државјанство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavjanstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 15:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државјанство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzavjanstvo/ 32 32 Германија го олеснува процесот на добивање државјанство за да ја забрза натурализацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-go-olesnuva-protsesot-na-dobivane-drzhavjanstvo-za-da-ja-zabrza-naturalizatsijata/ Fri, 02 Feb 2024 15:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=739816

Горниот дом на германскиот Парламент (Бундестагот) денеска ја одобри реформата на Законот за државјанство, со што се олеснува процесот на натурализација на странците.

Според новите правила, странците кои сакаат да добијат германско државјанство сега ќе можат да го задржат и пасошот од матичната држава. Исто така ќе може да се аплицира за германско државјанство по пет години престој во Германија, наместо досегашните осум. Децата на родителите од странство, исто така, ќе можат да добијат германски пасош при раѓање, ако еден од родителите легално престојувал во Германија пет години, наместо претходните осум.

Доколку апликантите покажат дека постигнале високи резултати во нивната интеграција преку добри перформанси на училиште или на работа или преку граѓански иницијативи, тие може да добијат германски пасош по само три години престој.

Важен елемент на новиот закон е дека лицата кои добиваат германско државјанство не мора нужно да се откажат од пасошот на земјата во која се родени, што досега беше можно само за жителите на земјите-членки на ЕУ.

Исто така, на Германците кои сакаат да станат државјани на друга земја нема да им требаат посебни документи од германските власти.

Реформата беше одобрена во Бундестагот пред две недели.

The post Германија го олеснува процесот на добивање државјанство за да ја забрза натурализацијата appeared first on Република.

]]>

Горниот дом на германскиот Парламент (Бундестагот) денеска ја одобри реформата на Законот за државјанство, со што се олеснува процесот на натурализација на странците. Според новите правила, странците кои сакаат да добијат германско државјанство сега ќе можат да го задржат и пасошот од матичната држава. Исто така ќе може да се аплицира за германско државјанство по пет години престој во Германија, наместо досегашните осум. Децата на родителите од странство, исто така, ќе можат да добијат германски пасош при раѓање, ако еден од родителите легално престојувал во Германија пет години, наместо претходните осум. Доколку апликантите покажат дека постигнале високи резултати во нивната интеграција преку добри перформанси на училиште или на работа или преку граѓански иницијативи, тие може да добијат германски пасош по само три години престој. Важен елемент на новиот закон е дека лицата кои добиваат германско државјанство не мора нужно да се откажат од пасошот на земјата во која се родени, што досега беше можно само за жителите на земјите-членки на ЕУ. Исто така, на Германците кои сакаат да станат државјани на друга земја нема да им требаат посебни документи од германските власти. Реформата беше одобрена во Бундестагот пред две недели.

The post Германија го олеснува процесот на добивање државјанство за да ја забрза натурализацијата appeared first on Република.

]]>
Германија ги олеснува правилата за државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-gi-olesnuva-pravilata-za-drzhavjanstvo/ Wed, 23 Aug 2023 13:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=675006

Кабинетот на канцеларот Олаф Шолц ги одобри плановите за скратување на патот до државјанство за имигрантите, пренесе АФП.

Според новите правила, кои ќе треба да ги одобри парламентот, државјанството во Германија ќе може да се земе по пет години, а не по осум, како што е сега.

Оние кои се особено добро интегрирани и имаат многу добро познавање на германскиот јазик ќе можат да добијат државјанство по само три години.

Потенцијалните германски граѓани ќе треба да докажат дека не се зависни од државна помош, иако ќе има исклучоци од овој услов.

Нацрт-законот ќе им овозможи на повеќе луѓе да добијат двојно државјанство, вклучително и оние од големата турска заедница во Германија.

Патот до државјанство останува тежок за многу имигранти од Турција и други земји кои заминале во Германија во втората половина на дваесеттиот век.

Правото на двојно државјанство во моментов е ограничено на граѓаните на ЕУ и Швајцарија, иако во пракса постојат исклучоци.

Ремонтот на германскиот закон за државјанство беше клучното ветување од централно-левичарската коалициска влада на канцеларот Олаф Шолц кога ќе дојде на власт кон крајот на 2021 година.

Најголемата европска економија, исто така, се обидува да привлече странски работници за да го пополни акутниот недостиг на работна сила и се обидува да стане поатрактивна дестинација.

The post Германија ги олеснува правилата за државјанство appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на канцеларот Олаф Шолц ги одобри плановите за скратување на патот до државјанство за имигрантите, пренесе АФП. Според новите правила, кои ќе треба да ги одобри парламентот, државјанството во Германија ќе може да се земе по пет години, а не по осум, како што е сега. Оние кои се особено добро интегрирани и имаат многу добро познавање на германскиот јазик ќе можат да добијат државјанство по само три години. Потенцијалните германски граѓани ќе треба да докажат дека не се зависни од државна помош, иако ќе има исклучоци од овој услов. Нацрт-законот ќе им овозможи на повеќе луѓе да добијат двојно државјанство, вклучително и оние од големата турска заедница во Германија. Патот до државјанство останува тежок за многу имигранти од Турција и други земји кои заминале во Германија во втората половина на дваесеттиот век. Правото на двојно државјанство во моментов е ограничено на граѓаните на ЕУ и Швајцарија, иако во пракса постојат исклучоци. Ремонтот на германскиот закон за државјанство беше клучното ветување од централно-левичарската коалициска влада на канцеларот Олаф Шолц кога ќе дојде на власт кон крајот на 2021 година. Најголемата европска економија, исто така, се обидува да привлече странски работници за да го пополни акутниот недостиг на работна сила и се обидува да стане поатрактивна дестинација.

