Друга приказна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/druga-prikazna/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 08:35:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Друга приказна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/druga-prikazna/ 32 32 Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/osmoto-izdanie-na-knizhevniot-festival-druga-prikazna-od-1-do-3-septemvri-vo-mkts-i-brutalisk/ Thu, 24 Aug 2023 08:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=675250

Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ овојпат во фокус ќе ја има темата „Попреченост“, а ќе се одржи од 1 до 3 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и локалот Бруталиск.

Фестивалот ќе биде отворен на 1 септември, петок, со промоцијата на книгата „Мост на бурната река“, односно разговор помеѓу Далибор Талајиќ и Денис Јанкуловски, кој ќе започне во 19 часот во МКЦ.

Во 20 часот ќе биде доделена наградата во рамки на фестивалот, овојпа на писателот Синиша Туциќ, по што ќе следува проекција на филмот „Расфрлани пасворди“, а потоаи разговор помеѓу наградениот Туциќ со уредникот и организатор на фестивалот, Никола Гелевски.

Првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со концерт на скопскиот бенд „Звук Караџиќ“.

Веќе на 2 септември, сабота, фестивалот ќе продолжи со промоција на 95-тото издание на книжевното списание „Маргина“, која ќе започне во 19 часот во МКЦ, по што ќе следува разговор со писателката Драгана Младеновиќ и Фросина Крушкаровска.

Потоа, во 20 часот, ќе биде промовирана сликовницата „Седум конци на сонцето“ на Младеновиќ и Инес Георгиевска, во чии рамки ќе има и проекција на анимирана верзија на сликовницата.

Втората вечер од фестивалот „Друга приказна“ ќе заврши со сеќавање на писателите Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари, а свои омилени исечоци ќе читаат македонски писател(к)и и уметници, лауерати на книжевниот фестивал. Настанот ќе започне во 21 часот, а водител ќе биде македонскиот писател Живко Гроздановски.

Третата, а воедно и последна фестивалска вечер ќе се одвива во скопскиот локал Бруталиск, каде фестивалската програма ќе трае од 18 до 22 часот.

Ќе бидат претставени три детски книги за попреченост, односно „За копчето и среќата“ од Јасминка Петровиќ, „Гуш и бац“ од Зоран Кардула и „Цветната приказна“ од Ирена Поповска.

Потоа ќе следи предавање на Иван Велисављевиќ за „Инвалидноста на филм“, по што ќе следи дискусија и разговор со присутните.

Фестивалот ќе биде заокружен со проекции на филмови за попреченост, односно „Беласица“ од Марија Апчевска, „Роза“ од Маја Младеновска и „Тежок андерграунд“, Ново културно насеље, Нови Сад.

The post Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск appeared first on Република.

]]>

Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ овојпат во фокус ќе ја има темата „Попреченост“, а ќе се одржи од 1 до 3 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и локалот Бруталиск. Фестивалот ќе биде отворен на 1 септември, петок, со промоцијата на книгата „Мост на бурната река“, односно разговор помеѓу Далибор Талајиќ и Денис Јанкуловски, кој ќе започне во 19 часот во МКЦ. Во 20 часот ќе биде доделена наградата во рамки на фестивалот, овојпа на писателот Синиша Туциќ, по што ќе следува проекција на филмот „Расфрлани пасворди“, а потоаи разговор помеѓу наградениот Туциќ со уредникот и организатор на фестивалот, Никола Гелевски. Првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со концерт на скопскиот бенд „Звук Караџиќ“. Веќе на 2 септември, сабота, фестивалот ќе продолжи со промоција на 95-тото издание на книжевното списание „Маргина“, која ќе започне во 19 часот во МКЦ, по што ќе следува разговор со писателката Драгана Младеновиќ и Фросина Крушкаровска. Потоа, во 20 часот, ќе биде промовирана сликовницата „Седум конци на сонцето“ на Младеновиќ и Инес Георгиевска, во чии рамки ќе има и проекција на анимирана верзија на сликовницата. Втората вечер од фестивалот „Друга приказна“ ќе заврши со сеќавање на писателите Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари, а свои омилени исечоци ќе читаат македонски писател(к)и и уметници, лауерати на книжевниот фестивал. Настанот ќе започне во 21 часот, а водител ќе биде македонскиот писател Живко Гроздановски. Третата, а воедно и последна фестивалска вечер ќе се одвива во скопскиот локал Бруталиск, каде фестивалската програма ќе трае од 18 до 22 часот. Ќе бидат претставени три детски книги за попреченост, односно „За копчето и среќата“ од Јасминка Петровиќ, „Гуш и бац“ од Зоран Кардула и „Цветната приказна“ од Ирена Поповска. Потоа ќе следи предавање на Иван Велисављевиќ за „Инвалидноста на филм“, по што ќе следи дискусија и разговор со присутните. Фестивалот ќе биде заокружен со проекции на филмови за попреченост, односно „Беласица“ од Марија Апчевска, „Роза“ од Маја Младеновска и „Тежок андерграунд“, Ново културно насеље, Нови Сад.

