дубровник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dubrovnik/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 07:40:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дубровник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dubrovnik/ 32 32 Концерт на Македонската филхармонија во Дубровник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-makedonskata-filharmonija-vo-dubrovnik/ Thu, 26 Sep 2024 07:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=819692

Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе гостува во Дубровник, Хрватска каде што ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. Солистички на концертот ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

Концертот во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Џана Кариман (1989, Дубровник) на седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство. Добитничка е на први награда на интернационалниот натпревар „Рудолф Матц“ во Дубровник, натпреварот „Бетовен“ во Санкт Пелтен и Интернационалниот натпревар по виолина во Казакстан. Како солистка настапила со Дубровничкиот симфониски оркестар, оркестарот на Хрватската радио телевизија, Сараевска филхармонија, Загрепска филхармонија, Загрепски солисти, Камерен оркестар Задар. Таа е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар.

Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Диригирал и со Филхармонијата во Краков, Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ – Софија, Хрватскиот камерен оркестар и многу други. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Кирил Трусов, Штефан Дор, Џозеф Алези… Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката – Загреб и др. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.

 

The post Концерт на Македонската филхармонија во Дубровник appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе гостува во Дубровник, Хрватска каде што ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. Солистички на концертот ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт. Концертот во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам. Џана Кариман (1989, Дубровник) на седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство. Добитничка е на први награда на интернационалниот натпревар „Рудолф Матц“ во Дубровник, натпреварот „Бетовен“ во Санкт Пелтен и Интернационалниот натпревар по виолина во Казакстан. Како солистка настапила со Дубровничкиот симфониски оркестар, оркестарот на Хрватската радио телевизија, Сараевска филхармонија, Загрепска филхармонија, Загрепски солисти, Камерен оркестар Задар. Таа е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар. Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Диригирал и со Филхармонијата во Краков, Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ – Софија, Хрватскиот камерен оркестар и многу други. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Кирил Трусов, Штефан Дор, Џозеф Алези… Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката – Загреб и др. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.  

The post Концерт на Македонската филхармонија во Дубровник appeared first on Република.

]]>
Филхармонија гостува во Дубровник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filharmonija-gostuva-vo-dubrovnik/ Mon, 23 Sep 2024 07:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=818853

Оркестарот на Македонската филхармонија на 26 септември ќе гостува во Дубровник, Хрватска каде што ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Џана Кариман е родена 1989 година во Дубровник. На седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство- Натпревар за музика и танц во Загреб (1998, 2000, 2002, 2004), интернационален натпревар „Етиди и скали“ во Загреб (1998, 1999, 2003), интернацинален натпревар „Верди“ во Рим (2001). Добитничка е на први награда на интернационалниот натпревар „Рудолф Матц“ во Дубровник, натпреварот „Бетовен“ во Санкт Пелтен и Интернационалниот натпревар по виолина во Казакстан. Како солистка настапила со Дубровничкиот симфониски оркестар, оркестарот на Хрватската радио телевизија, Сараевска филхармонија, Загрепска филхармонија, Загрепски солисти, Камерен оркестар Задар... Настапувала и во Словенија, Литванија, Франција, Босна и Херцеговина, Австрија, Полска, Лихтенштајн... Во 2015 година ја добива наградата „Стјепан Шулек“ за изведбата на „Четири годишни времиња“ од Астор Пјацола на затворањето на летниот фестивал во Дубровник, каде настапи заедно со Камерниот оркестар на музичката младина на Хрватска под диригентската палка на Павле Зајцев. Како камерен музичар, Кариман учествувала во проекти на младински оркестри во Германија, Унгарија и Австрија. Учествувал на семинари кај познати професори како Л. Сокоров, M. Сокоров, Г. Кончар, A. Сешек, Г. Зислин, А. Винитски, A. Сокоров, З.Брон, Б. Кушнир, П. Зукерман.

Џана Кариман е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар.

[caption id="attachment_818858" align="alignnone" width="2013"] Џана Кариман е концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар[/caption]

Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Диригирал и со Филхармонијата во Краков, Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Кирил Трусов, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.

 

The post Филхармонија гостува во Дубровник appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската филхармонија на 26 септември ќе гостува во Дубровник, Хрватска каде што ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт. Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам. Џана Кариман е родена 1989 година во Дубровник. На седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство- Натпревар за музика и танц во Загреб (1998, 2000, 2002, 2004), интернационален натпревар „Етиди и скали“ во Загреб (1998, 1999, 2003), интернацинален натпревар „Верди“ во Рим (2001). Добитничка е на први награда на интернационалниот натпревар „Рудолф Матц“ во Дубровник, натпреварот „Бетовен“ во Санкт Пелтен и Интернационалниот натпревар по виолина во Казакстан. Како солистка настапила со Дубровничкиот симфониски оркестар, оркестарот на Хрватската радио телевизија, Сараевска филхармонија, Загрепска филхармонија, Загрепски солисти, Камерен оркестар Задар... Настапувала и во Словенија, Литванија, Франција, Босна и Херцеговина, Австрија, Полска, Лихтенштајн... Во 2015 година ја добива наградата „Стјепан Шулек“ за изведбата на „Четири годишни времиња“ од Астор Пјацола на затворањето на летниот фестивал во Дубровник, каде настапи заедно со Камерниот оркестар на музичката младина на Хрватска под диригентската палка на Павле Зајцев. Како камерен музичар, Кариман учествувала во проекти на младински оркестри во Германија, Унгарија и Австрија. Учествувал на семинари кај познати професори како Л. Сокоров, M. Сокоров, Г. Кончар, A. Сешек, Г. Зислин, А. Винитски, A. Сокоров, З.Брон, Б. Кушнир, П. Зукерман. Џана Кариман е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар. [caption id="attachment_818858" align="alignnone" width="2013"] Џана Кариман е концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар[/caption] Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Диригирал и со Филхармонијата во Краков, Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Кирил Трусов, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.  

