дуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dup/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 16:53:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дуп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dup/ 32 32 600 нови паркинг места за Клинички центар: Општина Центар го усвои новиот ДУП за локалитет Клинички центар и Геолошки завод https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/600-novi-parking-mesta-za-klinichki-tsentar-opshtina-tsentar-go-usvoi-noviot-dup-za-lokalitet-klinichki-tsentar-i-geoloshki-zavod/ Fri, 09 Feb 2024 16:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=742293

Советот на Општина Центар, на седница го усвои новиот Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 21 - локалитет Геолошки завод и локалитет Клинички блок, кој предвидува повеќе зеленило, проширување на пристапните и внатрешните улици со тротоари, детска градинка и 600 нови паркинг места за посетителите на Клинички центар.

Од Општина Центар соопштуваат дека во рамки на усвоениот ДУП планиран е и нов локален парк на површина од 1013 метри квадратни, а дел од локациите кои се во државна сопственост се искористени за заштитно зеленило и мали паркчиња. Вкупната површина под заштитно зеленило во рамки на опфатот изнесува 1554 метри квадратни, а под паркови 3950 метри квадратни.

Ги потсетувам советниците дека овој ДУП се носи девет години. Голем број граѓани, вклучувајќи ги и министерствата веќе долго време чекаа да се донесе истиот. Вложено е многу енергија од нашиот Сектор за урбанизам. Верувам дека направивме убав простор што ќе биде од големо значење за граѓаните, кои толку години чекаа да се донесе овој ДУП, истакна градоначалникот Герасимовски по презентирањето на деталниот урбанистички план пред советниците.

Планот е усогласен со ГУП на Град Скопје 2012-2022, како и со ажурирани катастарски подлоги, со што се олеснува понатамошното спроведување на планската документација.

The post 600 нови паркинг места за Клинички центар: Општина Центар го усвои новиот ДУП за локалитет Клинички центар и Геолошки завод appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Центар, на седница го усвои новиот Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 21 - локалитет Геолошки завод и локалитет Клинички блок, кој предвидува повеќе зеленило, проширување на пристапните и внатрешните улици со тротоари, детска градинка и 600 нови паркинг места за посетителите на Клинички центар. Од Општина Центар соопштуваат дека во рамки на усвоениот ДУП планиран е и нов локален парк на површина од 1013 метри квадратни, а дел од локациите кои се во државна сопственост се искористени за заштитно зеленило и мали паркчиња. Вкупната површина под заштитно зеленило во рамки на опфатот изнесува 1554 метри квадратни, а под паркови 3950 метри квадратни.
Ги потсетувам советниците дека овој ДУП се носи девет години. Голем број граѓани, вклучувајќи ги и министерствата веќе долго време чекаа да се донесе истиот. Вложено е многу енергија од нашиот Сектор за урбанизам. Верувам дека направивме убав простор што ќе биде од големо значење за граѓаните, кои толку години чекаа да се донесе овој ДУП, истакна градоначалникот Герасимовски по презентирањето на деталниот урбанистички план пред советниците.
Планот е усогласен со ГУП на Град Скопје 2012-2022, како и со ажурирани катастарски подлоги, со што се олеснува понатамошното спроведување на планската документација.

The post 600 нови паркинг места за Клинички центар: Општина Центар го усвои новиот ДУП за локалитет Клинички центар и Геолошки завод appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара да одговараат сите кои учествувале во носењето на ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол, а Советот да биде распуштен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-da-odgovaraat-site-koi-uchestvuvale-vo-noseneto-na-dup-ot-so-benzinskata-na-putsko-petrol-a-sovetot-da-bide-raspushten/ Fri, 04 Aug 2023 16:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=668804

Државната комисија за спречување корупција во случајот на ДУП за Градска четврт 304 на Општина Карпош утврди сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и овластувања и поткуп. Според она што го откриле, сметаат дека планот е донесен спротивно на ГУП-от и дека постојат траги на корупција пред да биде вцртана маркица за бензинска пумпа којашто парцела ја купи Пуцко петрол, објави Телма.

Парцелата се наоѓа во близина на салата Борис Трајковски, на паркингот меѓу базенот Карпош и хотелот Александар Палас.

Комисијата ќе достави иницијатива до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план кој го опфаќа просторот помеѓу булеварите Илинден, 8 Септември, реката Вардар и улица Љубљанска, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставен суд на РСМ.

Покрај ова ДКСК до Министерство за локална самоуправа ќе достави претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно со член 75 од Законот за локалната самоуправа.

Откриени се и нелегални кредитни активности.

ЗА ОСТАНАТИТЕ СОЗНАНИЈА НА ДКСК КОИ УПАТУВААТ НА СОМНЕЖИ ЗА ПРИКРИЕНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ НА ДЕЛОВНА БАНКА ПРЕКУ КОМЕРЦИЈАЛЕН ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ – ТРГОВСКО ДРУШТВО, КАКО И СОМНЕЖИ ЗА НЕУСОГЛАСЕНОСТ СО ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА, ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ ПРЕТСТАВКИ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ – СООПШТУВААТ ОД АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА.

Предметот бил оформен во март минатата година врз основа на поднесена пријава од непознат подносител, за сомнежи за неуставно и незаконски донесен ДУП за коруптивни цели од страна на Советот на Општина Карпош и градоначалникот Стефчo Јакимовски. Покрај тоа, како што било наведено во пријавата, овој ДУП не бил во согласност со ГУП на Град Скопје, дека еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, дека плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, дека не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица.

