системот на овој автобус бил исправен на денот на незгодата, тој одговори не.
- Според машинските согледувања, АБС системот не бил исправен, односно била пресечена жицата што е поврзана со уредите, одговори тој.
На прашањето дали таа неисправност на АБС системот била кај едно од тркалата, или кај сите тркала, тој одговори кај сите. Прашан дали со ваков неисправен АБС систем за кочење, овој автобус смеел да биде пуштен во сообраќај и да превезува патници на ден 13.2.2019 година од страна на одговорните лица на превозникот Дурмо Турс, тој одговори дека не би требало.
- Сметам дека не би требало, бидејќи секоја неисправност која би се утврдила на техничкиот преглед, пред да биде пуштен автобусот во сообраќаен промет, требало да биде отстранета, рече вештакот.
[caption id="attachment_27823" align="alignnone" width="571"] (фото: МИА)[/caption] Прашан дали при ваков неисправен АБС систем, при максимално кочење со ножната кочница, може да дојде до тоа предните тркала на автобусот да не се управуваат, тој одговори дека АБС системот немал никакво влијание ниту е во причинска врска за случување на сообраќајната незгода. Сослушувањето на супервештаците се одвива веќе подолго време. На последните рочишта бранителот на шестообвинетиот - возач на автобусот, постави повеќе прашања во однос на настанувањето на несреќата и техничката неисправност на автобусот, на кои на најголем дел имаше приговори од страна на бранителите на останатите обвинети, според кои, прашањата се повторуваат. Обвинителот на денешното рочиште рече дека стратегијата на бранителите на останатите обвинети е да ја префрлат одговорноста на возачот, на што, тие одговорија дека е недозволиво јавен обвинител, изјавувајќи такво нешто, да се става во улога на бранител на обвинет. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. Судењето продолжува на 31 октомври.

The post Се сеќавате на Ласкарци и „Дурмо турс“?: Судењето уште трае appeared first on Република.

]]>
Уште се суди за автобусот на „Дурмо турс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-se-sudi-za-avtobusot-na-durmo-turs/ Tue, 30 May 2023 13:20:22 +0000 https://republika.mk/?p=646152

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 8 јуни откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше сослушан сведокот Јакуп Мамути, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење.

Во првиот дел, јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, го испрашуваше вештото лице Јакуп Мамути во однос на супервештачењето, за кое, вештото лице изјави дека го работеле помалку од една година. По паузата, се продолжи со испитување на истото вешто лице на прашања кои беа во голем дел одбиени од Судот, а се однесуваа на лиценцата на вештакот Мамути.

Покрај Јакуп Мамути и Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење е и вештакот Незат Зеќир.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, кое, според вештаците утврдило дека автобуската несреќа не е од машинска природа.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, пак, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата којшто започна во септември 2019 година, го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски

The post Уште се суди за автобусот на „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 8 јуни откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше сослушан сведокот Јакуп Мамути, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење. Во првиот дел, јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, го испрашуваше вештото лице Јакуп Мамути во однос на супервештачењето, за кое, вештото лице изјави дека го работеле помалку од една година. По паузата, се продолжи со испитување на истото вешто лице на прашања кои беа во голем дел одбиени од Судот, а се однесуваа на лиценцата на вештакот Мамути. Покрај Јакуп Мамути и Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење е и вештакот Незат Зеќир. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, кое, според вештаците утврдило дека автобуската несреќа не е од машинска природа. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, пак, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата којшто започна во септември 2019 година, го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски

The post Уште се суди за автобусот на „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>
Алијанса за Албанците: Трагедијата во Ласкарци не добива судски епилог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-za-albancite-tragedijata-vo-laskarci-ne-dobiva-sudski-epilog/ Sun, 25 Sep 2022 12:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=554070

Трагедијата во Ласкарци којашто ги одзеде животите на 16 лица, а над 30 беа повредени, од кои огромно мнозинство од Гостивар, не добива судски епилог и вистината за овој случај се крие од членовите на семејството, велат во партиското соопштение од Алијанса на лбанците.

