дрвја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drvja/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 10:03:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дрвја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drvja/ 32 32 Дрвјата во топла и сува клима испуштаат двојно повеќе јаглерод диоксид https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/drvjata-vo-topla-i-suva-klima-ispushtaat-dvojno-poveke-jaglerod-dioksid/ Tue, 23 Apr 2024 13:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=769658

Една неодамнешна студија, спроведена од научен тим од универзитетот „Пен Стејт“, САД, откри дека дождовните шуми, кои се сметаат за бели дробови на светот, испуштаат повеќе јаглерод диоксид отколку што апсорбираат во услови на високи температури и недостиг од влага.

Токму ова истражување го поткопа поимот за дрвјата како главни актери во борбата против климатските промени и поттикна посериозно размислување за иднината на нашата планета. Важно е да се напомене дека намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид е клучно за ублажување на климатските промени, бидејќи токму стакленичкиот гас е тој што најмногу придонесува за глобалното затоплување.

Истражувањето исто така покажа дека дрвјата во региони со повисоки температури и недостиг од вода всушност учествуваат во забрзаната фотореспирација, процес што се случува во растителните клетки за време на фотосинтезата, особено во услови на висока температура. Фотореспирацијата вклучува навлегување на кислородот и ослободување јаглерод диоксид од растението, за разлика од примарниот процес на фотосинтеза, кој го апсорбира јаглерод диоксидот и ослободува кислород.

Растенијата и климата се тесно поврзани. Намалувањето на јаглеродниот диоксид од нашата атмосфера најмногу е под влијание на организмите што вршат фотосинтеза. Ова истражување покажува дека малите промени можат да имаат големо влијание – вели Макс Лојд, раководител на истражувањето.

Студијата, исто така, покажа дека дрвјата во услови на високи температури и чести суши можат да испуштаат двојно повеќе јаглерод диоксид од дрвјата во поладни и влажни средини. Во моментов, растенијата апсорбираат околу 25 проценти од вкупното количество испуштен јаглерод диоксид и се клучен фактор за складирање јаглерод.

The post Дрвјата во топла и сува клима испуштаат двојно повеќе јаглерод диоксид appeared first on Република.

]]>

Една неодамнешна студија, спроведена од научен тим од универзитетот „Пен Стејт“, САД, откри дека дождовните шуми, кои се сметаат за бели дробови на светот, испуштаат повеќе јаглерод диоксид отколку што апсорбираат во услови на високи температури и недостиг од влага. Токму ова истражување го поткопа поимот за дрвјата како главни актери во борбата против климатските промени и поттикна посериозно размислување за иднината на нашата планета. Важно е да се напомене дека намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид е клучно за ублажување на климатските промени, бидејќи токму стакленичкиот гас е тој што најмногу придонесува за глобалното затоплување. Истражувањето исто така покажа дека дрвјата во региони со повисоки температури и недостиг од вода всушност учествуваат во забрзаната фотореспирација, процес што се случува во растителните клетки за време на фотосинтезата, особено во услови на висока температура. Фотореспирацијата вклучува навлегување на кислородот и ослободување јаглерод диоксид од растението, за разлика од примарниот процес на фотосинтеза, кој го апсорбира јаглерод диоксидот и ослободува кислород.
Растенијата и климата се тесно поврзани. Намалувањето на јаглеродниот диоксид од нашата атмосфера најмногу е под влијание на организмите што вршат фотосинтеза. Ова истражување покажува дека малите промени можат да имаат големо влијание – вели Макс Лојд, раководител на истражувањето.
Студијата, исто така, покажа дека дрвјата во услови на високи температури и чести суши можат да испуштаат двојно повеќе јаглерод диоксид од дрвјата во поладни и влажни средини. Во моментов, растенијата апсорбираат околу 25 проценти од вкупното количество испуштен јаглерод диоксид и се клучен фактор за складирање јаглерод.  

The post Дрвјата во топла и сува клима испуштаат двојно повеќе јаглерод диоксид appeared first on Република.

]]>
Граѓаните се плашат од поплави, бараат да се отстранат исечените дрвја кои сè уште се во коритото на река Пена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-se-plashat-od-poplavi-baraat-da-se-otstranat-isechenite-drvja-koi-se-ushte-se-vo-koritoto-na-reka-pena/ Tue, 12 Mar 2024 15:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=754090

Дел од граѓаните кои живеат во близина на коритото на река Пена каде што беше извршено сечење на дрвја бараат државната установа надлежна за шуми да ги отстрани дрвјата од коритото. Тие велат дека се плашат од опасноста од поплави затоа што се останати исечените дрвја во речното корито.