The post Филхармонија гостува во Дубровник appeared first on Република.

]]>
Водени лудории: Семејството Ѓоковиќ ужива во Дубровник https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vodeni-ludorii-semejstvoto-gokovik-uzhiva-vo-dubrovnik/ Mon, 12 Aug 2024 18:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=805888

По освојувањето на златото Новак Ѓоковиќ замина на залужен одмор. Тој отплови во Дуброник каде со Јелена,Тара и Стефан уживаат во морските лудории.

Но, Ноле го прекина одморот и вечерва ќе застане на славната тераса каде ќе биде пречекот на освојувачите на медалите од Париз.

 

The post Водени лудории: Семејството Ѓоковиќ ужива во Дубровник appeared first on Република.

]]>

По освојувањето на златото Новак Ѓоковиќ замина на залужен одмор. Тој отплови во Дуброник каде со Јелена,Тара и Стефан уживаат во морските лудории. Но, Ноле го прекина одморот и вечерва ќе застане на славната тераса каде ќе биде пречекот на освојувачите на медалите од Париз.  

The post Водени лудории: Семејството Ѓоковиќ ужива во Дубровник appeared first on Република.

]]>
Во Дубровник измерена рекордна температура на морето https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vo-dubrovnik-izmerena-rekordna-temperatura-na-moreto/ Tue, 16 Jul 2024 10:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=797327

Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ)

Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C.

Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.

 

The post Во Дубровник измерена рекордна температура на морето appeared first on Република.

]]>

Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ) Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C. Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.  

The post Во Дубровник измерена рекордна температура на морето appeared first on Република.

]]>
Муцунски од Дубровник: Владата е цврсто фокусирана на европските реформи, преку владеење на правото, борба против корупцијата и економски развој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-od-dubrovnik-vladata-e-tsvrsto-fokusirana-na-evropskite-reformi-preku-vladeene-na-pravoto-borba-protiv-koruptsijata-i-ekonomski-razvoj/ Sun, 30 Jun 2024 10:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=792066

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана од министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на Дубровник форум, што се одржа на 28 и 29 јуни, во Дубровник.

Муцунски се обрати на посебната сесија „Отворање на реформскиот потенцијал на Западен Балкан“, каде што се осврна на перспективите за членство на земјава во Европската Унија. Притоа, Муцунски истакна дека иако земјава е сведок на „билатерализација“ на евроинтегративниот процес, а претходно и на членството во НАТО, како и повеќекратна апликацијата на двојни стандарди од страна на институциите на ЕУ, сепак, нашата нација е про-европска нација, а мнозинството од нашиот народ ја поддржува европската агенда, бидејќи нема подобар пат од полноправното членство на земјава во ЕУ.

Во делот на реформите и интеграцијата на земјата во Европската Унија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија нагласи дека новата влада е цврсто фокусирана на процесот на европска интеграција, преку обезбедување на европските стандарди дома, односно борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото и економски развој.

Прашан за концептот за членство во Единствениот пазар пред целосна интеграција во ЕУ, Муцунски истакна дека независно како ЕУ го предвидува овој процес, вклучително и концептот за постепена интеграција, нема да има двоумење од наша страна доколку крајниот резултат е полноправно членство во ЕУ.

The post Муцунски од Дубровник: Владата е цврсто фокусирана на европските реформи, преку владеење на правото, борба против корупцијата и економски развој appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана од министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на Дубровник форум, што се одржа на 28 и 29 јуни, во Дубровник. Муцунски се обрати на посебната сесија „Отворање на реформскиот потенцијал на Западен Балкан“, каде што се осврна на перспективите за членство на земјава во Европската Унија. Притоа, Муцунски истакна дека иако земјава е сведок на „билатерализација“ на евроинтегративниот процес, а претходно и на членството во НАТО, како и повеќекратна апликацијата на двојни стандарди од страна на институциите на ЕУ, сепак, нашата нација е про-европска нација, а мнозинството од нашиот народ ја поддржува европската агенда, бидејќи нема подобар пат од полноправното членство на земјава во ЕУ. Во делот на реформите и интеграцијата на земјата во Европската Унија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија нагласи дека новата влада е цврсто фокусирана на процесот на европска интеграција, преку обезбедување на европските стандарди дома, односно борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото и економски развој. Прашан за концептот за членство во Единствениот пазар пред целосна интеграција во ЕУ, Муцунски истакна дека независно како ЕУ го предвидува овој процес, вклучително и концептот за постепена интеграција, нема да има двоумење од наша страна доколку крајниот резултат е полноправно членство во ЕУ.

The post Муцунски од Дубровник: Владата е цврсто фокусирана на европските реформи, преку владеење на правото, борба против корупцијата и економски развој appeared first on Република.

]]>
Муцунски во Дубровник на средби со Радман, Кулеба и Лајчак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vo-dubrovnik-na-sredbi-so-radman-kuleba-i-lajchak/ Sat, 29 Jun 2024 17:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=791941

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на неговото учество на Дубровник форумот, што се одржа на 28-ми и 29-ти јуни, во Дубровник, оствари одвоени средби со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и посебниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак.

Во фокусот на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците констатираа дека продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде поттик за земјите од регионот, но и суштински интерес за земјите членки и Унијата како целина, соопштија од Министерството.

