државна изборна комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzhavna-izborna-komisija/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 12:38:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државна изборна комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzhavna-izborna-komisija/ 32 32 ДИК рeагира што Џафери им се меша во работата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-reagira-shto-dhaferi-im-se-mesha-vo-rabotata/ Fri, 17 May 2024 12:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=779202

Петседателот на ДИК Александар Даштевски и членовите на ДИК Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири денеска преку соопштение изразуваат загриженост за, како што велат, настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК за постапувањето по приговорите за парламентарните избори.

- Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК, се вели во реакцијата.

 

Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, како што наведуваат, исто така сме загрижени и дека е можно да преминат и во лични напади на нашата сигурност.

- Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори. Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите, стои во реакцијата.

Според тоа за ДИК, како што се наведува, се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд.

Посочуваат дека за сето ова денеска на средбата во ДИК била известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стирк.

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери вчера на прес-конференција соопшти дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување и оти на ваков начин се прави обид за изборен инженеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна.

Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Постапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост.

До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот

The post ДИК рeагира што Џафери им се меша во работата appeared first on Република.

]]>

Петседателот на ДИК Александар Даштевски и членовите на ДИК Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири денеска преку соопштение изразуваат загриженост за, како што велат, настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК за постапувањето по приговорите за парламентарните избори.
- Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК, се вели во реакцијата.
  Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, како што наведуваат, исто така сме загрижени и дека е можно да преминат и во лични напади на нашата сигурност.
- Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори. Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите, стои во реакцијата.
Според тоа за ДИК, како што се наведува, се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд. Посочуваат дека за сето ова денеска на средбата во ДИК била известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стирк. Премиерот на техничката Влада Талат Џафери вчера на прес-конференција соопшти дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување и оти на ваков начин се прави обид за изборен инженеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна. Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Постапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост. До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот

The post ДИК рeагира што Џафери им се меша во работата appeared first on Република.

]]>
ДИК: Излезноста до 9 часот најголема во ИЕ 3 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-izleznosta-do-9-chasot-najgolema-vo-ie-3/ Wed, 08 May 2024 08:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=775265

На првата прес-конференција на ДИК претседателот на Комисијата Александар Даштевски соопшти дека до 9 часот од 1009 избирачки места, од вкупно запишани 547041 гласачи гласаче 22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност во моментов за претседателските избори има во Пробиштип, 8,85%, а најмала во Боговиње, 0,57%. Во споредба со вториот криг од претседателските избори во 2019 година, има намалување на излезноста од 1.99%.

До 9 часот простигнати се податоци од 1033 избирачки места за парламетарните избори. Од вкупно 564780 гласачи запишани на овие избирачки места, вкупно гласале 25132 гласчи, односно 4,45%. Најголема излезност за парламентарните избори до 9 часот има во Кривогаштани, 9,46%, а најмала во Боговиње, 1,43%. Во споредба со претходните парламентарни избори во 2020 има намалување од 0,74%.

Излезност по изборни единици за парламентарните избори:

ИЕ 1 4,85%

ИЕ 2 3,64%

ИЕ 3 6,26%

ИЕ 4 5,52%

ИЕ 5 4,41%

ИЕ 6 2,24%.

 

 

The post ДИК: Излезноста до 9 часот најголема во ИЕ 3 appeared first on Република.

]]>

На првата прес-конференција на ДИК претседателот на Комисијата Александар Даштевски соопшти дека до 9 часот од 1009 избирачки места, од вкупно запишани 547041 гласачи гласаче 22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност во моментов за претседателските избори има во Пробиштип, 8,85%, а најмала во Боговиње, 0,57%. Во споредба со вториот криг од претседателските избори во 2019 година, има намалување на излезноста од 1.99%. До 9 часот простигнати се податоци од 1033 избирачки места за парламетарните избори. Од вкупно 564780 гласачи запишани на овие избирачки места, вкупно гласале 25132 гласчи, односно 4,45%. Најголема излезност за парламентарните избори до 9 часот има во Кривогаштани, 9,46%, а најмала во Боговиње, 1,43%. Во споредба со претходните парламентарни избори во 2020 има намалување од 0,74%. Излезност по изборни единици за парламентарните избори: ИЕ 1 4,85% ИЕ 2 3,64% ИЕ 3 6,26% ИЕ 4 5,52% ИЕ 5 4,41% ИЕ 6 2,24%.    

