државен врв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-vrv/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 13:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државен врв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-vrv/ 32 32 Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-za-vecherva-svika-itna-sednitsa-na-drzhavniot-vrv-2/ Mon, 30 Oct 2023 17:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=696330

Рускиот претседател, Владимир Путин, за вечерва, во 19 часот, свика итен состанок на кој ќе присуствува целото државно раководство.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели руското општество.

Добро е познато и очигледно дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучувајќи и надворешно информативно влијание, рече Песков.

Поголема група луѓе вчера предизвикаа немири при слетувањето на авионот од Тел Авив, по што аеродромот остана привремено затворен, соопшти Руската Федерална агенција за воздушен транспорт - Росавијација. По инцидентот беа уапсени 60 учесници во немирите.

The post Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател, Владимир Путин, за вечерва, во 19 часот, свика итен состанок на кој ќе присуствува целото државно раководство. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели руското општество.
Добро е познато и очигледно дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучувајќи и надворешно информативно влијание, рече Песков.
Поголема група луѓе вчера предизвикаа немири при слетувањето на авионот од Тел Авив, по што аеродромот остана привремено затворен, соопшти Руската Федерална агенција за воздушен транспорт - Росавијација. По инцидентот беа уапсени 60 учесници во немирите.

The post Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв appeared first on Република.

]]>
Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-vrv-ja-odbeleza-godishninata-od-smrtta-na-poraneshniot-pretsedatel-boris-trajkovski/ Sat, 26 Feb 2022 13:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=464302

Делегација на Република Македонија во која како претставничка на Владата беше Славица Грковска, заменичка на претседателка задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието на Македонија и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Македонија, положи венци свежо цвеќе на спомен обележјето на авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, во која загина поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување, како и екипажот на авионот.

На одбележувањето на 18 годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата венци, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина.

Во рамките на пригодните активности на Владата на Република Македонија во знак на одбележување на 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски, свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, во Бутел во Скопје, положи владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Како дел од овие активности, на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски во Струмица свежо цвеќе положија министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа.

Осумнаесет години по смртта на претседателот Трајковски, тој останува да биде запаметен по неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за нашата држава како мултикултурна заедница и како членка на ЕУ и на НАТО.

The post Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Делегација на Република Македонија во која како претставничка на Владата беше Славица Грковска, заменичка на претседателка задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието на Македонија и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Македонија, положи венци свежо цвеќе на спомен обележјето на авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, во која загина поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување, како и екипажот на авионот. На одбележувањето на 18 годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата венци, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина. Во рамките на пригодните активности на Владата на Република Македонија во знак на одбележување на 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски, свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, во Бутел во Скопје, положи владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи. Како дел од овие активности, на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски во Струмица свежо цвеќе положија министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа. Осумнаесет години по смртта на претседателот Трајковски, тој останува да биде запаметен по неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за нашата држава како мултикултурна заедница и како членка на ЕУ и на НАТО.

The post Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>