дрво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drvo/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 14:02:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дрво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drvo/ 32 32 Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-mazh-po-pad-od-drvo-privedena-negovata-nevenchana-sopruga/ Mon, 07 Oct 2024 14:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=823888

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.

Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

The post Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга appeared first on Република.

]]>

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше. Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени. Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

The post Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга appeared first on Република.

]]>
Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-zasadi-drvo-vo-parkot-na-poezijata-vo-struga-nikogash-dosega-ne-sum-sadel-drvja-no-sum-posadil-mnogu-pesni/ Thu, 22 Aug 2024 13:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=809104

Јас досега во мојот живот никогаш не сум садел дрвја до ден денешен, но го познавам тој чин бидејќи сум посадил многу песни во мојот живот и тоа е речиси исто, рече Жан Пјер Симеон, годинашниот лауреат на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезија утринава додека засади дрво во паркот на поезијата во Струга.

Песната, не е ли и таа едно мало дрвце кое го садиме во интимната градина на читателот и кое расте спокојно пред да ги даде своите плодови?

Има исто толку видови на песни колку што има видови на дрвја, повеќето од нив се плодородни дрвја, има песни бонсаи кои служат како украси, песни како дрвото Баобаб како што е Божествената комедија, песни кои се толку обвиени во недоброј лисја за да се засолнат вљубените, песни што се разнесени од бурите, песни без цветови, но гнезда за безброј птици, песни суви и голи кои што можат да им го покажат патот на скитниците.

И на крајот има такви песни кои расцутуваат одеднаш на секоја посета од читателот, токму такви песни какви што ние сите сонуваме да ги напишеме!, рече Симеон.

На ова место се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга.

Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

Струга има свој мост, Дом и Парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива – рече Симеон.

Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија  е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

The post Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! appeared first on Република.

]]>

Јас досега во мојот живот никогаш не сум садел дрвја до ден денешен, но го познавам тој чин бидејќи сум посадил многу песни во мојот живот и тоа е речиси исто, рече Жан Пјер Симеон, годинашниот лауреат на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезија утринава додека засади дрво во паркот на поезијата во Струга.
Песната, не е ли и таа едно мало дрвце кое го садиме во интимната градина на читателот и кое расте спокојно пред да ги даде своите плодови? Има исто толку видови на песни колку што има видови на дрвја, повеќето од нив се плодородни дрвја, има песни бонсаи кои служат како украси, песни како дрвото Баобаб како што е Божествената комедија, песни кои се толку обвиени во недоброј лисја за да се засолнат вљубените, песни што се разнесени од бурите, песни без цветови, но гнезда за безброј птици, песни суви и голи кои што можат да им го покажат патот на скитниците. И на крајот има такви песни кои расцутуваат одеднаш на секоја посета од читателот, токму такви песни какви што ние сите сонуваме да ги напишеме!, рече Симеон.
На ова место се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга. Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.
Струга има свој мост, Дом и Парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива – рече Симеон.
Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија  е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

The post Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! appeared first on Република.

]]>
Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/debarmaaltsi-sami-raschistuvaat-po-padot-na-drvoto-opshtina-tsentar-i-parkovi-i-zelenilo-i-deneska-gi-nema-da-reagiraat/ Fri, 26 Jan 2024 15:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=737186

The post Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат appeared first on Република.

]]>

The post Дебармаалци сами расчистуваат по падот на дрвото, Општина Центар и „Паркови и зеленило“ и денеска ги нема да реагираат appeared first on Република.

]]>
Дете загина паѓајќи од дрво во Прилепско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dete-zagina-pagajki-od-drvo-vo-prilepsko/ Mon, 25 Sep 2023 06:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=684848

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско во саботата загина по пад од дрво.

Во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровја, прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, прилепско. Притоа, со повреди се здобил и Н.А.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид, соопшти МВР.

The post Дете загина паѓајќи од дрво во Прилепско appeared first on Република.