Сепак земјиштето билo продадено на „Пуцко Петрол“ ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

The post Антикорупциска бара да одговараат сите кои учествувале во носењето на ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол, а Советот да биде распуштен appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување корупција во случајот на ДУП за Градска четврт 304 на Општина Карпош утврди сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и овластувања и поткуп. Според она што го откриле, сметаат дека планот е донесен спротивно на ГУП-от и дека постојат траги на корупција пред да биде вцртана маркица за бензинска пумпа којашто парцела ја купи Пуцко петрол, објави Телма. Парцелата се наоѓа во близина на салата Борис Трајковски, на паркингот меѓу базенот Карпош и хотелот Александар Палас. Комисијата ќе достави иницијатива до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план кој го опфаќа просторот помеѓу булеварите Илинден, 8 Септември, реката Вардар и улица Љубљанска, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставен суд на РСМ. Покрај ова ДКСК до Министерство за локална самоуправа ќе достави претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно со член 75 од Законот за локалната самоуправа. Откриени се и нелегални кредитни активности.
ЗА ОСТАНАТИТЕ СОЗНАНИЈА НА ДКСК КОИ УПАТУВААТ НА СОМНЕЖИ ЗА ПРИКРИЕНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ НА ДЕЛОВНА БАНКА ПРЕКУ КОМЕРЦИЈАЛЕН ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ – ТРГОВСКО ДРУШТВО, КАКО И СОМНЕЖИ ЗА НЕУСОГЛАСЕНОСТ СО ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА, ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ ПРЕТСТАВКИ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ – СООПШТУВААТ ОД АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА.
Предметот бил оформен во март минатата година врз основа на поднесена пријава од непознат подносител, за сомнежи за неуставно и незаконски донесен ДУП за коруптивни цели од страна на Советот на Општина Карпош и градоначалникот Стефчo Јакимовски. Покрај тоа, како што било наведено во пријавата, овој ДУП не бил во согласност со ГУП на Град Скопје, дека еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, дека плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, дека не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица. Сепак земјиштето билo продадено на „Пуцко Петрол“ ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок. Целиот текст можете да го прочитате тука.

The post Антикорупциска бара да одговараат сите кои учествувале во носењето на ДУП-от со бензинската на Пуцко петрол, а Советот да биде распуштен appeared first on Република.

]]>
ДУП-от за Буњаковец пред Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dup-ot-za-bunakovets-pred-ustaven-sud/ Thu, 20 Jul 2023 09:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=663431

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар и адвокатката Сузана Јошевска од Скопје на 14 јули поднесоа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на деталниот урбанистички план за Буњаковец во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“, со цел да го спречат неговото понатамошно спроведување што ќе нанесе штета на јавниот интерес.

Според законот за урбанистичко планирање, деталните урбанистички планови треба да бидат во согласност со генералните урбанистички планови, а тоа не е случај со планот за Буњаковец.

Генералниот урбанистички план има за цел да обезбеди хумани услови за живеење и работа на граѓаните, со почитување на стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, со рационално користење на просторот, заштита на животната средина и одржлив развој.

Планот за Буњаковец, спротивно, предизвикува ризици за здравјето, безбедноста на локалната заедница и квалитетот на живот. Во ДУП-от за Буњаковец се отсликува практиката на планирање од изминатава деценија, а со главен белег на зголемување на површините за домување и бројот на жители. Истовремено, се намалуваат површините под зеленило, јавните површини и објектите со социјална или образовна намена. Затоа, Шанса за Центар и адвокатката Јошевска бараат од Уставниот суд да го стави вон сила и да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина.

Да ја потсетиме јавноста дека овој план предвидува изградба на нови објекти на подрачјето на поранешната фабрика „Треска“, што би значело уништување на просторот и реализирање на т.н. „наполитанки„ предвидени со планот против кој застана и самата општина и подготви елаборат за суспензија. Претходното раководство на општината се обиде со институционани механизми како мораториумот и суспензијата да го стопира реализирањето на овој план, а со поддршка на еминентни професионалци од областа се направи урбанистички конкурс за уредување на овој значаен простор. Но промената на власта во Центар, и доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски ги запре и прекина сите заложби за похумано уредување на овој простор и отвори простор за инвеститорско – профитерските спреги да се стават над јавниот интерес.

Жално е што во период кога светот сѐ повеќе се врти кон одржливо искористување на просторот, планирање на градовите за безбедно, спокојно и достоинствено живеење на луѓето, кај нас се прават планови во кои се важни интересите само на малкумина. Најтажно е што и властите развојот на просторот го третираат само како можност за полнење на општинската каса, еднократен приход со кој ќе се „преживее“ годината и ќе се покријат неколку проекти, но и непродуктивните трошоци и вработувања.

Оваа кусогледост остава несогледлива штета за идните генерации. Погрешното уредување на просторот нема да може да се поправи лесно и едноставно. Станува збор за необновлив ресурс, кој што е трајно загубен кога еднаш е веќе погрешно испланиран и искористен, велат од Граѓанска иницијатива Шанса за Центар

The post ДУП-от за Буњаковец пред Уставен суд appeared first on Република.

Падна првиот ДУП во Општина Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/padna-prviot-dup-vo-opshtina-karposh/ Wed, 05 Jul 2023 13:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=658412

Падна првиот ДУП во Општина Карпош, соопшти советникот Роберт Вељановски, кој сподели дека со 0 гласа ЗА, 17 гласа ПРОТИВ и 0 гласа воздржани, Советот на општина Карпош НЕ ГО ИЗГЛАСА ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје.