The post Германија ги олеснува правилата за државјанство appeared first on Република.

]]>
„Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство“, вели министерот кој ја преживеа најголемата афера со лажни пасоши за криминалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-e-drzhava-a-ne-dragstor-vo-koj-ke-vleze-nekoj-ke-plati-i-ke-dobie-drzhavjanstvo-veli-ministerot-koj-ja-prezhivea-najgolemata-afera-so-lazhni-pasoshi-za-kriminaltsi/ Thu, 27 Jul 2023 11:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=665874

ва е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме - ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути, која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме - утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.

The post „Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство“, вели министерот кој ја преживеа најголемата афера со лажни пасоши за криминалци appeared first on Република.

]]>

ва е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.
Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме - ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути, која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.
Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.
Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме - утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.

The post „Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство“, вели министерот кој ја преживеа најголемата афера со лажни пасоши за криминалци appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ova-e-drzhava-a-ne-dragstor-vo-koj-ke-vleze-nekoj-ke-plati-i-ke-dobie-drzhavjanstvo/ Thu, 27 Jul 2023 11:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=665869

Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме - ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме - утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.

The post Спасовски: Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство appeared first on Република.

]]>

Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.
Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме - ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.
Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.
Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме - утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.

The post Спасовски: Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство appeared first on Република.

]]>
Лани албанско државјанство добиле над 1500, а од него се откажале над 700 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lani-albansko-drzhavjanstvo-dobile-nad-1500-a-od-nego-se-otkazhale-nad-700-litsa/ Sat, 15 Jul 2023 17:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=661750

Во текот на минатата година бројот на оние кои се стекнале со   албанско државјанство е  повеќе од двапати поголем  во однос на оние се откажале од него, објави Институтот за статистика, ИНСТАТ.

Во 2022 година  1.527 лица се стекнале со албанско државјанство, што бележи зголемување од 114,8 отсто, во однос на претходната година. Ако се анализираат податоците,  според полот, ќе се забележи дека 931 лице, кои се стекнале со албанско државјанство, се мажи, а 596 се жени, што претставува  доминација на мажите со 61,0 отсто, наведува ИНСТАТ.

При анализа на земјата на потекло на лицата кои се стекнале со албанско државјанство, се забележува дека 85,1 отсто се со потекло од Косово, 4,3 од Турција и 2,1 отсто од Италија.

Гледано по возраст 27,1 отсто од лицата кои се стекнале со албанско државјанство припаѓаат на возрасната група од 30-39 години, по што следат возрасната група од 40-49 години и 20-29 години, соодветно со 20,3 и 19,1 отсто.

Од друга страна, според Институтот минатата година од албанско државјанство се откажале 721 лице што е за 0,4 отсто помал број споредено со претходната година. Од нив 406  се жени, а 315 се мажи, што значи дека доминараат жените со 56,3отсто.

За лицата кои се откажале од албанското државјанство, доминантна возрасна група е 30-39 години со 48,3 отсто, потоа возрасната група 40-49 години и 20-29 години со 22,1  односно 16,5 отсто.

The post Лани албанско државјанство добиле над 1500, а од него се откажале над 700 лица appeared first on Република.

]]>

Во текот на минатата година бројот на оние кои се стекнале со   албанско државјанство е  повеќе од двапати поголем  во однос на оние се откажале од него, објави Институтот за статистика, ИНСТАТ.
Во 2022 година  1.527 лица се стекнале со албанско државјанство, што бележи зголемување од 114,8 отсто, во однос на претходната година. Ако се анализираат податоците,  според полот, ќе се забележи дека 931 лице, кои се стекнале со албанско државјанство, се мажи, а 596 се жени, што претставува  доминација на мажите со 61,0 отсто, наведува ИНСТАТ.
При анализа на земјата на потекло на лицата кои се стекнале со албанско државјанство, се забележува дека 85,1 отсто се со потекло од Косово, 4,3 од Турција и 2,1 отсто од Италија. Гледано по возраст 27,1 отсто од лицата кои се стекнале со албанско државјанство припаѓаат на возрасната група од 30-39 години, по што следат возрасната група од 40-49 години и 20-29 години, соодветно со 20,3 и 19,1 отсто. Од друга страна, според Институтот минатата година од албанско државјанство се откажале 721 лице што е за 0,4 отсто помал број споредено со претходната година. Од нив 406  се жени, а 315 се мажи, што значи дека доминараат жените со 56,3отсто. За лицата кои се откажале од албанското државјанство, доминантна возрасна група е 30-39 години со 48,3 отсто, потоа возрасната група 40-49 години и 20-29 години со 22,1  односно 16,5 отсто.

The post Лани албанско државјанство добиле над 1500, а од него се откажале над 700 лица appeared first on Република.

]]>
САД ќе воведат поригорозни правила за добивање државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-ke-vovedat-porigorozni-pravila-za-dobivane-drzhavjanstvo/ Wed, 05 Jul 2023 17:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=658464

САД ќе воведат поригорозни правила за добивање на државјанство односно го променат тестот за државјанство, за што критичарите тврдат дека ќе им отежне на луѓето со помало познавање на англискиот јазик.

Тестот е еден од последните чекори кон добивање државјанство. Целиот процес трае неколку месеци, а потребно е лицето да има легален постојан престој во САД неколку години пред да се поднесе барањето.

Тестот претходно беше променет во 2020 година за време на мандатот на Доналд Трамп, а актуелниот претседател Џо Бајден со декрет го врати на претходната форма од 2008 година.

