државен секретар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-sekretar/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 09:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државен секретар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-sekretar/ 32 32 Марко Рубио ќе биде нов Државен секретар на САД? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/marko-rubio-ke-bide-nov-drzhaven-sekterar-na-sad/ Tue, 12 Nov 2024 06:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=836556

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да го избере сенаторот Марко Рубио за следен државен секретар на САД, објави „Њујорк тајмс“.

Политичарот роден во Флорида би можел да стане првиот латиноамериканец кој ќе служи како топ дипломат на САД откако Трамп ќе ја преземе функцијата во јануари.

https://republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-kandidati-za-drzhaven-sekretar-na-sad-megu-niv-i-richard-grenel/

Со текот на годините, сенаторот се залагаше за надворешна политика на покажување мускули кон геополитичките непријатели на САД, вклучувајќи ги Кина, Иран и Куба. Во изминатите неколку години, тој донекаде ги ублажи своите позиции за да се усогласи со позициите на Трамп.

Новата американска администрација ќе се соочи со поопасен и понепредвидлив свет од првиот мандат на Трамп, со војни кои беснеат во Украина и на Блискиот Исток, а Кина се повеќе се приближува до американските непријатели Русија и Иран, јавија американските медиуми.

Несомнено, војната во Украина ќе биде високо на агендата на Рубио.

Рубио (53) во неодамнешните интервјуа рече дека Украина треба да бара преговарачко решение на конфликтот со Русија наместо да се фокусира на враќање на сите територии изгубени во изминатата деценија. Тој исто така беше меѓу 15-те републикански сенатори кои гласаа против пакетот воена помош од 95 милијарди долари за Киев донесен од Конгресот во април

The post Марко Рубио ќе биде нов Државен секретар на САД? appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да го избере сенаторот Марко Рубио за следен државен секретар на САД, објави „Њујорк тајмс“. Политичарот роден во Флорида би можел да стане првиот латиноамериканец кој ќе служи како топ дипломат на САД откако Трамп ќе ја преземе функцијата во јануари. https://republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-kandidati-za-drzhaven-sekretar-na-sad-megu-niv-i-richard-grenel/ Со текот на годините, сенаторот се залагаше за надворешна политика на покажување мускули кон геополитичките непријатели на САД, вклучувајќи ги Кина, Иран и Куба. Во изминатите неколку години, тој донекаде ги ублажи своите позиции за да се усогласи со позициите на Трамп. Новата американска администрација ќе се соочи со поопасен и понепредвидлив свет од првиот мандат на Трамп, со војни кои беснеат во Украина и на Блискиот Исток, а Кина се повеќе се приближува до американските непријатели Русија и Иран, јавија американските медиуми. Несомнено, војната во Украина ќе биде високо на агендата на Рубио. Рубио (53) во неодамнешните интервјуа рече дека Украина треба да бара преговарачко решение на конфликтот со Русија наместо да се фокусира на враќање на сите територии изгубени во изминатата деценија. Тој исто така беше меѓу 15-те републикански сенатори кои гласаа против пакетот воена помош од 95 милијарди долари за Киев донесен од Конгресот во април

The post Марко Рубио ќе биде нов Државен секретар на САД? appeared first on Република.

]]>
Четворица кандидати за Државен секретар на САД, меѓу нив и Ричард Гренел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-kandidati-za-drzhaven-sekretar-na-sad-megu-niv-i-richard-grenel/ Mon, 11 Nov 2024 07:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=836211

Социјалната мрежа „X“ се објавени кандидатите за нов Државен секретат на САД по победата на Доналд Трамп.

На листата се Ричард Гренел Марк Рубио, Бил Хагерти и Вивек Рамасмати.

За Македонија, но и за регионот најдбобар избор би бил Ричар Гренел. Тој пред неколку месеци беше во Македонија и се сретна со премиерот Мицкоски.

The post Четворица кандидати за Државен секретар на САД, меѓу нив и Ричард Гренел appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа „X“ се објавени кандидатите за нов Државен секретат на САД по победата на Доналд Трамп. На листата се Ричард Гренел Марк Рубио, Бил Хагерти и Вивек Рамасмати. За Македонија, но и за регионот најдбобар избор би бил Ричар Гренел. Тој пред неколку месеци беше во Македонија и се сретна со премиерот Мицкоски.

The post Четворица кандидати за Државен секретар на САД, меѓу нив и Ричард Гренел appeared first on Република.

]]>
Државен секретар во германско министерство поднесе оставка поради обвиненија за непотизам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drzhaven-sekretar-vo-germansko-ministerstvo-podnese-ostavka-poradi-obvinenija-za-nepotizam/ Wed, 17 May 2023 10:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=641722

Државниот секретар во германското Министерство за економија, Патрик Грајхен поднесе оставка поради критиките дека го вработил својот кум на важна позиција, објавија германските медиуми.

Како што објавија неделникот „Шпигел“ и новинската агенција ДПА, Грајхен поднесе оставка поради новите детали околу скандалот со вработувањето во Министерството за економија, кое го предводи вицеканцеларот и претставник на Партијата на зелените Роберт Хабек.

