државен испитен центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-ispiten-centar/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 11:03:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државен испитен центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-ispiten-centar/ 32 32 Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/ Thu, 14 Dec 2023 10:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=722859

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.

Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ.

Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.

Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.

Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.

Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.

Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.

Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеци чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период, потенцираше Бошковска.

Таа појасни дека реално решение за нивниот проблем не е понудено, а потенцираше и дека во моментов имаат недостиг од правник, но постојано добиваат и одбивање за вработување.

The post Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор. Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ. Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.
Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.
Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.
Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.
Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.
Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеци чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период, потенцираше Бошковска.
Таа појасни дека реално решение за нивниот проблем не е понудено, а потенцираше и дека во моментов имаат недостиг од правник, но постојано добиваат и одбивање за вработување.

The post Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
Матурантката од Охрид не полагала матура бидејќи не била пријавена за полагање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maturantkata-od-ohrid-ne-polagala-matura-bidejki-ne-bila-prijavena-za-polagane/ Sun, 28 May 2023 07:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=645347

Матурантката Тијана Силјаноска од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид на 27.05.2023 не полагаше државна матура бидејќи од страна на Училишната матурска комисија на училиштето не е пријавена за полагање во Државен испитен центар, појаснуваат од ДИЦ околу проблемот со неможноста матурантката да полага државна матура.

- За појаснување, согласно законските и подзаконските акти за реализација на државната матура, учениците пополнуваат пријава во училиштата каде што се запишани најдоцна до 31 декември во тековната година. Потоа следува процес на внес на податоците во база од страна на училишните матурски комисии, обработка на податоци и доставување на списоци со кандидати од страна на ДИЦ до училиштата најдоцна до 15 февруари. Училишните матурски комисии списоците со кандидати ги проверуваат и доколку имаат направено грешки ги корегираат и истите со потпис и печат од училиштето ги враќаат во ДИЦ. Во случајов од страна на комисија на СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид така е и постапено, односно списоците се вратени со потпис и печат, но немаат направено корекции дека ја имаат испуштено матурантката  Тијана Силјаноска, се вели во соопштението од ДИЦ.

Државниот испитен центар, се вели во соопштението, и понатаму останува отворен за соработка со сите матуранти и сите училишта и апелира до сите чинители во процесот на пријавување на државната матура многу внимателно да пристапуваат согласно нивните задолженија и надлежности

The post Матурантката од Охрид не полагала матура бидејќи не била пријавена за полагање appeared first on Република.

Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkoltsi-apelira-institutsiite-da-gi-prifatat-baranata-na-vrabotenite-vo-dits/ Sat, 27 May 2023 12:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=645176

Матурантите го полагаа испитот по мајчин јазик од државната матура. Првиот екстерен испит е задолжителен за сите ученици.

Според информациите на Државниот испитен центар, околу 10.800 матуранти полагале македонски јазик и литература, околу 4.400 албански јазик и литература, а 357 кандидати полагале турски јазик и литература.

Мнозинството од нив се од средното стручно образование, потоа следат гимназиите, а најмалку застапени се учениците од средното уметничко образование.

Според прелиминарните информации на Сојузот на средношколците, полагањето на првиот екстерен испит поминало во најдобар можен ред и до Сојузот засега не се пристигнати жалби или поплаки по одржувањето на испитот.

Сојузот на средношколци смета дека не смее да ги заборавиме вработените во Државниот испитен центар бидејќи благодарение на нив државата успеа да го организира првиот екстерен испит од државната матура во предвидениот рок.

Ставајќи го штрајкот во мирување, вработените во ДИЦ својот економски интерес го ставија под интересот на оваа генерација матуранти да полага државна матура во дадениот рок и да се здобие со навремени резултати, потребни за запишување на понатамошни студии.

Токму затоа, Сојузот упатува уште еден јавен апел до Министерството за финансии да ја испочитува доблесната одлука на овие 29 луѓе и да ги прифати нивните барања за изедначување на платите со зголемувањата на минималната плата.

Македонските матуранти веќе ја одбранија својата проектната задача, што значи дека им остануваат вториот екстерен испит, којшто е закажан за 10 јуни, и двата интерни испити, кои се полагаат во периодот од 12 до 30 јуни.

The post Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ appeared first on Република.

