Друштво на писателите на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drushtvo-na-pisatelite-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 07:16:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Друштво на писателите на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drushtvo-na-pisatelite-na-makedonija/ 32 32 ДПМ ги објави полуфиналистите за годишните награди за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dpm-gi-objavi-polufinalistite-za-godishnite-nagradi-za-2023-godina/ Tue, 20 Aug 2024 07:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=808109

За годишните награди на ДПМ за 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до ДПМ доставува бодовник, со кој поддржува пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор на ДПМ го пресметува збирот на бодови.

ДПМ објави дека за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело се пријавија четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегуваат следниве седум наслови:

1. „Не кажувам“, роман од Петар Андоновски („Полица“)
2. „Мина“, роман од Игор Анѓелков („Или-или“)
3. „Во трка за животот“, роман од Петре Димовски („Дијалог“)
4. „Ако се родат некакви чувства“, роман од Блаже Миневски („Матица“)
5. „Заборав“, роман од Томислав Османли („ВиГ Зеница“)
6. „Сè уште можам нешто да сторам“, роман од Фросина Пармаковска („Или-или“)
7. „Вонземјанки“, збирка раскази од Влада Урошевиќ („Или-или“).

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија беа пријавени седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегуваат следниве шест наслови:

1. „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“)
2. „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат)
3. „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“)
4. „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“)
5. „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“)
6. „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“).

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади беа пријавени шест дела. Поради малиот број конкуренти, тука вториот круг е воедно и финален, а во него влегуваат следниве три наслови:

1. „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“)
2. „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“)
3. „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).

За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика беа пријавени осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегуваат следниве пет наслови:

1. „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“)
2. „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ („Полица“)
3. „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“)
4. „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат)
5. „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).

Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди се планира да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите.

Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во  Македонија, рокот за достава на книги и на преводи до ДПМ е продолжен до 1 септември (недела).

Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година, кои се доделуваат вонредно и надвор од вообичаената динамика, ќе се одржи на 18 септември (среда) 2024 г. во главната сала на ДПМ.

The post ДПМ ги објави полуфиналистите за годишните награди за 2023 година appeared first on Република.

]]>

За годишните награди на ДПМ за 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до ДПМ доставува бодовник, со кој поддржува пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор на ДПМ го пресметува збирот на бодови. ДПМ објави дека за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело се пријавија четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегуваат следниве седум наслови: 1. „Не кажувам“, роман од Петар Андоновски („Полица“) 2. „Мина“, роман од Игор Анѓелков („Или-или“) 3. „Во трка за животот“, роман од Петре Димовски („Дијалог“) 4. „Ако се родат некакви чувства“, роман од Блаже Миневски („Матица“) 5. „Заборав“, роман од Томислав Османли („ВиГ Зеница“) 6. „Сè уште можам нешто да сторам“, роман од Фросина Пармаковска („Или-или“) 7. „Вонземјанки“, збирка раскази од Влада Урошевиќ („Или-или“). За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија беа пријавени седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегуваат следниве шест наслови: 1. „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“) 2. „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат) 3. „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“) 4. „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“) 5. „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“) 6. „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“). За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади беа пријавени шест дела. Поради малиот број конкуренти, тука вториот круг е воедно и финален, а во него влегуваат следниве три наслови: 1. „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“) 2. „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“) 3. „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“). За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика беа пријавени осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегуваат следниве пет наслови: 1. „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“) 2. „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ („Полица“) 3. „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“) 4. „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат) 5. „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет). Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди се планира да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите. Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во  Македонија, рокот за достава на книги и на преводи до ДПМ е продолжен до 1 септември (недела). Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година, кои се доделуваат вонредно и надвор од вообичаената динамика, ќе се одржи на 18 септември (среда) 2024 г. во главната сала на ДПМ.

The post ДПМ ги објави полуфиналистите за годишните награди за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-poetski-den-za-77-godini-postoene-dpm/ Tue, 13 Feb 2024 08:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=743462

Отворен поетски ден ќе се одржи денеска во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ќе се одбележи 77-годишнината од неговото постоење со поетско читање и настап на повеќе македонски поети.