Грајхен го предложи Михаел Шефер, политичар од берлинскиот огранок на Партијата на зелените, за директор на Државната агенција за енергетика (Дена). Но, тој не спомнал дека Шефер му е кум.

Откако медиумите пишуваа за поврзаноста Грајхен со Шефер, објавен е нов конкурс за директорска функција.

Грајхен е обвинет и за поврзаност со Институтот за животна средина, кој редовно добивал наредби од Министерството за скапи вештачења. Сестрата и братот на Грајхен се вработени во Еколошкиот институт.

И сестрата на Грајхен е мажена за друг државен секретар во Министерството за економија. Опозицијата и делови од медиумите со недели го напаѓаат министерот Хабек поради неговото инсистирање Грајхен да остане државен секретар и покрај непотизмот.

Од Министерството за економија засега не се изјаснија за овој случај, но министерот Хабек најави изјава.

 

The post Државен секретар во германско министерство поднесе оставка поради обвиненија за непотизам appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар во германското Министерство за економија, Патрик Грајхен поднесе оставка поради критиките дека го вработил својот кум на важна позиција, објавија германските медиуми. Како што објавија неделникот „Шпигел“ и новинската агенција ДПА, Грајхен поднесе оставка поради новите детали околу скандалот со вработувањето во Министерството за економија, кое го предводи вицеканцеларот и претставник на Партијата на зелените Роберт Хабек. Грајхен го предложи Михаел Шефер, политичар од берлинскиот огранок на Партијата на зелените, за директор на Државната агенција за енергетика (Дена). Но, тој не спомнал дека Шефер му е кум. Откако медиумите пишуваа за поврзаноста Грајхен со Шефер, објавен е нов конкурс за директорска функција. Грајхен е обвинет и за поврзаност со Институтот за животна средина, кој редовно добивал наредби од Министерството за скапи вештачења. Сестрата и братот на Грајхен се вработени во Еколошкиот институт. И сестрата на Грајхен е мажена за друг државен секретар во Министерството за економија. Опозицијата и делови од медиумите со недели го напаѓаат министерот Хабек поради неговото инсистирање Грајхен да остане државен секретар и покрај непотизмот. Од Министерството за економија засега не се изјаснија за овој случај, но министерот Хабек најави изјава.  

The post Државен секретар во германско министерство поднесе оставка поради обвиненија за непотизам appeared first on Република.

]]>
Владимир Анчев нов државен секретар во Министерството за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladimir-anchev-nov-drzaven-sekretar-vo-ministerstvoto-za-odbrana/ Wed, 21 Sep 2022 13:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=552935

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го назначи Владимир Анчев за државен секретар во Министерството за одбрана.

Во Министерството за одбрана тој работи од октомври 2020 година како посебен советник, а од декември 2021 година активно придонесува во функционирањето на Министерството како државен советник.

Анчев, соопштија од МО, во својата кариера има работено на бројни менаџерски позиции во јавниот и во приватниот сектор. Во речиси дведеценискиот работен ангажман има стекнато искуство во доменот на меѓународната соработка и менаџментот на човечките ресурси – првенствено во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како соработник за меѓународна соработка, а потоа и во Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за информатичко општество и администрација каде фокусот го става на развојот на софтвер за управување со човечки ресурси за 1.300 институции, како и воведување и одржување на стандарди за управување со квалитет.

Работната кариера ја продолжува во приватниот сектор како менаџер за човечки ресурси, каде го води процесот за воведување на оддел за човечки ресурси и подготовка на правилници за внатрешна организација, како и анализа на трудот и спроведување на функционална анализа.

Анчев имал организирано голем број обуки од областа на менаџментот со посебен фокус на човечките ресурси. Член е на Македонската асоцијација за човечки ресурси и Регионалната школа за јавна администрација и автор на поголем број истражувачки трудови посветени на развојот на системот за јавна администрација.

Дипломирал право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 

The post Владимир Анчев нов државен секретар во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го назначи Владимир Анчев за државен секретар во Министерството за одбрана. Во Министерството за одбрана тој работи од октомври 2020 година како посебен советник, а од декември 2021 година активно придонесува во функционирањето на Министерството како државен советник. Анчев, соопштија од МО, во својата кариера има работено на бројни менаџерски позиции во јавниот и во приватниот сектор. Во речиси дведеценискиот работен ангажман има стекнато искуство во доменот на меѓународната соработка и менаџментот на човечките ресурси – првенствено во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како соработник за меѓународна соработка, а потоа и во Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за информатичко општество и администрација каде фокусот го става на развојот на софтвер за управување со човечки ресурси за 1.300 институции, како и воведување и одржување на стандарди за управување со квалитет. Работната кариера ја продолжува во приватниот сектор како менаџер за човечки ресурси, каде го води процесот за воведување на оддел за човечки ресурси и подготовка на правилници за внатрешна организација, како и анализа на трудот и спроведување на функционална анализа. Анчев имал организирано голем број обуки од областа на менаџментот со посебен фокус на човечките ресурси. Член е на Македонската асоцијација за човечки ресурси и Регионалната школа за јавна администрација и автор на поголем број истражувачки трудови посветени на развојот на системот за јавна администрација. Дипломирал право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.  

The post Владимир Анчев нов државен секретар во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>