Друштво Преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drushtvo-prespa/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 17:27:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Друштво Преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drushtvo-prespa/ 32 32 Реакција на „Друштво Преспа” за бугарската донација: Продолжува агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/reaktsija-na-drushtvo-prespa-za-bugarskata-donatsija-prodolzhuva-agresija-za-denatsionalizatsija-i-asimilatsija-na-makedontsite-vo-albanija/ Sat, 14 Sep 2024 17:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=816405

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа" упати остро реакција во врска со денешната бугарска донација за општина Пустец, оценувајќи ја како „продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија".

-Упатуваме остра реакција кон општинската управа на Пустец, каде денеска во село Глобочани свечено отвораше модуларна амбуланта, донација од Бугарија. Ова не е ништо друго туку продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија, стои во реакцијата.

Дознаваме, се додава, дека освен претставници на општина Пустец предводени од градоначалникот Пали Колефски и заменик градоначалникот Јани Никола, присуствувала и бугарска делегација предводена од амбасадорот на Бугарија во Тирана, Ивајло Киров и Софика Мале претставник на Фондацијата „Блгарски Памет".

- Управата на општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда и бројните посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знае дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците како Бугари во Албанија а не дека придонесе за подобрување на благосостојбата на жителите, се посочува во реакцијата на „Друштво Преспа".

Денеска фондацијата " Бугарска меморија" во присуство на амбасадорот Киров ја предаде донацијата во селото Глобочани, каде ќе биде лоцирана целосно опремена модуларна болница. Донирани се и клупи кои ќе бидат поставени во центрите на селата, како и апарати за копирање и принтери за потребите на општинската администрација.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarska-donatsija-za-opshtina-pustets-kolefski-veli-dobredojdena-e-sekoja-pomosh-shto-nema-nikakva-zadnina/

- Да денеска добивме нова донација од споменатата фондација. Ние сме мала, сиромашна општина. Секоја донација е добредојдена, доколку нема никаква политичка или друга заднина, изјави претходно за МИА, градоначалникот Колефски.

The post Реакција на „Друштво Преспа” за бугарската донација: Продолжува агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа" упати остро реакција во врска со денешната бугарска донација за општина Пустец, оценувајќи ја како „продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија".
-Упатуваме остра реакција кон општинската управа на Пустец, каде денеска во село Глобочани свечено отвораше модуларна амбуланта, донација од Бугарија. Ова не е ништо друго туку продолжување на бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија, стои во реакцијата.
Дознаваме, се додава, дека освен претставници на општина Пустец предводени од градоначалникот Пали Колефски и заменик градоначалникот Јани Никола, присуствувала и бугарска делегација предводена од амбасадорот на Бугарија во Тирана, Ивајло Киров и Софика Мале претставник на Фондацијата „Блгарски Памет".
- Управата на општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда и бројните посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знае дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците како Бугари во Албанија а не дека придонесе за подобрување на благосостојбата на жителите, се посочува во реакцијата на „Друштво Преспа".
Денеска фондацијата " Бугарска меморија" во присуство на амбасадорот Киров ја предаде донацијата во селото Глобочани, каде ќе биде лоцирана целосно опремена модуларна болница. Донирани се и клупи кои ќе бидат поставени во центрите на селата, како и апарати за копирање и принтери за потребите на општинската администрација. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarska-donatsija-za-opshtina-pustets-kolefski-veli-dobredojdena-e-sekoja-pomosh-shto-nema-nikakva-zadnina/
- Да денеска добивме нова донација од споменатата фондација. Ние сме мала, сиромашна општина. Секоја донација е добредојдена, доколку нема никаква политичка или друга заднина, изјави претходно за МИА, градоначалникот Колефски.

The post Реакција на „Друштво Преспа” за бугарската донација: Продолжува агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
„Друштво Преспа“ од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drushtvo-prespa-od-tirana-albanskata-vlada-legitimira-popisen-falsifikat-za-makedontsite-dozvoluvajki-grubo-meshane-na-bugarija-vo-vnatreshnite-raboti/ Sat, 29 Jun 2024 10:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=791784

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и „Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат.

Друштво Преспа изразува загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат 2.281 „Северномакедонци“, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата „Cеверна Македонија“, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, туку за домородно македонско население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија, стои во реакцијата на Друштвото.

