дуи министри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dui-ministri/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 06:14:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дуи министри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dui-ministri/ 32 32 Условени оставки не постојат, веднаш што ги прими, Ковачевски е должен да ги прати во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/usloveni-ostavki-ne-postojat-vednash-shto-gi-primi-kovachevski-e-dolzhen-da-gi-prati-vo-sobranie/ Tue, 01 Aug 2023 06:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=667426

Условените оставки на министрите од ДУИ денеска формално ќе бидат доставени до премиерот на владина седница потпишани поединечно од секој од петмината министри, најави вчера шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи.

Оставките, како што образложеи, по автоматизам ќе се активираат веднаш штом бидат усвоени уставните измени, без нови одлуки од партијата, како што е наведено во писмото од партискиот лидер. Ова се ретки времиња во историјата на една држава кога партиските и личните агенди и кариери се помалку важни од одговорноста што секој ја носи во однос на иднината на земјата и на граѓаните, наведе Османи во телевизоско гостување појаснувајќи го потегот. Во однос на ставот на опозицијата дека нема разговори за уставните амандмани и дека сега на маса се само предвремни избори, оцени дека со тоа на виделина излегуваат двете различни агенди -  изборите, личните агенди, партиските агенди наспроти државните интереси.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како дел од засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на земјава, испрати писма до повеќе политички центри во рам

-Сите барања на опозицијата ги исполнуваме едно по едно. Бараа гаранции - ги добија од меѓународната заедница, бараа излегување на ДУИ (од Владата) - го добија со одлука која што влегува по автоматизам во сила. Мора секој да покаже одговорност во овие важни моменти, секој да исчекори дел од патот. ДУИ го направи својот чекор, очекуваме секоја од политичките партии да направи чекор, да се сретнеме на средина, да го обезбедиме европскиот пат, потоа ќе одиме на избори. Истиот момент кога ќе се изгласат измените, со што ќе се обезбеди европската иднина на граѓаните ќе одиме на избори. Се што ќе побараат за уставните измени ние сме спремни да исполниме, вели Османи.

Прашан за изјавата од опозицијата дека оставките се само фолирање, Османи ги повика „да ги тестираат, да ги изгласаат уставните измени“, при што, потенцираше, по автоматизам ќе се активираат оставките на министрите, но и на сите избрани функционери во Владата од редовите на партијата.

На прашањето доколку до ноември не успеат да ги донесат уставните амандмани, кое е сценариото Б, дали ќе следат предвремени избори, Османи е уверен дека измените ќе успеат затоа што, вели, никој не успеал да ја скрши волјата на граѓаните за европската иднина на земјата.

-Уставните измени ќе успеаат затоа што е тоа волја на граѓаните за членство во ЕУ и никој не успеа во овие 30 години да ја скрши таа волја, нема да успее ниту сега. Првата битка ја добивме, граѓаните се уверија дека нема ништо спорно во уставните измени. Верувајте дека битка по битка ќе успееме пред избори да имаме уставни измени, вели Османи.

The post Условени оставки не постојат, веднаш што ги прими, Ковачевски е должен да ги прати во Собрание appeared first on Република.