Друштвото на писателите на Македонија било формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ бил избран Блаже Конески.

Тринаесетти февруари е најголемиот празник на македонските писатели, зашто Друштвото на писателите на Македонија е најстарата, најмасовната и најреномираната писателска асоцијација кај нас. Пригодни беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски – тројцата основачи и претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржат професор доктор Васил Дрвошанов и професор доктор Александар Прокопиев, се наведува во соопштението на ДПМ.

 

The post Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ appeared first on Република.

]]>

Отворен поетски ден ќе се одржи денеска во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ќе се одбележи 77-годишнината од неговото постоење со поетско читање и настап на повеќе македонски поети. Друштвото на писателите на Македонија било формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ бил избран Блаже Конески.
Тринаесетти февруари е најголемиот празник на македонските писатели, зашто Друштвото на писателите на Македонија е најстарата, најмасовната и најреномираната писателска асоцијација кај нас. Пригодни беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски – тројцата основачи и претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржат професор доктор Васил Дрвошанов и професор доктор Александар Прокопиев, се наведува во соопштението на ДПМ.
 

The post Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ appeared first on Република.

]]>
Вонредно изборно собрание на ДПМ, кандидат за претседател само Мирче Нешовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vonredno-izborno-sobranie-na-dpm-kandidat-za-pretsedatel-samo-mirche-neshovski/ Sat, 27 Jan 2024 08:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=737356

Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска треба да се одржи Вонредното изборно собрание, кое претходно беше закажано на 25 ноември 2023 година но, не се одржа поради немање кворум за работа.

За оваа седница останува важечка кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ.

Повикот за кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ беше објавен на 20 октомври минатата година, а рокот за доставување на кандидатурите беше до 4 ноември, при што со кандидатури се јавија шест кандидати.

Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца. Блаже Миневски, на 22 јануари, Живко Грозданоски ја повлече својата кандидатура на 20 ноември лани, поради друг личен ангажман, а Гоце Ристовски се откажа на 13 ноември, поради разединетост на членството.

Писателот Блаже Миневски преку соопштение образложи дека ја повлекува кандидатурата поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста.

Тој додаде дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период.

За претседател на Собранието на ДПМ, кандидатурите ги повлекоа Стефан Марковски и Иван Антоновски.

Писателот Иван Антоновски образложувајќи ја својата одлука за повлекување на кандидатурата, соопшти дека се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото.

И писателот Стефан Марковски изрази жалење што внатрешните поделби, ниските конфронтации за добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, дури и буквална злоупотреба на потписите на дел од членовите дополнително го деградираат реномето на ДПМ.

The post Вонредно изборно собрание на ДПМ, кандидат за претседател само Мирче Нешовски appeared first on Република.

]]>

Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска треба да се одржи Вонредното изборно собрание, кое претходно беше закажано на 25 ноември 2023 година но, не се одржа поради немање кворум за работа. За оваа седница останува важечка кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ. Повикот за кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ беше објавен на 20 октомври минатата година, а рокот за доставување на кандидатурите беше до 4 ноември, при што со кандидатури се јавија шест кандидати. Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца. Блаже Миневски, на 22 јануари, Живко Грозданоски ја повлече својата кандидатура на 20 ноември лани, поради друг личен ангажман, а Гоце Ристовски се откажа на 13 ноември, поради разединетост на членството. Писателот Блаже Миневски преку соопштение образложи дека ја повлекува кандидатурата поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста. Тој додаде дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период. За претседател на Собранието на ДПМ, кандидатурите ги повлекоа Стефан Марковски и Иван Антоновски. Писателот Иван Антоновски образложувајќи ја својата одлука за повлекување на кандидатурата, соопшти дека се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото. И писателот Стефан Марковски изрази жалење што внатрешните поделби, ниските конфронтации за добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, дури и буквална злоупотреба на потписите на дел од членовите дополнително го деградираат реномето на ДПМ.

The post Вонредно изборно собрание на ДПМ, кандидат за претседател само Мирче Нешовски appeared first on Република.