Жалам што нема да видите снимка од 30-тата седница на Советот на општина Карпош. Градоначалникот ги повлече сите служби од седницата. Толку од демократијата и поимањето што е тоа демократија, вели Вељановски.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски утрово во обраќање во живо рече дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради, но нема да има рушење на фонтана и детско игралиште, но револтирани граѓани, како што беше најавено, го пречекаа пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент каде што се одржувше седницата.

https://republika.mk/vesti/skopje/dali-vredi-jakimovski-za-3-zgradi-i-profit-da-se-unishtuva-zhivotot-na-3-000-zhiteli-od-vashata-opshtina/

Иако уште пред да започне утврдувањето на дневниот ред Јакимовски рече дека ги повлекува сите предложени точки на седницата и замина од седницата, тие повторно беа предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека застануваат зад граѓаните и дека ќе гласаат против овој ДУП.

Во овој предлог ДУП се предвидуваат три нови згради единаесеткатница, седумкатница и шесткатница. Се одзема дел од постоечките гаражи кои се приватна сопственост на граѓаните со цел да се удоволи на градежната мафија за да добие фреквентна сервисна улица за да биде во сервис на новите згради. Се уништува зеленило за катна гаража која е предвидена на постоечки паркинг простор, а која е предвидена за да може планот да се нарече развоен, изјави Адријана Јакимовска Панчевска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Падна првиот ДУП во Општина Карпош appeared first on Република.

]]>

Падна првиот ДУП во Општина Карпош, соопшти советникот Роберт Вељановски, кој сподели дека со 0 гласа ЗА, 17 гласа ПРОТИВ и 0 гласа воздржани, Советот на општина Карпош НЕ ГО ИЗГЛАСА ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје.
Жалам што нема да видите снимка од 30-тата седница на Советот на општина Карпош. Градоначалникот ги повлече сите служби од седницата. Толку од демократијата и поимањето што е тоа демократија, вели Вељановски.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски утрово во обраќање во живо рече дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради, но нема да има рушење на фонтана и детско игралиште, но револтирани граѓани, како што беше најавено, го пречекаа пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент каде што се одржувше седницата. https://republika.mk/vesti/skopje/dali-vredi-jakimovski-za-3-zgradi-i-profit-da-se-unishtuva-zhivotot-na-3-000-zhiteli-od-vashata-opshtina/ Иако уште пред да започне утврдувањето на дневниот ред Јакимовски рече дека ги повлекува сите предложени точки на седницата и замина од седницата, тие повторно беа предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека застануваат зад граѓаните и дека ќе гласаат против овој ДУП.
Во овој предлог ДУП се предвидуваат три нови згради единаесеткатница, седумкатница и шесткатница. Се одзема дел од постоечките гаражи кои се приватна сопственост на граѓаните со цел да се удоволи на градежната мафија за да добие фреквентна сервисна улица за да биде во сервис на новите згради. Се уништува зеленило за катна гаража која е предвидена на постоечки паркинг простор, а која е предвидена за да може планот да се нарече развоен, изјави Адријана Јакимовска Панчевска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Падна првиот ДУП во Општина Карпош appeared first on Република.

]]>
Ги послушаа жителите: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП-от за дел од Лисиче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gi-poslushaa-zhitelite-opshtina-aerodrom-izgotvuva-vtora-verzija-na-dup-ot-za-del-od-lisiche/ Tue, 13 Jun 2023 08:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=650726

Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, информираат од општината.

Се додава дека Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета.

По завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план, кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите.

Интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки во Општина Аеродром, вклучително и оние од областа на урбанизмот. Одлуките кои ги носи Општина Аеродром имаат единствена цел, решавање на клучните проблеми и подигнување на квалитетот на живеење во општината. Финалната верзија на Деталниот урбанистички план за овој дел од општината ќе биде направен, во согласност со потребите и барањата на граѓаните, стои во соопштението на општина Аеродром.

Иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ најави протест против бетонизација на населбата. Протестот ќе се одржи на булеварот Србија на 14 јуни, среда, со почеток во 17.30 часот.

The post Ги послушаа жителите: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП-от за дел од Лисиче appeared first on Република.

]]>

Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, информираат од општината. Се додава дека Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета. По завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план, кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите. Интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки во Општина Аеродром, вклучително и оние од областа на урбанизмот. Одлуките кои ги носи Општина Аеродром имаат единствена цел, решавање на клучните проблеми и подигнување на квалитетот на живеење во општината. Финалната верзија на Деталниот урбанистички план за овој дел од општината ќе биде направен, во согласност со потребите и барањата на граѓаните, стои во соопштението на општина Аеродром. Иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ најави протест против бетонизација на населбата. Протестот ќе се одржи на булеварот Србија на 14 јуни, среда, со почеток во 17.30 часот.

The post Ги послушаа жителите: Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП-от за дел од Лисиче appeared first on Република.

]]>
Избришана бензинската на „Пуцко петрол“: Уставниот суд ја укина одлуката за ДУП-от во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/izbrishana-benzinskata-na-putsko-petrol-ustavniot-sud-ja-ukina-odlukata-za-dup-ot-vo-karposh/ Wed, 05 Apr 2023 13:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=627587

Уставниот суд на седница одлучи да ја укине одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05 на Општина Карпош.

Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска, на брифинг со медиумите информираше дека Судот од утврдената фактичка состојба и анализирана документација, утврдил дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от, бидејќи се предвидува изградба на бензинска станица, која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти.

Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинската пумпа е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.

Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош, се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, кои што се предвидени во Уставот. Но, исто така, направена е и повреда од членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП-от, изјави Беловска.

Уставниот суд за ова прашање одлучуваше по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година.