Воедно, стана збор и за променетиот геополитички контекст по руската воена агресија врз Украина, при што беше нагласена силната и непоколеблива поддршка за украинскиот народ се’ додека е потребно.

Беше констатирано дека земјите од регионот и Украина имаат заедничка иднина, а таа е членството во Европската иднина.

На средбите беа разменети мислења и за состојбите во земјава, целокупната регионална динамика, како и за актуелните прашања од надворешно – политички и безбедносен карактер.

 

The post Муцунски во Дубровник на средби со Радман, Кулеба и Лајчак appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на неговото учество на Дубровник форумот, што се одржа на 28-ми и 29-ти јуни, во Дубровник, оствари одвоени средби со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и посебниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак.
Во фокусот на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците констатираа дека продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде поттик за земјите од регионот, но и суштински интерес за земјите членки и Унијата како целина, соопштија од Министерството.
Воедно, стана збор и за променетиот геополитички контекст по руската воена агресија врз Украина, при што беше нагласена силната и непоколеблива поддршка за украинскиот народ се’ додека е потребно. Беше констатирано дека земјите од регионот и Украина имаат заедничка иднина, а таа е членството во Европската иднина. На средбите беа разменети мислења и за состојбите во земјава, целокупната регионална динамика, како и за актуелните прашања од надворешно – политички и безбедносен карактер.  

The post Муцунски во Дубровник на средби со Радман, Кулеба и Лајчак appeared first on Република.

]]>
Нови цени за паркирање во Дубровник: Дневниот билет во зависност од зоната чини и до 200 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-tseni-za-parkirane-vo-dubrovnik-dnevniot-bilet-vo-zavisnost-od-zonata-chini-i-do-200-evra/ Tue, 14 May 2024 10:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=777929

Ако одите во Дубровник на одмор со вашето возило понесете повеќе пари за паркинг. Од почетокот на месецов во овој хрватски град важат нови цени за паркирање. Дневниот билет за паркирање зависно од зоната оди и до 200 евра, а за еден час паркинг во близина на стариот дел на градот се плаќа 10 евра.

Цените варираат во зависност од зоната и месецот во кој го посетувате овој град. Во нултата зона за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември) гостите плаќаат 10 евра. Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните 0,70 евра. Во втората зона еден час чини 6,60 евра. Повеќечасовен билет до Пила (нулта зона) од 1 мај чини 199,08 евра.

Повеќечасовен билет во првата зона чини 17,25 евра, а во втората 132,70 евра. Пред еден месец беше 53,09 евра.

Во екот на сезоната дневниот билет  чини 199,10 евра, а претходно чинеше 106,20 евра. Во втората зона дневниот билет е 132,70 евра, а во третата 17,30 евра.

The post Нови цени за паркирање во Дубровник: Дневниот билет во зависност од зоната чини и до 200 евра appeared first on Република.

]]>

Ако одите во Дубровник на одмор со вашето возило понесете повеќе пари за паркинг. Од почетокот на месецов во овој хрватски град важат нови цени за паркирање. Дневниот билет за паркирање зависно од зоната оди и до 200 евра, а за еден час паркинг во близина на стариот дел на градот се плаќа 10 евра. Цените варираат во зависност од зоната и месецот во кој го посетувате овој град. Во нултата зона за еден час паркирање во сезоната (од мај до септември) гостите плаќаат 10 евра. Во првата и третата зона е 1,30 евра, наместо досегашните 0,70 евра. Во втората зона еден час чини 6,60 евра. Повеќечасовен билет до Пила (нулта зона) од 1 мај чини 199,08 евра. Повеќечасовен билет во првата зона чини 17,25 евра, а во втората 132,70 евра. Пред еден месец беше 53,09 евра. Во екот на сезоната дневниот билет  чини 199,10 евра, а претходно чинеше 106,20 евра. Во втората зона дневниот билет е 132,70 евра, а во третата 17,30 евра.

The post Нови цени за паркирање во Дубровник: Дневниот билет во зависност од зоната чини и до 200 евра appeared first on Република.

]]>
Невреме во Сплит, Книн и Дубровник, во прекин се траектните, бродските и катамаранските линии https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nevreme-vo-split-knin-i-dubrovnik-vo-prekin-se-traektnite-brodskite-i-katamaranskite-linii/ Sat, 21 Oct 2023 16:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=693687

Дирекцијата за цивилна заштита објави ново предупредување поради невремето што ја зафати Хрватска.

Синоптичарите на ДХМЗ издадоа црвено предупредување за невреме со грмотевици во регионите Сплит, Книн и Дубровник поради обилни врнежи проследени со грмежи и голема веројатност за урбани и поројни поплави, локално со можна појава на град.

„Портокалово предупредување за грмежи во регионот на Госпиќ (главно Лика) – на места изразени врнежи од дожд и грмежи, а долж Јадранското Море локално град, дожд во регионите на Книн, Сплит, Дубровник, Госпиќ (Лика) и Осиек, урбани и поројни врнежи, а можни се поплави“, соопштија од Дирекцијата.

На Брач ​​нема поголема материјална штета, освен многу паднати гранки и откорнати дрвја кои паднаа на далноводи, што предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија.. Оштетени се покриви во Селци и Нови Село, а оштетен е и еден автомобил, јавува Данас.хр.

Хрватскиот авто клуб (ХАК) предупредува на потешкотии во поморскиот сообраќај во Далмација.

Поради неповолни временски услови, во прекин се траектните, бродските и катамаранските линии.

