државно знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavno-zname/ За подобро да се разбереме Tue, 16 May 2023 13:55:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државно знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavno-zname/ 32 32 Димитриевски: Националното и државно знаме е знамето на Македонија, сите колеги се должни да го имаат согласно закон позади нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-natsionalnoto-i-drzhavno-zname-e-znameto-na-makedonija-site-kolegi-se-dolzhni-da-go-imaat-soglasno-zakon-pozadi-niv/ Tue, 16 May 2023 13:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=641436

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска учествуваше на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, а со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски работи на Големото Војводство Луксембург.

Во своето излагање, Димитриевски изјави дека Куманово е мултикултурна, мултиверска општина којашто сака да гради мултиетничко општество.

Ние денеска се обидуваме во суштинска смисла на зборот да изградиме едно мултикултурно општество и тоа го правиме. Во Куманово ја имаме една од најактивните комисии за односи меѓу етничките заедници во државата, барем така велат аналитичарите и луѓето кои се занимаваат со анализирање на нејзиното работење, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека програмата на општината за изградба на улици и инфраструктура подразбира изградба на улици во сите делови на градот, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и други етнички заедници.

Верувајте ми имаме девет етнички заедници, дури и бугарската етничка заедница којашто не е признаена во Уставот, ете ја стои кај мене бугарското знаме во канцеларија заедно со останатите етнички заедници, бидејќи во Куманово има 350 граѓани коишто се изјасниле на последниот попис како Бугари. Но, притоа си го поставувам круцијалното прашање, дали креирањето на мултикултурното општество е борбата во којашто јас се дадов себеси, заедно со многумина од вас заедно овде под паролата „Нема правда нема мир“. Едно општество за сите подразбира креирање на вакво општество? Не. Јас се уште верувам во таков концепт, затоа што сметам дека овој концепт којшто ние денеска го имаме во Македонија не е мултикултурен концепт, туку е биетнички, бинационален концепт којшто сериозно ги урива основните елементи на уставот на државата, тој истиот устав којшто ние претходно девет пати, политичките елити го менуваа во континуитет без притоа да направат сериозна анализа што ќе се случи подоцна, истакна Димитриевски.

Димитриевски, во однос на дебатите на седниците на Советот на општината, информираше дека членови на ДУИ велат „не не интересира ништо, единствено не интересира таму кадешто живеат Албанците“, но и дека советникот од ромската заедница поучен од таквата дебата, излегува и вели „да, се е ова добро, ама каде се ромите?“.

До каде ќе стигне Македонија во ваков пристап? До никаде, ќе се вратиме повторно назад кадешто се започна, во 2001 година на Охридскиот рамковен договор, рече Димитриевски.

На конференцијата, тој посочи дека националното и државно знаме е знамето на Македонија, а секој негов колега без разлика кој од која етничка или политичка припадност доаѓа е должен да го има согласно законот зад него.

Но, кога ќе истакне национално знаме на друга етничка заедница се знае со закон како е уредено тоа, за да не бидеме премногу лицемерни, ќе морам да бидам директен и да кажеме „Ќе тргнеме по останатите општини особено во делот на Западна Македонија и ќе провериме дали е така“. Епа не е така, затоа што се веат знамиња спротивни на државата. Бев еден од главните протагонисти заедно со мојот колега градоначалник и личен пријател на општина Гњилане од Република Косово за отворање на граничниот премин на Белановце. Се туркаше тој проект повеќе од две, три години, за да се конектираме со Косово. Ние сме партнери, јас и тој ги збратимивме нашите општини, Куманово и Гњилане. Успешни сме во имплементација на проекти за прекугранична соработка, ни соработуваат градските пазари, Кумановчани одат да продаваат стоки во Гњилане, граѓаните од Гњилане доаѓаат во Куманово и тоа е суштината на соработката. Дојде време да се реализира проектот и да се отвори граничниот премин на Белановце којшто е изграден европски, со европска донација. Тргнав на манифестацијата на отворањето, од Куманово го граничниот премин се вееја албански знамиња без ниедно македонско знаме. Стигнав до пола пат и се вратив назад. Тоа е мултиетничност? Тоа е взаемна меѓуетничка толеранција?, праша Димитриевски.

Оваа конференција се одржа во контекст на Светскиот ден на различностите 21 мај и ги опфати општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности.