Во однос на прашањето за евентуална отштета зошто не е изградена бензинската пумпа, кој гради и што гради, Беловска рече дека таквите прашања и информации не се земени предвид со оглед на тоа што надлежност на Уставниот суд е да одлучува дали некој закон е во согласност со Уставот и дали некој пропис, како што е одлуката за ДУП-от е во согласност со Законот и Уставот.

The post Избришана бензинската на „Пуцко петрол“: Уставниот суд ја укина одлуката за ДУП-от во Карпош appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на седница одлучи да ја укине одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05 на Општина Карпош. Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска, на брифинг со медиумите информираше дека Судот од утврдената фактичка состојба и анализирана документација, утврдил дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от, бидејќи се предвидува изградба на бензинска станица, која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти. Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинската пумпа е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.
Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош, се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, кои што се предвидени во Уставот. Но, исто така, направена е и повреда од членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП-от, изјави Беловска.
Уставниот суд за ова прашање одлучуваше по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година. Во однос на прашањето за евентуална отштета зошто не е изградена бензинската пумпа, кој гради и што гради, Беловска рече дека таквите прашања и информации не се земени предвид со оглед на тоа што надлежност на Уставниот суд е да одлучува дали некој закон е во согласност со Уставот и дали некој пропис, како што е одлуката за ДУП-от е во согласност со Законот и Уставот.

The post Избришана бензинската на „Пуцко петрол“: Уставниот суд ја укина одлуката за ДУП-от во Карпош appeared first on Република.

]]>
Во Маџир Маало се предвидува изградба на 48 хотели и 50 згради, новиот ДУП е готов, се чека усвојување од Советот на општина Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-madhir-maalo-se-predviduva-izgradba-na-48-hoteli-i-50-zgradi-noviot-dup-e-gotov-se-cheka-usvojuvane-od-sovetot-na-opshtina-tsentar/ Sun, 12 Feb 2023 10:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=607962

Во скопско Маџир Маало ќе можат да се градат 48 хотели, 50-тина згради и два деловни објекти, предвидува новиот Детален урбанистички план Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2. Во планот сега е зацртана и маркичка за градинка и зелени површини кои ги немаше со претходниот ДУП донесен во 2012.

Планот кој почна да се прави уште при мораториумот во општина Центар за време на минатата локална власт, конечно е изработен и беше презентиран на последната седница на Општина Центар одржана пред 10 дена. По барање на советниците не се гласаше за оваа точка и се предложи да се одлучува за неа на некоја од наредните седници.

Според ДУП-от, максималната висина на објектите е приземје, 5 ката плус поткровје. Придобивките од овој план како што велат од Општина Центар се тие што максимално е заштитено државното земјиште, односно на најголемата парцела каде било предвидено да се гради деловен објект сега е нацртана градинка. На сите сообраќајници се предвидени велосипедски патеки, оставен е простор меѓу зградите, а исто така извршено е поместување на сообраќајниците кои минуваат низ парцелите на граѓаните со што околу 50 имоти на граѓаните се спасени, односно не влегуваат во трасите на новите булевари кои се предвидени со ГУП-от.

Граѓаните на јавните презентации имаа најмногу забелешки токму на намената која ја добиле. Не сакаат хотели туку згради. Исто така барале и поголема катност на објектите и бришење на булеварот Крушевска република, пишува СДК.мк.

Повеќе на СДК.мк

The post Во Маџир Маало се предвидува изградба на 48 хотели и 50 згради, новиот ДУП е готов, се чека усвојување од Советот на општина Центар appeared first on Република.

]]>

Во скопско Маџир Маало ќе можат да се градат 48 хотели, 50-тина згради и два деловни објекти, предвидува новиот Детален урбанистички план Градска четврт И 05 – Маџир Маало 2. Во планот сега е зацртана и маркичка за градинка и зелени површини кои ги немаше со претходниот ДУП донесен во 2012. Планот кој почна да се прави уште при мораториумот во општина Центар за време на минатата локална власт, конечно е изработен и беше презентиран на последната седница на Општина Центар одржана пред 10 дена. По барање на советниците не се гласаше за оваа точка и се предложи да се одлучува за неа на некоја од наредните седници. Според ДУП-от, максималната висина на објектите е приземје, 5 ката плус поткровје. Придобивките од овој план како што велат од Општина Центар се тие што максимално е заштитено државното земјиште, односно на најголемата парцела каде било предвидено да се гради деловен објект сега е нацртана градинка. На сите сообраќајници се предвидени велосипедски патеки, оставен е простор меѓу зградите, а исто така извршено е поместување на сообраќајниците кои минуваат низ парцелите на граѓаните со што околу 50 имоти на граѓаните се спасени, односно не влегуваат во трасите на новите булевари кои се предвидени со ГУП-от. Граѓаните на јавните презентации имаа најмногу забелешки токму на намената која ја добиле. Не сакаат хотели туку згради. Исто така барале и поголема катност на објектите и бришење на булеварот Крушевска република, пишува СДК.мк. Повеќе на СДК.мк

The post Во Маџир Маало се предвидува изградба на 48 хотели и 50 згради, новиот ДУП е готов, се чека усвојување од Советот на општина Центар appeared first on Република.

]]>
Уставен ја укина Одлуката за ДУП во Центар, општината нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ustaven-ja-ukina-odlukata-za-dup-vo-tsentar-opshtinata-nema-da-mozhe-da-izdava-odobrenija-za-gradbi-za-konkretnite-lokatsii/ Wed, 25 Jan 2023 13:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=600892

Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.

Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот, изјави по денешната седница портпаролка на Уставниот суд, Христина Беловска.

Таа појасни дека согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои „за“ донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против.

Уставот во членот 110, како што рече Беловска, предвидува дека прописите треба да бидат во согласност со законите, што не е случај во конкретната ситуација.

