Дуња Иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dunja-ivanova/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Aug 2024 10:59:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дуња Иванова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dunja-ivanova/ 32 32 Велосипедистката Дуња Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/velosipedistkata-duna-ivanova-osvoi-zlaten-medal-na-maratonot-na-stara-planina/ Mon, 26 Aug 2024 10:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=810237

Дуња Иванова од ВК Енерџи, оваа недела избори победа на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа на Стара планина, Србија.

Овој натпревар беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација - УЦИ. Нешто повеќе од 60 км и висинска разлика од речиси 2400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања.

Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени. Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третата позиција се бореше Асја Борисова од Бугарија.

Во машката конкуренција, подиумот го делеа Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија.

The post Велосипедистката Дуња Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина! appeared first on Република.

]]>

Дуња Иванова од ВК Енерџи, оваа недела избори победа на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа на Стара планина, Србија. Овој натпревар беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација - УЦИ. Нешто повеќе од 60 км и висинска разлика од речиси 2400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања. Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени. Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третата позиција се бореше Асја Борисова од Бугарија. Во машката конкуренција, подиумот го делеа Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија.  

The post Велосипедистката Дуња Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина! appeared first on Република.

]]>
Велосипедистката Дуња Иванова е единствена македонска претставничка на Европското првенство Маратон во Данска https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/velosipedistkata-duna-ivanova-e-edinstvena-makedonska-pretstavnichka-na-evropskoto-prvenstvo-maraton-vo-danska/ Wed, 14 Aug 2024 07:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=806320

Македонскиот велосипедски спорт во името на Дуња Иванова првпат има свој претставник на Европско првенство во Маратон кое ќе се одржи во Виборг, Данска.

На 18. август, Виборг, градот домаќин на Европското првенство во планински велосипедизам Маратон, ќе биде сцената за најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Иванова, како претставник на Велосипедската федерација на Македонија, ќе стартува во елитната женска сениорска категорија во конкуренција со најсилните претставници на националните тимови на сите европски земји. Дистанцата од 75км и 1800м висинско искачување која ја најавува организаторот, од возачите ќе бара подготвеност за брзи и технички козји патеки и прилагодување кон различни подлоги на теренот.

Задоволство е да се почувствува свежина и подготвеност во Велосипедската федерација на Македонија за поддршка кон иницијативите на клубовите и нивните возачи, зашто токму оттаму потекнува и фундаментот за постоење на овој спорт воопшто. Со голема посветеност и низа сериозни настапи и резултати во Германија, Италија, Шпанија, Грција, Србија кои се зад нас како дел од оваа натпреварувачка сезона, сега нашиот фокус е кон натпреварот во Виборг. Посакуваме да имаме добар ден, малку среќа и успех за кој знаеме дека неминовно доаѓа како резултат на нашата посветеност, вели Љубиша Кондев, тренер и еден од основачите на ВК Енерџи.

Дуња Иванова е државен првак во планински велосипедизам, со бројни домашни и меѓународни подиуми.

The post Велосипедистката Дуња Иванова е единствена македонска претставничка на Европското првенство Маратон во Данска appeared first on Република.

]]>

Македонскиот велосипедски спорт во името на Дуња Иванова првпат има свој претставник на Европско првенство во Маратон кое ќе се одржи во Виборг, Данска. На 18. август, Виборг, градот домаќин на Европското првенство во планински велосипедизам Маратон, ќе биде сцената за најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Иванова, како претставник на Велосипедската федерација на Македонија, ќе стартува во елитната женска сениорска категорија во конкуренција со најсилните претставници на националните тимови на сите европски земји. Дистанцата од 75км и 1800м висинско искачување која ја најавува организаторот, од возачите ќе бара подготвеност за брзи и технички козји патеки и прилагодување кон различни подлоги на теренот.
Задоволство е да се почувствува свежина и подготвеност во Велосипедската федерација на Македонија за поддршка кон иницијативите на клубовите и нивните возачи, зашто токму оттаму потекнува и фундаментот за постоење на овој спорт воопшто. Со голема посветеност и низа сериозни настапи и резултати во Германија, Италија, Шпанија, Грција, Србија кои се зад нас како дел од оваа натпреварувачка сезона, сега нашиот фокус е кон натпреварот во Виборг. Посакуваме да имаме добар ден, малку среќа и успех за кој знаеме дека неминовно доаѓа како резултат на нашата посветеност, вели Љубиша Кондев, тренер и еден од основачите на ВК Енерџи.
Дуња Иванова е државен првак во планински велосипедизам, со бројни домашни и меѓународни подиуми.

The post Велосипедистката Дуња Иванова е единствена македонска претставничка на Европското првенство Маратон во Данска appeared first on Република.