]]>

Матурантите го полагаа испитот по мајчин јазик од државната матура. Првиот екстерен испит е задолжителен за сите ученици. Според информациите на Државниот испитен центар, околу 10.800 матуранти полагале македонски јазик и литература, околу 4.400 албански јазик и литература, а 357 кандидати полагале турски јазик и литература. Мнозинството од нив се од средното стручно образование, потоа следат гимназиите, а најмалку застапени се учениците од средното уметничко образование. Според прелиминарните информации на Сојузот на средношколците, полагањето на првиот екстерен испит поминало во најдобар можен ред и до Сојузот засега не се пристигнати жалби или поплаки по одржувањето на испитот. Сојузот на средношколци смета дека не смее да ги заборавиме вработените во Државниот испитен центар бидејќи благодарение на нив државата успеа да го организира првиот екстерен испит од државната матура во предвидениот рок. Ставајќи го штрајкот во мирување, вработените во ДИЦ својот економски интерес го ставија под интересот на оваа генерација матуранти да полага државна матура во дадениот рок и да се здобие со навремени резултати, потребни за запишување на понатамошни студии. Токму затоа, Сојузот упатува уште еден јавен апел до Министерството за финансии да ја испочитува доблесната одлука на овие 29 луѓе и да ги прифати нивните барања за изедначување на платите со зголемувањата на минималната плата. Македонските матуранти веќе ја одбранија својата проектната задача, што значи дека им остануваат вториот екстерен испит, којшто е закажан за 10 јуни, и двата интерни испити, кои се полагаат во периодот од 12 до 30 јуни.

The post Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ appeared first on Република.

]]>
Тешко дека ќе се полага првиот матурски испит на 27 мај, продолжува штрајкот на ДИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/teshko-deka-ke-se-polaga-prviot-maturski-ispit-na-27-maj-prodolzhuva-shtrajkot-na-dits/ Mon, 08 May 2023 12:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=638375

Тешко дека ќе се полага првиот матурски испит на 27 мај, продолжува штрајкот за поголеми плати на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ). Ќе се бараат нови датуми за полагање држава матура. Како што денеска во изјава за медиумите кажа Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во ДИЦ, неуспешно завршиле преговорите со одговорните во Министерството за финансии. Државанта матура треба да се полага на 27 мај и 10 јуни.

Пресметките се дека веќе е невозможно да се постигнат тие датуми кои се по календар ставени, односно 27 мај и 10 јуни. 27 мај е многу тешко изводлив, да не речам воопшто неизводлив. Тоа би значело автоматски и пролонгирање на резултатите, бидејќи добар дел од процесите се врзани со оценувачите, не е само печатењето на тестовите туку има и прoцеси кои се врзани со надворешни лица. Нашето нефонкуционирње во овој момент подразбира дека нема да стигнеме ни со резултатите, изјави Бошковска.

Јетон Шаќири, министерот за образование и наука ги охрабри да продолжат со нивните барања, но предупреди да не ги доведуваат во прашање процесите. Тој апелираше вработените да го почекаат Општиот колективен договор кој, како што рече, можеби ќе биде подобар од сегашните услови што им ги нуди Министерството за финансии.

Шаќири притоа посочи дека дел од вработените се вклучиле при полагањето на испитите за директори, кои се во надлежност на ДИЦ, и тие биле во законски рок.

Истото би го побарал од истите тие вработени. Со Министерството за финансии да се најде начин за нов колективен договор, но истовремено очекуваме што побрзо да се потпише и Општиот колективен договор кој веќе е најавен и за другите сектори. Во момент кога дискутираме, тоа да не го поврзуваме со датумот на државната матура, рече министерот за образование и наука одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на УКИМ.

The post Тешко дека ќе се полага првиот матурски испит на 27 мај, продолжува штрајкот на ДИЦ appeared first on Република.