Според Судот со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото.

Согласно денешната одлука на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во Службен весник, посочи Беловска.

Уставниот суд, како што додаде таа, ја донесе одлуката со мнозинство гласови, односно пет гласа „за“, а еден од судиите најавил издвоено мислење.

Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

The post Уставен ја укина Одлуката за ДУП во Центар, општината нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.
Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот, изјави по денешната седница портпаролка на Уставниот суд, Христина Беловска.
Таа појасни дека согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои „за“ донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против. Уставот во членот 110, како што рече Беловска, предвидува дека прописите треба да бидат во согласност со законите, што не е случај во конкретната ситуација. Според Судот со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото.
Согласно денешната одлука на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во Службен весник, посочи Беловска.
Уставниот суд, како што додаде таа, ја донесе одлуката со мнозинство гласови, односно пет гласа „за“, а еден од судиите најавил издвоено мислење. Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

The post Уставен ја укина Одлуката за ДУП во Центар, општината нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд ќе одлучува за ДУП во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ustavniot-sud-ke-odluchuva-za-dup-vo-tsentar/ Wed, 25 Jan 2023 07:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=600680

Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

На седницата која се одржа на 16 ноември 2022 година Уставниот суд поведе постапка и во меѓувреме го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведе таканаречена „времена мерка“.

Уставниот суд поведе постапка за Одлуката со која е донесен ДУП-от, изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”.

На денешната седница, Уставниот суд, меѓу другото, ќе го разгледа и оспорениот член 54, 68, 69 став 1 алинеја 1, член 98 став 1, член 99 став 4, член 100, 101 од Колективен договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата.

The post Уставниот суд ќе одлучува за ДУП во Центар appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. На седницата која се одржа на 16 ноември 2022 година Уставниот суд поведе постапка и во меѓувреме го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведе таканаречена „времена мерка“. Уставниот суд поведе постапка за Одлуката со која е донесен ДУП-от, изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”. На денешната седница, Уставниот суд, меѓу другото, ќе го разгледа и оспорениот член 54, 68, 69 став 1 алинеја 1, член 98 став 1, член 99 став 4, член 100, 101 од Колективен договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата.

The post Уставниот суд ќе одлучува за ДУП во Центар appeared first on Република.

]]>
Уставeниот утре ќе одлучува за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и парцелите на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ustaveniot-utre-ke-odluchuva-za-dup-vo-tsentar-koj-gi-opfaka-i-partselite-na-vodno/ Tue, 24 Jan 2023 16:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=600585

Уставниот суд, утре на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

На седницата која се одржа на 16 ноември 2022 година Уставниот суд поведе постапка и во меѓувреме го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведе таканаречена „времена мерка“.

Уставниот суд поведе постапка за Одлуката со која е донесен ДУП-от, изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”.

The post Уставeниот утре ќе одлучува за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и парцелите на Водно appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд, утре на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. На седницата која се одржа на 16 ноември 2022 година Уставниот суд поведе постапка и во меѓувреме го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведе таканаречена „времена мерка“. Уставниот суд поведе постапка за Одлуката со која е донесен ДУП-от, изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”.

The post Уставeниот утре ќе одлучува за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и парцелите на Водно appeared first on Република.

]]>
Уставен поведе постапка за ДУП-от во Карпош со кој се овозможува изградба на бензиска пумпа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ustaven-povede-postapka-za-dup-ot-vo-karposh-so-koj-se-ovozmozhuva-izgradba-na-benziska-pumpa/ Wed, 11 Jan 2023 14:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=595848

Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош и донесе одлука да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, информираат денеска од Уставниот суд.

Од Уставниот суд, информираат дека, на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.

Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош на дел од сообраќајната инфраструктура. Имено, Уставниот суд во оваа фаза оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото, се вели во соопштението од Уставен суд.

Дополнително, на денешната седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, или воведена е т.н. времена мерка која се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука.

The post Уставен поведе постапка за ДУП-от во Карпош со кој се овозможува изградба на бензиска пумпа appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош и донесе одлука да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, информираат денеска од Уставниот суд. Од Уставниот суд, информираат дека, на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.
Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на Одлуката за ДУП со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош на дел од сообраќајната инфраструктура. Имено, Уставниот суд во оваа фаза оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото, се вели во соопштението од Уставен суд.
Дополнително, на денешната седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, или воведена е т.н. времена мерка која се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука.

The post Уставен поведе постапка за ДУП-от во Карпош со кој се овозможува изградба на бензиска пумпа appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд донесе времена мерка за ДУП во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ustavniot-sud-donese-vremena-merka-za-dup-vo-centar/ Thu, 01 Dec 2022 14:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=580548

Уставниот суд денеска одржа седница на чиј дневен ред се најдоа осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Судот одлучи да го укине членот 44 став 2 од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст“.

Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, станува збор за одредба која опфаќа користење на надоместок заради попреченост.

Согласно содржината на членот, се работи за надоместок кој може да го оствари лице со тешка или длабока интелектуална попреченост со најтешка телесна попреченост, потополно слепо или глуво лице. Законот предвидува дека овие категории на лица можат да го остварат правото со навршени 26 години и најдоцна до 65 годишна возраст. Судот одлучи да ја укине оваа оспорена одредба бидејќи со неа е повреден уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред уставот независно од личните својства и карактеритики на граѓаните. Оваа одредба е во спротивнопст со владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, а е опфатена во членот 8 од Уставот, информира Беловска.

Уставниoт суд на денешната седница одлучил да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година. Оваа времена мерка, како што појасни Беловска, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.