The post Димитриевски: Националното и државно знаме е знамето на Македонија, сите колеги се должни да го имаат согласно закон позади нив appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска учествуваше на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, а со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски работи на Големото Војводство Луксембург. Во своето излагање, Димитриевски изјави дека Куманово е мултикултурна, мултиверска општина којашто сака да гради мултиетничко општество.
Ние денеска се обидуваме во суштинска смисла на зборот да изградиме едно мултикултурно општество и тоа го правиме. Во Куманово ја имаме една од најактивните комисии за односи меѓу етничките заедници во државата, барем така велат аналитичарите и луѓето кои се занимаваат со анализирање на нејзиното работење, рече Димитриевски.
Тој потенцираше дека програмата на општината за изградба на улици и инфраструктура подразбира изградба на улици во сите делови на градот, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и други етнички заедници.
Верувајте ми имаме девет етнички заедници, дури и бугарската етничка заедница којашто не е признаена во Уставот, ете ја стои кај мене бугарското знаме во канцеларија заедно со останатите етнички заедници, бидејќи во Куманово има 350 граѓани коишто се изјасниле на последниот попис како Бугари. Но, притоа си го поставувам круцијалното прашање, дали креирањето на мултикултурното општество е борбата во којашто јас се дадов себеси, заедно со многумина од вас заедно овде под паролата „Нема правда нема мир“. Едно општество за сите подразбира креирање на вакво општество? Не. Јас се уште верувам во таков концепт, затоа што сметам дека овој концепт којшто ние денеска го имаме во Македонија не е мултикултурен концепт, туку е биетнички, бинационален концепт којшто сериозно ги урива основните елементи на уставот на државата, тој истиот устав којшто ние претходно девет пати, политичките елити го менуваа во континуитет без притоа да направат сериозна анализа што ќе се случи подоцна, истакна Димитриевски.
Димитриевски, во однос на дебатите на седниците на Советот на општината, информираше дека членови на ДУИ велат „не не интересира ништо, единствено не интересира таму кадешто живеат Албанците“, но и дека советникот од ромската заедница поучен од таквата дебата, излегува и вели „да, се е ова добро, ама каде се ромите?“.
До каде ќе стигне Македонија во ваков пристап? До никаде, ќе се вратиме повторно назад кадешто се започна, во 2001 година на Охридскиот рамковен договор, рече Димитриевски.
На конференцијата, тој посочи дека националното и државно знаме е знамето на Македонија, а секој негов колега без разлика кој од која етничка или политичка припадност доаѓа е должен да го има согласно законот зад него.
Но, кога ќе истакне национално знаме на друга етничка заедница се знае со закон како е уредено тоа, за да не бидеме премногу лицемерни, ќе морам да бидам директен и да кажеме „Ќе тргнеме по останатите општини особено во делот на Западна Македонија и ќе провериме дали е така“. Епа не е така, затоа што се веат знамиња спротивни на државата. Бев еден од главните протагонисти заедно со мојот колега градоначалник и личен пријател на општина Гњилане од Република Косово за отворање на граничниот премин на Белановце. Се туркаше тој проект повеќе од две, три години, за да се конектираме со Косово. Ние сме партнери, јас и тој ги збратимивме нашите општини, Куманово и Гњилане. Успешни сме во имплементација на проекти за прекугранична соработка, ни соработуваат градските пазари, Кумановчани одат да продаваат стоки во Гњилане, граѓаните од Гњилане доаѓаат во Куманово и тоа е суштината на соработката. Дојде време да се реализира проектот и да се отвори граничниот премин на Белановце којшто е изграден европски, со европска донација. Тргнав на манифестацијата на отворањето, од Куманово го граничниот премин се вееја албански знамиња без ниедно македонско знаме. Стигнав до пола пат и се вратив назад. Тоа е мултиетничност? Тоа е взаемна меѓуетничка толеранција?, праша Димитриевски.
Оваа конференција се одржа во контекст на Светскиот ден на различностите 21 мај и ги опфати општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности.

The post Димитриевски: Националното и државно знаме е знамето на Македонија, сите колеги се должни да го имаат согласно закон позади нив appeared first on Република.

]]>
Владата на ДУИ и СДСМ ќе ги намалува казните за уништување на споменици и државно знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-na-dui-i-sdsm-kje-gi-namaluva-kaznite-za-unishtuvanje-na-spomenici-i-drzavno-zname/ Mon, 09 May 2022 20:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=500124

На денешната седница на Комисија за одбрана и безбедност власта на ДУИ и СДСМ помина закон кој што ќе ги зголеми девијантните појави во општеството и државата, реагира Драган Ковачки.

Неговиот Фејсук статус го пренесуваме во продолжение:

-Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за прекршоците против јавниот ред и мир со енормното намалување на глобите, дава голема флексибилност кај физичките лица и наместо да влијае превентивно, ги стимулира прекршоците, односно со овие измени ќе се зголеми девијантното однесување посебно кај младите лица.Имено, со намалување на глобите, посебно во член 17 од постоечкиот закон се вели: Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во висина во висина од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 150 евра“.

Во членот 18 од постојниот закон стои: Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност.

Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 250 евра“!!!

Ова е доказ дека на власта националните симболи не е и’ се важни.

Во услови кога македонските симболи се оспорувани од соседите, СДСМ и ДУИ носат измени на закон со кој не само што нема да се намали, туку напротив ќе се зголеми и стимулира неодговорното однесување, а со тоа и нарушувањето на поредокот и јавниот ред и мир.

И покрај согласноста од страна на сите политички субјекти дека глобите се енормно намалени и дека треба да се формира работна група за усогласување на глобите, СДСМ и коалицијата не го испочитуваа договорот и го поминаа законот.

Ова е уште еден доказ дека оваа власт треба што побрзо да замине.

The post Владата на ДУИ и СДСМ ќе ги намалува казните за уништување на споменици и државно знаме appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Комисија за одбрана и безбедност власта на ДУИ и СДСМ помина закон кој што ќе ги зголеми девијантните појави во општеството и државата, реагира Драган Ковачки. Неговиот Фејсук статус го пренесуваме во продолжение:
-Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за прекршоците против јавниот ред и мир со енормното намалување на глобите, дава голема флексибилност кај физичките лица и наместо да влијае превентивно, ги стимулира прекршоците, односно со овие измени ќе се зголеми девијантното однесување посебно кај младите лица.Имено, со намалување на глобите, посебно во член 17 од постоечкиот закон се вели: Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во висина во висина од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 150 евра“.
Во членот 18 од постојниот закон стои: Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност. Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 250 евра“!!! Ова е доказ дека на власта националните симболи не е и’ се важни. Во услови кога македонските симболи се оспорувани од соседите, СДСМ и ДУИ носат измени на закон со кој не само што нема да се намали, туку напротив ќе се зголеми и стимулира неодговорното однесување, а со тоа и нарушувањето на поредокот и јавниот ред и мир. И покрај согласноста од страна на сите политички субјекти дека глобите се енормно намалени и дека треба да се формира работна група за усогласување на глобите, СДСМ и коалицијата не го испочитуваа договорот и го поминаа законот. Ова е уште еден доказ дека оваа власт треба што побрзо да замине.