]]>

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско во саботата загина по пад од дрво.
Во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровја, прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, прилепско. Притоа, со повреди се здобил и Н.А.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид, соопшти МВР.

The post Дете загина паѓајќи од дрво во Прилепско appeared first on Република.

]]>
10-годишно момче се спасило од силното невреме во Шпанија: Се качило на дрво и останало таму цела ноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/10-godishno-momche-se-spasilo-od-silnoto-nevreme-vo-shpanija-se-kachilo-na-drvo-i-ostanalo-tamu-tsela-nok/ Tue, 05 Sep 2023 10:49:46 +0000 https://republika.mk/?p=678960

Момче преживеа смртоносни поплави во Шпанија качувајќи се на дрво и држејќи се за него цела ноќ. 10-годишното дете се лекувало од хипотермија, објавија шпанските медиуми.

Најмалку три лица загинаа, а уште три се водат како исчезнати бидејќи рекордните врнежи предизвикаа поплави во централна Шпанија, соопшти полицијата.

Во рурален дел од оваа област семејството на момчето се обидувало да се спаси од поплавите кога нивниот автомобил бил одвлечен во реката, рече шефицата на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо.

„Кутрото момче ја помина цела ноќ качено на дрво“, рече таа.

Шпанската полиција соопшти дека мајката и сестрата на момчето се пронајдени, но спасувачките служби сè уште го бараат  татко му.

Жителите во погодените области во неделата беа предупредени со итна СМС-порака и силен аларм за невремето.

Климатолозите предупредија дека глобалното затоплување значи повеќе испарување вода во текот на летото, што доведува до поинтензивни бури.

The post 10-годишно момче се спасило од силното невреме во Шпанија: Се качило на дрво и останало таму цела ноќ appeared first on Република.

]]>

Момче преживеа смртоносни поплави во Шпанија качувајќи се на дрво и држејќи се за него цела ноќ. 10-годишното дете се лекувало од хипотермија, објавија шпанските медиуми.
Најмалку три лица загинаа, а уште три се водат како исчезнати бидејќи рекордните врнежи предизвикаа поплави во централна Шпанија, соопшти полицијата. Во рурален дел од оваа област семејството на момчето се обидувало да се спаси од поплавите кога нивниот автомобил бил одвлечен во реката, рече шефицата на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо. „Кутрото момче ја помина цела ноќ качено на дрво“, рече таа. Шпанската полиција соопшти дека мајката и сестрата на момчето се пронајдени, но спасувачките служби сè уште го бараат  татко му. Жителите во погодените области во неделата беа предупредени со итна СМС-порака и силен аларм за невремето. Климатолозите предупредија дека глобалното затоплување значи повеќе испарување вода во текот на летото, што доведува до поинтензивни бури.

The post 10-годишно момче се спасило од силното невреме во Шпанија: Се качило на дрво и останало таму цела ноќ appeared first on Република.

]]>
Дрво падна врз девојче во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drvo-padna-vrz-devojche-vo-novi-sad/ Wed, 19 Jul 2023 20:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=663296

Невремето го зафати Нови Сад, а како што изјави д-р Зоран Круљ, портпаролот на итната помош во Нови Сад, згрижени се две лица.

Во 19 часот и 38 минути екипа на Итна помош интервенирала на улицата „Каќе Дејановиќ“ кога дрво паднало врз 12-годишно девојче. Во свесна состојба била пренесена на Одделот за детска хирургија.

Дополнително, Брзата помош отишла и во населбата Булевар Евопра, каде укажала помош на маж којнНевремето го исфрли од мотор.

The post Дрво падна врз девојче во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Невремето го зафати Нови Сад, а како што изјави д-р Зоран Круљ, портпаролот на итната помош во Нови Сад, згрижени се две лица. Во 19 часот и 38 минути екипа на Итна помош интервенирала на улицата „Каќе Дејановиќ“ кога дрво паднало врз 12-годишно девојче. Во свесна состојба била пренесена на Одделот за детска хирургија. Дополнително, Брзата помош отишла и во населбата Булевар Евопра, каде укажала помош на маж којнНевремето го исфрли од мотор.

