државна картичка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavna-kartichka/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Jul 2022 13:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државна картичка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavna-kartichka/ 32 32 Скандал: Директорката на ДЗСИ Бухова со државна картичка точи и бензин и дизел во ист автомобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandal-direktorkata-na-dzsi-buhova-so-drzavna-kartichka-tochi-i-benzin-i-dizel-vo-ist-avtomobil/ Tue, 19 Jul 2022 13:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=531110

Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат, службената картичка за гориво ја користела да полни и дизел и бензин во истата кола. Службеното возило Рено Клио 0.9 кое е задолжено на директорката Иринка Сотирова Бухова, според спецификациите на прозведувачот, како моторно гориво користи бензин, објави „Алфа“ телевизија.

Како што објави телевизијата „Алфа“, директорката во истото возило полнела и бензин и дизел. Дека Бухова се служела со ваквата пракса подолг временски период, како и дека од службената картичка таа често успевала да наполни дури и повеќе гориво од капацитетот на резервоарот, што го потвдуваат повеќе фискaлани сметки, како и други документи. Па се поставува прашањето, колку и чии возила користеле гориво платено од џебот на граѓаните, а со амин на директорката Бухова?

Наводите кои се предмет на Вашите прашања се апсолутни неосновани измислици, конструкции и предмет за внатре-партиски пресметики за задоволување на суетите и апетитите на поединци, изјави за Алфа Сотирова Бухова.

Комисија за спречување на корупција за Алфа потврдува дека против директорката веќе има отворено предмет.

До Државната комисија за спречување на корупцијата е пристигната пријава по која е оформен предмет. Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата се доставени барања за прибирање податоци и информации до надлежни институции со цел проверка на наводите од пријавата, велат за Алфа од омисија за спречување на корупција.

https://youtu.be/0yFeEZsg3KA

The post Скандал: Директорката на ДЗСИ Бухова со државна картичка точи и бензин и дизел во ист автомобил appeared first on Република.

]]>

Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат, службената картичка за гориво ја користела да полни и дизел и бензин во истата кола. Службеното возило Рено Клио 0.9 кое е задолжено на директорката Иринка Сотирова Бухова, според спецификациите на прозведувачот, како моторно гориво користи бензин, објави „Алфа“ телевизија. Како што објави телевизијата „Алфа“, директорката во истото возило полнела и бензин и дизел. Дека Бухова се служела со ваквата пракса подолг временски период, како и дека од службената картичка таа често успевала да наполни дури и повеќе гориво од капацитетот на резервоарот, што го потвдуваат повеќе фискaлани сметки, како и други документи. Па се поставува прашањето, колку и чии возила користеле гориво платено од џебот на граѓаните, а со амин на директорката Бухова?