државна награда Мајка Тереза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavna-nagrada-majka-tereza/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Apr 2022 07:12:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државна награда Мајка Тереза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavna-nagrada-majka-tereza/ 32 32 Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konkurs-za-dodeluvanje-na-drzavnata-nagrada-majka-tereza/ Fri, 01 Apr 2022 06:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=481715

Од денеска до 30 април ќе биде отворен конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ што го објави Министерството за култура. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава, но може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

Со наградата се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност, за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите, припадниците на различните заедници, култури и вери.

На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.

На секој член од наградена група творци или екипа му се доделува диплома и еднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „Мајка Тереза“ изнесува пет просечни месечни плати во Македонија. Според пропозициите, во една година може да се доделат најмногу две награди. Иницијатива за доделување на државната награда може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

 

The post Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 30 април ќе биде отворен конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ што го објави Министерството за култура. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава, но може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство. Со наградата се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност, за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите, припадниците на различните заедници, култури и вери. На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ. На секој член од наградена група творци или екипа му се доделува диплома и еднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета. Паричниот износ на државната награда „Мајка Тереза“ изнесува пет просечни месечни плати во Македонија. Според пропозициите, во една година може да се доделат најмногу две награди. Иницијатива за доделување на државната награда може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.  

The post Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>