The post Уставниот суд донесе времена мерка за ДУП во Центар appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска одржа седница на чиј дневен ред се најдоа осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Судот одлучи да го укине членот 44 став 2 од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст“. Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, станува збор за одредба која опфаќа користење на надоместок заради попреченост.
Согласно содржината на членот, се работи за надоместок кој може да го оствари лице со тешка или длабока интелектуална попреченост со најтешка телесна попреченост, потополно слепо или глуво лице. Законот предвидува дека овие категории на лица можат да го остварат правото со навршени 26 години и најдоцна до 65 годишна возраст. Судот одлучи да ја укине оваа оспорена одредба бидејќи со неа е повреден уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред уставот независно од личните својства и карактеритики на граѓаните. Оваа одредба е во спротивнопст со владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, а е опфатена во членот 8 од Уставот, информира Беловска.
Уставниoт суд на денешната седница одлучил да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година. Оваа времена мерка, како што појасни Беловска, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.

The post Уставниот суд донесе времена мерка за ДУП во Центар appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП во општина Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ustavniot-sud-povede-postapka-za-odluka-so-koja-e-donesen-dup-vo-opshtina-centar/ Wed, 16 Nov 2022 16:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=574617

Уставниот суд на седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014 година. Основна причина поради што судот се одлучил за поведување постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа.

Од Уставниот суд информираат дека ова е прва фаза кога Судот формално-правно изразува сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП-от, кој се однесува на Градска четврт Ј 07.

Решението за поведување постапка ќе биде доставено на Општина Центар како доносител на актот и треба да се изјасни во одреден рок, по што советникот и судијата-известител ќе го напишат конечниот предлог кој треба да се разгледа и одлучи на седница на Уставниот суд, се наведува во соопштението од Уставниот суд.

На седницата на Уставниот суд биле ставени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права.

Како што информираа оттаму, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста на Законот за стратешки инвестиции во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2020) во целина и посебно за член 15 став 5 во деловите: „како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“ и „и предлог законот од овој член“, став 6 во делот: „и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект“ и став 8: во делот „по влегувањето во сила на законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“, како и член 17 во делот: „ќе се издаваат во рокови утврдени со закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект.“ од истиот закон; и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 11 став 1 точка 6 од Законот за стратешки инвестиции во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2020).

Подносител било Здружението на граѓани „Ековита“ од Неготино

Нe е поведена постапка за оценување на уставноста и на член 19 став 16 во делот: „надлежен суд“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија  бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021и 99/2022). Подносител бил Oливер Давидовски.

Судот го одложил разгледувањето и одлучувањето по предметот за наредната седница на Судот, поради отсуството на судијата-известител.

– Оспорен: Член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР („Службен весник на Република Македонија“ бр.149/2021). Подносител: Синдикат на Полиција на Македонија од Велес, стои во соопштението од Уставниот суд.

На седницата не се повела постапка и за оценување на уставноста и законитоста на  член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други  лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи, бр.01-5710/1 од 1 јули 2013 година, донесен од министерот за надворешни работи.

Подносител била Синдикална организација „Македонски Дипломатски Синдикат“, преку претседателот Зоран Дабиќ.

Се отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените судски одлуки: Решение ГЖ.бр.1009/12 од 26.09.2012 година на Апелациониот суд Скопје; Пресуда П1-бр.133/12 од 28.12.2012 година на Основниот суд Кавадарци; Пресуда ГЖ.бр.904/13 од 17.10.2013 година на Апелациониот суд Скопје и Решение Рев2.бр.58/2014 од 13.07.2014 година на Врховниот суд на Република Македонија. Подносител: Орданчо Танчев, се појаснува во соопштението.

Одбиено било и барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, за кои смета дека му се повредени со Решението К.бр.273/20 од 04.01.2021 година и Решението КС-КР бр.4/21 од 11.02.2021 година на Основниот суд во Кочани. Предлогот не го добил потребното мнозинство гласови. Подносител на иницијатива бил Панче Докузов.

– Оспорен: Член 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3, член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот за Судски совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија„ бр.102/2019), соопштија од Уставниот суд.

The post Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП во општина Центар appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014 година. Основна причина поради што судот се одлучил за поведување постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа. Од Уставниот суд информираат дека ова е прва фаза кога Судот формално-правно изразува сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП-от, кој се однесува на Градска четврт Ј 07.
Решението за поведување постапка ќе биде доставено на Општина Центар како доносител на актот и треба да се изјасни во одреден рок, по што советникот и судијата-известител ќе го напишат конечниот предлог кој треба да се разгледа и одлучи на седница на Уставниот суд, се наведува во соопштението од Уставниот суд.
На седницата на Уставниот суд биле ставени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права. Како што информираа оттаму, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста на Законот за стратешки инвестиции во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2020) во целина и посебно за член 15 став 5 во деловите: „како и предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“ и „и предлог законот од овој член“, став 6 во делот: „и го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект“ и став 8: во делот „по влегувањето во сила на законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект,“, како и член 17 во делот: „ќе се издаваат во рокови утврдени со закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект.“ од истиот закон; и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 11 став 1 точка 6 од Законот за стратешки инвестиции во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2020). Подносител било Здружението на граѓани „Ековита“ од Неготино Нe е поведена постапка за оценување на уставноста и на член 19 став 16 во делот: „надлежен суд“ од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија  бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021и 99/2022). Подносител бил Oливер Давидовски. Судот го одложил разгледувањето и одлучувањето по предметот за наредната седница на Судот, поради отсуството на судијата-известител. – Оспорен: Член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР („Службен весник на Република Македонија“ бр.149/2021). Подносител: Синдикат на Полиција на Македонија од Велес, стои во соопштението од Уставниот суд. На седницата не се повела постапка и за оценување на уставноста и законитоста на  член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други  лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи, бр.01-5710/1 од 1 јули 2013 година, донесен од министерот за надворешни работи. Подносител била Синдикална организација „Македонски Дипломатски Синдикат“, преку претседателот Зоран Дабиќ.
Се отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените судски одлуки: Решение ГЖ.бр.1009/12 од 26.09.2012 година на Апелациониот суд Скопје; Пресуда П1-бр.133/12 од 28.12.2012 година на Основниот суд Кавадарци; Пресуда ГЖ.бр.904/13 од 17.10.2013 година на Апелациониот суд Скопје и Решение Рев2.бр.58/2014 од 13.07.2014 година на Врховниот суд на Република Македонија. Подносител: Орданчо Танчев, се појаснува во соопштението.
Одбиено било и барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, за кои смета дека му се повредени со Решението К.бр.273/20 од 04.01.2021 година и Решението КС-КР бр.4/21 од 11.02.2021 година на Основниот суд во Кочани. Предлогот не го добил потребното мнозинство гласови. Подносител на иницијатива бил Панче Докузов. – Оспорен: Член 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3, член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот за Судски совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија„ бр.102/2019), соопштија од Уставниот суд.

