дуп на центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dup-na-tsentar/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 11:53:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дуп на центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dup-na-tsentar/ 32 32 Целосно се забранува градење надвор од Генералниот урбанистички план на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tselosno-se-zabranuva-gradene-nadvor-od-generalniot-urbanistichki-plan-na-vodno-2/ Thu, 20 Jul 2023 11:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=663515

Советот на Општина Центар на 26-та седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022. Советниците, како што е наведено во соопштението од Општина Центар, ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби.

Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/2020; 111/23) предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, шумско и друго земјиште, крајбрежни појаси и други простори за коишто не постојат услови и/или економска оправданост за донесување на урбанистички план согласно овој закон, а постои соодветен или некатегоризиран сообраќаен пристап, во кој случај урбанистичкиот проект се изработува врз основа на прибавени услови за планирање на просторот, нема да важи за планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината.

Единствен дел од административната територија на Општина Центар кој не влегува во опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје за 2012-2022 година, претставува планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината и затоа со денешната одлука сакаме да ставиме крај на градбите на планината. Мојата заложба како градоначалник е да се стопира секое градење во зелениот појас, тоа го ветив пред граѓаните и тоа ќе го исполнам заедно со општинската администрација. Ниту една зелена педа на Водно нема да биде уништена, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Советниците ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби.

Советот на Општина Центар преку одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, како што е наведено во соопштението, го заштитува од секаква понатамошна експлоатација и злоупотреба.

The post Целосно се забранува градење надвор од Генералниот урбанистички план на Водно appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Центар на 26-та седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022. Советниците, како што е наведено во соопштението од Општина Центар, ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби. Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/2020; 111/23) предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, шумско и друго земјиште, крајбрежни појаси и други простори за коишто не постојат услови и/или економска оправданост за донесување на урбанистички план согласно овој закон, а постои соодветен или некатегоризиран сообраќаен пристап, во кој случај урбанистичкиот проект се изработува врз основа на прибавени услови за планирање на просторот, нема да важи за планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината.
Единствен дел од административната територија на Општина Центар кој не влегува во опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје за 2012-2022 година, претставува планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината и затоа со денешната одлука сакаме да ставиме крај на градбите на планината. Мојата заложба како градоначалник е да се стопира секое градење во зелениот појас, тоа го ветив пред граѓаните и тоа ќе го исполнам заедно со општинската администрација. Ниту една зелена педа на Водно нема да биде уништена, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Советниците ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби. Советот на Општина Центар преку одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, како што е наведено во соопштението, го заштитува од секаква понатамошна експлоатација и злоупотреба.

The post Целосно се забранува градење надвор од Генералниот урбанистички план на Водно appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-na-vodno-nema-da-se-gradi-pristapen-pat-ne-e-odobren/ Thu, 27 Apr 2023 08:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=634507

Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска излегоа на терен по пријави на граѓани дека на Водно има повторно градежни активности.

По извршениот увид, како што информираат од Општина Центар, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала.

Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата каде одобрение за градба има инвеститорот Маркеза ДООЕЛ издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамки на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставен суд. По одлуката на Уставен суд, само оние со правосилни одобренија за градење можат да градат во тој опфат, се наведува во соопштението.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека на овој потег додека тој е градоначалник нема да дозволи градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради.

Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради, истакна градоначалникот Герасимовски.

The post Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен appeared first on Република.

]]>

Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска излегоа на терен по пријави на граѓани дека на Водно има повторно градежни активности. По извршениот увид, како што информираат од Општина Центар, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала.
Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата каде одобрение за градба има инвеститорот Маркеза ДООЕЛ издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамки на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставен суд. По одлуката на Уставен суд, само оние со правосилни одобренија за градење можат да градат во тој опфат, се наведува во соопштението.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека на овој потег додека тој е градоначалник нема да дозволи градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради.
Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради, истакна градоначалникот Герасимовски.

The post Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен appeared first on Република.

]]>
„Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-predupreduva-za-haosot-koj-ke-nastane-okolu-treska-od-opshtinata-velat-deka-samo-krevaat-panika/ Wed, 19 Apr 2023 13:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=632149

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.

Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.

Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот.

Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.

И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.

Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.

Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.

Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор.

Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.

Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.

Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.

На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.

По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат:

Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини.

Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување.

Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен?

Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните.

За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација.

Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.
Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.
Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот. Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.
И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.
Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.
Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.
Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор. Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.
Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.
Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.
На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.
По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат: Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини. Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување. Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен? Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните. За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација. Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>