]]>

Условените оставки на министрите од ДУИ денеска формално ќе бидат доставени до премиерот на владина седница потпишани поединечно од секој од петмината министри, најави вчера шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи. Оставките, како што образложеи, по автоматизам ќе се активираат веднаш штом бидат усвоени уставните измени, без нови одлуки од партијата, како што е наведено во писмото од партискиот лидер. Ова се ретки времиња во историјата на една држава кога партиските и личните агенди и кариери се помалку важни од одговорноста што секој ја носи во однос на иднината на земјата и на граѓаните, наведе Османи во телевизоско гостување појаснувајќи го потегот. Во однос на ставот на опозицијата дека нема разговори за уставните амандмани и дека сега на маса се само предвремни избори, оцени дека со тоа на виделина излегуваат двете различни агенди -  изборите, личните агенди, партиските агенди наспроти државните интереси. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како дел од засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на земјава, испрати писма до повеќе политички центри во рам
-Сите барања на опозицијата ги исполнуваме едно по едно. Бараа гаранции - ги добија од меѓународната заедница, бараа излегување на ДУИ (од Владата) - го добија со одлука која што влегува по автоматизам во сила. Мора секој да покаже одговорност во овие важни моменти, секој да исчекори дел од патот. ДУИ го направи својот чекор, очекуваме секоја од политичките партии да направи чекор, да се сретнеме на средина, да го обезбедиме европскиот пат, потоа ќе одиме на избори. Истиот момент кога ќе се изгласат измените, со што ќе се обезбеди европската иднина на граѓаните ќе одиме на избори. Се што ќе побараат за уставните измени ние сме спремни да исполниме, вели Османи.
Прашан за изјавата од опозицијата дека оставките се само фолирање, Османи ги повика „да ги тестираат, да ги изгласаат уставните измени“, при што, потенцираше, по автоматизам ќе се активираат оставките на министрите, но и на сите избрани функционери во Владата од редовите на партијата. На прашањето доколку до ноември не успеат да ги донесат уставните амандмани, кое е сценариото Б, дали ќе следат предвремени избори, Османи е уверен дека измените ќе успеат затоа што, вели, никој не успеал да ја скрши волјата на граѓаните за европската иднина на земјата.
-Уставните измени ќе успеаат затоа што е тоа волја на граѓаните за членство во ЕУ и никој не успеа во овие 30 години да ја скрши таа волја, нема да успее ниту сега. Првата битка ја добивме, граѓаните се уверија дека нема ништо спорно во уставните измени. Верувајте дека битка по битка ќе успееме пред избори да имаме уставни измени, вели Османи.

The post Условени оставки не постојат, веднаш што ги прими, Ковачевски е должен да ги прати во Собрание appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ја погоди целта на своето политичко постоење: Ирелевантно е јас што мислам… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-pogodi-tselta-na-svoeto-politichko-postoene-irelevantno-e-jas-shto-mislam/ Thu, 09 Mar 2023 08:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=617521

Како и секогаш така и овојпат премиерот Димитар Ковачевски нема забелешки на однесувањето на своите коалициски партнери ДУИ.

Нема да одиме многу назад, доволно е да се потсетиме на неколку последни случаи кога Ковачевски аминувал однесување што е за осуда и критика.

На Димитар Ковачевски не само што не му пречеше што Али Ахмети ги прогласи медиумите за непријатели на Албанците, туку да не остане покусо, и тој залеа масло на огнот.

Немаше коментар ниту на однесувањето на Крешник Бектеши, повторно кон медиумите.

Не го интересираше ниту кој му ја платил сметката од 20.000 евра по ноќевање на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ Назим Буши во турски хотел.

Не го интересираше и како УЧК доби 20-метарски бетонски споменик во Слупчане. Гајлето било на општината. Ковачевски отиде и чекор подалеку во позитивноста, што рече дека и обележјата треба да бидат школо дека треба да градиме држава која што нуди еднакви можности за сите граѓани, НО! и да не заборавиме дека сме мултикултурно, мултиетничко, мултиконфесионално општество.

Денес, не му пречи ни што министрите од ДИ играат фудбал во канцелариите на Артан Груби.

Спортски реквизити во канцеларија на премиер не се новост, јас немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија. Дали мене ми пречи или не е ирелевантно, бидејќи доколку јас сакам да го организирам просторот во канцеларијата во која работам на начин на кој сакам, тогаш ќе го организирам. Начинот на кој го организира просторот во својата канцеларија друг човек, е прашање за него, изјави Ковачевски.

Но, вчерашната изјава на Ковачевски е особено важна во неговата политичка кариера. Таа им дава смисла на обвинувањата на опозицијата, но и на поранешните коалициски партнери на СДСМ во власта, дека Ковачевски е никој и ништо седнат во скутот на великиот Али.

Токму со оваа изјава Ковачевски доаѓа до вистината. До целта на своето политичко постоење. Ирелевантно е дали нему му се допаѓа или не, ирелевантно е дали Ковачевски мисли или воопшто не мисли. И така конците на власта не се во неговите раце. Единствено што му останува е да клима со главата додека го тапаат по рамото и му намигнуваат палавите деца на Али.