The post Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП во општина Центар appeared first on Република.

]]>
Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура: Голем интерес од Англија, Иран, Украина, Србија… https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/konkursot-za-dup-ot-vo-rasadnik-objaven-vo-prestizni-portali-za-arhitektura-golem-interes-od-anglija-iran-ukraina-srbija/ Fri, 23 Sep 2022 11:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=553491

Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници.

Имено, покрај на сајтот за јавни набавки на Европската Унија, на веб страниците на Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти конкурсот е поставен и на веб страниците на нивните сестрински организации. Истиот до стручњаците од нивните земји го пренесе и Сојузот на архитекти на Црна Гора, а текстот со сите критериуми се појави и на престижниот портал https://www.architectsjournal.co.uk/, како и на најпосетуваниот светски сајт за архитектура https://www.archdaily.com/986151/international-competition-for-conceptual-urban-architectural-solution-for-a-city-quarter-j14-rasadnik-skopje-municipality-of-kisela-voda.

Досега интерес околу учество на Меѓународниот конкурс има од стручни лица од целиот свет, како од Англија, Иран, Украина, Србија, Црна Гора… Жири комисијата во која има и врвен меѓународен експерт од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од домашната стручна јавност, и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода, веќе одржа неколку состаноци. Главниот фокус беше ставен на пристигнатите прашања и барања за дополнителни податоци.

Од пред неколку дена, сите досега пристигнати прашања и нивните одговори, се достапни и на веб страницата на Општина Кисела Вода.

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3428-2022-09-16-12-07-24

Истото ќе биде пракса и во периодот што останува до 11 ноември 2022, кој е краен рок за пристигнување на идејните решенија.

-После речиси 60 години, Кисела Вода е првата општина која се осмели да направи сериозен чекор напред и да ги следи меѓународните стандарди за урбанистичкото планирање, транспарентното работење и водење сметка за јавниот интерес. За потсетување, програмските насоки за Расадник, зададени во конкурсот, предвидуваат постоење на детска градинка, основно училиште, верски објект, урбан парк од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина, велат од Општината.

Иттаму ги охрабруваат сите заинтересирани да земат свое учество и да понудат архитектонско-урбанистичко решение кое ќе одговара потребите на жителите на Расадник и ќе биде естетско решение за идниот лик на овој дел од Кисела Вода. Наградите се парични. Сите детали се достапни на следниот линк

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3216-2022-02-04-12-00-35 .

The post Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура: Голем интерес од Англија, Иран, Украина, Србија… appeared first on Република.

]]>

Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб страници. Имено, покрај на сајтот за јавни набавки на Европската Унија, на веб страниците на Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти конкурсот е поставен и на веб страниците на нивните сестрински организации. Истиот до стручњаците од нивните земји го пренесе и Сојузот на архитекти на Црна Гора, а текстот со сите критериуми се појави и на престижниот портал https://www.architectsjournal.co.uk/, како и на најпосетуваниот светски сајт за архитектура https://www.archdaily.com/986151/international-competition-for-conceptual-urban-architectural-solution-for-a-city-quarter-j14-rasadnik-skopje-municipality-of-kisela-voda. Досега интерес околу учество на Меѓународниот конкурс има од стручни лица од целиот свет, како од Англија, Иран, Украина, Србија, Црна Гора… Жири комисијата во која има и врвен меѓународен експерт од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од домашната стручна јавност, и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода, веќе одржа неколку состаноци. Главниот фокус беше ставен на пристигнатите прашања и барања за дополнителни податоци. Од пред неколку дена, сите досега пристигнати прашања и нивните одговори, се достапни и на веб страницата на Општина Кисела Вода. http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3428-2022-09-16-12-07-24 Истото ќе биде пракса и во периодот што останува до 11 ноември 2022, кој е краен рок за пристигнување на идејните решенија. -После речиси 60 години, Кисела Вода е првата општина која се осмели да направи сериозен чекор напред и да ги следи меѓународните стандарди за урбанистичкото планирање, транспарентното работење и водење сметка за јавниот интерес. За потсетување, програмските насоки за Расадник, зададени во конкурсот, предвидуваат постоење на детска градинка, основно училиште, верски објект, урбан парк од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина, велат од Општината. Иттаму ги охрабруваат сите заинтересирани да земат свое учество и да понудат архитектонско-урбанистичко решение кое ќе одговара потребите на жителите на Расадник и ќе биде естетско решение за идниот лик на овој дел од Кисела Вода. Наградите се парични. Сите детали се достапни на следниот линк http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3216-2022-02-04-12-00-35 .  

