дуксери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dukseri/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 08:22:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дуксери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dukseri/ 32 32 Популарната страница Тему итно повлекува дуксери за деца: Можат да предизвикаат тешки повреди! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/popularnata-stranitsa-temu-itno-povlekuva-dukseri-za-detsa-mozhat-da-predizvikaat-teshki-povredi/ Tue, 19 Nov 2024 08:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=839443

Детските дуксери достапни на глобално популарната онлајн платформа за купување Тему се повлечени од пазарот поради сериозни безбедносни ризици. Имено, откриено е дека дуксерите лесно можат да се запалат во близина на извор на топлина или пламен, што може да доведе до сериозни повреди.

Според соопштението на австралиската управа за безбедност на производи, овие дуксери биле продадени во периодот од октомври минатата година до март оваа година, а најмалку едно дете се здобило со сериозни повреди како резултат на пожарот. Производот беше достапен и надвор од Австралија, па предупредувањето важи за клиентите ширум светот, пишува Daily Mail.

Тему ги повика сите што ги купиле овие дуксери веднаш да престанат да ги користат, да ги чуваат подалеку од дофат на деца и правилно да ги фрлаат или да ги уништат. Компанијата нагласи дека на клиентите ќе им бидат вратени парите за секој купен артикл, истакнувајќи дека тоа се предмети продадени од партнерот Sunshine Towels.

Производот дојде во три различни дизајни: Purple Rainbow Unicorn, Blue Dinosaur и Space Planet.

За оваа одлука клучна била трагичната случка на девојка од Австралија, која се здобила со изгореници на 13 отсто од телото откако и се запалил дуксерот. Детето итно било префрлено во болница, каде му била извршена неделна терапија и неколку операции.

Отсуството на задолжителни предупредувачки етикети на производот дополнително го зголеми ризикот, што доведе до итна реакција од страна на регулаторните тела и самата компанија.

The post Популарната страница Тему итно повлекува дуксери за деца: Можат да предизвикаат тешки повреди! appeared first on Република.

]]>

Детските дуксери достапни на глобално популарната онлајн платформа за купување Тему се повлечени од пазарот поради сериозни безбедносни ризици. Имено, откриено е дека дуксерите лесно можат да се запалат во близина на извор на топлина или пламен, што може да доведе до сериозни повреди. Според соопштението на австралиската управа за безбедност на производи, овие дуксери биле продадени во периодот од октомври минатата година до март оваа година, а најмалку едно дете се здобило со сериозни повреди како резултат на пожарот. Производот беше достапен и надвор од Австралија, па предупредувањето важи за клиентите ширум светот, пишува Daily Mail. Тему ги повика сите што ги купиле овие дуксери веднаш да престанат да ги користат, да ги чуваат подалеку од дофат на деца и правилно да ги фрлаат или да ги уништат. Компанијата нагласи дека на клиентите ќе им бидат вратени парите за секој купен артикл, истакнувајќи дека тоа се предмети продадени од партнерот Sunshine Towels. Производот дојде во три различни дизајни: Purple Rainbow Unicorn, Blue Dinosaur и Space Planet. За оваа одлука клучна била трагичната случка на девојка од Австралија, која се здобила со изгореници на 13 отсто од телото откако и се запалил дуксерот. Детето итно било префрлено во болница, каде му била извршена неделна терапија и неколку операции. Отсуството на задолжителни предупредувачки етикети на производот дополнително го зголеми ризикот, што доведе до итна реакција од страна на регулаторните тела и самата компанија.

The post Популарната страница Тему итно повлекува дуксери за деца: Можат да предизвикаат тешки повреди! appeared first on Република.

]]>