- Бараме шумското стопанство да ги расчисти дрвјата од коритото, бидејќи тие беа оние кои реагираа. Директно бараме да се исчисти коритото, кој има надлежност да го направи тоа за да си ја врши работата без никаква друга цел, истакнаа граѓаните кои ги повикаа медиумите.

- Со задоволство ја дочекавме акцијата која почна да се презема, бидејќи јас живеам во горниот дел, порано немаше вакви акции, некогаш имаше отстранување на камења и карпи. Не гледам дека дрвјата надвор од коритото се исечени, но во реката, знаеме дека коритото треба секогаш да биде слободно, рече друг жител на Тетово.

Вчера МИА извести дека во неделата Oпштината почнала акција за расчистување на коритото при што се исечени и дел од дрвјата во коритото. Акцијата била прекината откако ЈП „Национални шуми“ пријавиле во полиција, а според Општината, забраниле да се отстрануваат исечените стебла.

The post Граѓаните се плашат од поплави, бараат да се отстранат исечените дрвја кои сè уште се во коритото на река Пена appeared first on Република.

]]>

Дел од граѓаните кои живеат во близина на коритото на река Пена каде што беше извршено сечење на дрвја бараат државната установа надлежна за шуми да ги отстрани дрвјата од коритото. Тие велат дека се плашат од опасноста од поплави затоа што се останати исечените дрвја во речното корито.
- Бараме шумското стопанство да ги расчисти дрвјата од коритото, бидејќи тие беа оние кои реагираа. Директно бараме да се исчисти коритото, кој има надлежност да го направи тоа за да си ја врши работата без никаква друга цел, истакнаа граѓаните кои ги повикаа медиумите. - Со задоволство ја дочекавме акцијата која почна да се презема, бидејќи јас живеам во горниот дел, порано немаше вакви акции, некогаш имаше отстранување на камења и карпи. Не гледам дека дрвјата надвор од коритото се исечени, но во реката, знаеме дека коритото треба секогаш да биде слободно, рече друг жител на Тетово.
Вчера МИА извести дека во неделата Oпштината почнала акција за расчистување на коритото при што се исечени и дел од дрвјата во коритото. Акцијата била прекината откако ЈП „Национални шуми“ пријавиле во полиција, а според Општината, забраниле да се отстрануваат исечените стебла.

The post Граѓаните се плашат од поплави, бараат да се отстранат исечените дрвја кои сè уште се во коритото на река Пена appeared first on Република.

]]>
Ветерот во струмичко урна покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veterot-vo-strumichko-urna-pokriv-otkorna-drvja-i-iskina-elektrichni-kabli/ Sat, 18 Nov 2023 15:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=702937

Силниот ветер, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега предизвика штети на повеќе места уривајќи покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, најмногу штета има во општинскиот центар Василево каде е урната лимена покривна конструкција на еден објект во непосредна близина на училиштето, а еден дрвен столб за пренесување струја е оштетен.

Досега имавме четири интервенции во градот и Василево. На три улици имаше пријавено дека ветрот откорнал дрвја. Нашите екипи интервенира и ги отстранија остатоците. За среќа од падот на дрвјата нема повредени и не се предизвикани поголеми штети, изјави за МИА Гудев.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Регионален центар Струмица, информираа дека покрај досегашните штети кај нив е пријавено дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на струја и дека се работи на санирање на штетите.

Според земјоделци, на удар на силниот ветер се и пластениците под кои најмногу има засадено зелка. Засега не се евидентирани поголеми штети, освен кај пластеници кои се покриени со постари полиетиленски платна.

The post Ветерот во струмичко урна покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли appeared first on Република.

]]>

Силниот ветер, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега предизвика штети на повеќе места уривајќи покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли. Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, најмногу штета има во општинскиот центар Василево каде е урната лимена покривна конструкција на еден објект во непосредна близина на училиштето, а еден дрвен столб за пренесување струја е оштетен.
Досега имавме четири интервенции во градот и Василево. На три улици имаше пријавено дека ветрот откорнал дрвја. Нашите екипи интервенира и ги отстранија остатоците. За среќа од падот на дрвјата нема повредени и не се предизвикани поголеми штети, изјави за МИА Гудев.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Регионален центар Струмица, информираа дека покрај досегашните штети кај нив е пријавено дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на струја и дека се работи на санирање на штетите. Според земјоделци, на удар на силниот ветер се и пластениците под кои најмногу има засадено зелка. Засега не се евидентирани поголеми штети, освен кај пластеници кои се покриени со постари полиетиленски платна.