Во декември, американските власти потврдија дека тестот треба да се ажурира по 15 години. Новата верзија се очекува на крајот на следната година.

Службата за државјанство и имиграција на САД предлага да се додаде устен дел на новиот тест за да се процени владеењето на англискиот јазик.

Според сегашните правила, апликантот усно би одговарал само на лични прашања, на кои веќе одговорил. Меѓутоа, според новите правила, полицискиот службеник ќе му покаже на барателот фотографија и ќе побара од него да ја објасни и опише.

Се предлага и наместо устен одговор на прашањата од историјата на САД. Сега потребно е апликантот точно да одговори на шест од 10 прашања. Со измените се предвидува барателот да добие сто прашања, а ќе одговара на десет избрани по случаен избор.

The post САД ќе воведат поригорозни правила за добивање државјанство appeared first on Република.

]]>

САД ќе воведат поригорозни правила за добивање на државјанство односно го променат тестот за државјанство, за што критичарите тврдат дека ќе им отежне на луѓето со помало познавање на англискиот јазик. Тестот е еден од последните чекори кон добивање државјанство. Целиот процес трае неколку месеци, а потребно е лицето да има легален постојан престој во САД неколку години пред да се поднесе барањето. Тестот претходно беше променет во 2020 година за време на мандатот на Доналд Трамп, а актуелниот претседател Џо Бајден со декрет го врати на претходната форма од 2008 година. Во декември, американските власти потврдија дека тестот треба да се ажурира по 15 години. Новата верзија се очекува на крајот на следната година. Службата за државјанство и имиграција на САД предлага да се додаде устен дел на новиот тест за да се процени владеењето на англискиот јазик. Според сегашните правила, апликантот усно би одговарал само на лични прашања, на кои веќе одговорил. Меѓутоа, според новите правила, полицискиот службеник ќе му покаже на барателот фотографија и ќе побара од него да ја објасни и опише. Се предлага и наместо устен одговор на прашањата од историјата на САД. Сега потребно е апликантот точно да одговори на шест од 10 прашања. Со измените се предвидува барателот да добие сто прашања, а ќе одговара на десет избрани по случаен избор.

The post САД ќе воведат поригорозни правила за добивање државјанство appeared first on Република.

]]>
Министерот Лога потврди: Во графата националност ќе стои Македонец и Македонка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-potvrdi-vo-grafata-natsionalnost-ke-stoi-makedonets-i-makedonka/ Tue, 30 May 2023 10:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=646099

Во графата „националност“ ќе стои Македонец/Македонка, Албанец/Албанка и тоа е според Законот за матична евиденција, изјави за „Пресинг ТВ“, министерот за правда Кренар Лога.

Дилемата се јави, откако вчера министерот го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Во формуларот стои „националност“, што произлегува, според министерот, од постоечките законски одредби, а не етничка припадност.

– Законот за матична евиденција не е изменет и навистина не знам од кои причини до сега не е користена именката Македонец/Македонка,  изјави министерот Лога за Pressing TV.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trite-tsrti-zaminuvaat-vo-istorijata-se-vraka-li-makedonetsot-vo-lichnite-dokumenti/

The post Министерот Лога потврди: Во графата националност ќе стои Македонец и Македонка appeared first on Република.

]]>

Во графата „националност“ ќе стои Македонец/Македонка, Албанец/Албанка и тоа е според Законот за матична евиденција, изјави за „Пресинг ТВ“, министерот за правда Кренар Лога. Дилемата се јави, откако вчера министерот го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. Во формуларот стои „националност“, што произлегува, според министерот, од постоечките законски одредби, а не етничка припадност.
– Законот за матична евиденција не е изменет и навистина не знам од кои причини до сега не е користена именката Македонец/Македонка,  изјави министерот Лога за Pressing TV.
https://republika.mk/vesti/makedonija/trite-tsrti-zaminuvaat-vo-istorijata-se-vraka-li-makedonetsot-vo-lichnite-dokumenti/

The post Министерот Лога потврди: Во графата националност ќе стои Македонец и Македонка appeared first on Република.

]]>
На најсвечен можен начин: Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-najsvechen-mozhen-nachin-pendikov-utre-ke-dobie-bugarsko-drzhavjanstvo/ Tue, 09 May 2023 20:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=639022

Утре на свечена церемонија во Бугарија ќе му биде врачено бугарско државјанство на Христијан Пендиков.

Документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

Според најавата, церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија, која важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања.

Како што информираат од кабинетот на Јотова, церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот.

Пендиков беше нападнат во Охрид. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.

The post На најсвечен можен начин: Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство appeared first on Република.

]]>

Утре на свечена церемонија во Бугарија ќе му биде врачено бугарско државјанство на Христијан Пендиков. Документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло. Според најавата, церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија, која важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања. Како што информираат од кабинетот на Јотова, церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот. Пендиков беше нападнат во Охрид. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.

The post На најсвечен можен начин: Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство appeared first on Република.

]]>
Никогаш не било полесно да се добие пасош: Германија подготвува голема ревизија на законот за државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nikogash-ne-bilo-polesno-da-se-dobie-pasosh-germanija-podgotvuva-golema-revizija-na-zakonot-za-drzhavjanstvo/ Wed, 29 Mar 2023 09:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=624975

Германија подготвува нов закон со кој на странците ќе им биде полесно да добијат германско државјанство. Тоа е една од мерките во рамките на пошироката реформа на имиграциската политика со цел зголемување на вкупната работна сила.

