државни универзитети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzhavni-univerziteti/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 19:45:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државни универзитети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzhavni-univerziteti/ 32 32 Синдикатите на петте државни универзитети го демaнтираат Талат Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikatite-na-pette-drzhavni-univerziteti-go-demantiraat-talat-dhaferi/ Wed, 06 Mar 2024 19:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=752043

Синдикатите на петте државни универзитети со демант на изјавата на премиерот Талат Џафери кој на прес-конференција истакна дека немал време да ја почне постапката за потпишување колективен договор со петте државни универзитети оти партиските тела веќе го известиле дека ќе биде премиер, а и неговиот наследник, новиот претседател, Јован Митрески, имал рок од 14 дена, во кои не било возможно да ја заврши постапката.

„Во име на вистината, испраќаме демант на неколку наводи од денешната прес-конференција на техничкиот премиер Талат Џафери во врска со непотпишувањето на колективните договори на пет јавни универзитети.

Имено, Синдикатите на вработените на петте јавни универзитети, Универзитетт „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ -Охрид одговорно тврди дека целокупната документација за потпишување на Колективните договори уредно е доставена до претседателот на Собранието на Република Македонија, основач на Универзитетот во периодот од Мај 2023 година до Декември 2023, соодветно од страна на сите универзитети поединечно.

„Во однос на хронологијата, односно развојот на настаните околу (не)потпишувањето на колективните договори, ве потсетуваме и дека во почетокот на Декември мнозинството од овие пет јавни универзитети испратија предупредувачки писма до претседателот на Собранието на Република Македонија за потпишување на колективните договори. Значи, ги опоменавме дека веќе истекува моментот за потпишување на колективен договор. Во текот на месец февруари, оваа година, беше ставен во оперативна употреба Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и беа исплатени платите по новиот Колективен договор. Веднаш потоа сите пет синдикалниорганизации на јавните универзитети испративме барање за итен прием кај претседателот на Собранието. На 15.02.2024 година бевме примени од претседателот на Собранието, на средбата беше укажано дека ги имаме доставено сите документи и, дека, ако постоел проблем со документацијата, требало да се информира секоја синдикална организација. Во меѓувреме беше побаран и прием кај техничкиот премиер на РСМ, којшто требаше да се одржи на 02.03.2024 година, но истиот не се реализираше. Поради тоа на 04.03.2024 година се одржаа мирни протести, со дигнитет и достоинство. Ние не се занимаваме со политика“, се вели во напишаното.

Уште еднаш, како што истакнуваат во демантот, сакаат да ја истакнат граѓанската димензија на синдикалниот активизам на синдикатите на вработените во петте јавни универзитети и дистанцирањето од какво било политичко влијание, особено ако се земе предвид предизборниот период во кој се одвива и овој синдикален напор, не по вина и избор на синдикатите, туку поради немање желба и волја на Собранието и на Владата да го потпишат колективниот договор и со останатите пет јавни универзитети поради непредвидените буџетски средства за реализација на истиот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-protestite-na-pet-drzhavni-univerziteti-na-zakazhani-izbori-ne-se-potpishuvaat-kolektivni-dogovori/

The post Синдикатите на петте државни универзитети го демaнтираат Талат Џафери appeared first on Република.

]]>

Синдикатите на петте државни универзитети со демант на изјавата на премиерот Талат Џафери кој на прес-конференција истакна дека немал време да ја почне постапката за потпишување колективен договор со петте државни универзитети оти партиските тела веќе го известиле дека ќе биде премиер, а и неговиот наследник, новиот претседател, Јован Митрески, имал рок од 14 дена, во кои не било возможно да ја заврши постапката. „Во име на вистината, испраќаме демант на неколку наводи од денешната прес-конференција на техничкиот премиер Талат Џафери во врска со непотпишувањето на колективните договори на пет јавни универзитети. Имено, Синдикатите на вработените на петте јавни универзитети, Универзитетт „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ -Охрид одговорно тврди дека целокупната документација за потпишување на Колективните договори уредно е доставена до претседателот на Собранието на Република Македонија, основач на Универзитетот во периодот од Мај 2023 година до Декември 2023, соодветно од страна на сите универзитети поединечно. „Во однос на хронологијата, односно развојот на настаните околу (не)потпишувањето на колективните договори, ве потсетуваме и дека во почетокот на Декември мнозинството од овие пет јавни универзитети испратија предупредувачки писма до претседателот на Собранието на Република Македонија за потпишување на колективните договори. Значи, ги опоменавме дека веќе истекува моментот за потпишување на колективен договор. Во текот на месец февруари, оваа година, беше ставен во оперативна употреба Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и беа исплатени платите по новиот Колективен договор. Веднаш потоа сите пет синдикалниорганизации на јавните универзитети испративме барање за итен прием кај претседателот на Собранието. На 15.02.2024 година бевме примени од претседателот на Собранието, на средбата беше укажано дека ги имаме доставено сите документи и, дека, ако постоел проблем со документацијата, требало да се информира секоја синдикална организација. Во меѓувреме беше побаран и прием кај техничкиот премиер на РСМ, којшто требаше да се одржи на 02.03.2024 година, но истиот не се реализираше. Поради тоа на 04.03.2024 година се одржаа мирни протести, со дигнитет и достоинство. Ние не се занимаваме со политика“, се вели во напишаното. Уште еднаш, како што истакнуваат во демантот, сакаат да ја истакнат граѓанската димензија на синдикалниот активизам на синдикатите на вработените во петте јавни универзитети и дистанцирањето од какво било политичко влијание, особено ако се земе предвид предизборниот период во кој се одвива и овој синдикален напор, не по вина и избор на синдикатите, туку поради немање желба и волја на Собранието и на Владата да го потпишат колективниот договор и со останатите пет јавни универзитети поради непредвидените буџетски средства за реализација на истиот. https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-protestite-na-pet-drzhavni-univerziteti-na-zakazhani-izbori-ne-se-potpishuvaat-kolektivni-dogovori/

The post Синдикатите на петте државни универзитети го демaнтираат Талат Џафери appeared first on Република.

]]>