]]>
Поднесени четири кандидатури за претседател на Друштвото на писателите на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/podneseni-chetiri-kandidaturi-za-pretsedatel-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/ Sun, 05 Nov 2023 09:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=698342

Четворица членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) поднеле кандидатури за претседател, додека двајца за претседател на Собранието во предвидениот рок за претстојното Вонредно собрание на ДПМ.

Во врска со претстојното Вонредно изборно собрание на ДПМ закажано за 25 ноември годинава, во предвидениот рок (до 4.11.2023.) според Статутот на асоцијацијата, кандидатури за раководни фукции поднесоа шест члена на ДПМ. Кандидатури за претседател на ДПМ поднесоа: Живко Грозданоски, Блаже Миневски, Мирче Нешовски и Гоце Ристовски, а за претседател на Собранието на ДПМ: Иван Антоновски и Стефан Марковски, соопшти ДПМ.

The post Поднесени четири кандидатури за претседател на Друштвото на писателите на Македонија appeared first on Република.

]]>

Четворица членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) поднеле кандидатури за претседател, додека двајца за претседател на Собранието во предвидениот рок за претстојното Вонредно собрание на ДПМ.
Во врска со претстојното Вонредно изборно собрание на ДПМ закажано за 25 ноември годинава, во предвидениот рок (до 4.11.2023.) според Статутот на асоцијацијата, кандидатури за раководни фукции поднесоа шест члена на ДПМ. Кандидатури за претседател на ДПМ поднесоа: Живко Грозданоски, Блаже Миневски, Мирче Нешовски и Гоце Ристовски, а за претседател на Собранието на ДПМ: Иван Антоновски и Стефан Марковски, соопшти ДПМ.

The post Поднесени четири кандидатури за претседател на Друштвото на писателите на Македонија appeared first on Република.

]]>
Поетесата Крлуку: ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и писателите кои се жртвуваа за постоење на слободата на говорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetesata-krluku-dpm-mora-da-odi-napred-zaradi-pomladite-generatsii-i-pisatelite-koi-se-zhrtvuvaa-za-postoene-na-slobodata-na-govorot/ Sun, 22 Oct 2023 08:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=693812

Поетесата Делвина Крлуку, која е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), порачува ДПМ да ја зачува традицијата и да ја издигне културата и уметноста на заслужното место.

Во писмо насловено „ДПМ - Дом со високо уметничко ниво“, поетесета Крлуку вели дека ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и заради писателите кои жртвувале се во животот за постоење на слободата на говорот во која, како што вели, денес ние уживаме.

Гледајќи ги најновите случувања внатре во „куќата на писателите“ расфрлена и поделена, жалиме како писатели, пред се поради фактот што ДПМ е основано од најистакнатите уметнички имиња на Република Македонија, пред точно 75 години. Оваа „куќа“ е наследена од еден до друг писател, опкружена со одреден број луѓе од уметноста за да ја водат, пишува Крлуку.

Таа посочува дека Друштвото на писателите на Македонија е најголемата куќа на поетите, прозаистите, романсиерите, драматурзите и книжевните критичари и дека вклучувањето во ДПМ бара исполнување на високи критериуми за пишување и знаење.

Секој писател кој ја сакаше и ја сака оваа куќа, особено културата, уметноста и литературата даде од себе, не само книги, туку и идеи. Идејата што беше корисна се реализираше, додека злите идеи беа и секогаш остануваат на точката на нанесување голема штета (нема ништо поопасно од голема идеја со мал мозок), наведува меѓу другото Крлуку.

Превирањата во ДПМ почнаа откако седум члена на Претседателството поднесоа неотповикливи оставки поради непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење. Изборното собрание е закажано на 25 ноември на кое се очекува да бидат избрани нов претседател на ДПМ, нов претседател на Собранието на ДПМ, ново Претседателство и членови на другите органи на оваа најголема писателската асоцијација во земјава.

The post Поетесата Крлуку: ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и писателите кои се жртвуваа за постоење на слободата на говорот appeared first on Република.