The post ДИК: Излезноста до 9 часот најголема во ИЕ 3 appeared first on Република.

]]>
Во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-izbirachkiot-spisok-ke-bidat-zapishani-site-gragani-so-napolneti-18-godini/ Fri, 15 Mar 2024 13:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=755164

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска изјави дека тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори.

-Истите изводи од Избирачкиот список за претседателски избори ќе важат и за вториот круг на гласање за претседателски избори што би се одржал на 8 мај оваа година, истакна Гугучевска.

Во однос на идентификацијата на гласачите, како што нагласува таа, сите што ќе бидат запишани во Избирачкиот список ќе треба на гласачкото место да можат да се идентификуваат со некаков документ пред избирачките одбори.

-Согласно последните измени во Изборниот законик, се предвидува дека за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, нагласува Гугучевска.

Портпаролката на ДИК објаснува оти со оглед дека како ден на изборите се смета денот согласно актот за распишување на изборите, за претседателските избори изборен ден, на којшто се одржуваат изборите е 24 април, тоа би значело дека оние лица коишто се запишани во изводите за 24 април, ќе бидат запишани и во изводите од Избирачкиот список за вториот круг за 8 мај.

– Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори тие ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори, вели Гугучевска.

За да се оствари правото, гласачот ќе мора да се идентификува со некаков документ, вели таа.

– Веќе спомнав дека мора гласачот да се идентификува или со важечка лична карта или патна исправа или, пак, лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци пред одржувањето на изборите. Тие опции се во моментов законски она како што Изборниот законик предвидува, потенцира Гугучевска.

На 18 март истекува рокот за проверка на гласачите во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

Од ДИК апелираат, граѓаните да се проверат во Избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.

По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, досега се пристигнати вкупно 1451 пријави од кои 1101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработени пријави.

Портпаролката на ДИК Гугучевска објаснува дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира за гласање парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

-Претседателски избори во дијаспората со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани се сметаат како една изборна единица ќе бидат организирани во секој случај. За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави портпаролката Гугучевска..

Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.

– За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, рече Гугучевска.

 

The post Во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска изјави дека тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори. -Истите изводи од Избирачкиот список за претседателски избори ќе важат и за вториот круг на гласање за претседателски избори што би се одржал на 8 мај оваа година, истакна Гугучевска. Во однос на идентификацијата на гласачите, како што нагласува таа, сите што ќе бидат запишани во Избирачкиот список ќе треба на гласачкото место да можат да се идентификуваат со некаков документ пред избирачките одбори. -Согласно последните измени во Изборниот законик, се предвидува дека за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, нагласува Гугучевска. Портпаролката на ДИК објаснува оти со оглед дека како ден на изборите се смета денот согласно актот за распишување на изборите, за претседателските избори изборен ден, на којшто се одржуваат изборите е 24 април, тоа би значело дека оние лица коишто се запишани во изводите за 24 април, ќе бидат запишани и во изводите од Избирачкиот список за вториот круг за 8 мај. – Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори тие ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори, вели Гугучевска. За да се оствари правото, гласачот ќе мора да се идентификува со некаков документ, вели таа. – Веќе спомнав дека мора гласачот да се идентификува или со важечка лична карта или патна исправа или, пак, лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци пред одржувањето на изборите. Тие опции се во моментов законски она како што Изборниот законик предвидува, потенцира Гугучевска. На 18 март истекува рокот за проверка на гласачите во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список. Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список. Од ДИК апелираат, граѓаните да се проверат во Избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок. По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, досега се пристигнати вкупно 1451 пријави од кои 1101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработени пријави. Портпаролката на ДИК Гугучевска објаснува дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира за гласање парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство. -Претседателски избори во дијаспората со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани се сметаат како една изборна единица ќе бидат организирани во секој случај. За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави портпаролката Гугучевска.. Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори. – За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, рече Гугучевска.  

The post Во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години appeared first on Република.

]]>