Државен архив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-arhiv/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Aug 2023 08:06:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Државен архив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drzaven-arhiv/ 32 32 „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, патувачка изложба на Државниот архив https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/120-godini-od-ilindenskoto-vostanie-arhivska-memorija-patuvachka-izlozhba-na-drzhavniot-arhiv/ Fri, 04 Aug 2023 08:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=668555

Во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, пред Македониумот во Крушево, на 1 август 2023 година беше отворена изложбата: „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, со која Државниот архив се приклучува кон одбележувањето на 120-годишнината од илинденската епопеја. Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.

Драго ми е што и оваа година Државниот архив е присутен со свои проекти на отворањето на манифестацијата ‘Десет дена Крушевска Република’. Оваа изложба ги прикажува: создавањето на македонската револуционерна организација, церемониите на заколнување на членството, дисциплината и солидарноста на Организацијата, нејзината структура, познатите војводи и револуционери, подготовките за Илинденското востание, текот и клучните вооружени борби со турската војска. На неколку паноа се прикажани и активностите што следувале по востанието, неговите последици и ефекти, како и конзулските известувања и објавите на светските печатени медиуми за него, вели директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, по повод отворањето на оваа изложба во Крушево.

Огромен број посетители на Крушево ја посетија изложбата при што имаа можност да се сретнат со авторите и да се информираат за историските факти.

Идната недела изложбата ќе биде поставена во НУ Музеј на македонската борба во Скопје, а поради големиот интерес, изложбата ќе биде претставена во повеќе градови во државата.

The post „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, патувачка изложба на Државниот архив appeared first on Република.

]]>

Во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, пред Македониумот во Крушево, на 1 август 2023 година беше отворена изложбата: „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, со која Државниот архив се приклучува кон одбележувањето на 120-годишнината од илинденската епопеја. Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.
Драго ми е што и оваа година Државниот архив е присутен со свои проекти на отворањето на манифестацијата ‘Десет дена Крушевска Република’. Оваа изложба ги прикажува: создавањето на македонската револуционерна организација, церемониите на заколнување на членството, дисциплината и солидарноста на Организацијата, нејзината структура, познатите војводи и револуционери, подготовките за Илинденското востание, текот и клучните вооружени борби со турската војска. На неколку паноа се прикажани и активностите што следувале по востанието, неговите последици и ефекти, како и конзулските известувања и објавите на светските печатени медиуми за него, вели директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, по повод отворањето на оваа изложба во Крушево.
Огромен број посетители на Крушево ја посетија изложбата при што имаа можност да се сретнат со авторите и да се информираат за историските факти. Идната недела изложбата ќе биде поставена во НУ Музеј на македонската борба во Скопје, а поради големиот интерес, изложбата ќе биде претставена во повеќе градови во државата.

The post „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, патувачка изложба на Државниот архив appeared first on Република.

]]>
Со донација од Словенија ќе се дигитализира Државниот архив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-donatsija-od-slovenija-ke-se-digitalizira-drzhavniot-arhiv/ Sat, 22 Apr 2023 07:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=632905

Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија потпишан е Договор за донација од 218.000 евра наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на Република Македонија. Овој процес не е само потребен за нивна трајна заштита и трајно зачувување, туку и за нивна поголема транспарентност и достапност за сите оние што се интересираат за нашата историја.

Овој Договор во Љубљана официјално го потпишаа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и директорката на словенечкиот Центар за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше.

Донацијата на Словенија опфаќа скорешна подготовка на Студија за потребите за имплементација на процесот на дигитализацијата, анализа на сегашната состојба во врска со овој процес и на поврзувањето на деветте одделенија со Централниот дел на Државниот архив, како и обука на кадри за спроведување на дигитализацијата според европски стандарди и норми.

Словенија е наша пријателска земја, која ја чувствуваме како еден вид мост кон Европската унија и нејзината поддршка и нејзините искуства се секогаш корисни и добредојдени за забрзување на нашата евроинтеграција. Така е и во случајот со процесите на дигитализацијата на целата администрација, вклучувајќи го и Државниот архив, на што во своите програмски цели инсистира и Владата на Република Македонија и премиерот, Димитар Ковачевски, кој неодамна изјави дека тоа е неопходен чекор за наш забрзан од кон Европската унија. Сакам, исто така, да подвлечам дека подадената рака од страна на Словенија во таа насока е од големо значење за Државниот архив, кој ќе ги користи искуствата и методите за дигитализација на словенечкиот Државен архив, а кои се во рамките на европските вредности и на потребите за интензивирање на нашата евроинтеграција, изјави по  потпишувањето на Договорот директорот на Државниот архив Емил Крстески.

Директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше, пак, нагласи дека по заокружувањето на Студијата за дигитализација и анализата на работата на Државниот архив на Македонија во таа насока, ќе се помине и кон втората фаза од проектот што подразбира објавување јавен оглас за учество на фирми кои ќе ја преземат и целосната реализација на процесот на дигитализација, а врз основа на Студијата и анализата ќе треба да се обезбедат и дополнителни средства од меѓународни финансиски институции.

 

The post Со донација од Словенија ќе се дигитализира Државниот архив appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија потпишан е Договор за донација од 218.000 евра наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на Република Македонија. Овој процес не е само потребен за нивна трајна заштита и трајно зачувување, туку и за нивна поголема транспарентност и достапност за сите оние што се интересираат за нашата историја. Овој Договор во Љубљана официјално го потпишаа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и директорката на словенечкиот Центар за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше. Донацијата на Словенија опфаќа скорешна подготовка на Студија за потребите за имплементација на процесот на дигитализацијата, анализа на сегашната состојба во врска со овој процес и на поврзувањето на деветте одделенија со Централниот дел на Државниот архив, како и обука на кадри за спроведување на дигитализацијата според европски стандарди и норми.
Словенија е наша пријателска земја, која ја чувствуваме како еден вид мост кон Европската унија и нејзината поддршка и нејзините искуства се секогаш корисни и добредојдени за забрзување на нашата евроинтеграција. Така е и во случајот со процесите на дигитализацијата на целата администрација, вклучувајќи го и Државниот архив, на што во своите програмски цели инсистира и Владата на Република Македонија и премиерот, Димитар Ковачевски, кој неодамна изјави дека тоа е неопходен чекор за наш забрзан од кон Европската унија. Сакам, исто така, да подвлечам дека подадената рака од страна на Словенија во таа насока е од големо значење за Државниот архив, кој ќе ги користи искуствата и методите за дигитализација на словенечкиот Државен архив, а кои се во рамките на европските вредности и на потребите за интензивирање на нашата евроинтеграција, изјави по  потпишувањето на Договорот директорот на Државниот архив Емил Крстески.
Директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој, Мојца Копше, пак, нагласи дека по заокружувањето на Студијата за дигитализација и анализата на работата на Државниот архив на Македонија во таа насока, ќе се помине и кон втората фаза од проектот што подразбира објавување јавен оглас за учество на фирми кои ќе ја преземат и целосната реализација на процесот на дигитализација, а врз основа на Студијата и анализата ќе треба да се обезбедат и дополнителни средства од меѓународни финансиски институции.  

The post Со донација од Словенија ќе се дигитализира Државниот архив appeared first on Република.

]]>
Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natsionalnite-arhivi-od-poraneshna-sfrj-na-sostanok-vo-skopje/ Thu, 30 Mar 2023 06:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=625280

Скопје денеска е домаќин на состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ.

На состанокот, меѓу другото, ќе се анализираат досегашните резултати и можностите за дигитализација на нашето заедничко архивско наследство, како и наоѓање можности за финансирање заеднички проект за дигитализација.

Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, е именуван од Владата на Република Македонија за овластен претставник во Заедничкиот комитет за сукцесија за архивите, а притоа воедно е домаќин на настанот. На состанокот ќе присуствува претставник на Министерството за надворешни работи.

Во 2001 година беше потпишана Спогодбата за прашањата за сукцесијата на поранешната СФРЈ, која влезе во сила три години потоа. Прв заеднички состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори на поранешна СФРЈ е одржан во 2011 година во Белград. Анексот Д од Спогодбата предвидува дека дел од државниот архивски материјал на СФРЈ треба да ѝ припадне во оригинал на Република Македонија. Примената на овој Анекс што се однесува на заедничкото архивско наследство е од стратешко значење за државата.

The post Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје appeared first on Република.