]]>

Тешко дека ќе се полага првиот матурски испит на 27 мај, продолжува штрајкот за поголеми плати на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ). Ќе се бараат нови датуми за полагање држава матура. Како што денеска во изјава за медиумите кажа Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во ДИЦ, неуспешно завршиле преговорите со одговорните во Министерството за финансии. Државанта матура треба да се полага на 27 мај и 10 јуни.
Пресметките се дека веќе е невозможно да се постигнат тие датуми кои се по календар ставени, односно 27 мај и 10 јуни. 27 мај е многу тешко изводлив, да не речам воопшто неизводлив. Тоа би значело автоматски и пролонгирање на резултатите, бидејќи добар дел од процесите се врзани со оценувачите, не е само печатењето на тестовите туку има и прoцеси кои се врзани со надворешни лица. Нашето нефонкуционирње во овој момент подразбира дека нема да стигнеме ни со резултатите, изјави Бошковска.
Јетон Шаќири, министерот за образование и наука ги охрабри да продолжат со нивните барања, но предупреди да не ги доведуваат во прашање процесите. Тој апелираше вработените да го почекаат Општиот колективен договор кој, како што рече, можеби ќе биде подобар од сегашните услови што им ги нуди Министерството за финансии. Шаќири притоа посочи дека дел од вработените се вклучиле при полагањето на испитите за директори, кои се во надлежност на ДИЦ, и тие биле во законски рок.
Истото би го побарал од истите тие вработени. Со Министерството за финансии да се најде начин за нов колективен договор, но истовремено очекуваме што побрзо да се потпише и Општиот колективен договор кој веќе е најавен и за другите сектори. Во момент кога дискутираме, тоа да не го поврзуваме со датумот на државната матура, рече министерот за образование и наука одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на УКИМ.
 
The post Тешко дека ќе се полага првиот матурски испит на 27 мај, продолжува штрајкот на ДИЦ appeared first on Република.

]]>
Генерален штрајк на Државниот испитен центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/generalen-shtrajk-na-drzhavniot-ispiten-tsentar/ Mon, 24 Apr 2023 18:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=633707

Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.

Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.

Оттаму апелираат Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Како што посочуваат, во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари.

Претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали утре во изјава за медиумите.

The post Генерален штрајк на Државниот испитен центар appeared first on Република.

]]>

Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.

Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.

Оттаму апелираат Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Како што посочуваат, во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари. Претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали утре во изјава за медиумите.

The post Генерален штрајк на Државниот испитен центар appeared first on Република.

]]>
Дојдовме до тоа директорката и вработените на ДИЦ да се расправаат, без ронка почит кон оние 111 кои секојдневно ги понижуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dojdovme-do-toa-direktorkata-i-vrabotenite-na-dits-da-se-raspravaat-bez-ronka-pochit-kon-onie-111-koi-sekojdnevno-gi-ponizhuvaat/ Tue, 14 Mar 2023 21:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=619719

Многу е важно ова што се случува во Државниот испитен центар, како пример за хаосот во една од институциите на државата, во овој случај со голема важност за образованието, вели проф. Весна Јаневска.

Откако се обрука разрешениот претседател на Испитната комисија во ДИЦ и во свое лично име им испрати меил за подршка на кандидатите за директори, стана појасно што се случува таму. Имено г-дин Шемши ја обвини актуелната директорка и за сопствениот пропуст. Тој како да заборави дека кога НЕЗАКОНСКИ се закажа третиот дел од испитот токму тој беше претседател на испитната комисија. Се добива впечаток дека комисијата, не само претседателот, прави обид да си го прикрие и измие својот дел од вината за штетата која ја нанесе на 111 просветни работници. Актуелната директорка Благица Павловска, пак, наместо да изнајде решение за проблемот, ги демантира јавно наводите на Шемши.
Дојдовме до тоа, директорката и вработените на ДИЦ да се расправаат, дури и со адвокат, преку медиуми, без ронка почит кон оние 111 кои секојдневно ги понижуваат, омаловажуваат и оштетуваат.
На што личи ова? Кандидатите не ги интересираат внатре - човечките односи и грешките кои едни на други си ги припишуваат вработените во ДИЦ, тие си ги бараат своите ПРАВА.
Директорката КОНЕЧНО ќе мора да се одважи и да превземе чекор, затоа што ако не превземе ништо, наместо да се расправа само со адвокатот на Шемши, ќе мора да се расправа со 111 други адвокати или можеби само уште еден кој ќе застапува 111 просветно работници.
Уште нешто, почна испитната сесија за приправниците. Сигурни сте дека се' е како што треба?, прашува Јаневска.

The post Дојдовме до тоа директорката и вработените на ДИЦ да се расправаат, без ронка почит кон оние 111 кои секојдневно ги понижуваат appeared first on Република.

