дупки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dupki/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 11:27:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дупки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dupki/ 32 32 „Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nedela-neraboten-den-pochnuva-da-pronaogja-zakonski-dupki/ Tue, 24 May 2022 15:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=505915

„Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ затоа што не им одговара на сите.

На барање на трговците и дел од занаетчиите, нема да важи за туристичките места. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Трговците бараат законот да се смени и да можат да работат во недела особено сега, за време на летната сезона.

Бектеши веќе предложил до Собранието измени за Законот за трговија, со кои се дозволува работа во неделите и празниците во туристичките места.

Постојат дејности кои се под занаетчиство, тоа се фризери и шминкери. Нивната дејност е поврзана со свадби и прослави. Посебно шминкерите работат единствено во сабота и недела. Останатите денови тие речиси и немаат работа. Ако не ја работат неделата практично би требало да не работат воопшто. Требаше добро да истражат и да направат категории. Не може се во еден кош, ова е ставот на дел од занаетчиите во оваа сфера кои исто така бараат да бидат изземени од законот за недела-неработен ден.

The post „Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ appeared first on Република.

]]>

„Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ затоа што не им одговара на сите. На барање на трговците и дел од занаетчиите, нема да важи за туристичките места. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Трговците бараат законот да се смени и да можат да работат во недела особено сега, за време на летната сезона. Бектеши веќе предложил до Собранието измени за Законот за трговија, со кои се дозволува работа во неделите и празниците во туристичките места.
Постојат дејности кои се под занаетчиство, тоа се фризери и шминкери. Нивната дејност е поврзана со свадби и прослави. Посебно шминкерите работат единствено во сабота и недела. Останатите денови тие речиси и немаат работа. Ако не ја работат неделата практично би требало да не работат воопшто. Требаше добро да истражат и да направат категории. Не може се во еден кош, ова е ставот на дел од занаетчиите во оваа сфера кои исто така бараат да бидат изземени од законот за недела-неработен ден.

The post „Недела-неработен ден“ почнува да пронаоѓа „законски дупки“ appeared first on Република.

]]>
Се санираат ударни дупки и оштетени улици во општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-saniraat-udarni-dupki-i-oshteteni-ulici-vo-opshtina-aerodrom/ Wed, 13 Apr 2022 09:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=487779

Службите на Општина Аеродром во изминатиот период извршија тековна санација на ударни дупки, прекопи, како и оштетени улици и тротоари, кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот и безбедното движење на пешаците.

Оваа тековна активност на општинските служби ќе опфати санација на делови од 30 улици, паркинзи и тротоари низ Аеродром, за што вкупната сума изнесува речиси 700.000 денари, информираат од општина Аеродром.

 

The post Се санираат ударни дупки и оштетени улици во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Службите на Општина Аеродром во изминатиот период извршија тековна санација на ударни дупки, прекопи, како и оштетени улици и тротоари, кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот и безбедното движење на пешаците. Оваа тековна активност на општинските служби ќе опфати санација на делови од 30 улици, паркинзи и тротоари низ Аеродром, за што вкупната сума изнесува речиси 700.000 денари, информираат од општина Аеродром.  

The post Се санираат ударни дупки и оштетени улици во општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Се санираат оштетувања на булеварите низ градот Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-saniraat-oshtetuvanja-na-bulevarite-niz-gradot-skopje/ Sun, 06 Feb 2022 10:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=454698

Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар Осми септември и булевар Борис Трајковски (нас. Пинтија кон нас. Драчево).

Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје.

The post Се санираат оштетувања на булеварите низ градот Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар Осми септември и булевар Борис Трајковски (нас. Пинтија кон нас. Драчево). Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје.

The post Се санираат оштетувања на булеварите низ градот Скопје appeared first on Република.

]]>