 

The post Невреме во Сплит, Книн и Дубровник, во прекин се траектните, бродските и катамаранските линии appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата за цивилна заштита објави ново предупредување поради невремето што ја зафати Хрватска. Синоптичарите на ДХМЗ издадоа црвено предупредување за невреме со грмотевици во регионите Сплит, Книн и Дубровник поради обилни врнежи проследени со грмежи и голема веројатност за урбани и поројни поплави, локално со можна појава на град. „Портокалово предупредување за грмежи во регионот на Госпиќ (главно Лика) – на места изразени врнежи од дожд и грмежи, а долж Јадранското Море локално град, дожд во регионите на Книн, Сплит, Дубровник, Госпиќ (Лика) и Осиек, урбани и поројни врнежи, а можни се поплави“, соопштија од Дирекцијата.
На Брач ​​нема поголема материјална штета, освен многу паднати гранки и откорнати дрвја кои паднаа на далноводи, што предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија.. Оштетени се покриви во Селци и Нови Село, а оштетен е и еден автомобил, јавува Данас.хр.
Хрватскиот авто клуб (ХАК) предупредува на потешкотии во поморскиот сообраќај во Далмација. Поради неповолни временски услови, во прекин се траектните, бродските и катамаранските линии.  

The post Невреме во Сплит, Книн и Дубровник, во прекин се траектните, бродските и катамаранските линии appeared first on Република.

]]>
Здравко Чолиќ за Нова година ќе пее во Дубровник за 130.000 евра https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/zdravko-cholik-za-nova-godina-ke-pee-vo-dubrovnik-za-130-000-evra/ Tue, 25 Jul 2023 20:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=665099

Иако сме среде лето најголемата регионална звезда Здравко Чолиќ знае каде ќе пее за Новата година. Тој ќе ги забавува гостите во Дубровник која ќе биде центар на случувањето во Хрватска.

Чолиќ вели дека е среќен оти ќе пее на најубавото место во светот како што е Страдун.

Цената за концертот на Чола е една од највисоките-130.000 евра што предизвика негодување кај граѓаните. Сепак, локалните власти смируваат и убедуваат дека парите ќе се вратат од туризмот бидејќи за новогодишните празници очекуваат рекордна посета на гости.

The post Здравко Чолиќ за Нова година ќе пее во Дубровник за 130.000 евра appeared first on Република.

]]>

Иако сме среде лето најголемата регионална звезда Здравко Чолиќ знае каде ќе пее за Новата година. Тој ќе ги забавува гостите во Дубровник која ќе биде центар на случувањето во Хрватска. Чолиќ вели дека е среќен оти ќе пее на најубавото место во светот како што е Страдун. Цената за концертот на Чола е една од највисоките-130.000 евра што предизвика негодување кај граѓаните. Сепак, локалните власти смируваат и убедуваат дека парите ќе се вратат од туризмот бидејќи за новогодишните празници очекуваат рекордна посета на гости.

The post Здравко Чолиќ за Нова година ќе пее во Дубровник за 130.000 евра appeared first on Република.

]]>
Голем пожар кај Трогир, ветрот го разгорува огнот кај Дубровник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golem-pozhar-kaj-trogir-vetrot-go-razgoruva-ognot-kaj-dubrovnik/ Tue, 25 Jul 2023 19:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=665271

Во Сегет кај Трогир попладнево се разгоре пожар кој го гасат три противпожарни единици-Трогир, Каштела и Сплит, но силниот ветер ја отежнува акцијата, објавуваат хрватските медиуми.

Како што соопшти хрватското Министерство за одбрана, во гаснењето на пожарот во Сегет Горњи учествуваат три канадери.

Пожарот во Сегет Горњи кај Трогир го гаснат околу 60 пожарникари со 20 противпожарни возила, со поддршка на три противпожарни авиони, информираат пожарникарите на Трогир.

Тоа е ненаселена област каде што има викендички, но не се загрозени од пожарот, соопшти командантот на оперативната зона Трогир, Марин Бубле.

Пожарот избувнал околу 16 часот и 30 минути. Пожарникарите со брза интервенција успеале да го намалат неговиот интензитет, но сè уште не е под контрола. Засега не се знае колкава површина е зафатена од пожарот.

Во исто време, нови проблеми има и кај пожарот во Дубровничката жупанија. Според локалните медиуми, сè уште е неизвесна ситуацијата околу пожарот кој гори од синоќа. Овој пожар утрово го гаснеле три канадери.

Пожарот сè уште не е изгаснат и, како што веќе истакна шефот на противпожарната служба на Дубровник, Стјепан Симовиќ, западната и источната страна се активни, а ветрот им е најголем непријател.

The post Голем пожар кај Трогир, ветрот го разгорува огнот кај Дубровник appeared first on Република.

]]>

Во Сегет кај Трогир попладнево се разгоре пожар кој го гасат три противпожарни единици-Трогир, Каштела и Сплит, но силниот ветер ја отежнува акцијата, објавуваат хрватските медиуми. Како што соопшти хрватското Министерство за одбрана, во гаснењето на пожарот во Сегет Горњи учествуваат три канадери. Пожарот во Сегет Горњи кај Трогир го гаснат околу 60 пожарникари со 20 противпожарни возила, со поддршка на три противпожарни авиони, информираат пожарникарите на Трогир.
Тоа е ненаселена област каде што има викендички, но не се загрозени од пожарот, соопшти командантот на оперативната зона Трогир, Марин Бубле.
Пожарот избувнал околу 16 часот и 30 минути. Пожарникарите со брза интервенција успеале да го намалат неговиот интензитет, но сè уште не е под контрола. Засега не се знае колкава површина е зафатена од пожарот. Во исто време, нови проблеми има и кај пожарот во Дубровничката жупанија. Според локалните медиуми, сè уште е неизвесна ситуацијата околу пожарот кој гори од синоќа. Овој пожар утрово го гаснеле три канадери. Пожарот сè уште не е изгаснат и, како што веќе истакна шефот на противпожарната служба на Дубровник, Стјепан Симовиќ, западната и источната страна се активни, а ветрот им е најголем непријател.