]]>

Многу е важно ова што се случува во Државниот испитен центар, како пример за хаосот во една од институциите на државата, во овој случај со голема важност за образованието, вели проф. Весна Јаневска.
Откако се обрука разрешениот претседател на Испитната комисија во ДИЦ и во свое лично име им испрати меил за подршка на кандидатите за директори, стана појасно што се случува таму. Имено г-дин Шемши ја обвини актуелната директорка и за сопствениот пропуст. Тој како да заборави дека кога НЕЗАКОНСКИ се закажа третиот дел од испитот токму тој беше претседател на испитната комисија. Се добива впечаток дека комисијата, не само претседателот, прави обид да си го прикрие и измие својот дел од вината за штетата која ја нанесе на 111 просветни работници. Актуелната директорка Благица Павловска, пак, наместо да изнајде решение за проблемот, ги демантира јавно наводите на Шемши. Дојдовме до тоа, директорката и вработените на ДИЦ да се расправаат, дури и со адвокат, преку медиуми, без ронка почит кон оние 111 кои секојдневно ги понижуваат, омаловажуваат и оштетуваат. На што личи ова? Кандидатите не ги интересираат внатре - човечките односи и грешките кои едни на други си ги припишуваат вработените во ДИЦ, тие си ги бараат своите ПРАВА. Директорката КОНЕЧНО ќе мора да се одважи и да превземе чекор, затоа што ако не превземе ништо, наместо да се расправа само со адвокатот на Шемши, ќе мора да се расправа со 111 други адвокати или можеби само уште еден кој ќе застапува 111 просветно работници. Уште нешто, почна испитната сесија за приправниците. Сигурни сте дека се' е како што треба?, прашува Јаневска.

The post Дојдовме до тоа директорката и вработените на ДИЦ да се расправаат, без ронка почит кон оние 111 кои секојдневно ги понижуваат appeared first on Република.

]]>
Јаневска ја повика директорката на ДИЦ да им овозможи на кандидатите да полагаат во пролетна сесија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ja-povika-direktorkata-na-dits-da-im-ovozmozhi-na-kandidatite-da-polagaat-vo-proletna-sesija/ Tue, 07 Mar 2023 17:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=617011

Весна Јаневска од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ ја повика директорката на Државниот испитен центар Благица Павловска да преземе активност како што презела одговорност кога се нафатила да раководи со институцијата и да им овозможи на кандидатите кои треба да полагаат во пролетната сесија да го остварат своето право.

Како директор на Државниот испитен центар знаете дека 111 кандидати кои посетувале обука за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење веќе една година не можат да си го остварат правото и да го завршат испитот. Со оглед на тоа дека времето минува, Ве информирам дека по закон тие испитот целосно треба да го завршат во рок од 6 месеци (член 16), инаку ќе мора да преполагаат.

Ве информирам и дека и покрај Вашата објава на ФБ дека им се признаени првиот и вториот дел од испитот, кандидатите не се официјално информирани за оваа одлука на нивните адреси.

Ве информирам и дека Ваша должност е да формирате Испитна комисија според членот 12 од законот и да овозмможите кандидатите да пристапат на полагање на третиот дел од испитот. Очекуваме оваа обврска да ја звршите во најбрз можен рок.

Што се однесува до кандидатите кои требаше да полагаат приправнички испит во есенска сесија 2022 година, овој испит ќе го полагаат сега во 2023 година, во сесија која ќе се води како есенска сесија 2022 година. Во ред, но Ве прашувам што се случува со пролетната сесија 2023 година? Да не се случи оваа сесија од непознати причини да се прескокне, па кандидатите да треба да полагаат пролетна сесија 2023 во септември. Тоа би било противзаконски, нема причина оваа сесија да се прескокне, како што тоа беше случај и со есенската сесија 2022 год, но бидејќи Вие тогаш не бевте директор за овој пропуст законски ќе бараме одговорност од бившата директорка.

Ја информирам јавноста дека сите активности на ДИЦ се составен дел на образовнниот систем и се нопходни за непречено делување на истиот. Нефункционирањето на една од алките води до кинење на синџирот. Со оглед на тоа дека нашиот образовен систем се држи на искинати конци Дитекторке преземете активност, затоа што одговорност сте презеле во моментот кога сте ја прифатиле функцијата, пишува во објавата на Весна Јаневска.

The post Јаневска ја повика директорката на ДИЦ да им овозможи на кандидатите да полагаат во пролетна сесија appeared first on Република.