The post Ветерот во струмичко урна покрив, откорна дрвја и искина електрични кабли appeared first on Република.

]]>
Со над милион садници ќе се пошумиваат 36 локации низ државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-nad-milion-sadnitsi-ke-se-poshumivaat-36-lokatsii-niz-drzhavata/ Sat, 04 Nov 2023 17:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=698213

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Кирил Сотировски, директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и претставници на општествено одговорни комапнии и граѓански организации ја најавија акцијата „Пошумуваме заедно 2023“ со засадување на 1.200.000 садници.

Еден милион и двеста илјади садници ги предвидуваме за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција, која започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела, истакна Николовски.

Шукова најави дека како подршка на годинашното пошумување и зазеленување на нашата држава Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со УНЕП ќе спроведе мерки за реставрација или уредување на деградирани земјишта и голини преку пошумување на површина од 400ха и преку спроведување на мерки за одржливо управување со земјиште и одржливо управување со шуми на повеќе од 15.000хектари.

Решавањето на проблемите со глобалното затоплување и секвестрација на јаглеродот, ефектот на стаклена градина е значаен фактор за сегашната климатска криза. На почетокот на 21 век интересот за пошумување израсна над неговиот потенцијал. Видот на садниците со кои ќе се пошумува на површините е одреден од нашите стручни лица земајќи ги во предвид природните, почвените и еколошките карактеристики на површините, истакна директорот Груевски.

Министерот додаде дека за голема почит фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучиле кон оваа акција за пошумување.

The post Со над милион садници ќе се пошумиваат 36 локации низ државата appeared first on Република.

Утрово масакрирани здрави дрвја во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utrovo-masakrirani-zdravi-drvja-vo-gradski-park/ Fri, 09 Jun 2023 10:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=649549

Утрово во Градски парк биле исечени неколку здрави дрвја, објави „24инфо.мк“, иако за какви дрвја станува збор не може најдобро да се забележи од видеото.

Екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ биле на терен и ги сечеле дрвјата, а наскоро се очекува и нивна реакција за акцијата која ја имале во Градски парк.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=-KPouc0Pwds[/embed]

The post Утрово масакрирани здрави дрвја во Градски парк appeared first on Република.

]]>

Утрово во Градски парк биле исечени неколку здрави дрвја, објави „24инфо.мк“, иако за какви дрвја станува збор не може најдобро да се забележи од видеото. Екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ биле на терен и ги сечеле дрвјата, а наскоро се очекува и нивна реакција за акцијата која ја имале во Градски парк. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=-KPouc0Pwds[/embed]

The post Утрово масакрирани здрави дрвја во Градски парк appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиевски: Засадивме околу 5.000 садници со љубов за наша Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gjorgjievski-zasadivme-okolu-5-000-sadnici-so-ljubov-za-nasha-kisela-voda/ Fri, 25 Nov 2022 13:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=578256

Под мотото „Засади со љубов, за Кисела Вода”, денес во општина Кисела Вода се одржа масовна акција за пошумување. На акцијата и претходеше повик, преку видео спот, организиран од градоначалникот Ѓорѓиевски и локалната самоуправа, кој беше поддржан од многу јавни личности, спортисти, лица од естрадата, кои и денес зедоа учество во пошумувањето.

Илјадници граѓани, претставници на дипломатскиот кор, спортски здруженија, еколошки здруженија оштествено одговорни компании, советниците од Советот на Општината, административните службеници, засадија околу 5000 садници на шест локации: новиот парк “Иднина” кај кружниот тек, на трим патеката, на Теферич, кај новата градинка во Усје, во паркот на Есенинова и во парк Македонија. Покрај ова, се садеше и во сите основни училишта и градинки од општината.

