државен имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-imot/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 19:12:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државен имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-imot/ 32 32 Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-so-rabota-rabotnata-grupa-za-vospostavuvane-na-registar-za-nedvizhniot-imot-na-drzhavata/ Tue, 22 Oct 2024 19:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=829997

Првиот состанок на Работната група за изнаоѓање решенија за формирање централизирана база на податоци за недвижниот државен имот денеска се одржа во просториите на Владата, а со него раководеше вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. На состанокот присуствуваа и главниот државен ревизор, Максим Ацевски и ревизорите од Државниот завод за ревизија.

Вицепремиерот Фетаи ја охрабри Работната група и заедно со главниот државен ревизор Ацевски им даде поддршка на членовите на групата за нивната работа. Работната група, пак, ја прифати задачата што им ја делегираше Владата, од каде очекуваат да има конкретно решение за воспоставување на централизиран Регистар за државен недвижен имот.

Управувањето и раководењето со државниот недвижен имот, како компоненти на нефинансиските средства на државата, се значајни бидејќи можат да придонесат за решавање на некои од приоритетните предизвици со кои се соочува и Владата. Доброто управување и раководењето на државните недвижности, од една страна, може да придонесе за намалување на трошоците за одржување, реконструкција, издавање под закуп на имотот, а од друга страна, може да биде предвидлив извор за пополнување на државниот буџет. Исто така, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста за јавните политики за ефективно и ефикасно управување со државниот имот може да придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, велат од Кабинетот на Фетаи.

Неточната и ненавремена размена на информации меѓу различните државни институции одговорни за управување со имотот, нагласуваат, значи дека постојат значителни неефикасности и несоодветна координација во процесите на користење и одржување на имотот.

Создавањето централизирана база на податоци (Регистар) е од особено значење за Македонија. Оваа база на податоци ќе содржи информации за целиот државен недвижен имот, кои исто така ќе бидат редовно ажурирани и достапни за сите релевантни институции, со цел да се обезбеди прецизен мониторинг на состојбата на имотот и да се овозможи планирање и ефективна распределба, посочуваат од Кабинетот на Фетаи.

Централизираната база на податоци за недвижниот државен имот, додаваат, ќе овозможи точна евиденција, точни и ажурирани податоци за целиот имот, што ќе обезбеди јасен преглед и транспарентност. Ефективното планирање, информациите за имотот ќе овозможат подобро планирање и распределба на јавните ресурси.

Централизираната база на податоци ќе го намали ризикот од неовластено користење и злоупотреба на државниот имот. Лесниот пристап до точни податоци ќе овозможи брзо и ефикасно донесување одлуки и ќе ја зголеми ефикасноста на управувањето со имотот. Со имплементацијата на овие решенија, Република Македонија може значително да го подобри управувањето со државните недвижности, обезбедувајќи поголема ефективност, ефикасност и транспарентност во користењето на јавните ресурси, потенцираат од Кабинетот на Фетаи.

The post Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата appeared first on Република.