The post Ковачевски ја погоди целта на своето политичко постоење: Ирелевантно е јас што мислам… appeared first on Република.

]]>

Како и секогаш така и овојпат премиерот Димитар Ковачевски нема забелешки на однесувањето на своите коалициски партнери ДУИ. Нема да одиме многу назад, доволно е да се потсетиме на неколку последни случаи кога Ковачевски аминувал однесување што е за осуда и критика. На Димитар Ковачевски не само што не му пречеше што Али Ахмети ги прогласи медиумите за непријатели на Албанците, туку да не остане покусо, и тој залеа масло на огнот. Немаше коментар ниту на однесувањето на Крешник Бектеши, повторно кон медиумите. Не го интересираше ниту кој му ја платил сметката од 20.000 евра по ноќевање на заменик-министерот за внатрешни работи од ДУИ Назим Буши во турски хотел. Не го интересираше и како УЧК доби 20-метарски бетонски споменик во Слупчане. Гајлето било на општината. Ковачевски отиде и чекор подалеку во позитивноста, што рече дека и обележјата треба да бидат школо дека треба да градиме држава која што нуди еднакви можности за сите граѓани, НО! и да не заборавиме дека сме мултикултурно, мултиетничко, мултиконфесионално општество. Денес, не му пречи ни што министрите од ДИ играат фудбал во канцелариите на Артан Груби.
Спортски реквизити во канцеларија на премиер не се новост, јас немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија. Дали мене ми пречи или не е ирелевантно, бидејќи доколку јас сакам да го организирам просторот во канцеларијата во која работам на начин на кој сакам, тогаш ќе го организирам. Начинот на кој го организира просторот во својата канцеларија друг човек, е прашање за него, изјави Ковачевски.
Но, вчерашната изјава на Ковачевски е особено важна во неговата политичка кариера. Таа им дава смисла на обвинувањата на опозицијата, но и на поранешните коалициски партнери на СДСМ во власта, дека Ковачевски е никој и ништо седнат во скутот на великиот Али. Токму со оваа изјава Ковачевски доаѓа до вистината. До целта на своето политичко постоење. Ирелевантно е дали нему му се допаѓа или не, ирелевантно е дали Ковачевски мисли или воопшто не мисли. И така конците на власта не се во неговите раце. Единствено што му останува е да клима со главата додека го тапаат по рамото и му намигнуваат палавите деца на Али.  

The post Ковачевски ја погоди целта на своето политичко постоење: Ирелевантно е јас што мислам… appeared first on Република.

]]>
Бектеши за фудбалот кај Груби: Да бевме во странство, сите ќе аплаудираа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-za-fudbalot-kaj-grubi-da-bevme-vo-stranstvo-site-ke-aplaudiraa/ Thu, 09 Mar 2023 07:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=617510

Тоа видео да се направеше во странство, ќе добиевме аплауз, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ што ќе биде емитувано целосно в недела, откако тој беше дел од функционерите кои се снимија во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби како играат фудбал и кошарка.

Јас мислам тоа видео да се направеше во странство, сите ќе аплаудираа, но кон ДУИ се упатуваат сите стрели затоа што е најстабилна политичка партија и затоа има такви реакции за жал. Мене ми е криво што се креира една негативна енергија генерално во општеството заради тоа што такво видео не е во фазла употреба, туку тоа може да се направи во секое работно место. Ние сме колеги и го направивме како антистрес, без да сакаме да пратиме некому порака, рече Бектеши.

https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-na-ali-izlegoa-i-na-film-antistres-terapijata-na-grubi-i-drugarite-pretochena-vo-video/

The post Бектеши за фудбалот кај Груби: Да бевме во странство, сите ќе аплаудираа appeared first on Република.

Груби: И амбасадорот на Словачка играше фудбал кај мене, градоначалникот на Тирана даде гол со пета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-i-ambasadorot-na-slovachka-igrashe-fudbal-kaj-mene-gradonachalnikot-na-tirana-dade-gol-so-peta/ Wed, 08 Mar 2023 13:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=617335

Ако толку длабоко задира во вашите чувства, ако толку задира во чувствата на кој било што е трогнат од таа сликана, вистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал или баскет. Јас сум како што знаете спортски тип и и согласно реорганизацијата на органите на државната управа Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање, дали е во ред да се закачи кош до уметничка слика и да се има таков однос кон она што е сопственост на сите граѓани.