The post Осмото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“ од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск appeared first on Република.

]]>
Започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zapochnuva-knizevniot-festival-druga-prikazna/ Fri, 26 Aug 2022 07:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=544266

Започнува тридневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ кој во Скопје ќе претстави околу 40 гости од регионот и од земјата.

Фестивалот во 18 часот во Сули ан ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац со претставување на два свои сјајни проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“.

Централниот дел од вечерта ќе биде настанот посветен на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, која е и лауретка на овогодишното издание на „Друга приказна“. Во видео-разговор кој ќе го води Румена Бужаровска, таа ќе зборува за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза свои излагања ќе имаат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка).

Воедно, како што соопшти тимот на Фестивалот, ќе бидат промовирани две нови македонски изданија на Угрешиќ – нејзината најнова книга „Нарилник за вештерки“ и нејзиниот роман, „Штефица Цвек во челустите на животот“. Книгите се во коиздание на Темплум, Контрапункт и МАМА Загреб. Првата фестивалска вечер ќе биде затворена со мал концерт на Димитра.

Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони.

Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура.

 

The post Започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ appeared first on Република.

]]>

Започнува тридневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ кој во Скопје ќе претстави околу 40 гости од регионот и од земјата. Фестивалот во 18 часот во Сули ан ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац со претставување на два свои сјајни проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“. Централниот дел од вечерта ќе биде настанот посветен на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, која е и лауретка на овогодишното издание на „Друга приказна“. Во видео-разговор кој ќе го води Румена Бужаровска, таа ќе зборува за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза свои излагања ќе имаат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка). Воедно, како што соопшти тимот на Фестивалот, ќе бидат промовирани две нови македонски изданија на Угрешиќ – нејзината најнова книга „Нарилник за вештерки“ и нејзиниот роман, „Штефица Цвек во челустите на животот“. Книгите се во коиздание на Темплум, Контрапункт и МАМА Загреб. Првата фестивалска вечер ќе биде затворена со мал концерт на Димитра. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони. Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура.  

The post Започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ appeared first on Република.

]]>
 Со книжевна вечер посветена на Дубравка Угрешиќ утре започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-knizevna-vecher-posvetena-na-dubravka-ugreshikj-utre-zapochnuva-knizevniot-festival-druga-prikazna/ Thu, 25 Aug 2022 14:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=544071

Утре, 26 август, во Сули ан, започнува тродневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7, кој во Скопје ќе претстави 40-ина гости од регионот и од земјата. Вториот и третиот фестивалски ден ќе се одвиваат во МКЦ-Скопје.

Фестивалот во 18 часот ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац со претставување на два свои сјајни проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“.

Рачно илустрираните мапи од патописниот роман „Бантустан“ на Крчадинац претставуваат сложени таписерии од пиктограми, идеограми, различни писма, грбови, лавиринти, тајни пораки и скриени симболи. Како патописен роман и рачно илустриран атлас, интимна исповед и збирка животни приказни, „Бантусан“ е приказна за поделбите, изолацијата, контактот и замислувањето на новата картографија на човековите односи на заедничката планета.

Предавањето „Дигитална поетика“ е базирано на двете сестрински книги на Крчадинац, „Тактилна поезија“ и „Оптимизирана поезија“, воедно дигитално-книжевен уметнички проект. Тие ги опишуваат новите поетски пракси за производство на текст во време на масовен надзор, вештачка интелигенција и дигитална комодификација.

Централниот дел од вечерта, со почеток од 20:00 часот, ќе биде настанот посветен на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, која е и лауретка на овогодишното издание на „Друга приказна“. Во видео-разговор кој ќе го води Румена Бужаровска, таа ќе зборува за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза свои излагања ќе имаат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)...

Воедно, две нови македонски изданија на Угрешиќ ќе бидат промовирани: нејзината најнова книга „Нарилник за вештерки“ и нејзиниот, можеби најпознат роман, „Штефица Цвек во челустите на животот“. Книгите се во коиздание на Темплум, Контрапункт и МАМА Загреб.

Првата фестивалска вечер ќе биде затворена со мал концерт на Димитра во 22:30.
Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони...

Четириесетината учесници од регионот и од нашата земја ќе се обидат да ги лоцираат современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараат за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираат интригантни интердисциплинарни проекти кои го шират полето на културата...