]]>

Весна Јаневска од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ ја повика директорката на Државниот испитен центар Благица Павловска да преземе активност како што презела одговорност кога се нафатила да раководи со институцијата и да им овозможи на кандидатите кои треба да полагаат во пролетната сесија да го остварат своето право.
Како директор на Државниот испитен центар знаете дека 111 кандидати кои посетувале обука за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење веќе една година не можат да си го остварат правото и да го завршат испитот. Со оглед на тоа дека времето минува, Ве информирам дека по закон тие испитот целосно треба да го завршат во рок од 6 месеци (член 16), инаку ќе мора да преполагаат. Ве информирам и дека и покрај Вашата објава на ФБ дека им се признаени првиот и вториот дел од испитот, кандидатите не се официјално информирани за оваа одлука на нивните адреси. Ве информирам и дека Ваша должност е да формирате Испитна комисија според членот 12 од законот и да овозмможите кандидатите да пристапат на полагање на третиот дел од испитот. Очекуваме оваа обврска да ја звршите во најбрз можен рок. Што се однесува до кандидатите кои требаше да полагаат приправнички испит во есенска сесија 2022 година, овој испит ќе го полагаат сега во 2023 година, во сесија која ќе се води како есенска сесија 2022 година. Во ред, но Ве прашувам што се случува со пролетната сесија 2023 година? Да не се случи оваа сесија од непознати причини да се прескокне, па кандидатите да треба да полагаат пролетна сесија 2023 во септември. Тоа би било противзаконски, нема причина оваа сесија да се прескокне, како што тоа беше случај и со есенската сесија 2022 год, но бидејќи Вие тогаш не бевте директор за овој пропуст законски ќе бараме одговорност од бившата директорка. Ја информирам јавноста дека сите активности на ДИЦ се составен дел на образовнниот систем и се нопходни за непречено делување на истиот. Нефункционирањето на една од алките води до кинење на синџирот. Со оглед на тоа дека нашиот образовен систем се држи на искинати конци Дитекторке преземете активност, затоа што одговорност сте презеле во моментот кога сте ја прифатиле функцијата, пишува во објавата на Весна Јаневска.

The post Јаневска ја повика директорката на ДИЦ да им овозможи на кандидатите да полагаат во пролетна сесија appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Јаневска: Обвинителството по допрен глас да испита зошто директорката на ДИЦ не дозволува полагање испит за директори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-obvinitelstvoto-po-dopren-glas-da-ispita-zoshto-direktorkata-na-dic-ne-dozvoluva-polaganje-ispit-za-direktori/ Wed, 09 Mar 2022 15:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=470217

Јавното обвинителството, по допрен глас да испита зошто директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска не дозволува полагање на испит за директори, бара проф. д-р Весна Јаневска.

На подзаборавената замеичка министерка и актуелна директорка на ДИЦ пред извесно време нè потсетија група наставници на кои им е ускратена едукација и полагање на испит за директори што е во ингеренција на ДИЦ. Тие протестираа и ја потсетија јавноста на нефункционирање на институцијата која ја води Наумовска, но во овие тешки и кризни времиња овој настан не предизвика голема реакција. Наставниците посочија кои членови од законот ги крши директорката и рекоа дека ќе се обратат до јавниот правобранител. Го чекам одговорот од правобранителот, а го повикувам ЈО, по допрен глас, да го испита случајот и по потреба да преземе мерки за одговорност на дитекторката на ДИЦ, пишува на фејсбук проф. д-р Јаневска.

Таа ја потсетува директорката дека има обврски и одговорност, институцијата да функционира непречено и дека при тоа не смее да се кршат ничии права.

Наумовска наместо да дава „важни“ и празни соопштенија за тестирање без резултати од истото да се фати за работа и да го спроведува законот, вели проф. д-р Јаневска.

Таа потсети дека по долго време во јавност се појавила Наумовска со соопштение дека започнало тестирање на учениците за проверка на знаење од математика.

Како важен податок од тестирањето директорката на ДИЦ соопшти дека видела насмеани лица на децата, многу важен елемент од тестирањето и дека за решавање на тестот на учениците од четврто одделение им требале 3 часа. При тоа таа не кажа кое е просечното време за решавање на тестот било каде во друга држава, дури ни во околината. За резултатите од тестот ни збор, ќе чекаме, вели Јаневска.

The post Проф. д-р Јаневска: Обвинителството по допрен глас да испита зошто директорката на ДИЦ не дозволува полагање испит за директори appeared first on Република.