Груби вчера беше во центарот на вниманието откако на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои тој и неговите сопартијци од ДУИ играат кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем. Дел од „дрим-тимот“ на Груби беа актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.

„Многу ми е интересно затоа што нема амбасадор што не е дојден во мојата канцеларија и нема шутирано фудбал и тоа се објавени слики. Пред некој ден, на пример, Словакот беше последниот што шутираше и вие објавивте, во порталите беше. Тоа не беше скандал, ова денеска е скандал. Ова е таа хистеирја за која зборувам, за двојните стандарди, за селективни правди, за измислување на теми само за да се дефокусира со нешто. Значи дојде градоначалникот на Тирана, дури со пета даде гол“, им укажа денеска Груби на новинарите.

На прашањето дали тој како највисок играл центар, вицепремиерот рече:

„Јас дриблам“.

The post Груби: И амбасадорот на Словачка играше фудбал кај мене, градоначалникот на Тирана даде гол со пета appeared first on Република.

]]>

Ако толку длабоко задира во вашите чувства, ако толку задира во чувствата на кој било што е трогнат од таа сликана, вистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал или баскет. Јас сум како што знаете спортски тип и и согласно реорганизацијата на органите на државната управа Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање, дали е во ред да се закачи кош до уметничка слика и да се има таков однос кон она што е сопственост на сите граѓани. Груби вчера беше во центарот на вниманието откако на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои тој и неговите сопартијци од ДУИ играат кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем. Дел од „дрим-тимот“ на Груби беа актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.
„Многу ми е интересно затоа што нема амбасадор што не е дојден во мојата канцеларија и нема шутирано фудбал и тоа се објавени слики. Пред некој ден, на пример, Словакот беше последниот што шутираше и вие објавивте, во порталите беше. Тоа не беше скандал, ова денеска е скандал. Ова е таа хистеирја за која зборувам, за двојните стандарди, за селективни правди, за измислување на теми само за да се дефокусира со нешто. Значи дојде градоначалникот на Тирана, дури со пета даде гол“, им укажа денеска Груби на новинарите.
На прашањето дали тој како највисок играл центар, вицепремиерот рече:
„Јас дриблам“.

The post Груби: И амбасадорот на Словачка играше фудбал кај мене, градоначалникот на Тирана даде гол со пета appeared first on Република.

]]>
Еден од дриблерите нема обезбедено учебници, другиот ја утна работата со еврообврзницата, третиот е Бујар… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-od-driblerite-nema-obezbedeno-uchebnitsi-drugiot-ja-utna-rabotata-so-evroobvrznitsata-tretiot-e-bujar/ Wed, 08 Mar 2023 06:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=617082

Македонската јавност никако не може да го профати како нормално спортското попладне во Министерството за политички систем. Реакциите се во насока дека ДУИ си поигрува со сите нас и во лице ни се потсмева.

За Ивор Мицковски ова што го направија министрите од ДУИ е последно што требало да се направи во специфилен момент како што е овој.

Овие од ДУИ нè прцаат на мртво.

Си играат таквото у зграда на Грујо која идиотон Зоки ја догради, зграда од 20 милиони евра, од каде Груби вработува секоја година 400-500 души, потпишува скриени договори и распоредува Рамковни.

После тука е моментот на нивните и наши сограѓани кои вчера се потепаа со биланс од 2 мртви и 7 ранети, ама браќата куцаат и си додаваат топка ко лешпери.
После тука ти е мачо енергијата каде се собрале 6 стапа пред 8 март и изиграват бојбенд.

После тука ти е фактот дека нивен министер и коалиција требаше да избаци обврзница по помала камата, ама ја сјебаа работата и сега ќе плаќаме поголема камата.

После тука еден од дриблерите како нема обезбедено учебници цела година.
Тука е нормално и Бујар кој ни го начука како народ и нација со Пендиков, напуни МНР со Блерти и остали сограѓани, оди со државна кола на партиски митинзи.

