дуално образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dualno-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 14:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дуално образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dualno-obrazovanie/ 32 32 Зголемен е бројот на учениците кои се запишуваат во дуалните паралелки во средно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zgolemen-e-brojot-na-uchenitsite-koi-se-zapishuvaat-vo-dualnite-paralelki-vo-sredno/ Wed, 05 Apr 2023 16:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=627614

Поддршката на Швајцарија за реформите на системот за развој на стручни вештини продолжува и ја остварува целта да се школуваат кадри со вештини и компетенции кои им овозможуваат брзо вклучување на пазарот на труд. Со подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование расте и интересот кај младите за концептот - учење преку работа, што се гледа и преку континуираниот раст на бројот запишани деветооделенци во стручните, посебно во дуалните паралелки.

Ова го посочи министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со заменик амбасадорот на Швајцарија во Скопје, Лусиен Аегертер на која се разговараше за унапредување на заедничките активности поврзани со средното стручно образование. Заменик амбасадорот Аегертер изрази задоволство што и во Македонија успешно се реализира швајцарскиот систем на стручно образование што докажано создава квалитетен кадар.

Оваа учебна година дуално образование се реализира во 225 паралелки со 2.763 ученици, во соработка со 450 компании. Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година предвидени се 259 дуални паралелки со вкупно 6.475 ученички места, во соработка со над 500 компании. За учениците запишани во дуално образование се исплаќаат стипендии во месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.

The post Зголемен е бројот на учениците кои се запишуваат во дуалните паралелки во средно appeared first on Република.

]]>

Поддршката на Швајцарија за реформите на системот за развој на стручни вештини продолжува и ја остварува целта да се школуваат кадри со вештини и компетенции кои им овозможуваат брзо вклучување на пазарот на труд. Со подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование расте и интересот кај младите за концептот - учење преку работа, што се гледа и преку континуираниот раст на бројот запишани деветооделенци во стручните, посебно во дуалните паралелки. Ова го посочи министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со заменик амбасадорот на Швајцарија во Скопје, Лусиен Аегертер на која се разговараше за унапредување на заедничките активности поврзани со средното стручно образование. Заменик амбасадорот Аегертер изрази задоволство што и во Македонија успешно се реализира швајцарскиот систем на стручно образование што докажано создава квалитетен кадар. Оваа учебна година дуално образование се реализира во 225 паралелки со 2.763 ученици, во соработка со 450 компании. Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година предвидени се 259 дуални паралелки со вкупно 6.475 ученички места, во соработка со над 500 компании. За учениците запишани во дуално образование се исплаќаат стипендии во месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.

The post Зголемен е бројот на учениците кои се запишуваат во дуалните паралелки во средно appeared first on Република.

]]>
Дуалното образование во Македонија почна со 11 паралелки и 98 ученици, денес има 225 дуални паралелки со 3.300 ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dualnoto-obrazovanie-vo-makedonija-pochna-so-11-paralelki-i-98-uchenitsi-denes-ima-225-dualni-paralelki-so-3-300-uchenitsi/ Tue, 07 Feb 2023 08:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=605778

Со дијалог помеѓу претставници на Министерството за образование и наука, бизнис заедницата, општина Куманово и средните стручни училишта под надлежност на оваа локална самоуправа денес започна нов циклус од кампањата „Учи паметно, работи стручно“. Станува збор за кампања која МОН ја спроведува со поддршка од амбасадата на Швајцарија, а чија цел е креирање на уписна политика за средно образование што ќе одговори на потребите на стопанството и ќе овозможи поголема промоција и унапредување на квалитетот на средното стручно образование.

На оваа прва од серијата регионални средби што ќе се организираат овој и следниот месец, присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој рече дека досега кампањата се покажала како исклучително ефективна и затоа, заедно со швајцарската амбасада е одлучено истата да продолжи да се имплементира и понатаму, а со крајна цел усогласување на образованието со пазарот на трудот во државава.