The post Голем пожар кај Трогир, ветрот го разгорува огнот кај Дубровник appeared first on Република.

]]>
Голем пожар кај Дубровник, огнот им се заканува на куќите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golem-pozhar-kaj-dubrovnik-ognot-im-se-zakanuva-na-kukite/ Tue, 25 Jul 2023 08:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=664964

Пожар избувна во Дубровник, едно од најпознатите туритички места во Хрватска, јавуваат медиумите во регионот.

Се наведува дека гаснењето се одвива бавно, а теренот е тежок.

Ветрот бил силен и огнот набрзо се проширил.

Пожарникарот на Дубровничко-неретванската жупанија Стјепан Симовиќ истакна дека сега состојбата е подобра, но во текот на ноќта ги бранеле куќите., пишува „24сата“.

Пожарот се прошири многу брзо и им се закани на куќи. Така во текот на ноќта, фала богу успеавме да дојдеме со возилата и да бидеме околу секоја куќа. Што се однесува до западната страна, се искачуваме кон врвот. Се оди побавно, теренот е многу тежок. Активна е и источната страна која во моментов ја гасиме, изјави Симовиќ.

The post Голем пожар кај Дубровник, огнот им се заканува на куќите appeared first on Република.

]]>

Пожар избувна во Дубровник, едно од најпознатите туритички места во Хрватска, јавуваат медиумите во регионот. Се наведува дека гаснењето се одвива бавно, а теренот е тежок. Ветрот бил силен и огнот набрзо се проширил. Пожарникарот на Дубровничко-неретванската жупанија Стјепан Симовиќ истакна дека сега состојбата е подобра, но во текот на ноќта ги бранеле куќите., пишува „24сата“. Пожарот се прошири многу брзо и им се закани на куќи. Така во текот на ноќта, фала богу успеавме да дојдеме со возилата и да бидеме околу секоја куќа. Што се однесува до западната страна, се искачуваме кон врвот. Се оди побавно, теренот е многу тежок. Активна е и источната страна која во моментов ја гасиме, изјави Симовиќ.

The post Голем пожар кај Дубровник, огнот им се заканува на куќите appeared first on Република.

]]>
Oва се цените во Дубровник: Kилограм цреши 10 евра, лигњи 32, пица 13 https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ova-se-tsenite-vo-dubrovnik-kilogram-tsreshi-10-evra-ligni-32-pitsa-13/ Tue, 11 Jul 2023 11:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=660028

Далматинците речиси сeкојдневно се жалат дека цените на храната и пијалоците   отишле „до небо“, особено кај рестораните. Тие велат дека е невозможно да се  „преживее“ ден во Дубровник со 100 евра дневно.

За килограм цреши треба да платите 10 евра, порција печени лигњи се нуди по цена од 32 до 35 евра, печено јагне од 26 до 35 евра.

Мешана пица чини меѓу 13 и 14 евра. Половина литар пиво се продава од седум до осум евра, (не)газираните сокови од четири до пет евра, а два децилитри вино од седум до 10, па и 14 евра, во зависност од видот и квалитетот на виното.

The post Oва се цените во Дубровник: Kилограм цреши 10 евра, лигњи 32, пица 13 appeared first on Република.

]]>

Далматинците речиси сeкојдневно се жалат дека цените на храната и пијалоците   отишле „до небо“, особено кај рестораните. Тие велат дека е невозможно да се  „преживее“ ден во Дубровник со 100 евра дневно. За килограм цреши треба да платите 10 евра, порција печени лигњи се нуди по цена од 32 до 35 евра, печено јагне од 26 до 35 евра. Мешана пица чини меѓу 13 и 14 евра. Половина литар пиво се продава од седум до осум евра, (не)газираните сокови од четири до пет евра, а два децилитри вино од седум до 10, па и 14 евра, во зависност од видот и квалитетот на виното.

The post Oва се цените во Дубровник: Kилограм цреши 10 евра, лигњи 32, пица 13 appeared first on Република.

]]>
Македонска филхармонија гостува во Подгорица и во Дубровник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-filharmonija-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/ Tue, 04 Jul 2023 07:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=657900

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер гостува во Подгорица, а во четврток, на 6 јули, во Дубровник.

Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“.

На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.

 

The post Македонска филхармонија гостува во Подгорица и во Дубровник appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер гостува во Подгорица, а во четврток, на 6 јули, во Дубровник. Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.  

The post Македонска филхармонија гостува во Подгорица и во Дубровник appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес во Дубровник, граѓаните преплашени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/silen-zemjotres-vo-dubrovnik-graganite-preplasheni/ Fri, 30 Jun 2023 06:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=656709

Рано утрово земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето кај Дубровник, пишува „Вечерњи лист“.

Според информациите добиени од ЕМСЦ, јачината на земјотресот бил точно 4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Јадранското Море, на седум километри југоисточно од Дубровник, на длабочина од 1,9 километри. Истиот земјотрес беше почувствуван и во Босна и Херцеговина кај Требиње.

Како што пишуваат сведоците на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил краток, но силен.

Земјотресот, како што пренесуваат медиумите во БиХ, бил на 20 километри југозападно од Требиње. Се уште нема информации за евентуална штета.

The post Силен земјотрес во Дубровник, граѓаните преплашени appeared first on Република.