]]>

Скопје денеска е домаќин на состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ. На состанокот, меѓу другото, ќе се анализираат досегашните резултати и можностите за дигитализација на нашето заедничко архивско наследство, како и наоѓање можности за финансирање заеднички проект за дигитализација. Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, е именуван од Владата на Република Македонија за овластен претставник во Заедничкиот комитет за сукцесија за архивите, а притоа воедно е домаќин на настанот. На состанокот ќе присуствува претставник на Министерството за надворешни работи. Во 2001 година беше потпишана Спогодбата за прашањата за сукцесијата на поранешната СФРЈ, која влезе во сила три години потоа. Прв заеднички состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори на поранешна СФРЈ е одржан во 2011 година во Белград. Анексот Д од Спогодбата предвидува дека дел од државниот архивски материјал на СФРЈ треба да ѝ припадне во оригинал на Република Македонија. Примената на овој Анекс што се однесува на заедничкото архивско наследство е од стратешко значење за државата.

The post Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје appeared first on Република.

]]>
Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-arhiv-kje-dobie-centar-za-digitalizacija/ Mon, 03 Oct 2022 06:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=556652

Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески.

The post Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација appeared first on Република.

]]>

Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески.

The post Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација appeared first on Република.

]]>
Изложба „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во Европската престолнина на културата за 2022 Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-150-godini-od-ragjanjeto-na-goce-delchev-vo-evropskata-prestolnina-na-kulturata-za-2022-novi-sad/ Tue, 05 Apr 2022 15:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=483700

Државниот архив на Македонија и Државниот архив на Војводина денеска во Нови Сад – Европска престолнина на културата во 2022, ја отворија изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Нови Сад и Архивот на Војводина е прва станица на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ бидејќи овој град е Европска престолнина на културата за 2022 година. Сметам дека изложбата ќе биде добра промоција на нашата историја, култура и традиција, и тоа е најнова изложба на Архивот чиј покровител е претседателот Стево Пендаровски, што ја организиравме на 4 февруари во Скопје, изјави Емил Крстевски, директор на Државниот архив наМакедонија.

Тој ја истакна добрата соработка со Архивот на Југославија, Државните архиви на Србија и на Војводина, со кои се склучени договори, истакнувајќи ја соработката со Архивот на Југославија за процесот на сукцесија на СФР Југославија за преземање на архивската граѓа од овој архив.

– Нови Сад е престолнина на европската култура и драго ни е што Нови Сад и Србија се препознати како место каде што треба да се постави изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, изјави Небојша Кузмановиќ, директор на Архивот на Војводина, истакнувајќи дека во 1926 на ист ден во тогашна Југославија институционално се отворени архивите во Скопје и во Нови Сад, што помеѓу останатото влијае за посебниот меѓусебен однос и соработка, во однос со останатите архиви од поранешна Југославија.

Оваа изложба за Гоце Делчев покажува дека без архивските документи и без архиви можат да се кажуваат приказни, но не можат да се кажуваат вистини, бидејќи во архивите се наоѓаат факти преточени во документи. И кога тие документи ги изнесете на виделина, дали преку изложба, дали преку книги или емисии, дури тогаш ја покажувате сериозноста на она за што говорите, како што е Гоце Делчев кој е најзначајна историска личност во Македонија, кој се борел против Отооманската империја и за создававање на македонскиот идентитет, изјави директорот на Државниот архив на Војводина, истакнувајќи го задовлството од соработката.

