Друштво на писатели на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drushtvo-na-pisateli-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Друштво на писатели на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drushtvo-na-pisateli-na-makedonija/ 32 32 Промоција на книга за зборотворење во ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-za-zborotvorene-vo-dpm/ Thu, 21 Nov 2024 07:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=840135

Утре (петок) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи предавање-промоција на делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ од М-р Елизабета Јончиќ.

Настанот е замислен како промоција-предавање, но и како мало одбележување на јубилејот 90 години од раѓањето на Гане Тодоровски. За книгата на Јончиќ свои излагања ќе имаат и писателката и издавач Гордана Јовиќ-Стојковска и М-р Марија Стојановска, асистентка на Педагошкиот факултет во Битола.

Кога ќе се спомнат неологизми или кованици, најчесто првото нешто што ни паѓа напамет е нашиот класик Гане Тодоровски и неговите раскошни стихови со примери на зборотворење. Но, делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ е вистински новитет на ова поле, затоа што претставува првата студија кај нас за неологизмите во творештвото на една поетеса. За тоа на кој начин се конструирани новите зборови во поезијата на Мундишевска-Велјановска и кои се нивните одлики ќе зборува М-р Елизабета Јончиќ, членка на Друштвото на писателите на Македонија. Преку паралели со зборотворењето на Гане Тодоровски, Јончиќ ќе се обиде да одговори и на прашањето како новите зборови во современата македонска литература го отсликуваат духот на нашето време.

 

The post Промоција на книга за зборотворење во ДПМ appeared first on Република.

]]>

Утре (петок) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи предавање-промоција на делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ од М-р Елизабета Јончиќ. Настанот е замислен како промоција-предавање, но и како мало одбележување на јубилејот 90 години од раѓањето на Гане Тодоровски. За книгата на Јончиќ свои излагања ќе имаат и писателката и издавач Гордана Јовиќ-Стојковска и М-р Марија Стојановска, асистентка на Педагошкиот факултет во Битола. Кога ќе се спомнат неологизми или кованици, најчесто првото нешто што ни паѓа напамет е нашиот класик Гане Тодоровски и неговите раскошни стихови со примери на зборотворење. Но, делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ е вистински новитет на ова поле, затоа што претставува првата студија кај нас за неологизмите во творештвото на една поетеса. За тоа на кој начин се конструирани новите зборови во поезијата на Мундишевска-Велјановска и кои се нивните одлики ќе зборува М-р Елизабета Јончиќ, членка на Друштвото на писателите на Македонија. Преку паралели со зборотворењето на Гане Тодоровски, Јончиќ ќе се обиде да одговори и на прашањето како новите зборови во современата македонска литература го отсликуваат духот на нашето време.  

The post Промоција на книга за зборотворење во ДПМ appeared first on Република.

]]>