]]>

Рано утрово земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето кај Дубровник, пишува „Вечерњи лист“. Според информациите добиени од ЕМСЦ, јачината на земјотресот бил точно 4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Јадранското Море, на седум километри југоисточно од Дубровник, на длабочина од 1,9 километри. Истиот земјотрес беше почувствуван и во Босна и Херцеговина кај Требиње. Како што пишуваат сведоците на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил краток, но силен. Земјотресот, како што пренесуваат медиумите во БиХ, бил на 20 километри југозападно од Требиње. Се уште нема информации за евентуална штета.

The post Силен земјотрес во Дубровник, граѓаните преплашени appeared first on Република.

]]>
Македонска филхармонија ќе гостува во Подгорица и Дубровник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonska-filharmonija-ke-gostuva-vo-podgoritsa-i-dubrovnik/ Wed, 28 Jun 2023 10:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=655982

Оркестарот на Македонската филхармонија следната недела ќе гостува во Подгорица (4 јули) и во Дубровник (6 јули). Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.2 од Kамиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр.4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.

По успешното гостување во Белград и Ниш, сега следува турнеја во Црна Гора и во Хрватска, каде знам дека повторно ќе се претставиме во одлично светло и ние како институција, и секако нашата држава. Гостувањето во Хрватска го реализираме на покана на Симфонискиот оркестар во Дубровник, додека во Подгорица, два дена претходно, настапуваме благодарение на несебичната поддршка на Министерството за култура на Црна Гора и амбасадорката на Црна Гора во Македонија, Марија Петровиќ. Од огромно значење е и ова меѓународно претставување како круна на концертната сезона која беше исполнета со голем број на успешни настани. За впечатоците потоа, а сега можам само да кажам дека сум навистина среќна што Македонската филхармонија чекори гордо по патот којшто го зацрта, вели Тина Иванова, директорка на Филхармонија.

Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис.

Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност. Добитничка е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари од кои се издвојуваат следните награди: Прва награда на Републичките натпревари по пијано, финалист на Меѓународниот натпревар по пијано во Усти над Лабен - Чешка (1995), финалист на Меѓународниот натпревар во Сенегалија - Италија (1996), трета награда на Меѓународниот натпревар „Никола Рубинштајн“ во Париз - Франција (1997), прва награда на натпреварот за полифонија на Факултетот за музичка уметност - Скопје (1999, 2000, 2001). Како солист и камерен музичар настапувала во САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција...

The post Македонска филхармонија ќе гостува во Подгорица и Дубровник appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската филхармонија следната недела ќе гостува во Подгорица (4 јули) и во Дубровник (6 јули). Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.2 од Kамиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр.4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.
По успешното гостување во Белград и Ниш, сега следува турнеја во Црна Гора и во Хрватска, каде знам дека повторно ќе се претставиме во одлично светло и ние како институција, и секако нашата држава. Гостувањето во Хрватска го реализираме на покана на Симфонискиот оркестар во Дубровник, додека во Подгорица, два дена претходно, настапуваме благодарение на несебичната поддршка на Министерството за култура на Црна Гора и амбасадорката на Црна Гора во Македонија, Марија Петровиќ. Од огромно значење е и ова меѓународно претставување како круна на концертната сезона која беше исполнета со голем број на успешни настани. За впечатоците потоа, а сега можам само да кажам дека сум навистина среќна што Македонската филхармонија чекори гордо по патот којшто го зацрта, вели Тина Иванова, директорка на Филхармонија.
Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност. Добитничка е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари од кои се издвојуваат следните награди: Прва награда на Републичките натпревари по пијано, финалист на Меѓународниот натпревар по пијано во Усти над Лабен - Чешка (1995), финалист на Меѓународниот натпревар во Сенегалија - Италија (1996), трета награда на Меѓународниот натпревар „Никола Рубинштајн“ во Париз - Франција (1997), прва награда на натпреварот за полифонија на Факултетот за музичка уметност - Скопје (1999, 2000, 2001). Како солист и камерен музичар настапувала во САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција...

The post Македонска филхармонија ќе гостува во Подгорица и Дубровник appeared first on Република.

]]>
Топ-листа на 25 најубави градови во светот, има два од Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/top-lista-na-25-najubavi-gradovi-vo-svetot-ima-dva-od-balkanot/ Sat, 08 Apr 2023 20:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=628827

Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Од нив, меѓу најблиските во нашето соседство е Дубровник којшто се наоѓа на 18. место.

Како што пишува изданието, во „бисерот на Јадранот“, во шармантниот, компактен и стар град во Хрватска, посетителите може да видат средновековна архитектура во сочувана состојба, вклучувајќи тука и готско-ренесансно наследство, палати и дебели камени ѕидови... Според рецензијата, ова е еден од најдобро сочуваните средновековни утврдувања во светот.

Од градовите на Балканот, на топ-листата се наоѓа и Истанбул, кој е рангиран на четвртото место.

 

Во првите 10 градови, покрај Истанбул, се Сиднеј (Австралија), Барселона (Шпанија), Квинстаун (Нов Зеланд), Париз (Франција), Сан Франциско (Калифорнија), Палермо (Италија), Кејп Таун (Јужна Африка) , Сеул (Јужна Кореја) и Картагена (Колумбија).

На списокот натаму следат и Кјото (Јапонија), Рио де Жанеиро (Бразил), Тбилиси (Грузија), Рим (Италија), Хој Ан (Виетнам), Лондон (Англија), Буенос Ариес (Аргентина), Седина (Аризона, САД), Шафшауан (Мароко), Тајпеј (Тајван), Единбург (Шкотска), Сан Мигел де Аљенде (Мексико), Сингапур и Њујорк (САД).

