државен пазарен инспекторат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-pazaren-inspektorat/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 10:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државен пазарен инспекторат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-pazaren-inspektorat/ 32 32 Казнети осум маркети кои не ги ограничиле цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kazneti-osum-marketi-koi-ne-gi-ogranichile-tsenite/ Thu, 26 Sep 2024 10:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=819793

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек, информираат од ДПИ.

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава.

-Толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од ДПИ.

Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.

The post Казнети осум маркети кои не ги ограничиле цените appeared first on Република.

]]>

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек, информираат од ДПИ. Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава.
-Толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од ДПИ.
Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.

The post Казнети осум маркети кои не ги ограничиле цените appeared first on Република.

]]>
И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-burekot-i-jogurtot-treba-da-poevtinat-potsetuva-dpi/ Wed, 25 Sep 2024 13:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=819580

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.

Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, рече Трајковски.

The post И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ appeared first on Република.

Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inspektorite-od-deneska-so-kazni-za-trgovtsite-koi-ne-gi-namalile-profitnite-marzhi/ Wed, 25 Sep 2024 09:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=819474

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.

Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски. https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/ Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.
Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>
Затворени два маркета https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zatvoreni-dva-marketa/ Fri, 08 Mar 2024 19:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=752822

Пазарниот инспекторат издал две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил.

Трајковски најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.

Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.

Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.

The post Затворени два маркета appeared first on Република.

]]>

Пазарниот инспекторат издал две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски на својот Фејсбук профил. Трајковски најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.
Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.
Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.

The post Затворени два маркета appeared first on Република.

]]>
Казнети и затворени повеќе ланци на маркети во Скопје и Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kazneti-i-zatvoreni-poveke-lantsi-na-marketi-vo-skopje-i-struga/ Sat, 23 Sep 2023 18:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=684495

Директорот на пазарна инспекција, Горан Трајковски, информира дека се казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје во населбите Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел, но и маркети во Струга.

Апелирам до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат кога е во прашање интересот на граѓаните. Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и одлуките на владата. Исто така нема да дозволам некој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните, потрошувачите, напиша Трајковски на својот Фејсбук профил.

Трајковски не дава конкретна информација за какви прекршоци се казните и затворени ланците маркети.

The post Казнети и затворени повеќе ланци на маркети во Скопје и Струга appeared first on Република.

На Економски или на Машински: Не се знае ни колку ни каде студирал директорот на ДПИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-ekonomski-ili-na-mashinski-ne-se-znae-ni-kolku-ni-kade-studiral-direktorot-na-dpi/ Thu, 15 Dec 2022 14:30:44 +0000 https://republika.mk/?p=585937

Новиот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски Штраус студирал цели 18 години на Машинскиот факултет во Скопје, објави Ексрес.мк.

Порталот се повикува на извори во Деканатот на Машинскиот факултет во Скопје, според кои наводно Трајковски се запишал на факултетот во 2001 година, а студирал до 2018 година.

Според податоците што ги објави Владата, Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки.

Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот, пишува во соопштението од Владата.

Дали Трајковски во меѓувреме го променил факулететот, а службите неажурно си ја вршеле работата, дали Трајковски истовремено бил запишан на два факултета, што е незаконски, или пак се работи за друг човек со истото име и презиме, оскудните информации од Владата за првиот човек на ДПИ оставаат простор за шпекулирање.

Трајковски доаѓа од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.

The post На Економски или на Машински: Не се знае ни колку ни каде студирал директорот на ДПИ appeared first on Република.

]]>

Новиот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски Штраус студирал цели 18 години на Машинскиот факултет во Скопје, објави Ексрес.мк. Порталот се повикува на извори во Деканатот на Машинскиот факултет во Скопје, според кои наводно Трајковски се запишал на факултетот во 2001 година, а студирал до 2018 година. Според податоците што ги објави Владата, Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки.
Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот, пишува во соопштението од Владата.
Дали Трајковски во меѓувреме го променил факулететот, а службите неажурно си ја вршеле работата, дали Трајковски истовремено бил запишан на два факултета, што е незаконски, или пак се работи за друг човек со истото име и презиме, оскудните информации од Владата за првиот човек на ДПИ оставаат простор за шпекулирање. Трајковски доаѓа од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.

The post На Економски или на Машински: Не се знае ни колку ни каде студирал директорот на ДПИ appeared first on Република.

]]>
Три маркети на „КАМ“ добија вкупна казна над 15.000 евра за криење на зејтинот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tri-marketi-na-kam-dobija-vkupna-kazna-nad-15-000-evra-za-krienje-na-zejtinot/ Thu, 17 Mar 2022 15:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=474446

Три маркети во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари.

Во јавноста протекоа снимки како во маркети на трговскиот синџир „КАМ“, на купувачите им се сугерира дека зејтин можат да добијат само гратис, со направена сметка над 800 денари.

Директорката на пазарниот инспекторат Анета Симеска – Димоска за НОВА ТВ изјави дека казните се согласно Законот за потрошувачи за условување на купување на производ. Притоа таа не наведе за кои маркети станува збор. „Потрошувачите не смее да бидат условувани на тој начин, гратис може да се даваат само поситни артикли кои дополнуваат одреден производ. Маркетот не ставил на видно место информација за таквата акција, а дополнително утврдивме дека тие имале зејтин на залиха“, вели таа.

Според наши извори инспекторите деновиве направиле проверка во повеќе маркети на „КАМ“, по пријави на потрошувачи кои дури и снимале од терен за малверзациите со прехранбените артикли.

The post Три маркети на „КАМ“ добија вкупна казна над 15.000 евра за криење на зејтинот appeared first on Република.

]]>

Три маркети во Скопје, од Пазарната инспекција добија вкупна казна од 12.000 евра за фирмата и вкупна казна од 3.600 евра за одговорното лице, поради условување за купување на производ, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари. Во јавноста протекоа снимки како во маркети на трговскиот синџир „КАМ“, на купувачите им се сугерира дека зејтин можат да добијат само гратис, со направена сметка над 800 денари.
Директорката на пазарниот инспекторат Анета Симеска – Димоска за НОВА ТВ изјави дека казните се согласно Законот за потрошувачи за условување на купување на производ. Притоа таа не наведе за кои маркети станува збор. „Потрошувачите не смее да бидат условувани на тој начин, гратис може да се даваат само поситни артикли кои дополнуваат одреден производ. Маркетот не ставил на видно место информација за таквата акција, а дополнително утврдивме дека тие имале зејтин на залиха“, вели таа.
Според наши извори инспекторите деновиве направиле проверка во повеќе маркети на „КАМ“, по пријави на потрошувачи кои дури и снимале од терен за малверзациите со прехранбените артикли.

The post Три маркети на „КАМ“ добија вкупна казна над 15.000 евра за криење на зејтинот appeared first on Република.

]]>
Седум правни субјекти во Скопје казнети за непочитување на владините одлуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sedum-pravni-subjekti-vo-skopje-kazneti-za-nepochituvanje-na-vladinite-odluki/ Fri, 11 Mar 2022 19:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=471525

Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7000 евра за непочитување на владините одлуки.

Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата, наведува Бектеши во објавата.

Тој посочува и дека Законот за заштита на потрошувачи предвидува и затворање на дејноста „за нечесни практики во трговијата, кои одат на штета на граѓаните\потрошувачите“

The post Седум правни субјекти во Скопје казнети за непочитување на владините одлуки appeared first on Република.