]]>
Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/solistichki-kontsert-na-pijanistkata-duna-ivanova-vo-viena-2/ Mon, 24 Jun 2024 15:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=790359

Македонската пијанистка Дуња Иванова денеска ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена.

На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска.

Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година

Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска.

Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010).

Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје.

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>

Македонската пијанистка Дуња Иванова денеска ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена. На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска. Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010). Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје.  

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>
Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/solistichki-kontsert-na-pijanistkata-duna-ivanova-vo-viena/ Tue, 18 Jun 2024 08:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=788606

Македонската пијанистка Дуња Иванова, овој понеделник, на 24 јуни, ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена.

На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска.

Дуња Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска.

Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010).

Дуња Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година.

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>

Македонската пијанистка Дуња Иванова, овој понеделник, на 24 јуни, ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена. На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска. Дуња Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска. Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010). Дуња Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година.

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>
Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nastap-na-duna-ivanova-i-kontsert-posveten-na-kire-kostov-vo-izvedba-na-big-bendot-na-festivalot-kraj-vardarot-dhez-2/ Tue, 23 Apr 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=769553

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, вечерва на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…

Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.

Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, вечерва на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова. Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“… Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце. Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска. Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент. Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.  

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>
Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nastap-na-duna-ivanova-i-kontsert-posveten-na-kire-kostov-vo-izvedba-na-big-bendot-na-festivalot-kraj-vardarot-dhez/ Mon, 22 Apr 2024 07:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=769140

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“...

Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.

Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова. Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“... Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце. Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска. Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент. Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.

The post Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>
Дуња Иванова вечерва со концерт посветен на музиката на Ханиа Рани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/duna-ivanova-vecherva-so-kontsert-posveten-na-muzikata-na-hania-rani/ Wed, 13 Sep 2023 07:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=681450

Оваа среда, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт посветен на музиката на современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани. Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура на РС Македонија.

Ханиа Рани е пијанистка, композиторка и пејачка. Родена е во Гданск, Полска. Студиите по музика ги стекнува на Универзитетот ,,Фредерик Шопен” во Варшава. Автор е на албумите ,,Есја”, ,,Дома”, ,,Музика за филм и театар” и ,,Внатрешни симфонии” во издание на ,,Гондвана рекордс” и ,,Дојче грамофон”. Нејзините дела претставуваат фузија на минимализам, експериментирање и импровизација во неокласичен манир. Соработува со Викингур Олафсон, Хугар, Портико квартет, Игор Хербут, Мела Котелук. Kонцертира на сцените во Европа, Северна Америка, Австралија и Јапонија. За себе ќе рече: ,,Мислам дека сум истата и како уметник и како човек. Музиката е мојот начин на комуникација зашто таа е нешто целовито, без граници, без поделби.”

Дуња Иванова магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Тирана (Албанија), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); Подгорица (Црна Гора), на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots во Прилеп, настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија и Македонската филхармонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс Рихтер. Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010), „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012), ,,Контекстот како предуслов за музичко доживување“ (2018).

The post Дуња Иванова вечерва со концерт посветен на музиката на Ханиа Рани appeared first on Република.

]]>

Оваа среда, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт посветен на музиката на современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани. Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура на РС Македонија. Ханиа Рани е пијанистка, композиторка и пејачка. Родена е во Гданск, Полска. Студиите по музика ги стекнува на Универзитетот ,,Фредерик Шопен” во Варшава. Автор е на албумите ,,Есја”, ,,Дома”, ,,Музика за филм и театар” и ,,Внатрешни симфонии” во издание на ,,Гондвана рекордс” и ,,Дојче грамофон”. Нејзините дела претставуваат фузија на минимализам, експериментирање и импровизација во неокласичен манир. Соработува со Викингур Олафсон, Хугар, Портико квартет, Игор Хербут, Мела Котелук. Kонцертира на сцените во Европа, Северна Америка, Австралија и Јапонија. За себе ќе рече: ,,Мислам дека сум истата и како уметник и како човек. Музиката е мојот начин на комуникација зашто таа е нешто целовито, без граници, без поделби.” Дуња Иванова магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Тирана (Албанија), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); Подгорица (Црна Гора), на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots во Прилеп, настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија и Македонската филхармонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс Рихтер. Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010), „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012), ,,Контекстот како предуслов за музичко доживување“ (2018).  

The post Дуња Иванова вечерва со концерт посветен на музиката на Ханиа Рани appeared first on Република.

]]>
Дуња Иванова со концерт посветен на музиката на Ханиа Рани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/duna-ivanova-so-kontsert-posveten-na-muzikata-na-hania-rani/ Mon, 11 Sep 2023 08:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=680790

Оваа среда, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт посветен на музиката на современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани. Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура на РС Македонија.