The post Топ-листа на 25 најубави градови во светот, има два од Балканот appeared first on Република.

]]>

Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Од нив, меѓу најблиските во нашето соседство е Дубровник којшто се наоѓа на 18. место. Како што пишува изданието, во „бисерот на Јадранот“, во шармантниот, компактен и стар град во Хрватска, посетителите може да видат средновековна архитектура во сочувана состојба, вклучувајќи тука и готско-ренесансно наследство, палати и дебели камени ѕидови... Според рецензијата, ова е еден од најдобро сочуваните средновековни утврдувања во светот. Од градовите на Балканот, на топ-листата се наоѓа и Истанбул, кој е рангиран на четвртото место.   Во првите 10 градови, покрај Истанбул, се Сиднеј (Австралија), Барселона (Шпанија), Квинстаун (Нов Зеланд), Париз (Франција), Сан Франциско (Калифорнија), Палермо (Италија), Кејп Таун (Јужна Африка) , Сеул (Јужна Кореја) и Картагена (Колумбија). На списокот натаму следат и Кјото (Јапонија), Рио де Жанеиро (Бразил), Тбилиси (Грузија), Рим (Италија), Хој Ан (Виетнам), Лондон (Англија), Буенос Ариес (Аргентина), Седина (Аризона, САД), Шафшауан (Мароко), Тајпеј (Тајван), Единбург (Шкотска), Сан Мигел де Аљенде (Мексико), Сингапур и Њујорк (САД).

The post Топ-листа на 25 најубави градови во светот, има два од Балканот appeared first on Република.

]]>
Нови правила на Јадранот: Лице кое пие алкохол на јавна површина ќе плати казна од 150 евра, а исто толку ќе плати и лице кое полуголо шета низ градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novi-pravila-na-jadranot-litse-koe-pie-alkohol-na-javna-povrshina-ke-plati-kazna-od-150-evra-a-isto-tolku-ke-plati-i-litse-koe-polugolo-sheta-niz-gradot/ Wed, 01 Feb 2023 13:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=603396

Нова одлука за комунален ред, казни за непочитување на прописите од 150 евра. На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за сите кои го прекршуваат законот. Може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, затоа што ако бидат фатени од комуналната стража ќе бидат казнети со 150 евра!

Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување домашни миленици и изнесува 66,36 евра за физички лица. Сплитчани и нивните гости на улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа на повик, пишува „Тпортал.хр“.

Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комуналниот ред, а минатата година првите разголени туристи платија казни од 150 евра. Новата сплитска одлука за комунален ред била донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапила на сила со новата година. Според општинскиот управник Јосип Габелица, станува збор за сеопфатна, прецизна и поригорозна одлука за казнување на прекршителите во однос на претходната, а намерата била да се воспостави ред во целиот град, особено на просторот на културно-историскиот град (зона А). Со општинската одлука се вовел нов концепт на пропишани забрани кои важат исклучиво за зоната А која има посебна заштита и за одредбите кои важат за целиот град.

Според новото решение за комунален ред, лице кое ќе биде фатено како пие алкохол на јавна површина ќе плати казна од 150 евра, а исто толку ќе треба да плати и лице кое полуголо шета низ градот.

Дополнително, воведена е забрана за поставување електроакустични уреди на терасите на угостителските објекти, во зона А, што значи дека на тие места не може да се користат звучници и појачала. Според одлуката, дозволено е да се изведува музика во живо, без електроакустични уреди.

Исто така, прецизирана е и опремата на терасите на угостителските објекти кои можат да се постават, така што повеќе нема да има лулашки, каучи и сепареа кои не се во согласност со урбаната опрема, а тендите и чадорите мора да бидат неутрални беж и без реклами.

Кога станува збор за туристите, ги чека уште една промена – во иднина ќе биде забрането да им се нудат услуги во центарот на градот, како што беше случај во претходните сезони кога рестораните нудеа менија.

The post Нови правила на Јадранот: Лице кое пие алкохол на јавна површина ќе плати казна од 150 евра, а исто толку ќе плати и лице кое полуголо шета низ градот appeared first on Република.

]]>

Нова одлука за комунален ред, казни за непочитување на прописите од 150 евра. На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за сите кои го прекршуваат законот. Може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, затоа што ако бидат фатени од комуналната стража ќе бидат казнети со 150 евра! Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување домашни миленици и изнесува 66,36 евра за физички лица. Сплитчани и нивните гости на улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа на повик, пишува „Тпортал.хр“. Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комуналниот ред, а минатата година првите разголени туристи платија казни од 150 евра. Новата сплитска одлука за комунален ред била донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапила на сила со новата година. Според општинскиот управник Јосип Габелица, станува збор за сеопфатна, прецизна и поригорозна одлука за казнување на прекршителите во однос на претходната, а намерата била да се воспостави ред во целиот град, особено на просторот на културно-историскиот град (зона А). Со општинската одлука се вовел нов концепт на пропишани забрани кои важат исклучиво за зоната А која има посебна заштита и за одредбите кои важат за целиот град. Според новото решение за комунален ред, лице кое ќе биде фатено како пие алкохол на јавна површина ќе плати казна од 150 евра, а исто толку ќе треба да плати и лице кое полуголо шета низ градот. Дополнително, воведена е забрана за поставување електроакустични уреди на терасите на угостителските објекти, во зона А, што значи дека на тие места не може да се користат звучници и појачала. Според одлуката, дозволено е да се изведува музика во живо, без електроакустични уреди. Исто така, прецизирана е и опремата на терасите на угостителските објекти кои можат да се постават, така што повеќе нема да има лулашки, каучи и сепареа кои не се во согласност со урбаната опрема, а тендите и чадорите мора да бидат неутрални беж и без реклами. Кога станува збор за туристите, ги чека уште една промена – во иднина ќе биде забрането да им се нудат услуги во центарот на градот, како што беше случај во претходните сезони кога рестораните нудеа менија.