Предлог-законот, кој ќе биде претставен во Бундестагот во наредните месеци, ќе овозможи поднесување барање за државјанство по пет години престој во земјата, наместо досегашните осум. Оние кои ќе изразат желба за брза интеграција, на пример, ако го научат германскиот јазик, ќе можат да поднесат апликација веќе по три години.

Исто така, ќе се укине забраната за двојно државјанство за имигрантите од земји кои не се членки на ЕУ, што значи дека имигрантите повеќе нема да мора да се откажат од државјанството на нивната матична земја. Во моментов, право на државјанство имаат само луѓето со пасоши на ЕУ или оние со еден родител од Германија.

Германската влада ја претстави својата верзија на зелениот картон на крајот на минатата година, а на квалификуваните работници им го олеснува влезот во земјата дури и ако немаат претходна понуда од германски работодавач. Но, тие мора да исполнуваат најмалку три од четирите критериуми. Станува збор за поседување на високо образование или професионална квалификација, работно искуство од најмалку три години, познавање на јазикот или претходен престој во Германија и дека се помлади од 35 години.

Најавената реформа е најобемната ревизија на правилата за германско државјанство од 2000 година, кога децата на имигрантите во Германија првпат автоматски ги стекнаа условите за државјанство, пишува CNBC.

Коалициската влада спроведува низа социјално прогресивни политики во обид да привлече 400.000 квалификувани странски работници секоја година за да се балансира со стареењето на населението и недостигот на работна сила.

Германија достигна рекорден број жители – 84,3 милиони во 2022 година – поттикната од силниот пораст на нето имиграцијата, за што придонесоа и украинските бегалци. И покрај ова, економијата се бори со недостиг на работна сила додека населението старее.

Во исто време, Германија заостанува во однос на стапките на натурализација во споредба со другите европски земји. Во 2020 година беа доделени 1,3 државјанства на 100 странски жители, додека просекот на ЕУ е 1,6. Ова го отежнува влезот на странските работници на пазарот на трудот. Се проценува дека околу 10 милиони луѓе – околу 12 проценти од 80-те милиони жители на земјата – во моментов живеат во земјата без германски пасош, што значи дека немаат право на глас или вработување во одредени владини служби.

Во Берлин, дури една третина од жителите беа спречени да гласаат на избори во последниве години поради постојните закони за државјанство.

Со правилото за престој од осум години за државјанство, Германија во моментов е меѓу порестриктивните земји во Европа. На Франција и Ирска, на пример, им требаат само пет години, додека на Шпанија и Италија 10 години.

Новиот закон треба да се најде во Бундестагот во наредните месеци со цел да се гласа до летото 2023 година. Се очекува против него да биде одреден дел од опозицијата, меѓу кои и Христијанско-демократската унија, која смета дека со тоа се ризикува да се девалвира германското државјанство.

Сепак, за владејачката партија, бавната германска бирократија ќе биде поголем проблем бидејќи не успева ниту да ги реши постоечките барања. Во моментов се обработуваат околу 100.000 од нив, а некои се постари од три години. Од нив, 26.000 се наоѓаат само во Берлин.

The post Никогаш не било полесно да се добие пасош: Германија подготвува голема ревизија на законот за државјанство appeared first on Република.

]]>

Германија подготвува нов закон со кој на странците ќе им биде полесно да добијат германско државјанство. Тоа е една од мерките во рамките на пошироката реформа на имиграциската политика со цел зголемување на вкупната работна сила. Предлог-законот, кој ќе биде претставен во Бундестагот во наредните месеци, ќе овозможи поднесување барање за државјанство по пет години престој во земјата, наместо досегашните осум. Оние кои ќе изразат желба за брза интеграција, на пример, ако го научат германскиот јазик, ќе можат да поднесат апликација веќе по три години. Исто така, ќе се укине забраната за двојно државјанство за имигрантите од земји кои не се членки на ЕУ, што значи дека имигрантите повеќе нема да мора да се откажат од државјанството на нивната матична земја. Во моментов, право на државјанство имаат само луѓето со пасоши на ЕУ или оние со еден родител од Германија. Германската влада ја претстави својата верзија на зелениот картон на крајот на минатата година, а на квалификуваните работници им го олеснува влезот во земјата дури и ако немаат претходна понуда од германски работодавач. Но, тие мора да исполнуваат најмалку три од четирите критериуми. Станува збор за поседување на високо образование или професионална квалификација, работно искуство од најмалку три години, познавање на јазикот или претходен престој во Германија и дека се помлади од 35 години. Најавената реформа е најобемната ревизија на правилата за германско државјанство од 2000 година, кога децата на имигрантите во Германија првпат автоматски ги стекнаа условите за државјанство, пишува CNBC. Коалициската влада спроведува низа социјално прогресивни политики во обид да привлече 400.000 квалификувани странски работници секоја година за да се балансира со стареењето на населението и недостигот на работна сила. Германија достигна рекорден број жители – 84,3 милиони во 2022 година – поттикната од силниот пораст на нето имиграцијата, за што придонесоа и украинските бегалци. И покрај ова, економијата се бори со недостиг на работна сила додека населението старее. Во исто време, Германија заостанува во однос на стапките на натурализација во споредба со другите европски земји. Во 2020 година беа доделени 1,3 државјанства на 100 странски жители, додека просекот на ЕУ е 1,6. Ова го отежнува влезот на странските работници на пазарот на трудот. Се проценува дека околу 10 милиони луѓе – околу 12 проценти од 80-те милиони жители на земјата – во моментов живеат во земјата без германски пасош, што значи дека немаат право на глас или вработување во одредени владини служби. Во Берлин, дури една третина од жителите беа спречени да гласаат на избори во последниве години поради постојните закони за државјанство. Со правилото за престој од осум години за државјанство, Германија во моментов е меѓу порестриктивните земји во Европа. На Франција и Ирска, на пример, им требаат само пет години, додека на Шпанија и Италија 10 години. Новиот закон треба да се најде во Бундестагот во наредните месеци со цел да се гласа до летото 2023 година. Се очекува против него да биде одреден дел од опозицијата, меѓу кои и Христијанско-демократската унија, која смета дека со тоа се ризикува да се девалвира германското државјанство. Сепак, за владејачката партија, бавната германска бирократија ќе биде поголем проблем бидејќи не успева ниту да ги реши постоечките барања. Во моментов се обработуваат околу 100.000 од нив, а некои се постари од три години. Од нив, 26.000 се наоѓаат само во Берлин.