The post Изложба „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во Европската престолнина на културата за 2022 Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Државниот архив на Македонија и Државниот архив на Војводина денеска во Нови Сад – Европска престолнина на културата во 2022, ја отворија изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Нови Сад и Архивот на Војводина е прва станица на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ бидејќи овој град е Европска престолнина на културата за 2022 година. Сметам дека изложбата ќе биде добра промоција на нашата историја, култура и традиција, и тоа е најнова изложба на Архивот чиј покровител е претседателот Стево Пендаровски, што ја организиравме на 4 февруари во Скопје, изјави Емил Крстевски, директор на Државниот архив наМакедонија.
Тој ја истакна добрата соработка со Архивот на Југославија, Државните архиви на Србија и на Војводина, со кои се склучени договори, истакнувајќи ја соработката со Архивот на Југославија за процесот на сукцесија на СФР Југославија за преземање на архивската граѓа од овој архив. – Нови Сад е престолнина на европската култура и драго ни е што Нови Сад и Србија се препознати како место каде што треба да се постави изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, изјави Небојша Кузмановиќ, директор на Архивот на Војводина, истакнувајќи дека во 1926 на ист ден во тогашна Југославија институционално се отворени архивите во Скопје и во Нови Сад, што помеѓу останатото влијае за посебниот меѓусебен однос и соработка, во однос со останатите архиви од поранешна Југославија.
Оваа изложба за Гоце Делчев покажува дека без архивските документи и без архиви можат да се кажуваат приказни, но не можат да се кажуваат вистини, бидејќи во архивите се наоѓаат факти преточени во документи. И кога тие документи ги изнесете на виделина, дали преку изложба, дали преку книги или емисии, дури тогаш ја покажувате сериозноста на она за што говорите, како што е Гоце Делчев кој е најзначајна историска личност во Македонија, кој се борел против Отооманската империја и за создававање на македонскиот идентитет, изјави директорот на Државниот архив на Војводина, истакнувајќи го задовлството од соработката.

The post Изложба „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во Европската престолнина на културата за 2022 Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Државен архив подготви изложба „150 години од раѓањето на Гоце Дечев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzaven-arhiv-podgotvi-izlozba-150-godini-od-ragjanjeto-na-goce-dechev/ Wed, 02 Feb 2022 08:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=452796

Во петок, на 4 февруари во 12 часот во Националната установа „Музеј на македонската борба“, свечено ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 - 2022)" што ја подготви Државниот архив, а под покровителство на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. За изложбата е користена богата архивска документација која го опфаќаат ликот и делото на Делчев низ неговите преписки, сведоштва и погледи кон неговото дело од соборци, како и патот на неговите мошти од селото Баница преку Софија, до главниот град на Македонија, Скопје.

Изложбата ги прикажува дејствувањето и улогата на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно национално - ослободително движење од крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација.

Авторите на изложбата, како што соопшти Државниот архив, користејќи богата архивска документација, го опфаќаат ликот и делото на Делчев од повеќе аспекти, низ неговите преписки, сведоштва и погледи кон неговото дело од соборци, потоа патот на неговите мошти од селото Баница преку Софија, до главниот град на современата македонска држава, Скопје.

На јавноста ќе ѝ бидат претставени и материјали што ги оставиле потомците на Гоце Делчев за чествувањето на неговото име и дело во времињата што доаѓаат.

Државниот архив преку изложбата ја пренесува и пораката дека е чувар на меморијата за минатото и за културно-историското наследство на македонскиот народ, во кое спаѓа и личноста на Гоце Делчев, корифејот на македонското ослободително движење и на борбата за независна држава.

The post Државен архив подготви изложба „150 години од раѓањето на Гоце Дечев“ appeared first on Република.

]]>

Во петок, на 4 февруари во 12 часот во Националната установа „Музеј на македонската борба“, свечено ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 - 2022)" што ја подготви Државниот архив, а под покровителство на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. За изложбата е користена богата архивска документација која го опфаќаат ликот и делото на Делчев низ неговите преписки, сведоштва и погледи кон неговото дело од соборци, како и патот на неговите мошти од селото Баница преку Софија, до главниот град на Македонија, Скопје. Изложбата ги прикажува дејствувањето и улогата на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно национално - ослободително движење од крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација. Авторите на изложбата, како што соопшти Државниот архив, користејќи богата архивска документација, го опфаќаат ликот и делото на Делчев од повеќе аспекти, низ неговите преписки, сведоштва и погледи кон неговото дело од соборци, потоа патот на неговите мошти од селото Баница преку Софија, до главниот град на современата македонска држава, Скопје. На јавноста ќе ѝ бидат претставени и материјали што ги оставиле потомците на Гоце Делчев за чествувањето на неговото име и дело во времињата што доаѓаат. Државниот архив преку изложбата ја пренесува и пораката дека е чувар на меморијата за минатото и за културно-историското наследство на македонскиот народ, во кое спаѓа и личноста на Гоце Делчев, корифејот на македонското ослободително движење и на борбата за независна држава.

The post Државен архив подготви изложба „150 години од раѓањето на Гоце Дечев“ appeared first on Република.

]]>