The post Нови правила на Јадранот: Лице кое пие алкохол на јавна површина ќе плати казна од 150 евра, а исто толку ќе плати и лице кое полуголо шета низ градот appeared first on Република.

]]>
Сакате да летувате во Дубровник: Tопка сладолед пет евра, паркинг еден час шест евра, а соба 80 евра од ноќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/sakate-da-letuvate-vo-dubrovnik-topka-sladoled-pet-evra-parking-eden-chas-shest-evra-a-soba-80-evra-od-nokj/ Tue, 09 Aug 2022 10:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=538309

Дубровник e дефинитивно еден од најскапите градови во Хрватска води и по цени. Двајца туристи кои останале само два дена ги споделија искуствата за цените во овој туристички центар.

Топка сладолед во стариот град се движи од 2,5 до дури 5 евра а еден час паркирање 6 евра.

Кока-кола во кафулињата чини 4,5 евра. Општа лудост е по маичките и сувенирите „Game of thrones“, па најевтината маица е 35 евра. Магнети и сувенири не можат да се најдат под 5 евра.

11 евра е километар такси а за обичните смртници има и градски автобус, 130 денари е билетот. Двокреветните соби чинат од 80 евра па нагоре, за едно ноќевање.

 

 

The post Сакате да летувате во Дубровник: Tопка сладолед пет евра, паркинг еден час шест евра, а соба 80 евра од ноќ appeared first on Република.

]]>

Дубровник e дефинитивно еден од најскапите градови во Хрватска води и по цени. Двајца туристи кои останале само два дена ги споделија искуствата за цените во овој туристички центар. Топка сладолед во стариот град се движи од 2,5 до дури 5 евра а еден час паркирање 6 евра. Кока-кола во кафулињата чини 4,5 евра. Општа лудост е по маичките и сувенирите „Game of thrones“, па најевтината маица е 35 евра. Магнети и сувенири не можат да се најдат под 5 евра. 11 евра е километар такси а за обичните смртници има и градски автобус, 130 денари е билетот. Двокреветните соби чинат од 80 евра па нагоре, за едно ноќевање.    

The post Сакате да летувате во Дубровник: Tопка сладолед пет евра, паркинг еден час шест евра, а соба 80 евра од ноќ appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Дубровник локализиран – загина пожарникар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pozarot-kaj-dubrovnik-lokaliziran-zagina-pozarnikar/ Mon, 01 Aug 2022 11:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=535680

Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење

Еден пожарникар загина при гаснење на пожар кај Дубровник, соопшти утринава Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ).

Истрагата за причините за смртта на пожарникарот Горан Комленац е во тек, а по завршувањето јавноста ќе биде информирана.

Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење.

Пожарот зафатил 87 хектари густа борова шума во областа Орашац – Громаче кај Затон (Дубровачки).

Како што јавува Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник за оваа сезона.

The post Пожарот кај Дубровник локализиран – загина пожарникар appeared first on Република.

]]>

Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење Еден пожарникар загина при гаснење на пожар кај Дубровник, соопшти утринава Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ). Истрагата за причините за смртта на пожарникарот Горан Комленац е во тек, а по завршувањето јавноста ќе биде информирана.
Пожарот, кој вчера го зафати просторот над населбата Орашац, кај Дубровник, го гасеа четворица канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеале да го спречат неговото ширење. Пожарот зафатил 87 хектари густа борова шума во областа Орашац – Громаче кај Затон (Дубровачки). Како што јавува Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник за оваа сезона.

The post Пожарот кај Дубровник локализиран – загина пожарникар appeared first on Република.

]]>
Гори шума кај Дубровник, четири „канадери“ го гаснат пожарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gori-shuma-kaj-dubrovnik-chetiri-kanaderi-go-gasnat-pozarot/ Sun, 31 Jul 2022 15:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=535384

Пожарот кој од попладнево беснее над местата Затон и Орашац на хрватското приморје, во Дубровничко-неретванската жупанија, го гаснат најмалку 29 пожарникари со десет возила.

Покрај припадниците на ЈВП, пожарот го гаснат и дубровничките пожарникари и три ДВД-а и интервентната единица. Набрзо пристигнале и четири авиони „канадери“, кои повеќе часови истураат вода врз запалената шума. Пожарникарите известуваат дека ситуацијата на местото на пожарот постојано се менува, јавуваат локалните медиуми.

 

https://youtu.be/fdrX36uw6wA

The post Гори шума кај Дубровник, четири „канадери“ го гаснат пожарот appeared first on Република.

]]>

Пожарот кој од попладнево беснее над местата Затон и Орашац на хрватското приморје, во Дубровничко-неретванската жупанија, го гаснат најмалку 29 пожарникари со десет возила. Покрај припадниците на ЈВП, пожарот го гаснат и дубровничките пожарникари и три ДВД-а и интервентната единица. Набрзо пристигнале и четири авиони „канадери“, кои повеќе часови истураат вода врз запалената шума. Пожарникарите известуваат дека ситуацијата на местото на пожарот постојано се менува, јавуваат локалните медиуми.   https://youtu.be/fdrX36uw6wA

The post Гори шума кај Дубровник, четири „канадери“ го гаснат пожарот appeared first on Република.

]]>