]]>

Првиот состанок на Работната група за изнаоѓање решенија за формирање централизирана база на податоци за недвижниот државен имот денеска се одржа во просториите на Владата, а со него раководеше вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. На состанокот присуствуваа и главниот државен ревизор, Максим Ацевски и ревизорите од Државниот завод за ревизија. Вицепремиерот Фетаи ја охрабри Работната група и заедно со главниот државен ревизор Ацевски им даде поддршка на членовите на групата за нивната работа. Работната група, пак, ја прифати задачата што им ја делегираше Владата, од каде очекуваат да има конкретно решение за воспоставување на централизиран Регистар за државен недвижен имот.
Управувањето и раководењето со државниот недвижен имот, како компоненти на нефинансиските средства на државата, се значајни бидејќи можат да придонесат за решавање на некои од приоритетните предизвици со кои се соочува и Владата. Доброто управување и раководењето на државните недвижности, од една страна, може да придонесе за намалување на трошоците за одржување, реконструкција, издавање под закуп на имотот, а од друга страна, може да биде предвидлив извор за пополнување на државниот буџет. Исто така, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста за јавните политики за ефективно и ефикасно управување со државниот имот може да придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, велат од Кабинетот на Фетаи.
Неточната и ненавремена размена на информации меѓу различните државни институции одговорни за управување со имотот, нагласуваат, значи дека постојат значителни неефикасности и несоодветна координација во процесите на користење и одржување на имотот.
Создавањето централизирана база на податоци (Регистар) е од особено значење за Македонија. Оваа база на податоци ќе содржи информации за целиот државен недвижен имот, кои исто така ќе бидат редовно ажурирани и достапни за сите релевантни институции, со цел да се обезбеди прецизен мониторинг на состојбата на имотот и да се овозможи планирање и ефективна распределба, посочуваат од Кабинетот на Фетаи.
Централизираната база на податоци за недвижниот државен имот, додаваат, ќе овозможи точна евиденција, точни и ажурирани податоци за целиот имот, што ќе обезбеди јасен преглед и транспарентност. Ефективното планирање, информациите за имотот ќе овозможат подобро планирање и распределба на јавните ресурси.
Централизираната база на податоци ќе го намали ризикот од неовластено користење и злоупотреба на државниот имот. Лесниот пристап до точни податоци ќе овозможи брзо и ефикасно донесување одлуки и ќе ја зголеми ефикасноста на управувањето со имотот. Со имплементацијата на овие решенија, Република Македонија може значително да го подобри управувањето со државните недвижности, обезбедувајќи поголема ефективност, ефикасност и транспарентност во користењето на јавните ресурси, потенцираат од Кабинетот на Фетаи.

The post Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата appeared first on Република.

]]>
Државниот имот е во многу лоша состојба, претседателските вили во Скопје и Охрид немаат имотен лист https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-imot-e-vo-mnogu-losha-sostojba-pretsedatelskite-vili-vo-skopje-i-ohrid-nemaat-imoten-list/ Mon, 23 Sep 2024 09:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=818942

Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ зборуваше дека државниот имот е во многу лоша состојба. Тој рече дека вилите на претседателот во Охрид и во Скопје немаат имотни листови, односно се дивоградби.

Државниот имот е многу лоша состојба. Вилата во Свети Стефан е во многу лоша состојба, или вилата во Лазарополе. Немаше никаков пристап до овие објекти, и планот наш како ново раководство да ги ставиме во употреба сите објекти кои се во државна состојба. Но пред тоа да го решиме имотно правниот статус. Замислете, премиерските и претседателските вили во Охрид и во Скопје се дивоградби и немаат имотен лист - рече Томовски.

The post Државниот имот е во многу лоша состојба, претседателските вили во Скопје и Охрид немаат имотен лист appeared first on Република.

Пишани се објекти кои не постојат: Владата противзаконски не остави стратегија за управување со државниот имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pishani-se-objekti-koi-ne-postojat-vladata-protivzakonski-ne-ostavi-strategija-za-upravuvane-so-drzhavniot-imot/ Thu, 30 May 2024 09:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=783105

Законската регулатива не создава услови, а активностите на надлежните институции не обезбедуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – станбен и деловен имот, соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР), којшто изврши ревизија на успешност на тема „Управување со државниот имот“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали надлежните институции управуваат и стопанисуваат со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата на ефикасен начин?“.

Како што се посочува во соопштението од ДЗР, со ревизијата е оценето дека постојната законска регулатива, мерките и активностите кои се преземани од Владата и другите надлежни институции не овозможуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата.

Постоечката законска регулатива има воспоставено систем со разграничени надлежности меѓу институциите во однос на одлучување, управување, располагање и евидентирање со државниот недвижен имот.

Утврдено е дека законската регулатива не предвидува обврска за изработка и донесување на стратешки документи за управување со државниот имот, поради што Владата на РСМ нема донесено национална стратегија за управување, користење, одржување и отуѓување со државниот недвижен имот, ниту државна стратегија во областа на домувањето, иако има законска обврска за истото.

АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје (АДИССПДП) и АД за стопанисување за деловен простор (АДСДП) немаат изготвено стратешки документи со долгорочни приоритети и цели, активности и расположливи ресурси; немаат изготвено програми за инвестиционо вложување.

Не воспоставува воедначен начин на постапување на надлежните институции, а во отсуство на стратешко планирање, не се донесени ниту акти, процедури/упатства/прирачници за работните процеси поврзани со управување со недвижниот имот на ниво на држава. Не предвидува централизирана евиденција односно сеопфатен регистар на државен недвижен имот со финансиски и нефинансиски податоци, ниту е определен орган или тело надлежно за воспоставување на истиот, се посочува во извештајот на ДЗР.

Евиденцијата на недвижниот имот се води во СОЗР, АДИССПДП, АДСДП, но и во секој државен орган на кој Владата со одлука му има доделено право на времено или трајно користење запишани во Катастарот на недвижности.

Владата која располага со недвижниот имот во државна сопственост, може со одлука да го даде на времено или трајно користење, со или без надоместок, на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, здруженија на граѓани и фондации. Но со ревизијата констатирано е дека Одлуките на Владата немаат унифицирана содржина која ќе обезбеди целосни и следливи податоци и информации за институциите од кои се зема, односно на кои се дава правото на користење на имотот, начинот на примопредавање, со цел негово соодветно евидентирање, велат ревизорите.

Како резултат на ова, како што стои, ДЗР утврдила различно постапување кај девет министерства при евидентирањето на деловниот простор што го користат.

Од вкупно 1.214 објекти кои ги користат, за 1.002 објекти или за 83% имаат обезбедено одлука од Владата за право на користење, додека за 212 објекти, односно 17% немаат обезбедено одлука. 49% од објектите што се користат се сметководствено евидентирани, 29% се евидентирани во вонбилансната евиденција, додека преостанатите 22% од објектите воопшто не се евидентирани.

Во причините за сметководствено неевидентирање на објектите кои ги користат министерствата ДЗР наведува дека четири министерства искажале потреба од дополнителен простор, за сместување на вработените, за чување на расходувана опрема, а три министерства располагаат со објекти/делови од објекти кои не ги користат (празен простор), ниту имаат потреба од користење на истите, во периодот oд 2019 заклучно со 30.10.2023 година по основ за закуп на простор само за потребите на две министерства, исплатени се средства во вкупен износ од 47.918 илјади денари односно 779 илјади евра, што е значителен одлив на буџетски средства.

Со увид во доставената документација и евиденција за деловниот простор во државна сопственост со кој стопанисуваат АДИССПДП и АДСДП, со ревизијата се утврди дека имаат воспоставено „единствена евиденција“ на деловниот простор, во софтверска апликација со финансиски и нефинансиски податоци, информации за локацијата, површината, дали истиот е даден под закуп, и други технички и катастарски податоци, но не секогаш и податоци за физичката и функционалната состојба на објектите, иако софтверската апликација го овозможува истото, воспоставена е материјална евиденција за објектите но податоците не се ажурирани и усогласени со податоците содржани во „единствената евиденција“ и со помошните евиденции кои ги водат одделните организациони единици, по градови.

Сеуште е евидентиран имот кој е отуѓен или за кој е одземено правото на користење, кој согласно податоците во помошните евиденции е срушен и слично, а за истиот иако реално не постои, сеуште се прават трошоци за осигурување како и трошоци за амортизација, се наведува во соопштението.

Во соопштението до медиумите ДЗР објавува фотографија од локацијата каде што некогаш бил деловниот простор - поранешна барака од 181 м2, кој сеуште е во евиденцијата на АДИССПДП, иако истиот физички не постои.

АДИССПДП стопанисува со 1.163 деловни објекти од кои 51% не се издадени под закуп. Со најголем дел односно 818 објекти стопанисуваат подружница Скопје и Битола, односно Скопје со 35% и Битола 35%, Куманово со РЕ Крива Паланка – 13% објект, а со преостанатите 17% од објекти располагаат другите девет подружници.