Тука е лидерот на тимот Груби кој само што направи дил со продажба на хотел на Шапка за смешни пари, брат му товари локали, а и договорот со „Бехтел и Енка“ кој он го турка е со сомнителни фирми за надзор.

И конечно, децата немаат редовно отидено на училиште 3 години, само последниве 6 месеци ради дојави за бомби цело време се внатре-надвор, родители трчаат и се во паника, ама битно браќава си играат курот во државна институција и министерство.

Осет - Нула, Мозок - Нула, Куробол - инфинити, пишува Мицковски.

The post Еден од дриблерите нема обезбедено учебници, другиот ја утна работата со еврообврзницата, третиот е Бујар… appeared first on Република.

]]>

Македонската јавност никако не може да го профати како нормално спортското попладне во Министерството за политички систем. Реакциите се во насока дека ДУИ си поигрува со сите нас и во лице ни се потсмева. За Ивор Мицковски ова што го направија министрите од ДУИ е последно што требало да се направи во специфилен момент како што е овој.
Овие од ДУИ нè прцаат на мртво.   Си играат таквото у зграда на Грујо која идиотон Зоки ја догради, зграда од 20 милиони евра, од каде Груби вработува секоја година 400-500 души, потпишува скриени договори и распоредува Рамковни.   После тука е моментот на нивните и наши сограѓани кои вчера се потепаа со биланс од 2 мртви и 7 ранети, ама браќата куцаат и си додаваат топка ко лешпери. После тука ти е мачо енергијата каде се собрале 6 стапа пред 8 март и изиграват бојбенд.   После тука ти е фактот дека нивен министер и коалиција требаше да избаци обврзница по помала камата, ама ја сјебаа работата и сега ќе плаќаме поголема камата.   После тука еден од дриблерите како нема обезбедено учебници цела година. Тука е нормално и Бујар кој ни го начука како народ и нација со Пендиков, напуни МНР со Блерти и остали сограѓани, оди со државна кола на партиски митинзи.   Тука е лидерот на тимот Груби кој само што направи дил со продажба на хотел на Шапка за смешни пари, брат му товари локали, а и договорот со „Бехтел и Енка“ кој он го турка е со сомнителни фирми за надзор.   И конечно, децата немаат редовно отидено на училиште 3 години, само последниве 6 месеци ради дојави за бомби цело време се внатре-надвор, родители трчаат и се во паника, ама битно браќава си играат курот во државна институција и министерство.   Осет - Нула, Мозок - Нула, Куробол - инфинити, пишува Мицковски.

The post Еден од дриблерите нема обезбедено учебници, другиот ја утна работата со еврообврзницата, третиот е Бујар… appeared first on Република.

]]>
Груби: Не гледам ништо неморално и неетички во тоа што игравме баскет и фудбал во мојот кабинет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ne-gledam-nishto-nemoralno-i-neetichki-vo-toa-shto-igravme-basket-i-fudbal-vo-mojot-kabinet/ Tue, 07 Mar 2023 22:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=617076

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби не гледа ништо неморално и неетички во тоа што попладнево со министрите од ДУИ играл баскет и фудбал во неговиот Кабинет.

Како што вели, денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади и полетни, желни за резултати и дека само што почнале со работа.

Не беше во работно време, но и да беше. Беше по завршување на Управувачкиот комитет за изградбата на коридротие 8 и 10 д што е најголем проект во независна Македонија. Потоа имаше владина едница со многу точки и обраќање на шведската амбасадорка. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе прв пат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракоме,... Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутирваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно, објасни Груби во гостување на 24 Телевизија.

Тој потсети дека согласно реогранизацијата на органите на државната управа што ја усвои Владата, Министерството за политички систем треба да ја преземе и Агенцијата за млади и спорт.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-zaigraa-detsata-na-ali-kaj-grubi-vo-kantselarija-se-igra-fudbal-i-kosharka/

Групи попладнево на својот фејсбук профил објави фотографија со своите колеги од ДУИ како игра баскет и фудбал во неговиот Кабинет, на која пишува „Дрим тим“.  „Дрим-тимот“ кој беше во канцеларијата на Груби го сочинуваат актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.