-Денес започнуваме со акција за која планираме да ја направиме редовна и традиционално да се одржува секоја година во исто време. Под слоганот Вода “Засади со љубов, за Кисела Вода”, денес садиме 5000 дрвца на повеќе локации низ општина Кисела Вода, пред се’ за нови или постојни паркови или места кои се доста фреквентни, а на кои сме направиле анализа дека има потреба од дополнително зеленило. Освен што на овој начин ќе го зазелениме и облагородиме просторот, сакаме да ја подигнеме и јавната свест дека секое дрво значи помош за обнова на екосистемот, за намалување на загадувањето, за спречување на поплави и ерозии. Овие пораки ги упативме и преку видео спот заедно со многу естрадни личности, спортисти, лица кои значат нешто во јавниот живот, преку кој ги повикавме граѓаните масовно да ни се приклучат и заедно да направиме нешто убаво за себе, за своите најблиски и за Кисела Вода. Очигледно пораката одекна силно, така што денес, на сите шест локации има огромен одзив. Тука, во Паркот “Иднина” со мене е амбасадорот на Република Полска, тука се голем број на лица од јавниот живот, огромен број на граѓани, на терен е и целата администрација, советот и советниците, спортски клубови, дрвца се садат и во сите училишта и градинки на територија на општина Кисела Вода. Сакам да им се заблагодарам и ним, како и на сите донатори и пријатели на општината кои преку својата општествена одговорност, ја поддржаа акцијата и покажаа дека ја сакаат Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Ѓорѓиевски: Засадивме околу 5.000 садници со љубов за наша Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Засади со љубов, за Кисела Вода”, денес во општина Кисела Вода се одржа масовна акција за пошумување. На акцијата и претходеше повик, преку видео спот, организиран од градоначалникот Ѓорѓиевски и локалната самоуправа, кој беше поддржан од многу јавни личности, спортисти, лица од естрадата, кои и денес зедоа учество во пошумувањето. Илјадници граѓани, претставници на дипломатскиот кор, спортски здруженија, еколошки здруженија оштествено одговорни компании, советниците од Советот на Општината, административните службеници, засадија околу 5000 садници на шест локации: новиот парк “Иднина” кај кружниот тек, на трим патеката, на Теферич, кај новата градинка во Усје, во паркот на Есенинова и во парк Македонија. Покрај ова, се садеше и во сите основни училишта и градинки од општината. -Денес започнуваме со акција за која планираме да ја направиме редовна и традиционално да се одржува секоја година во исто време. Под слоганот Вода “Засади со љубов, за Кисела Вода”, денес садиме 5000 дрвца на повеќе локации низ општина Кисела Вода, пред се’ за нови или постојни паркови или места кои се доста фреквентни, а на кои сме направиле анализа дека има потреба од дополнително зеленило. Освен што на овој начин ќе го зазелениме и облагородиме просторот, сакаме да ја подигнеме и јавната свест дека секое дрво значи помош за обнова на екосистемот, за намалување на загадувањето, за спречување на поплави и ерозии. Овие пораки ги упативме и преку видео спот заедно со многу естрадни личности, спортисти, лица кои значат нешто во јавниот живот, преку кој ги повикавме граѓаните масовно да ни се приклучат и заедно да направиме нешто убаво за себе, за своите најблиски и за Кисела Вода. Очигледно пораката одекна силно, така што денес, на сите шест локации има огромен одзив. Тука, во Паркот “Иднина” со мене е амбасадорот на Република Полска, тука се голем број на лица од јавниот живот, огромен број на граѓани, на терен е и целата администрација, советот и советниците, спортски клубови, дрвца се садат и во сите училишта и градинки на територија на општина Кисела Вода. Сакам да им се заблагодарам и ним, како и на сите донатори и пријатели на општината кои преку својата општествена одговорност, ја поддржаа акцијата и покажаа дека ја сакаат Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Ѓорѓиевски: Засадивме околу 5.000 садници со љубов за наша Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Кина ќе засади 70 милијарди дрвја во следните 10 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-kje-zasadi-70-milijardi-drvja-vo-slednite-10-godini/ Fri, 27 May 2022 13:18:33 +0000 https://republika.mk/?p=507670

Кинескиот специјален пратеник за климатски промени, Ксие Женхуа, на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, објави дека Кина ќе засади 70 милијарди садници дрвја во следната деценија.

Како што истакна Ксие, таквата кампања ќе биде спроведена со цел да се зазелени земјата и да се одговори на климатските промени.

Според официјални податоци, шумската покривка и шумскиот фонд во Кина постојано се зголемуваат во последните три децении. Новата површина под шуми во Кина во тој период изнесувала повеќе од 25 отсто од вкупната површина во светот.