Платиле, а немаат обуки: Кандидати за директори во основни и средни училишта ja прозиваат директорката на ДИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/platile-a-nemaat-obuki-kandidati-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-ja-prozivaat-direktorkata-na-dic/ Sat, 19 Feb 2022 11:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=460775

Кандидатите за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште испратија отворено писмо до директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска кое го пренесуваме интегрално:

Почитувана директорке, Ви пишуваме од име на група на кандидати кои веќе неколку месеци се имаме пријавено за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште.
Имено, согласно посочениот Закон сме пријавени регуларно и ги имаме уплатено потребните средства за реализација на обука и спроведување на испити. Изненадени сме од самоволието и непочитување на позитивните законски прописи иако согласно член 5 од Законот ги исполнуваме условите за спроведување на основна обука и согласно член 8, став 1, цитираме: „Реализацијата на обуката според Програмата, за пријавени кандидати започнува по формирањето на група од десет кандидати, приајвени за обука согласно член 7 од овој закон.“ (Се мисли на Закон за обука и испит за директори на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански Универзитет за доживотно учење).
До овој момент според наши сознанија има формирано повеќе од 5 (пет) групи и сите кандидати ги исполнуваат пропишаните услови и веќе ги имаат уплатено потребните средства. Зачудува фактот, што и покрај се’ вие одлучувате да работите спротивно на позитивните законски прописи и да водите самоволие во институција којашто е од клучно значење за образовниот процес во нашата држава.
Нашите сознанија ги потврдува и тоа што на веб страницата на ДИЦ во делот на АРХИВА (https://dic.edu.mk/blog/) за периодот од 2019, 2020 и 2021 година никаде немате поставено информација за реализација на обуки за директори на основните и средни училишта. Дополнително на ова ниту пак индивидуално сме добиле повратна информација на поставени прашања во врска со термини за започнување на обуката.
Ви укажеме дека ваквото Ваше самоволие и непочитување на законите е на штета пред се’ на децата, а и на штета на целиот образовен процес.
Оттука, Ве повикуваме веднаш да почнете да ги почитувате законите и веднаш да започне процесот на обуки за директори. Во спротивно ќе бидеме принудени да преземеме други мерки, да ги известиме надлежните институции за грубото кршење на законите и да ги известиме претставниците на меѓународната заедница.

Со почит,
Кандидати за обука и полагање на испит“

The post Платиле, а немаат обуки: Кандидати за директори во основни и средни училишта ja прозиваат директорката на ДИЦ appeared first on Република.

]]>

Кандидатите за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште испратија отворено писмо до директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска кое го пренесуваме интегрално: Почитувана директорке, Ви пишуваме од име на група на кандидати кои веќе неколку месеци се имаме пријавено за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште. Имено, согласно посочениот Закон сме пријавени регуларно и ги имаме уплатено потребните средства за реализација на обука и спроведување на испити. Изненадени сме од самоволието и непочитување на позитивните законски прописи иако согласно член 5 од Законот ги исполнуваме условите за спроведување на основна обука и согласно член 8, став 1, цитираме: „Реализацијата на обуката според Програмата, за пријавени кандидати започнува по формирањето на група од десет кандидати, приајвени за обука согласно член 7 од овој закон.“ (Се мисли на Закон за обука и испит за директори на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански Универзитет за доживотно учење). До овој момент според наши сознанија има формирано повеќе од 5 (пет) групи и сите кандидати ги исполнуваат пропишаните услови и веќе ги имаат уплатено потребните средства. Зачудува фактот, што и покрај се’ вие одлучувате да работите спротивно на позитивните законски прописи и да водите самоволие во институција којашто е од клучно значење за образовниот процес во нашата држава. Нашите сознанија ги потврдува и тоа што на веб страницата на ДИЦ во делот на АРХИВА (https://dic.edu.mk/blog/) за периодот од 2019, 2020 и 2021 година никаде немате поставено информација за реализација на обуки за директори на основните и средни училишта. Дополнително на ова ниту пак индивидуално сме добиле повратна информација на поставени прашања во врска со термини за започнување на обуката. Ви укажеме дека ваквото Ваше самоволие и непочитување на законите е на штета пред се’ на децата, а и на штета на целиот образовен процес. Оттука, Ве повикуваме веднаш да почнете да ги почитувате законите и веднаш да започне процесот на обуки за директори. Во спротивно ќе бидеме принудени да преземеме други мерки, да ги известиме надлежните институции за грубото кршење на законите и да ги известиме претставниците на меѓународната заедница. Со почит, Кандидати за обука и полагање на испит“

The post Платиле, а немаат обуки: Кандидати за директори во основни и средни училишта ja прозиваат директорката на ДИЦ appeared first on Република.

]]>