The post Никогаш не било полесно да се добие пасош: Германија подготвува голема ревизија на законот за државјанство appeared first on Република.

]]>
Нема да мора да се откажете од пасош, ниту да живеете таму 8 години: Наскоро полесно до германско државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-da-mora-da-se-otkazhete-od-pasosh-nitu-da-zhiveete-tamu-8-godini-naskoro-polesno-do-germansko-drzhavjanstvo/ Sat, 07 Jan 2023 16:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=594495

Германското Министерство за внатрешни работи подготви нови правила за добивање на државјанство, според кои странците кои живеат во Германија повеќе нема да треба да се откажуваат од пасошите за да добијат германско државјанство и ќе можат да аплицираат по пет години престој.

Според досегашните правила странците мораа да живеат осум години во Германија за да можат да аплицираат за државјанство. Предлог-законот предвидува и намалување и на периодот од пет години ако апликантите можат да докажат дека се добро интегрирани, на пример со покажување одлични резултати на училиште или на работа, доброволна работа или особено добри јазични вештини.

Новите правила вклучуваат и олеснување на доказот за познавање на германскиот јазик за одредени групи, како и лицата над 67 години да не докажуваат дека го знаат јазикот.

Предвидено е и децата кои се родени во Германија, но чии родители имаат странско државјанство, повеќе нема да треба да избираат кое државјанство да го земат кога ќе пораснат.

Промените се дел од сеопфатната ревизија на миграциските и интегративните политики на Германија од страна на владината трипартиска коалиција на германската Социјалдемократска партија, Унија 90/Зелени и Слободната демократска партија.

The post Нема да мора да се откажете од пасош, ниту да живеете таму 8 години: Наскоро полесно до германско државјанство appeared first on Република.

]]>

Германското Министерство за внатрешни работи подготви нови правила за добивање на државјанство, според кои странците кои живеат во Германија повеќе нема да треба да се откажуваат од пасошите за да добијат германско државјанство и ќе можат да аплицираат по пет години престој. Според досегашните правила странците мораа да живеат осум години во Германија за да можат да аплицираат за државјанство. Предлог-законот предвидува и намалување и на периодот од пет години ако апликантите можат да докажат дека се добро интегрирани, на пример со покажување одлични резултати на училиште или на работа, доброволна работа или особено добри јазични вештини. Новите правила вклучуваат и олеснување на доказот за познавање на германскиот јазик за одредени групи, како и лицата над 67 години да не докажуваат дека го знаат јазикот. Предвидено е и децата кои се родени во Германија, но чии родители имаат странско државјанство, повеќе нема да треба да избираат кое државјанство да го земат кога ќе пораснат. Промените се дел од сеопфатната ревизија на миграциските и интегративните политики на Германија од страна на владината трипартиска коалиција на германската Социјалдемократска партија, Унија 90/Зелени и Слободната демократска партија.

The post Нема да мора да се откажете од пасош, ниту да живеете таму 8 години: Наскоро полесно до германско државјанство appeared first on Република.

]]>
Наскоро полесно до германско државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/naskoro-polesno-do-germansko-drzavjanstvo/ Fri, 25 Nov 2022 18:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=578354

Почина дваесет и седумгодишниот Р.В., осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Како што сооппшти МВР, вчера попладне во 17.50 часот било пријавено во СВР Скопје од Итна медицинска помош дека починал Р.В.(27).

Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Наскоро полесно до германско државјанство appeared first on Република.

]]>

Почина дваесет и седумгодишниот Р.В., осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово. Како што сооппшти МВР, вчера попладне во 17.50 часот било пријавено во СВР Скопје од Итна медицинска помош дека починал Р.В.(27). Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Наскоро полесно до германско државјанство appeared first on Република.

]]>
Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berlin-go-menuva-zakonodavstvoto-zaradi-polesno-dobivanje-germansko-drzavjanstvo/ Fri, 25 Nov 2022 15:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=578325

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер денеска претстави делови од нацрт-закон со кој треба да се олесни добивање германско државјанство, па така наместо со осум ќе може да се побара по пет односно три години легален престој.

Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција и по три години, изјави таа пред германските новинари. Под многу успешна интеграција таа подразбира брзо учење германски јазик и добро вклопување во работниот или образовниот систем на државата.

„Нацрт законот е подготвен и испратен во надлежните миистерства за проверки“, соопшти денеска МВР на Германија. Деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција.

Според нацрт-законот, деца родени во Германија автоматски добиваат државјанство ако еден од родителите најмалку пет години легално престојува во Германија.

The post Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер денеска претстави делови од нацрт-закон со кој треба да се олесни добивање германско државјанство, па така наместо со осум ќе може да се побара по пет односно три години легален престој. Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција и по три години, изјави таа пред германските новинари. Под многу успешна интеграција таа подразбира брзо учење германски јазик и добро вклопување во работниот или образовниот систем на државата. „Нацрт законот е подготвен и испратен во надлежните миистерства за проверки“, соопшти денеска МВР на Германија. Деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција. Според нацрт-законот, деца родени во Германија автоматски добиваат државјанство ако еден од родителите најмалку пет години легално престојува во Германија.