]]>

Поетесата Делвина Крлуку, која е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), порачува ДПМ да ја зачува традицијата и да ја издигне културата и уметноста на заслужното место. Во писмо насловено „ДПМ - Дом со високо уметничко ниво“, поетесета Крлуку вели дека ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и заради писателите кои жртвувале се во животот за постоење на слободата на говорот во која, како што вели, денес ние уживаме.
Гледајќи ги најновите случувања внатре во „куќата на писателите“ расфрлена и поделена, жалиме како писатели, пред се поради фактот што ДПМ е основано од најистакнатите уметнички имиња на Република Македонија, пред точно 75 години. Оваа „куќа“ е наследена од еден до друг писател, опкружена со одреден број луѓе од уметноста за да ја водат, пишува Крлуку.
Таа посочува дека Друштвото на писателите на Македонија е најголемата куќа на поетите, прозаистите, романсиерите, драматурзите и книжевните критичари и дека вклучувањето во ДПМ бара исполнување на високи критериуми за пишување и знаење.
Секој писател кој ја сакаше и ја сака оваа куќа, особено културата, уметноста и литературата даде од себе, не само книги, туку и идеи. Идејата што беше корисна се реализираше, додека злите идеи беа и секогаш остануваат на точката на нанесување голема штета (нема ништо поопасно од голема идеја со мал мозок), наведува меѓу другото Крлуку.
Превирањата во ДПМ почнаа откако седум члена на Претседателството поднесоа неотповикливи оставки поради непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење. Изборното собрание е закажано на 25 ноември на кое се очекува да бидат избрани нов претседател на ДПМ, нов претседател на Собранието на ДПМ, ново Претседателство и членови на другите органи на оваа најголема писателската асоцијација во земјава.

The post Поетесата Крлуку: ДПМ мора да оди напред заради помладите генерации и писателите кои се жртвуваа за постоење на слободата на говорот appeared first on Република.

]]>
Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на Друштвото на писателите на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-poveke-istaknati-pisateli-go-krevaat-svojot-glas-za-dostoinstvoto-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/ Mon, 16 Oct 2023 16:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=691777

Зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), застануваат сè повеќе писатели - членови на ДПМ. Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Зоран Анчевски, Братислав Ташковски, Гоце Ристовски, Владимир Јанковски, Сузана В. Спасовска, Елизабета Јончиќ, Александра Јуруковска, Смиле Наумовски Брсјак, Мерсиха Имајлоска и Ана Бунтеска.

Македонските писатели јасно порачуваат дека по последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа.

Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 година (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот, се наведува во реакцијата и јавниот повик.

Писателите нагласуваат дека сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото. Притоа и порачуваат дека лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница.

Потписници на реакцијата и повикот од претходно се членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Санде Стојчевски, Љубинка Донева, Димитрие Дурацовски, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Ана Мартиноска, Билјана Црвенковска, Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Диме Ратајкоски, Игор Станојоски, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Румена Бужаровска, Јулијана Величковска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Милена Ристова-Михајловска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Иван Антоновски, Михајло Свидерски и Никола Илијовски.

Во продолжение интегралниот текст на реакцијата и повикот на членови на ДПМ со ажуриран список на потписници.

РЕАКЦИЈА И ПОВИК

По неотповикливата оставка на Христо Петрески од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ); по свикувањето Вонредно изборно собрание од Претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска; и по повлекувањето на Христо Петрески на неговата неотповиклива оставка (постапка без преседан), ние, како членови на ДПМ, со цел да се заштити достоинството на македонскиот писател, по обраќањето на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваме дека:

- ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата;

- Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото;

- Лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница;

- Доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови.

- Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните (и за сите други) интереси;

- Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ (преку кој било медиум), мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик;

- Членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на Друштвото, зашто по сите превирања и обвиненија, сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека „работата на Друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции“;

- По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот.