„Кампањата нуди инклузивен пристап за креирање на уписните политики, со учество на сите засегнати страни. Имаме можност да ги слушнеме потребите на бизнис заедницата во секоја општина за стручниот кадар кој им недостасува, но и да ги вклучиме компаниите во едуцирањето и обучувањето на новите генерации, односно на потенцијалната работна сила. Дел од потребите се задоволени во изминатите три години, колку што се спроведува кампањата, но овој дијалог мора да има континуитет“, рече Шаќири.

Тој информираше дека благодарение на „Учи паметно, работи стручно“ во изминатите три години значително е проширен концептот на дуално образование кој се базира на учење преку работа и дава голем придонес во подигнувањето на степенот на вработливост.

Почнавме со 11 дуални паралелки со 98 ученици, а сега имаме 225 дуални паралелки со 3300 ученици. Ако на почетокот само 16 компании учествуваа во реализација на овој концепт, денеска имаме 450 компании кои ги едуцираат младите директно на работно место во нивните организациски структури. Пристапот им одговара на сите и затоа повторно ги повикувам општините да му посветат внимание на овој процес, да се вклучат што повеќе компании во дискусиите и секако, до идните средношколци апелирам да дадат предност на стручното образование при изборот на училиште каде ќе продолжат да се едуцираат. Тоа им обезбедува поголема веројатност за вработување и постабилна иднина на младите, рече Шаќири.

The post Дуалното образование во Македонија почна со 11 паралелки и 98 ученици, денес има 225 дуални паралелки со 3.300 ученици appeared first on Република.

]]>

Со дијалог помеѓу претставници на Министерството за образование и наука, бизнис заедницата, општина Куманово и средните стручни училишта под надлежност на оваа локална самоуправа денес започна нов циклус од кампањата „Учи паметно, работи стручно“. Станува збор за кампања која МОН ја спроведува со поддршка од амбасадата на Швајцарија, а чија цел е креирање на уписна политика за средно образование што ќе одговори на потребите на стопанството и ќе овозможи поголема промоција и унапредување на квалитетот на средното стручно образование. На оваа прва од серијата регионални средби што ќе се организираат овој и следниот месец, присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој рече дека досега кампањата се покажала како исклучително ефективна и затоа, заедно со швајцарската амбасада е одлучено истата да продолжи да се имплементира и понатаму, а со крајна цел усогласување на образованието со пазарот на трудот во државава. „Кампањата нуди инклузивен пристап за креирање на уписните политики, со учество на сите засегнати страни. Имаме можност да ги слушнеме потребите на бизнис заедницата во секоја општина за стручниот кадар кој им недостасува, но и да ги вклучиме компаниите во едуцирањето и обучувањето на новите генерации, односно на потенцијалната работна сила. Дел од потребите се задоволени во изминатите три години, колку што се спроведува кампањата, но овој дијалог мора да има континуитет“, рече Шаќири. Тој информираше дека благодарение на „Учи паметно, работи стручно“ во изминатите три години значително е проширен концептот на дуално образование кој се базира на учење преку работа и дава голем придонес во подигнувањето на степенот на вработливост.
Почнавме со 11 дуални паралелки со 98 ученици, а сега имаме 225 дуални паралелки со 3300 ученици. Ако на почетокот само 16 компании учествуваа во реализација на овој концепт, денеска имаме 450 компании кои ги едуцираат младите директно на работно место во нивните организациски структури. Пристапот им одговара на сите и затоа повторно ги повикувам општините да му посветат внимание на овој процес, да се вклучат што повеќе компании во дискусиите и секако, до идните средношколци апелирам да дадат предност на стручното образование при изборот на училиште каде ќе продолжат да се едуцираат. Тоа им обезбедува поголема веројатност за вработување и постабилна иднина на младите, рече Шаќири.

The post Дуалното образование во Македонија почна со 11 паралелки и 98 ученици, денес има 225 дуални паралелки со 3.300 ученици appeared first on Република.

]]>