The post Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство appeared first on Република.

]]>
Спасовски за аферата Онишченко: Владата има дискреционо право некому да даде државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-aferata-onishchenko-vladata-ima-diskreciono-pravo-nekomu-da-dade-drzavjanstvo/ Wed, 16 Nov 2022 20:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=574687

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 во врска со македонското државјанство на Олександар Онишченко истакна дека добивањето на државјанство е извршено по членот 11 од законот за државјанство, кој е за национален, економски, спортски интерес и во таков случај одлуката за прием или одбивање ја носи владата по претходно собрани документи и мислења.

Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не, иако праксата е да се добијат позитивни мислења. Кај овој случај имаме четири позитивни мислења од Коњичката федерација, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за национална безбедност. Тоа се четирите позитивни мислења што беа доставени. Анализаите треба да се прават низ институциите, вели Спасовски.

The post Спасовски за аферата Онишченко: Владата има дискреционо право некому да даде државјанство appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 во врска со македонското државјанство на Олександар Онишченко истакна дека добивањето на државјанство е извршено по членот 11 од законот за државјанство, кој е за национален, економски, спортски интерес и во таков случај одлуката за прием или одбивање ја носи владата по претходно собрани документи и мислења.
Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не, иако праксата е да се добијат позитивни мислења. Кај овој случај имаме четири позитивни мислења од Коњичката федерација, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за национална безбедност. Тоа се четирите позитивни мислења што беа доставени. Анализаите треба да се прават низ институциите, вели Спасовски.

The post Спасовски за аферата Онишченко: Владата има дискреционо право некому да даде државјанство appeared first on Република.

]]>
Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-1-januari-drzavjanstvo-vo-elektronska-forma-i-baranje-za-pasosh-i-lichna-karta-po-elektronski-pat/ Wed, 17 Aug 2022 09:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=541274

Од 1 јануари уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање на лична карта и пасош.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил информира дека се усвоени законските измени за целосна дигитализација на процесите со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи.

Со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи и спроведување на целосна дигитализација на процесите, ова раководство на МВР пристапи кон хармонизирање на законската регулатива со европското законодавство, со тоа што беа предложени законски измени коишто Собранието на Република Македонија ги усвои во март годинава, а стапуваат на сила 1 јануари 2023 година, наведува Спасовски.

Поднесувањето на барање за издавање на лична карта и пасош е овозможено согласно измените и дополнувањата на Законот за лична карта, Законот за патни исправи, Законот за лично име и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето.

Во постапки определени со закон, како што е прибавување на доказ за објава во Службен Весник за загубена лична карта, истиот го прибавува МВР по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност. МВР може да издаде решение за поништување на матичен број на граѓанин или странец како електронски документ, појаснува Спасовски во фејсбук статусот.

Со цел усогласување со дигитализацијата на процесите поврзани со постапките утврдени со закон, како што наведува Спасовски, формирани се работни групи кои работат на ревидирање на законите и подзаконските акти во надлежност на МВР и тоа на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за оружјето, Законот за детективската дејност, Законот за странци, Законот за полиција, Законот за меѓународна и привремена заштита, Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за следење на комуникациите, Законот за прометот на експлозивни материи и Законот за приватно обезбедување.

The post Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат appeared first on Република.

]]>

Од 1 јануари уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање на лична карта и пасош. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил информира дека се усвоени законските измени за целосна дигитализација на процесите со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи. Со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи и спроведување на целосна дигитализација на процесите, ова раководство на МВР пристапи кон хармонизирање на законската регулатива со европското законодавство, со тоа што беа предложени законски измени коишто Собранието на Република Македонија ги усвои во март годинава, а стапуваат на сила 1 јануари 2023 година, наведува Спасовски. Поднесувањето на барање за издавање на лична карта и пасош е овозможено согласно измените и дополнувањата на Законот за лична карта, Законот за патни исправи, Законот за лично име и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето. Во постапки определени со закон, како што е прибавување на доказ за објава во Службен Весник за загубена лична карта, истиот го прибавува МВР по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност. МВР може да издаде решение за поништување на матичен број на граѓанин или странец како електронски документ, појаснува Спасовски во фејсбук статусот. Со цел усогласување со дигитализацијата на процесите поврзани со постапките утврдени со закон, како што наведува Спасовски, формирани се работни групи кои работат на ревидирање на законите и подзаконските акти во надлежност на МВР и тоа на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за оружјето, Законот за детективската дејност, Законот за странци, Законот за полиција, Законот за меѓународна и привремена заштита, Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за следење на комуникациите, Законот за прометот на експлозивни материи и Законот за приватно обезбедување.

The post Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат appeared first on Република.

]]>
Путин со указ го поедностави стекнувањето државјанство за жителите на Доњецк и Луганск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-so-ukaz-go-poednostavi-steknuvanjeto-drzavjanstvo-za-zitelite-na-donjeck-i-lugansk/ Mon, 11 Jul 2022 12:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=527020

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се поедноставува процедурата за добивање државјанство за лицата кои постојано живеат во Украина или на територијата на ДПР и ЛПР. Документот е објавен на порталот за правни информации.

Утврдете дека граѓаните на Украина, Доњецката Народна Република или Луганската Народна Република и лицата без државјанство кои постојано живеат на територијата на ДНР, или ЛНР, или Украина, имаат право да аплицираат за прием во државјанство на Руската Федерација на поедноставен начин, се вели во документ.