Со почит,

Влада Урошевиќ

Оливера Николова

Цане Андреевски

Гордана Михаилова Бошнакоска

Митко Маџунков

Санде Стојчевски

Зоран Анчевски

Љубинка Донева

Димитрие Дурацовски

Весна Ацевска

Бранко Цветкоски

Славе Ѓорѓо Димоски

Братислав Ташковски

Гордана Јовиќ-Стојковска

Гоце Ристовски

Борче Панов

Соња Стојменска-Елзесер

Лилјана Пандева

Сашо Огненоски

Оливера Ќорвезироска

Весна Мојсова-Чепишевска

Виолета Танчева-Златева

Елизабета Јончиќ

Зоран Јакимовски

Лидија Димковска

Ана Мартиноска

Билјана Црвенковска

Владимир Јанковски

Игор Анѓелков

Снежана Младеновска Анѓелков

Сузана В. Спасовска

Диме Ратајкоски

Игор Станојоски

Александра Јуруковска

Снежана Стојчевска

Марија Гиревска

Румена Бужаровска

Јулијана Величковска

Ирена Јурчева

Славица Гаџова-Свидерска

Мерсиха Исмајлоска

Драгана Евтимова

Фросина Пармаковска

Милена Ристова-Михајловска

Живко Грозданоски

Петар Андоновски

Давор Стојановски

Ана Бунтеска

Иван Антоновски

Михајло Свидерски

Смиле Наумовски Брсјак

Никола Илијовски

The post Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на Друштвото на писателите на Македонија appeared first on Република.

]]>

Зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), застануваат сè повеќе писатели - членови на ДПМ. Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Зоран Анчевски, Братислав Ташковски, Гоце Ристовски, Владимир Јанковски, Сузана В. Спасовска, Елизабета Јончиќ, Александра Јуруковска, Смиле Наумовски Брсјак, Мерсиха Имајлоска и Ана Бунтеска. Македонските писатели јасно порачуваат дека по последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа.
Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 година (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот, се наведува во реакцијата и јавниот повик.
Писателите нагласуваат дека сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото. Притоа и порачуваат дека лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница. Потписници на реакцијата и повикот од претходно се членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Санде Стојчевски, Љубинка Донева, Димитрие Дурацовски, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Ана Мартиноска, Билјана Црвенковска, Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Диме Ратајкоски, Игор Станојоски, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Румена Бужаровска, Јулијана Величковска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Милена Ристова-Михајловска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Иван Антоновски, Михајло Свидерски и Никола Илијовски. Во продолжение интегралниот текст на реакцијата и повикот на членови на ДПМ со ажуриран список на потписници. РЕАКЦИЈА И ПОВИК По неотповикливата оставка на Христо Петрески од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ); по свикувањето Вонредно изборно собрание од Претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска; и по повлекувањето на Христо Петрески на неговата неотповиклива оставка (постапка без преседан), ние, како членови на ДПМ, со цел да се заштити достоинството на македонскиот писател, по обраќањето на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваме дека: - ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата; - Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото; - Лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница; - Доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови. - Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните (и за сите други) интереси; - Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ (преку кој било медиум), мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик; - Членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на Друштвото, зашто по сите превирања и обвиненија, сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека „работата на Друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции“; - По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот. Со почит, Влада Урошевиќ Оливера Николова Цане Андреевски Гордана Михаилова Бошнакоска Митко Маџунков Санде Стојчевски Зоран Анчевски Љубинка Донева Димитрие Дурацовски Весна Ацевска Бранко Цветкоски Славе Ѓорѓо Димоски Братислав Ташковски Гордана Јовиќ-Стојковска Гоце Ристовски Борче Панов Соња Стојменска-Елзесер Лилјана Пандева Сашо Огненоски Оливера Ќорвезироска Весна Мојсова-Чепишевска Виолета Танчева-Златева Елизабета Јончиќ Зоран Јакимовски Лидија Димковска Ана Мартиноска Билјана Црвенковска Владимир Јанковски Игор Анѓелков Снежана Младеновска Анѓелков Сузана В. Спасовска Диме Ратајкоски Игор Станојоски Александра Јуруковска Снежана Стојчевска Марија Гиревска Румена Бужаровска Јулијана Величковска Ирена Јурчева Славица Гаџова-Свидерска Мерсиха Исмајлоска Драгана Евтимова Фросина Пармаковска Милена Ристова-Михајловска Живко Грозданоски Петар Андоновски Давор Стојановски Ана Бунтеска Иван Антоновски Михајло Свидерски Смиле Наумовски Брсјак Никола Илијовски

The post Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на Друштвото на писателите на Македонија appeared first on Република.

]]>