Ханиа Рани е пијанистка, композиторка и пејачка. Родена е во Гданск, Полска Студиите по музика ги стекнува на Универзитетот ,,Фредерик Шопен во Варшава. Автор е на албумите ,,Есја,,Дома,,Музика за филм и театар и ,,Внатрешни симфонии во издание на ,,Гондвана рекордс и ,,Дојче грамофон. Нејзините дела претставуваат фузија на минимализам, експериментирање и импровизација во неокласичен манир. Соработува со Викингур Олафсон, Хугар, Портико квартет, Игор Хербут, Мела Котелук. Kонцертира на сцените во Европа, Северна Америка, Австралија и Јапонија. За себе ќе рече: ,,Мислам дека сум истата и како уметник и како човек. Музиката е мојот начин на комуникација зашто таа е нешто целовито, без граници, без поделби.

Дуња Иванова магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Тирана (Албанија), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); Подгорица (Црна Гора), на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots во Прилеп, настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија и Македонската филхармонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс РихтерАвтор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010), „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012), ,,Контекстот како предуслов за музичко доживување“ (2018).

The post Дуња Иванова со концерт посветен на музиката на Ханиа Рани appeared first on Република.

ТРИПТИХ – современ звук и танцов перформанс низ мислата на Горан Стефановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/triptih-sovremen-zvuk-i-tancov-performans-niz-mislata-na-goran-stefanovski/ Mon, 16 May 2022 08:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=502783

На 18-ти мај, со почеток во 20 часот на Скверот ,,Јас и ти во Дебар маало-Скопје ќе се реализира проектот ТРИПТИХ кој претставува спој на три изразни видови на уметност. Учесниците Дуња Иванова, Јована Зајкова и Горазд Китановски ќе ги обединат современиот звук за пијано и танцот низ мислата на единствениот Горан Стефановски.

Дуња Иванова е магистар по пијано, доктор на науки по филозофија, наставник и автор. Концертира со репертоар на современиот звук за пијано, музика од филмското платно, постминимализам. Остварува бројни премиерни изведби на делата на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс Рихтер.

Јована Зајкова е танчарка и кореографка од Скопје. Дипломира при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип на катедрата за современ танц. Учествува во програмата на Скопје Танцов театар како стажист и настапува на реномирани фестивали во Македонија и во странство.

Горазд Китановски е автор, поет, гласник на позитивната вибрација. Тој е национален победник во слем-поезија за 2021 година.

The post ТРИПТИХ – современ звук и танцов перформанс низ мислата на Горан Стефановски appeared first on Република.

Дуња Иванова и Љубиша Кондев ќе ја претставуваат Македонија на престижна маунтинбајк трка во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dunja-ivanova-i-ljubisha-kondev-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-prestizna-mauntinbajk-trka-vo-hrvatska/ Mon, 11 Apr 2022 18:32:16 +0000 https://republika.mk/?p=486987

Дуња Иванова и Љубиша Кондев од велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје се македонските претставници кои заедно со уште 34 тимови од целиот свет во категоријата ,,мешани парови” ќе се натпреваруваат на престижната маунтинбајк етапна трка во Хрватска.

Од 19 до 23 април, велосипедските екипи во пет последователни денови ќе ги спротивстават силите на „немилосрдните“ патеки на островите Крк, Раб, Црес и Лошињ изминувајќи должина од вкупно 272 километри со 5.890 метри висинско искачување.

Етапната трка ,,4 Острови” за прв пат оваа година е под називот на серијата натпревари ,,Епик” кој претставува премиум бренд во организација на маунтинбајк натпревари на светско ниво.

The post Дуња Иванова и Љубиша Кондев ќе ја претставуваат Македонија на престижна маунтинбајк трка во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Дуња Иванова и Љубиша Кондев од велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје се македонските претставници кои заедно со уште 34 тимови од целиот свет во категоријата ,,мешани парови” ќе се натпреваруваат на престижната маунтинбајк етапна трка во Хрватска. Од 19 до 23 април, велосипедските екипи во пет последователни денови ќе ги спротивстават силите на „немилосрдните“ патеки на островите Крк, Раб, Црес и Лошињ изминувајќи должина од вкупно 272 километри со 5.890 метри висинско искачување. Етапната трка ,,4 Острови” за прв пат оваа година е под називот на серијата натпревари ,,Епик” кој претставува премиум бренд во организација на маунтинбајк натпревари на светско ниво.

The post Дуња Иванова и Љубиша Кондев ќе ја претставуваат Македонија на престижна маунтинбајк трка во Хрватска appeared first on Република.

]]>