Податоците од помошната евиденција упатуваат дека 51% од деловен простор се третира како „спорен“ поради нерешени имотно-правни спорови, бесправно користење или неосновано запишани права на сопственост од други правни и физички лица, срушени и руинирани објекти, како и објекти кои се отуѓени или за кои е изземено правото за стопанисување, а сеуште се водат во евиденцијата на Друштвото.

АДИССПДП стопанисува и со службени станови за кои е доделено право на користење на избрани и именувани лица, како и службени лица кои вршат посебно должности во државните органи. Заклучно со 2023 година, од вкупно 86 корисници на службени станови, 33 корисници не ги исполнуваат условите за користење на доделените службени станови. Контрола на користењето на службени станови не e направена после 2019 година.

Исто така, АДСДП стопанисува со 1.171 објекти од кои 51% не е издаден под закуп. Со најголем дел, односно 545 објекти стопанисува регионален центар Скопје и работна единица Битола, а од извршената анализа утврдено е дека со најголем дел од деловните објекти односно 25% стопанисува регионалниот центар Скопје, a со 22% од објектите стопанисува работна единица Битола., се наведува во извештајот на ДЗР.

The post Пишани се објекти кои не постојат: Владата противзаконски не остави стратегија за управување со државниот имот appeared first on Република.

