дупка без дно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dupka-bez-dno/ За подобро да се разбереме Thu, 19 May 2022 19:44:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дупка без дно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dupka-bez-dno/ 32 32 Кадиевска Војновиќ: Една од причините за протестот на 18 јуни е економијата, оваа Влада го направи буџетот како дупка без дно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kadievska-vojnovikj-edna-od-prichinite-za-protestot-na-18-juni-e-ekonomijata-ovaa-vlada-go-napravi-budzetot-kako-dupka-bez-dno/ Thu, 19 May 2022 19:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=504587

На 18 јуни е најавен голем протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ, впрочем една од причините е економијата. Покрај многубројните причини затоа што ВМРО-ДПМНЕ се залага за предвремени парламентарни избори има многу економски аргументи. Избори ни требаат затоа што оваа влада е една од најлошите влади во справување со економските кризи, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ за „Бизнис Плус“ на МРТ.

Таа истакна дека ако имаме успешна влада со успешни мерки и навремени, тогаш граѓаните помалку ќе ги чувствуваат кризите, ние немаме успешна влада и мерките се задоцнети затоа, нормално е дека народот ќе ги чувствува тешките економски последици.

Оваа влада го направи буџетот како дупка без дно. Државава оствари пад на БДП од 6,1% во 2020 година што е второ најниско остварување. Она што нас не плаши дека оваа влада само за 2020 и 2021 акумулира долг од 1,6 милијарди евра и тоа огромна сума, а со 2022 за три години тоа ќе биде 2,3 милијарди евра долг. И не се знае каде се парите, рече Кадиевска Војновиќ.

Таа укажа дека ВМРО-ДПМНЕ постојано алармира, дава предлози, но оваа влада не само што не ги прифаќа предлозите, туку нема капацитет однапред да ги следи економските ситуации и затоа трпат и граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет навестуваше дека ни следи период на инфлација. Но власта тоа што не го гледа навремено е да ги види економските бури што доаѓаат. Инфлацијата во Македонија започна уште со зголемувањето на електричната енергија за 7% во 2020 година и се разгори во средината на 2021 година. Тогаш власта кажуваше дека се е под контрола. Ако признаеја тогаш можеби навремено ќе реагираа, изјави Кадиевска Војновиќ.

Таа посочи дека власта исто така не ја послуша ВМРО-ДПМНЕ да се замрзнат цените на прехранбените производи и истата мерка ја донесоа доцна кога веќе растот на цените беше огромен, наместо да ја донесоа навреме за да нема ценовен шок.

Ние први повикавме на ДДВ-то на храната да го намалат на нула. Први повикавме да се намалат акцизите. Ние како опозиција имавме мерки и им ги укажувавме. Ние први алармиравме за стоковите резерви и уште не знаеме дали владата ги наполни резервите. Знаеме дека најголеми извозници на пченка и пченица се Украина и Русија и дали владата се спремила за тоа, колку хектари субвенционираше? Не се реагира навремено, потенцираше Кадиевска Војновиќ.

The post Кадиевска Војновиќ: Една од причините за протестот на 18 јуни е економијата, оваа Влада го направи буџетот како дупка без дно appeared first on Република.

]]>

На 18 јуни е најавен голем протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ, впрочем една од причините е економијата. Покрај многубројните причини затоа што ВМРО-ДПМНЕ се залага за предвремени парламентарни избори има многу економски аргументи. Избори ни требаат затоа што оваа влада е една од најлошите влади во справување со економските кризи, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ за „Бизнис Плус“ на МРТ. Таа истакна дека ако имаме успешна влада со успешни мерки и навремени, тогаш граѓаните помалку ќе ги чувствуваат кризите, ние немаме успешна влада и мерките се задоцнети затоа, нормално е дека народот ќе ги чувствува тешките економски последици.