The post Груби: Не гледам ништо неморално и неетички во тоа што игравме баскет и фудбал во мојот кабинет appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби не гледа ништо неморално и неетички во тоа што попладнево со министрите од ДУИ играл баскет и фудбал во неговиот Кабинет. Како што вели, денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади и полетни, желни за резултати и дека само што почнале со работа.
Не беше во работно време, но и да беше. Беше по завршување на Управувачкиот комитет за изградбата на коридротие 8 и 10 д што е најголем проект во независна Македонија. Потоа имаше владина едница со многу точки и обраќање на шведската амбасадорка. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе прв пат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракоме,... Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутирваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно, објасни Груби во гостување на 24 Телевизија.
Тој потсети дека согласно реогранизацијата на органите на државната управа што ја усвои Владата, Министерството за политички систем треба да ја преземе и Агенцијата за млади и спорт. https://republika.mk/vesti/makedonija/se-zaigraa-detsata-na-ali-kaj-grubi-vo-kantselarija-se-igra-fudbal-i-kosharka/ Групи попладнево на својот фејсбук профил објави фотографија со своите колеги од ДУИ како игра баскет и фудбал во неговиот Кабинет, на која пишува „Дрим тим“.  „Дрим-тимот“ кој беше во канцеларијата на Груби го сочинуваат актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.

The post Груби: Не гледам ништо неморално и неетички во тоа што игравме баскет и фудбал во мојот кабинет appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Сега знаеме што прават кога не крадат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sega-znaeme-shto-pravat-koga-ne-kradat/ Tue, 07 Mar 2023 20:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=617053

ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат попладневната дружба на министрите од ДУИ во Министеството за политички систем, на која играат фудбал и баскет во канцелариите на Груби.

Колку повеќе Артан и дружината си играат фудбал, толку повеќе Македонија е сиромашна.

Ова ДУИ на Артан Груби и крими дружината преставува навреда на интелигенцијата на Албанците и Македонците.

Сега знаеме што прават кога не крадат, си играат фудбал, додека Македонците и Албанците, и сите останати се сѐ посиромашни

Колку повеќе шутеви на оваа крими дружина, толку повеќе загинати на уличниот асфалт, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Сега знаеме што прават кога не крадат appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат попладневната дружба на министрите од ДУИ во Министеството за политички систем, на која играат фудбал и баскет во канцелариите на Груби.
Колку повеќе Артан и дружината си играат фудбал, толку повеќе Македонија е сиромашна. Ова ДУИ на Артан Груби и крими дружината преставува навреда на интелигенцијата на Албанците и Македонците. Сега знаеме што прават кога не крадат, си играат фудбал, додека Македонците и Албанците, и сите останати се сѐ посиромашни Колку повеќе шутеви на оваа крими дружина, толку повеќе загинати на уличниот асфалт, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Сега знаеме што прават кога не крадат appeared first on Република.

]]>
Најчевска: Не молчевме пред Груевски, зошто молчиме пред Ахмети? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najchevska-ne-molchevme-pred-gruevski-zoshto-molchime-pred-ahmeti/ Tue, 07 Mar 2023 20:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=617049

Професорката Мирјана Најчевска ги критикува министрите од ДУИ, откако вицепремиерот Артан Груби објави фотографии од нивната денешна дружба, на кои се гледа како министрите се разонодуваат играјќи фудбал и кошарка во канцелариите на Министерството за политички систем.

Знаете дека ве прават будали во очи? Нели? Мислам не е можно да не гледате. По 11 години во власт со ВМРО-ДПМНЕ која ја прогласивме за партија која практикуваше авторитаризам до ниво на фашизам, тие излегоа чисти како солза. Го освоија правосудството кое е прогласено за најкорумпирано во регионот и пошироко, ни ја диктираат надворешната политика која ја претвори државата во земја за спрдачина, го прекршуваат секој закон, измислуваат закони за да го направат нелегалното легално, криминалот го претворија во стопанска гранка, непотизмот го прогласија за легитимен во кариерното напредување, поткупот и рекетот ги промовираа во највисоки вредности, успеваат да претворат во кал сѐ што ќе допрат, а се промовираат како европски ориентирана зелена партија која е столб на напредокот на Македонија. Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш? Па не молчевме пред Груевски. Зошто молчиме пред Али Ахмети? Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти? Или…?, прашува Најчевска.