The post Кина ќе засади 70 милијарди дрвја во следните 10 години appeared first on Република.

]]>

Кинескиот специјален пратеник за климатски промени, Ксие Женхуа, на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, објави дека Кина ќе засади 70 милијарди садници дрвја во следната деценија. Како што истакна Ксие, таквата кампања ќе биде спроведена со цел да се зазелени земјата и да се одговори на климатските промени. Според официјални податоци, шумската покривка и шумскиот фонд во Кина постојано се зголемуваат во последните три децении. Новата површина под шуми во Кина во тој период изнесувала повеќе од 25 отсто од вкупната површина во светот.

The post Кина ќе засади 70 милијарди дрвја во следните 10 години appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром утринава засади симболично 22 дрвја и вети дека ќе ги заврши сите капитални проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-utrinava-zasadi-simbolichno-22-drvja-i-veti-deka-kje-gi-zavrshi-site-veteni-proekti/ Mon, 03 Jan 2022 11:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=440013

Општина Аеродром утринава засади симболично 22 дрвја и вети дека ќе ги заврши сите ветени проекти за оваа година.

На првиот ден од првата работна недела во 2022 година би сакале да испратиме порака до аеродромци дека Општина Аеродром ќе им биде на располагање 365 дена во годината, велат од Општината.

Утрово градоначалникот Тимчо Муцунски придружуван од претседателот на Советот, Дејан Митески и вработените во Општина Аеродром го почнаа со работа на терен.

Заедно со сезонските работници беа посетени неколку локации во Горно Лисиче и населбата Лисиче од каде градоначалникот Муцунски ја испрати пораката дека останува посветен на заложбата за чист и зелен Аеродром. Нашата општина ќе се чисти секој ден од годината. Го опфаќаме секое место, секоја улица, го решаваме проблемот со дивите депонии и редовно ќе ги одржуваме сите јавни површини, со цел враќање на сјајот на општината.

22 е бројот на дрвја кои беа засадени кај „Ентернет“ во близина на трговскиот центар „Бисер“. Со оваа симболична бројка на стартот на 2022 година, Општината ја испраќа пораката дека останува посветена на создавање нови зелени површини и заштита и грижа на животната средина.
Во новата година ќе бидат завршени сите проекти отпочнати во изминатиот период, а ќе се вложува во сите области и ќе се почнат нови капитални проекти.
Општина Аеродром продолжува и во 2022 година секој ден да се грижи за секој жител подеднакво, да создава подобро утре и подобра иднина!, објави Муцунски на Фејсбук.

The post Општина Аеродром утринава засади симболично 22 дрвја и вети дека ќе ги заврши сите капитални проекти appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром утринава засади симболично 22 дрвја и вети дека ќе ги заврши сите ветени проекти за оваа година.
На првиот ден од првата работна недела во 2022 година би сакале да испратиме порака до аеродромци дека Општина Аеродром ќе им биде на располагање 365 дена во годината, велат од Општината.
Утрово градоначалникот Тимчо Муцунски придружуван од претседателот на Советот, Дејан Митески и вработените во Општина Аеродром го почнаа со работа на терен.
Заедно со сезонските работници беа посетени неколку локации во Горно Лисиче и населбата Лисиче од каде градоначалникот Муцунски ја испрати пораката дека останува посветен на заложбата за чист и зелен Аеродром. Нашата општина ќе се чисти секој ден од годината. Го опфаќаме секое место, секоја улица, го решаваме проблемот со дивите депонии и редовно ќе ги одржуваме сите јавни површини, со цел враќање на сјајот на општината. 22 е бројот на дрвја кои беа засадени кај „Ентернет“ во близина на трговскиот центар „Бисер“. Со оваа симболична бројка на стартот на 2022 година, Општината ја испраќа пораката дека останува посветена на создавање нови зелени површини и заштита и грижа на животната средина. Во новата година ќе бидат завршени сите проекти отпочнати во изминатиот период, а ќе се вложува во сите области и ќе се почнат нови капитални проекти. Општина Аеродром продолжува и во 2022 година секој ден да се грижи за секој жител подеднакво, да создава подобро утре и подобра иднина!, објави Муцунски на Фејсбук.

The post Општина Аеродром утринава засади симболично 22 дрвја и вети дека ќе ги заврши сите капитални проекти appeared first on Република.

]]>