Тие, како што наведуваат, за груб пописен фалсификат ја сметаат објавената бројка од 7.957 „Бугари“ во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. Опстојуваат на тврдењето дека „во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1912 до 2023 година, не постои макар еден „Бугарин“ на целата територија на Албанија“.

Воедно, од Друшвото упатуваат протест до Претседателот, Собранието и Владата на Албанија, бидејќи, како што посочуваат, подлегнале на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впиши „Бугари“ во Законот за националните малцинства и доколку не декларира „Бугари“ на последниот попис на населението.

Од Друштво Преспа со остри критики и кон општинската управа на Пустец, чиј градоначалник, се наведува понатаму, во последниот и актуелниот мандат беше сервилен кон бугарската пропаганда и бројни посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знаеше дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците за Бугари во Албанија.

Друштвото Преспа, за несоодветна ја сметааат реакцијата и на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција, која, како дел од коалицијата на општинската власт, за повеќето настани со „Бугарите“, партиципира со свои вработени во општинската администрација и советници во Советот на општината Пустец: Имено, не го одвратија градоначалникот од прием на гости од бугарската амбасада во Тирана, бугарската фондација „Бугарска памет“ и владата во Софија и прифаќањето на материјална помош за општината, иако се знаеше дека тоа Бугарија го прави за да покаже пред светот дека Македонците во Пустец се „Бугари“.

Во реакцијата од Друшвото се бара Европската Унија да преземе мерки против Република Бугарија која, се наведува, врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради сиромаштијата во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се „Бугари по потекло“.

Друштво Преспа најавува дека ќе организира неформален попис на Македонците во Албанија, како што тоа од поодамна го сторила Грчката заедница во Албанија и бара од властите во земјава да изразат протест поради пописниот фалсификат.

Друштво Преспа бара Македонската Влада да протестира поради фалсификуваниот попис во Албанија, отфрлен дури и од албанската опозиција и да превземе конкретни мерки според уставната грижа за Македонците во соседните држави на државата Македонија! Друштво Преспа бара одговорност од Владата на Албанија, затоа што овозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија, стои во соопштението од Друштвото Преспа од Тирана.

Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, вчера на презентирањето на пописните резултати од ИНСТАТ, демонстративно ја напуштиле салата откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стоело име на државата Cеверна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.

The post „Друштво Преспа“ од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи appeared first on Република.

]]>

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и „Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат. Друштво Преспа изразува загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат 2.281 „Северномакедонци“, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата „Cеверна Македонија“, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, туку за домородно македонско население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија, стои во реакцијата на Друштвото. Тие, како што наведуваат, за груб пописен фалсификат ја сметаат објавената бројка од 7.957 „Бугари“ во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. Опстојуваат на тврдењето дека „во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1912 до 2023 година, не постои макар еден „Бугарин“ на целата територија на Албанија“. Воедно, од Друшвото упатуваат протест до Претседателот, Собранието и Владата на Албанија, бидејќи, како што посочуваат, подлегнале на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впиши „Бугари“ во Законот за националните малцинства и доколку не декларира „Бугари“ на последниот попис на населението. Од Друштво Преспа со остри критики и кон општинската управа на Пустец, чиј градоначалник, се наведува понатаму, во последниот и актуелниот мандат беше сервилен кон бугарската пропаганда и бројни посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знаеше дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците за Бугари во Албанија. Друштвото Преспа, за несоодветна ја сметааат реакцијата и на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција, која, како дел од коалицијата на општинската власт, за повеќето настани со „Бугарите“, партиципира со свои вработени во општинската администрација и советници во Советот на општината Пустец: Имено, не го одвратија градоначалникот од прием на гости од бугарската амбасада во Тирана, бугарската фондација „Бугарска памет“ и владата во Софија и прифаќањето на материјална помош за општината, иако се знаеше дека тоа Бугарија го прави за да покаже пред светот дека Македонците во Пустец се „Бугари“. Во реакцијата од Друшвото се бара Европската Унија да преземе мерки против Република Бугарија која, се наведува, врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради сиромаштијата во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се „Бугари по потекло“. Друштво Преспа најавува дека ќе организира неформален попис на Македонците во Албанија, како што тоа од поодамна го сторила Грчката заедница во Албанија и бара од властите во земјава да изразат протест поради пописниот фалсификат.