The post Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура: Голем интерес од Англија, Иран, Украина, Србија… appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Ако не се измени ДУП-от ќе мора да се издаваат градежни дозволи за „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-ako-ne-se-izmeni-dup-ot-kje-mora-da-se-izdavaat-gradezni-dozvoli-za-treska/ Wed, 24 Aug 2022 10:06:27 +0000 https://republika.mk/?p=543563

Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот.

Според очекувањата на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, просторот би требало да се расчисти за неколку недели. Моменталната состојба на оваа локација, како што рече тој на денешната прес-конференција, освен што претставува извор на зарази за жителите од околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и Градот.

Герасимовски посочи дека до почетокот на месецов сите постапки биле во застој, бидејќи се чекала дозвола за почнување на активности од Обвинителството кое постапуваше по утврдување на причините за пожарот кој неодамна избувна во магацин кај „Треска“.

До овој момент, како што информира градоначалникот, во општина Центар се пристигнати 36 барања за издавање решение за отстранување на објекти од кои досега одобрени се 13. Отстранувањето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои претходно до општината доставиле барање за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За тоа време сопствениците ќе бидат под надзор од страна на инспекциските служби за животна средина на општината. Отпадот ќе биде депониран во Дрисла каде ќе биде соодветно уништен.

Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски.

Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација.

Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за доофурмување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски.

Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи.

Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени.

Во однос на тоа дали до општината е пристигнато ново барање за втората зграда кај „Холидеј ин“, градоначалникот рече дека е поднесено второ барање и оти висината е намалена на 11 ката и поткровје. Документите, како што рече, се поднесени и отпочната е процедура за издавање дозвола.

The post Герасимовски: Ако не се измени ДУП-от ќе мора да се издаваат градежни дозволи за „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот. Според очекувањата на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, просторот би требало да се расчисти за неколку недели. Моменталната состојба на оваа локација, како што рече тој на денешната прес-конференција, освен што претставува извор на зарази за жителите од околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и Градот. Герасимовски посочи дека до почетокот на месецов сите постапки биле во застој, бидејќи се чекала дозвола за почнување на активности од Обвинителството кое постапуваше по утврдување на причините за пожарот кој неодамна избувна во магацин кај „Треска“. До овој момент, како што информира градоначалникот, во општина Центар се пристигнати 36 барања за издавање решение за отстранување на објекти од кои досега одобрени се 13. Отстранувањето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои претходно до општината доставиле барање за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За тоа време сопствениците ќе бидат под надзор од страна на инспекциските служби за животна средина на општината. Отпадот ќе биде депониран во Дрисла каде ќе биде соодветно уништен.
Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски.
Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација.
Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за доофурмување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски.
Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи. Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени. Во однос на тоа дали до општината е пристигнато ново барање за втората зграда кај „Холидеј ин“, градоначалникот рече дека е поднесено второ барање и оти висината е намалена на 11 ката и поткровје. Документите, како што рече, се поднесени и отпочната е процедура за издавање дозвола.

The post Герасимовски: Ако не се измени ДУП-от ќе мора да се издаваат градежни дозволи за „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Во соработка со граѓаните конечно носиме ДУП за долно Лисиче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mucunski-vo-sorabotka-so-gragjanite-konechno-nosime-dup-za-dolno-lisiche/ Mon, 21 Feb 2022 16:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=461601

Преку јавни презентации, дискусии со локалните жители и идеи го носиме деталниот урбанистички план за населбата Долно Лисиче!

Жителите на Долно Лисиче конечно ќе добијат детален урбанистички план, со што ќе можат да си ги остварат своите права за изградби, надградби, доградби и други урбанистички потреби, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ минатата недела планот го презентираа стручните служби на Општина Аеродром, кои потоа низ конструктивна дискусија можеа да ги слушнат предлозите и забелешките од присутните кои најголем дел беа жители на Долно Лисиче.

Предлогот на деталниот урбанистички план со разработка на блоковите 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 е поставен на увид во Месната заедница во Долно Лисиче, каде што се наоѓаат и анкетните листови за учество во јавната анкета која ќе трае до 4 март.

Работиме гласот на секој поединец да биде чуен и токму затоа Општина Аеродром е отворена за соработка со локалните жители. Ги повикуваме сите заинтересирани да извршат увид и да учествуваат во анкетата затоа што забелешките, идеите и предлозите од секој еден граѓанин ни се од исклучителна важност, пишува Муцунски во својата објава.

The post Муцунски: Во соработка со граѓаните конечно носиме ДУП за долно Лисиче appeared first on Република.

]]>

Преку јавни презентации, дискусии со локалните жители и идеи го носиме деталниот урбанистички план за населбата Долно Лисиче! Жителите на Долно Лисиче конечно ќе добијат детален урбанистички план, со што ќе можат да си ги остварат своите права за изградби, надградби, доградби и други урбанистички потреби, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.
Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ минатата недела планот го презентираа стручните служби на Општина Аеродром, кои потоа низ конструктивна дискусија можеа да ги слушнат предлозите и забелешките од присутните кои најголем дел беа жители на Долно Лисиче. Предлогот на деталниот урбанистички план со разработка на блоковите 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 е поставен на увид во Месната заедница во Долно Лисиче, каде што се наоѓаат и анкетните листови за учество во јавната анкета која ќе трае до 4 март.