дрвокрадење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drvokradene/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 09:06:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дрвокрадење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drvokradene/ 32 32 Вработен во Шумска полиција фатен со камион дрва без документација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-shumska-politsija-faten-so-kamion-drva-bez-dokumentatsija/ Sat, 07 Sep 2024 09:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=814036

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3, управувано од лице вработено во Шумска полиција за кое по извршена контрола е утврдено дека е со несоодветни исправи и е одземено.

Настанот, како што информираат од МЗШВ, е регистриран вчера во 15:00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, Kратовско.

При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј. Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има, се вели во соопштението од МЗШВ.

Од МЗШВ, порачуваат дека законот е ист за сите и дека одговорност за ова ќе има, како и дека продолжуваат максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.

The post Вработен во Шумска полиција фатен со камион дрва без документација appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3, управувано од лице вработено во Шумска полиција за кое по извршена контрола е утврдено дека е со несоодветни исправи и е одземено. Настанот, како што информираат од МЗШВ, е регистриран вчера во 15:00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, Kратовско.