]]>

Законската регулатива не создава услови, а активностите на надлежните институции не обезбедуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – станбен и деловен имот, соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР), којшто изврши ревизија на успешност на тема „Управување со државниот имот“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали надлежните институции управуваат и стопанисуваат со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата на ефикасен начин?“. Како што се посочува во соопштението од ДЗР, со ревизијата е оценето дека постојната законска регулатива, мерките и активностите кои се преземани од Владата и другите надлежни институции не овозможуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата. Постоечката законска регулатива има воспоставено систем со разграничени надлежности меѓу институциите во однос на одлучување, управување, располагање и евидентирање со државниот недвижен имот. Утврдено е дека законската регулатива не предвидува обврска за изработка и донесување на стратешки документи за управување со државниот имот, поради што Владата на РСМ нема донесено национална стратегија за управување, користење, одржување и отуѓување со државниот недвижен имот, ниту државна стратегија во областа на домувањето, иако има законска обврска за истото. АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје (АДИССПДП) и АД за стопанисување за деловен простор (АДСДП) немаат изготвено стратешки документи со долгорочни приоритети и цели, активности и расположливи ресурси; немаат изготвено програми за инвестиционо вложување.
Не воспоставува воедначен начин на постапување на надлежните институции, а во отсуство на стратешко планирање, не се донесени ниту акти, процедури/упатства/прирачници за работните процеси поврзани со управување со недвижниот имот на ниво на држава. Не предвидува централизирана евиденција односно сеопфатен регистар на државен недвижен имот со финансиски и нефинансиски податоци, ниту е определен орган или тело надлежно за воспоставување на истиот, се посочува во извештајот на ДЗР.
Евиденцијата на недвижниот имот се води во СОЗР, АДИССПДП, АДСДП, но и во секој државен орган на кој Владата со одлука му има доделено право на времено или трајно користење запишани во Катастарот на недвижности.
Владата која располага со недвижниот имот во државна сопственост, може со одлука да го даде на времено или трајно користење, со или без надоместок, на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, здруженија на граѓани и фондации. Но со ревизијата констатирано е дека Одлуките на Владата немаат унифицирана содржина која ќе обезбеди целосни и следливи податоци и информации за институциите од кои се зема, односно на кои се дава правото на користење на имотот, начинот на примопредавање, со цел негово соодветно евидентирање, велат ревизорите.
Како резултат на ова, како што стои, ДЗР утврдила различно постапување кај девет министерства при евидентирањето на деловниот простор што го користат.
Од вкупно 1.214 објекти кои ги користат, за 1.002 објекти или за 83% имаат обезбедено одлука од Владата за право на користење, додека за 212 објекти, односно 17% немаат обезбедено одлука. 49% од објектите што се користат се сметководствено евидентирани, 29% се евидентирани во вонбилансната евиденција, додека преостанатите 22% од објектите воопшто не се евидентирани.
Во причините за сметководствено неевидентирање на објектите кои ги користат министерствата ДЗР наведува дека четири министерства искажале потреба од дополнителен простор, за сместување на вработените, за чување на расходувана опрема, а три министерства располагаат со објекти/делови од објекти кои не ги користат (празен простор), ниту имаат потреба од користење на истите, во периодот oд 2019 заклучно со 30.10.2023 година по основ за закуп на простор само за потребите на две министерства, исплатени се средства во вкупен износ од 47.918 илјади денари односно 779 илјади евра, што е значителен одлив на буџетски средства.
Со увид во доставената документација и евиденција за деловниот простор во државна сопственост со кој стопанисуваат АДИССПДП и АДСДП, со ревизијата се утврди дека имаат воспоставено „единствена евиденција“ на деловниот простор, во софтверска апликација со финансиски и нефинансиски податоци, информации за локацијата, површината, дали истиот е даден под закуп, и други технички и катастарски податоци, но не секогаш и податоци за физичката и функционалната состојба на објектите, иако софтверската апликација го овозможува истото, воспоставена е материјална евиденција за објектите но податоците не се ажурирани и усогласени со податоците содржани во „единствената евиденција“ и со помошните евиденции кои ги водат одделните организациони единици, по градови.
Сеуште е евидентиран имот кој е отуѓен или за кој е одземено правото на користење, кој согласно податоците во помошните евиденции е срушен и слично, а за истиот иако реално не постои, сеуште се прават трошоци за осигурување како и трошоци за амортизација, се наведува во соопштението. Во соопштението до медиумите ДЗР објавува фотографија од локацијата каде што некогаш бил деловниот простор - поранешна барака од 181 м2, кој сеуште е во евиденцијата на АДИССПДП, иако истиот физички не постои. АДИССПДП стопанисува со 1.163 деловни објекти од кои 51% не се издадени под закуп. Со најголем дел односно 818 објекти стопанисуваат подружница Скопје и Битола, односно Скопје со 35% и Битола 35%, Куманово со РЕ Крива Паланка – 13% објект, а со преостанатите 17% од објекти располагаат другите девет подружници. Податоците од помошната евиденција упатуваат дека 51% од деловен простор се третира како „спорен“ поради нерешени имотно-правни спорови, бесправно користење или неосновано запишани права на сопственост од други правни и физички лица, срушени и руинирани објекти, како и објекти кои се отуѓени или за кои е изземено правото за стопанисување, а сеуште се водат во евиденцијата на Друштвото. АДИССПДП стопанисува и со службени станови за кои е доделено право на користење на избрани и именувани лица, како и службени лица кои вршат посебно должности во државните органи. Заклучно со 2023 година, од вкупно 86 корисници на службени станови, 33 корисници не ги исполнуваат условите за користење на доделените службени станови. Контрола на користењето на службени станови не e направена после 2019 година. Исто така, АДСДП стопанисува со 1.171 објекти од кои 51% не е издаден под закуп. Со најголем дел, односно 545 објекти стопанисува регионален центар Скопје и работна единица Битола, а од извршената анализа утврдено е дека со најголем дел од деловните објекти односно 25% стопанисува регионалниот центар Скопје, a со 22% од објектите стопанисува работна единица Битола., се наведува во извештајот на ДЗР.

The post Пишани се објекти кои не постојат: Владата противзаконски не остави стратегија за управување со државниот имот appeared first on Република.

]]>
Teтовец си присвоил државен имот и си го заградил https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovec-si-prisvoil-drzaven-imot-i-si-go-zagradil/ Sat, 14 May 2022 21:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=502319

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Љ.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. Во текот на 2021 година пријавениот поплочил и заградил земјиште во државна сопственост, по што им забранил на соседите да го користат.

The post Teтовец си присвоил државен имот и си го заградил appeared first on Република.