The post Путин со указ го поедностави стекнувањето државјанство за жителите на Доњецк и Луганск appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се поедноставува процедурата за добивање државјанство за лицата кои постојано живеат во Украина или на територијата на ДПР и ЛПР. Документот е објавен на порталот за правни информации. Утврдете дека граѓаните на Украина, Доњецката Народна Република или Луганската Народна Република и лицата без државјанство кои постојано живеат на територијата на ДНР, или ЛНР, или Украина, имаат право да аплицираат за прием во државјанство на Руската Федерација на поедноставен начин, се вели во документ.

The post Путин со указ го поедностави стекнувањето државјанство за жителите на Доњецк и Луганск appeared first on Република.

]]>
Минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, а од него се откажале 724 албански граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/minatata-godina-albansko-drzavjanstvo-dobile-711-lica-a-od-nego-se-otkazale-724-albanski-gragjani/ Sun, 10 Jul 2022 09:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=526464

Според податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, што е речиси двапати повисока бројка споредено со претходната, 2020 година, кога тоа право го оствариле 423 лица.

Најголем дел се лица со потекло од Косово, потоа Турција, Сирија и Италија, а доминира возрасната група од 30 до 39 години.

Во август 2019 година Албанија донесе закон „За државјанство“, кој содржи неколку суштински измени, како што е членот 6 каде се предвидува „стекнување државјанство врз основа на потекло“.

Со ова им се овозможи на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да стекнат албанско државјанство, под услов да се докаже семејната врска во директна линија до трето колено на барателот со предците.

Албанско државјанство добиваат и заслужни спортисти, стопанственици и други, независно од потеклото. Барање се доставува до министерството за внатрешни работи а по законската процедура, го одобрува шефот на државата.

Од друга страна бројот на албански граѓани кои се откажале од своето државјанство е поголем, односно лани од албанско државјанство се откажале 724 лица, наспроти 513 претходната година.

Во просек годишно од албанското државјанство се откажуваат по над 700 лица, кои главно живеат и работат во земји, како Германија, која не признава двојно државјанство.

The post Минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, а од него се откажале 724 албански граѓани appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, што е речиси двапати повисока бројка споредено со претходната, 2020 година, кога тоа право го оствариле 423 лица. Најголем дел се лица со потекло од Косово, потоа Турција, Сирија и Италија, а доминира возрасната група од 30 до 39 години. Во август 2019 година Албанија донесе закон „За државјанство“, кој содржи неколку суштински измени, како што е членот 6 каде се предвидува „стекнување државјанство врз основа на потекло“. Со ова им се овозможи на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да стекнат албанско државјанство, под услов да се докаже семејната врска во директна линија до трето колено на барателот со предците. Албанско државјанство добиваат и заслужни спортисти, стопанственици и други, независно од потеклото. Барање се доставува до министерството за внатрешни работи а по законската процедура, го одобрува шефот на државата. Од друга страна бројот на албански граѓани кои се откажале од своето државјанство е поголем, односно лани од албанско државјанство се откажале 724 лица, наспроти 513 претходната година. Во просек годишно од албанското државјанство се откажуваат по над 700 лица, кои главно живеат и работат во земји, како Германија, која не признава двојно државјанство.

The post Минатата година албанско државјанство добиле 711 лица, а од него се откажале 724 албански граѓани appeared first on Република.

]]>
Левица: Недозволиво е вештачко менување на демографската структура по теркот на Насер Зибери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-nedozvolivo-e-veshtachko-menuvanje-na-demografskata-struktura-po-terkot-na-naser-ziberi/ Thu, 21 Apr 2022 18:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=491959

Неосновани се барањата на Омбудсманот за продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентирани лица, со кој несомнено се врши лажирање на демографската структура во државата, за што доказ беа и нецелоснo објавениte резултати од пописот на населението. Веќе два пати беше продолжуван рокот на важење на овој закон, со што повторно продолжување на важноста претставува неодговорност, реагираат од Левица.

Реакцијата на партијата ја пренесуваме во целост.

„Левица, пред повеќе од една година, го оспори овој закон пред Уставниот суд поради негова неусогласеност со Уставот и законите. Одредбите на законот во пракса произведуваат спорни ситуации, кои негативно влијаат на општествено-правните односи и демографската структура во државата и тоа:

Со овозможувањето на упис во посебната, а подоцна и во редовната матична книга на родени, се заобиколува законски предвидениот прекршок за оние кои пропуштиле навремен упис во редовната матична книга на родени;

Трајноста на идентификациона исправа посочува на фактот дека по истекот на 5 години и уписот во редовната матична книга на родени. лицето ќе се стекне со лична карта, па и државјанство;

По уписот, лицето може да оствари право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување, до завршување на постапката за дополнителен упис во матична книга на родените, со што апсолутно правата на овие лица се изедначуваат со државјаните на Македонија;

Уписот во редовната матична книга на родени по 5 години и стекнување на можноста со тоа лицето да поседува лична карта и да се стекне со државјанство е во колизија со законот за државјанство, кој е lex specialis за таа област. Па така, строгите условите за стекнување државјанство со природување, предвидени во Законот за државјанство, се заобиколуваат и не важат за овие лица.

Спротивноста со Законот за државјанство, значи и спротивност со Уставот, бидејќи во членот 4 став 3 е содржана императивна норма, според која државјанство се стекнува врз основа на закон кој е lex specialis за таа област и никако поинаку. Таков закон е единствено Законот за државјанство;

Примената на ваквиот закон значи дискириминација на граѓаните, каде за едни важат построги правила, а за други важат вакви едноставни правила;

Непотребно се подрива системот на нормативна хиерархија и се руши концептот на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок.