Но, и покрај обидите да се пролонгира правдата, дел од вистината сама излегува на виделина, додека кругот на тие коишто можеби се одговорни се повеќе се проширува. Деновиве дознаваме една голема и многу горчлива вистина за жителите на Гостивар. Според истражувањето на организацијата „Коалиција за правично судење“, произлегува дека овој случај и вистината со години ги влече владејачката албанска партија ДУИ преку еден нејзин функционер кој доаѓа од градот Гостивар.

По првото вештачење што беше направено за овој предмет, Судот наместо да излезе со правосилна пресуда, на 11 ноември 2021 година даде наредба за супер вештачење. Истото било побарано и од машинско-техничките факултети во земјава и сите, изненадувачки, одбиле, понекогаш велејќи дека немаат стручњаци, а понекогаш дека немаат што да понудат повеќе од првото вештачење. На крајот предметот завршува во Бирото за правни вештачења и таму се држи веќе 315 дена.

На иронија на судбината, директорот на Бирото за правни вештачења е Валдет Џафери, Претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар. По толку долго одложување, таквите кадри ќе требаше да бидат казнети и суспендирани од функцијата, но во овој случај Валдет Џафери беше награден со уште едно место, тоа на претседател на огранокот на ДУИ. Се прашуваме, на кого толку добро му послужи одолговлекувањето на вештачењето за да оваа личност заслужи вакво унапредување и награди!? Кој стои зад оваа трагедија што не дозволува казнување на вистинските виновници и се плаши тие да не издадат други имиња?, стои во соопштението.

The post Алијанса за Албанците: Трагедијата во Ласкарци не добива судски епилог appeared first on Република.

]]>

Трагедијата во Ласкарци којашто ги одзеде животите на 16 лица, а над 30 беа повредени, од кои огромно мнозинство од Гостивар, не добива судски епилог и вистината за овој случај се крие од членовите на семејството, велат во партиското соопштение од Алијанса на лбанците.
Но, и покрај обидите да се пролонгира правдата, дел од вистината сама излегува на виделина, додека кругот на тие коишто можеби се одговорни се повеќе се проширува. Деновиве дознаваме една голема и многу горчлива вистина за жителите на Гостивар. Според истражувањето на организацијата „Коалиција за правично судење“, произлегува дека овој случај и вистината со години ги влече владејачката албанска партија ДУИ преку еден нејзин функционер кој доаѓа од градот Гостивар. По првото вештачење што беше направено за овој предмет, Судот наместо да излезе со правосилна пресуда, на 11 ноември 2021 година даде наредба за супер вештачење. Истото било побарано и од машинско-техничките факултети во земјава и сите, изненадувачки, одбиле, понекогаш велејќи дека немаат стручњаци, а понекогаш дека немаат што да понудат повеќе од првото вештачење. На крајот предметот завршува во Бирото за правни вештачења и таму се држи веќе 315 дена. На иронија на судбината, директорот на Бирото за правни вештачења е Валдет Џафери, Претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар. По толку долго одложување, таквите кадри ќе требаше да бидат казнети и суспендирани од функцијата, но во овој случај Валдет Џафери беше награден со уште едно место, тоа на претседател на огранокот на ДУИ. Се прашуваме, на кого толку добро му послужи одолговлекувањето на вештачењето за да оваа личност заслужи вакво унапредување и награди!? Кој стои зад оваа трагедија што не дозволува казнување на вистинските виновници и се плаши тие да не издадат други имиња?, стои во соопштението.

The post Алијанса за Албанците: Трагедијата во Ласкарци не добива судски епилог appeared first on Република.

]]>
Не само што не се гледа крајот, туку судењето за „Ласкарци“ ќе треба да се врати на почеток https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-samo-shto-ne-se-gleda-krajot-tuku-sudenjeto-za-laskarci-kje-treba-da-se-vrati-na-pochetok/ Mon, 18 Apr 2022 13:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=490107

Не се ни гледа крајот на судскиот процес за утврдување на одговорност за автобуската трагедија кај Лаксарци, во која загинаа 16 патници, а 37 беа повредени од кои дел останаа доживотни инвалиди. Четири месеци откако судијата во предметот нареди супервештачење, тоа не е завршено, а не може ни да се претпостави колку ќе трае. „Алсат“ разговараше со носителот на супервештачењето, кој рече дека на предметот работат седум вештаци од сообраќајна и машинска област.