The post Најчевска: Не молчевме пред Груевски, зошто молчиме пред Ахмети? appeared first on Република.

Децата на Али излегоа и на филм: Антистрес терапијата на Груби и другарите преточена во видео https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detsata-na-ali-izlegoa-i-na-film-antistres-terapijata-na-grubi-i-drugarite-pretochena-vo-video/ Tue, 07 Mar 2023 19:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=617037

„Историскиот“ натпревар меѓу децата на Али, министите од ДУИ во владата очекуваме во секој момент да се појави на билборди поставени по коридорите 8 и 10.

На толку стрес, колку што предизвикала историската владина седница во срцата на Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини изненадува количеството фотографии и уметничкото видео од антистрес терапијата.

Вицепремиерот Артан Груби објави фотографии од неговото Министерството за политички систем, на кои се гледа како заедно со другите министри од ДУИ, се рекреираат во просториите на министерството.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-zaigraa-detsata-na-ali-kaj-grubi-vo-kantselarija-se-igra-fudbal-i-kosharka/

Во меѓувреме, пи-ар машинеријата на министрите од ДУИ крчкала и видеозапис од фудбалскиот натпревар во просториите на Министерството за политички систем.

View this post on Instagram

A post shared by Artan Grubi (@artangrubi)

The post Децата на Али излегоа и на филм: Антистрес терапијата на Груби и другарите преточена во видео appeared first on Република.

]]>

„Историскиот“ натпревар меѓу децата на Али, министите од ДУИ во владата очекуваме во секој момент да се појави на билборди поставени по коридорите 8 и 10. На толку стрес, колку што предизвикала историската владина седница во срцата на Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини изненадува количеството фотографии и уметничкото видео од антистрес терапијата. Вицепремиерот Артан Груби објави фотографии од неговото Министерството за политички систем, на кои се гледа како заедно со другите министри од ДУИ, се рекреираат во просториите на министерството. https://republika.mk/vesti/makedonija/se-zaigraa-detsata-na-ali-kaj-grubi-vo-kantselarija-se-igra-fudbal-i-kosharka/ Во меѓувреме, пи-ар машинеријата на министрите од ДУИ крчкала и видеозапис од фудбалскиот натпревар во просториите на Министерството за политички систем.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Artan Grubi (@artangrubi)

The post Децата на Али излегоа и на филм: Антистрес терапијата на Груби и другарите преточена во видео appeared first on Република.

]]>
Се заиграа децата на Али: Кај Груби во канцеларија се игра фудбал и кошарка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-zaigraa-detsata-na-ali-kaj-grubi-vo-kantselarija-se-igra-fudbal-i-kosharka/ Tue, 07 Mar 2023 16:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=616981

Министерството на Артан Груби уредено како детско игралиште. Или по теркот на прочуените канцеларии на Гугл, во коишто вработените можат да се опуштат со секакви игри за време на процесот на креативно создавање.

Дрим тимот на Али Ахмети се опушта по долг и напорен ден, како што вели Груби.

https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-na-ali-izlegoa-i-na-film-antistres-terapijata-na-grubi-i-drugarite-pretochena-vo-video/

Тимот го сочинуваат Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини.

Дрим тим 🙂
По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех.
Денес е голем ден, вели „антистресираниот“ Груби.

The post Се заиграа децата на Али: Кај Груби во канцеларија се игра фудбал и кошарка appeared first on Република.

]]>

Министерството на Артан Груби уредено како детско игралиште. Или по теркот на прочуените канцеларии на Гугл, во коишто вработените можат да се опуштат со секакви игри за време на процесот на креативно создавање. Дрим тимот на Али Ахмети се опушта по долг и напорен ден, како што вели Груби. https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-na-ali-izlegoa-i-na-film-antistres-terapijata-na-grubi-i-drugarite-pretochena-vo-video/ Тимот го сочинуваат Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини. Дрим тим 🙂 По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех. Денес е голем ден, вели „антистресираниот“ Груби.

The post Се заиграа децата на Али: Кај Груби во канцеларија се игра фудбал и кошарка appeared first on Република.

]]>