Власта, со досегашното спроведување на овој закон, докажа дека во континуитет работи на суптилно менување на демографската структура на населението во државата и сведување на македонската нација на ранг на посебни етникуми, а државата ја сведува на обична територија!“

The post Левица: Недозволиво е вештачко менување на демографската структура по теркот на Насер Зибери appeared first on Република.

]]>

Неосновани се барањата на Омбудсманот за продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентирани лица, со кој несомнено се врши лажирање на демографската структура во државата, за што доказ беа и нецелоснo објавениte резултати од пописот на населението. Веќе два пати беше продолжуван рокот на важење на овој закон, со што повторно продолжување на важноста претставува неодговорност, реагираат од Левица. Реакцијата на партијата ја пренесуваме во целост. „Левица, пред повеќе од една година, го оспори овој закон пред Уставниот суд поради негова неусогласеност со Уставот и законите. Одредбите на законот во пракса произведуваат спорни ситуации, кои негативно влијаат на општествено-правните односи и демографската структура во државата и тоа: Со овозможувањето на упис во посебната, а подоцна и во редовната матична книга на родени, се заобиколува законски предвидениот прекршок за оние кои пропуштиле навремен упис во редовната матична книга на родени; Трајноста на идентификациона исправа посочува на фактот дека по истекот на 5 години и уписот во редовната матична книга на родени. лицето ќе се стекне со лична карта, па и државјанство; По уписот, лицето може да оствари право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување, до завршување на постапката за дополнителен упис во матична книга на родените, со што апсолутно правата на овие лица се изедначуваат со државјаните на Македонија; Уписот во редовната матична книга на родени по 5 години и стекнување на можноста со тоа лицето да поседува лична карта и да се стекне со државјанство е во колизија со законот за државјанство, кој е lex specialis за таа област. Па така, строгите условите за стекнување државјанство со природување, предвидени во Законот за државјанство, се заобиколуваат и не важат за овие лица. Спротивноста со Законот за државјанство, значи и спротивност со Уставот, бидејќи во членот 4 став 3 е содржана императивна норма, според која државјанство се стекнува врз основа на закон кој е lex specialis за таа област и никако поинаку. Таков закон е единствено Законот за државјанство; Примената на ваквиот закон значи дискириминација на граѓаните, каде за едни важат построги правила, а за други важат вакви едноставни правила; Непотребно се подрива системот на нормативна хиерархија и се руши концептот на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок. Власта, со досегашното спроведување на овој закон, докажа дека во континуитет работи на суптилно менување на демографската структура на населението во државата и сведување на македонската нација на ранг на посебни етникуми, а државата ја сведува на обична територија!“

The post Левица: Недозволиво е вештачко менување на демографската структура по теркот на Насер Зибери appeared first on Република.

]]>
Црна Гора за еден и пол месец додели 28 државјанства на руски граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-za-eden-i-pol-mesec-dodeli-28-drzavjanstva-na-ruski-gragjani/ Fri, 11 Mar 2022 08:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=471104

Црногорската Влада во заминување на премиерот Здравко Кривокапиќ од 1 јануари до 15 февруари додели 28 економски државјанства на граѓани на Руската Федерација, покажуваат податоците на невладината организација Центар за граѓанско образование.

Кривокапиќ, исто така, им додели економско државјанство на четворица американски државјани со руско потекло, четворица државјани на Јужноафриканската Република, како и по еден државјанин на Украина и Узбекистан.

ЦГО соопшти дека за 14 и пол месеци Владата доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно речиси половина од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години од почетокот на примената на Законот за државјанства од 2008 година. Посочуваат дека освен во случајот за 10 државјанства за кои не е наведено кој е предлагач, сите почесни државјанства од оваа Влада се дадени на предлог на Кривокапиќ.

Владата на Црна Гора на електронска седница на 30 декември минатата година одлучи да ја продолжи Програмата за стекнување државјанство преку инвестиции за уште една година, односно до крајот на 2022 година, и покрај жестоките критики од Европската комисија.

Програмата опфати давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои вложуваат меѓу 250.000 и 450.000 евра во Црна Гора.

The post Црна Гора за еден и пол месец додели 28 државјанства на руски граѓани appeared first on Република.

]]>

Црногорската Влада во заминување на премиерот Здравко Кривокапиќ од 1 јануари до 15 февруари додели 28 економски државјанства на граѓани на Руската Федерација, покажуваат податоците на невладината организација Центар за граѓанско образование. Кривокапиќ, исто така, им додели економско државјанство на четворица американски државјани со руско потекло, четворица државјани на Јужноафриканската Република, како и по еден државјанин на Украина и Узбекистан. ЦГО соопшти дека за 14 и пол месеци Владата доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно речиси половина од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години од почетокот на примената на Законот за државјанства од 2008 година. Посочуваат дека освен во случајот за 10 државјанства за кои не е наведено кој е предлагач, сите почесни државјанства од оваа Влада се дадени на предлог на Кривокапиќ. Владата на Црна Гора на електронска седница на 30 декември минатата година одлучи да ја продолжи Програмата за стекнување државјанство преку инвестиции за уште една година, односно до крајот на 2022 година, и покрај жестоките критики од Европската комисија. Програмата опфати давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои вложуваат меѓу 250.000 и 450.000 евра во Црна Гора.

The post Црна Гора за еден и пол месец додели 28 државјанства на руски граѓани appeared first on Република.

]]>