Со оглед на обемот на списите од судскиот предмет К.бр.1407/19, во моментот вештите лица работат на анализа на доставените материјали од Судот. По завршувањето со анализата на доставените материјали од Судот, вештите лица ќе донесат одлука за понатамошниот тек на постапката за вештачење, со цел обезбедување на сите потребни докази за изготвување на бараните супервештачења. Во оваа фаза од постапката за вештачење, не може да се предвиди со сигурност рокот за конечно изготвување на бараните супервештачења, вели Дамјан Мирчевски, носител на супер – вештачењето.

Во меѓувреме во Кривичниот суд за утре е закажно ново рочиште за случајот „Ласкарци“. Но, и тоа ќе се одложи, како сите преходни оваа година зашто се чека супер вештачењето побарано од Бирото за судски вештачење.

Штом ќе биде доставено, ќе биде изведено пред странките во постапката на главна расправа, а со тоа ќе заврши доказната постапка за случајот и ќе бидат закажани завршните зборови, наведуваат од Основниот кривичен суд.

Кога во судот ќе пристигне супервештачењето, случајот „Ласкарци“ ќе мора да се врати на самиот почеток, поради истек на 90 дена од последното рочиште. Од обвинетите и обвинителот зависи дали во Суд ќе се изведуваат повторно сите докази со нивно читање или судењето ќе продолжи онаму каде што застана – изведување на супервештачењето.

Автобусот на „Дурмо Турс“ се преврте на 13 февруари 2019 година. Обвинети се шест лица, меѓу кои газдата на фирмата и возачот на автобусот.

The post Не само што не се гледа крајот, туку судењето за „Ласкарци“ ќе треба да се врати на почеток appeared first on Република.

]]>

Не се ни гледа крајот на судскиот процес за утврдување на одговорност за автобуската трагедија кај Лаксарци, во која загинаа 16 патници, а 37 беа повредени од кои дел останаа доживотни инвалиди. Четири месеци откако судијата во предметот нареди супервештачење, тоа не е завршено, а не може ни да се претпостави колку ќе трае. „Алсат“ разговараше со носителот на супервештачењето, кој рече дека на предметот работат седум вештаци од сообраќајна и машинска област.
Со оглед на обемот на списите од судскиот предмет К.бр.1407/19, во моментот вештите лица работат на анализа на доставените материјали од Судот. По завршувањето со анализата на доставените материјали од Судот, вештите лица ќе донесат одлука за понатамошниот тек на постапката за вештачење, со цел обезбедување на сите потребни докази за изготвување на бараните супервештачења. Во оваа фаза од постапката за вештачење, не може да се предвиди со сигурност рокот за конечно изготвување на бараните супервештачења, вели Дамјан Мирчевски, носител на супер – вештачењето.
Во меѓувреме во Кривичниот суд за утре е закажно ново рочиште за случајот „Ласкарци“. Но, и тоа ќе се одложи, како сите преходни оваа година зашто се чека супер вештачењето побарано од Бирото за судски вештачење.
Штом ќе биде доставено, ќе биде изведено пред странките во постапката на главна расправа, а со тоа ќе заврши доказната постапка за случајот и ќе бидат закажани завршните зборови, наведуваат од Основниот кривичен суд.
Кога во судот ќе пристигне супервештачењето, случајот „Ласкарци“ ќе мора да се врати на самиот почеток, поради истек на 90 дена од последното рочиште. Од обвинетите и обвинителот зависи дали во Суд ќе се изведуваат повторно сите докази со нивно читање или судењето ќе продолжи онаму каде што застана – изведување на супервештачењето. Автобусот на „Дурмо Турс“ се преврте на 13 февруари 2019 година. Обвинети се шест лица, меѓу кои газдата на фирмата и возачот на автобусот.

The post Не само што не се гледа крајот, туку судењето за „Ласкарци“ ќе треба да се врати на почеток appeared first on Република.

]]>