The post Дрво падна врз девојче во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Невреме во Скопје: Дрво падна во близина на Транспортен центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nevreme-vo-skopje-drvo-padna-vo-blizina-na-transporten-tsentar/ Sat, 01 Jul 2023 14:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=657132

Дрво падна во близина на Транспортниот центар на улица Симеон Кавракиров. УХМР веќе информираше дека невреме ќе ја зафати скопската котлина.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираа дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток, па се очекува во следниот половина час до час да ги зафати Скопскиот и Кумановскиот регион. Нестабилноста е проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и засилен ветер..

До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

фото: Нова Македонија

 

The post Невреме во Скопје: Дрво падна во близина на Транспортен центар appeared first on Република.

]]>

Дрво падна во близина на Транспортниот центар на улица Симеон Кавракиров. УХМР веќе информираше дека невреме ќе ја зафати скопската котлина. Од Управата за хидрометеролошки работи информираа дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток, па се очекува во следниот половина час до час да ги зафати Скопскиот и Кумановскиот регион. Нестабилноста е проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и засилен ветер.. До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. фото: Нова Македонија  

The post Невреме во Скопје: Дрво падна во близина на Транспортен центар appeared first on Република.

]]>
Грција забрани извоз на дрво https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-zabrani-izvoz-na-drvo/ Fri, 18 Nov 2022 09:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=575274

Владата на Грција забрани извоз на огревно дрво, објави Катимерини.

Идејата е да се обезбеди стабилност на внатрешниот пазар. Извозот е ретроактивно забранет.

Забраната важи за европските земји и за оние надвор од ЕУ. Секое прекршување е спротивно на царинскиот закон. Предвидени се казни кои почнуваат од 200 евра. Сите трговци мора да ја информираат состојбата на достапните количини. Се вршат редовни проверки. Дрвото е двојно поскапено во однос на минатата година. Ова исто така бара активности на кабинетот.

The post Грција забрани извоз на дрво appeared first on Република.

]]>

Владата на Грција забрани извоз на огревно дрво, објави Катимерини. Идејата е да се обезбеди стабилност на внатрешниот пазар. Извозот е ретроактивно забранет. Забраната важи за европските земји и за оние надвор од ЕУ. Секое прекршување е спротивно на царинскиот закон. Предвидени се казни кои почнуваат од 200 евра. Сите трговци мора да ја информираат состојбата на достапните количини. Се вршат редовни проверки. Дрвото е двојно поскапено во однос на минатата година. Ова исто така бара активности на кабинетот.

The post Грција забрани извоз на дрво appeared first on Република.

]]>
Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-drastichno-poskapea-ogrevnoto-drvo-i-peletite/ Thu, 22 Sep 2022 12:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=553195

Сопствениците на печки на дрва или пелети во Германија есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден.

Цените на огревното дрво и на пелетите во август се повисоки за 86 отсто во однос на истиот период лани, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика.

Значителниот пораст на цените се објаснува со зголемената побарувачка, но и со зголемените трошоци за транспорт и работна сила.

Цената на пелетите порасна за 108 отсто, што е значително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто.

Германската влада со години го субвенционира купувањето печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво. Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми.

Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само нови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки.

Според ова министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микро честички во воздухот отколку сообраќаjот.

The post Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на печки на дрва или пелети во Германија есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден. Цените на огревното дрво и на пелетите во август се повисоки за 86 отсто во однос на истиот период лани, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика. Значителниот пораст на цените се објаснува со зголемената побарувачка, но и со зголемените трошоци за транспорт и работна сила. Цената на пелетите порасна за 108 отсто, што е значително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто. Германската влада со години го субвенционира купувањето печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво. Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми. Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само нови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки. Според ова министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микро честички во воздухот отколку сообраќаjот.

The post Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите appeared first on Република.

]]>