„Новата писменост“, во контекстот на „Друга приказна“, меѓу другото значи и борба за поинакво, „поалтернативно“ разбирање на книжевноста, кое истовремено е пошироко, посинтетичко, и кое уште идеалистички веерува во моќта на книжевноста да ги менува човекот и светот.
Влезот на сите настани е слободен.

Фестивалот „Друга приказна“#7 е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура на Република Македонија

 

The post  Со книжевна вечер посветена на Дубравка Угрешиќ утре започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ appeared first on Република.

]]>

Утре, 26 август, во Сули ан, започнува тродневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7, кој во Скопје ќе претстави 40-ина гости од регионот и од земјата. Вториот и третиот фестивалски ден ќе се одвиваат во МКЦ-Скопје. Фестивалот во 18 часот ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац со претставување на два свои сјајни проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“. Рачно илустрираните мапи од патописниот роман „Бантустан“ на Крчадинац претставуваат сложени таписерии од пиктограми, идеограми, различни писма, грбови, лавиринти, тајни пораки и скриени симболи. Како патописен роман и рачно илустриран атлас, интимна исповед и збирка животни приказни, „Бантусан“ е приказна за поделбите, изолацијата, контактот и замислувањето на новата картографија на човековите односи на заедничката планета. Предавањето „Дигитална поетика“ е базирано на двете сестрински книги на Крчадинац, „Тактилна поезија“ и „Оптимизирана поезија“, воедно дигитално-книжевен уметнички проект. Тие ги опишуваат новите поетски пракси за производство на текст во време на масовен надзор, вештачка интелигенција и дигитална комодификација. Централниот дел од вечерта, со почеток од 20:00 часот, ќе биде настанот посветен на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, која е и лауретка на овогодишното издание на „Друга приказна“. Во видео-разговор кој ќе го води Румена Бужаровска, таа ќе зборува за своето творештво и општествен ангажман. За вонредните остварувања на Угрешиќ во експерименталната проза свои излагања ќе имаат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)... Воедно, две нови македонски изданија на Угрешиќ ќе бидат промовирани: нејзината најнова книга „Нарилник за вештерки“ и нејзиниот, можеби најпознат роман, „Штефица Цвек во челустите на животот“. Книгите се во коиздание на Темплум, Контрапункт и МАМА Загреб. Првата фестивалска вечер ќе биде затворена со мал концерт на Димитра во 22:30. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони... Четириесетината учесници од регионот и од нашата земја ќе се обидат да ги лоцираат современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараат за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираат интригантни интердисциплинарни проекти кои го шират полето на културата... „Новата писменост“, во контекстот на „Друга приказна“, меѓу другото значи и борба за поинакво, „поалтернативно“ разбирање на книжевноста, кое истовремено е пошироко, посинтетичко, и кое уште идеалистички веерува во моќта на книжевноста да ги менува човекот и светот. Влезот на сите настани е слободен. Фестивалот „Друга приказна“#7 е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура на Република Македонија  

The post  Со книжевна вечер посветена на Дубравка Угрешиќ утре започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ appeared first on Република.

]]>
Книжевениот фестивал „Друга приказна“ ќе ѝ ја додели главната награда на Дубравка Угрешиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizeveniot-festival-druga-prikazna-kje-ja-dodeli-glavnata-nagrada-na-dubravka-ugreshikj/ Fri, 19 Aug 2022 07:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=541856

Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ своето седмо издание годинава ќе го реализира на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони...

Со 15 гости од регионот и исто толку домашни, ќе се обидеме да ги лоцираме современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараме за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираме исклучителни интердисциплинарни проекти кои ги шират перцепциите на културата...

Главната награда оваа година ќе ѝ биде доделена на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, за нејзините вонредни остварувања во експерименталната проза. Разговорот со неа ќе го води Румена Бужаровска, а ќе бидат промовирани две нејзини нови книги на македонски. За творештвото на Угрешиќ ќе зборуваат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)...

Фестивалот ќе го отвори Урош Крчадинац со самостојната трансдисциплинарна изложба „Бантустански мапи“ - илустрирани мапи од патописниот роман „Бантустан“. Изложбата ќе биде проследена со предавање на авторот.

Своите творештва на фестивалот ќе ги претстават: Сенка Мариќ (писателка, поетеса и уредница), Срѓан Срдиќ (поет и уредник), Маша Сеничиќ (поетеса, сценаристка и уредница), Јана Букова (писателка и поетеса), Данило Лучиќ (поет и уредник). На фестивалот ќе гостува и словенечката пистелка за деца Јана Бауер, која беше лауреатка на фестивалот „Друга приказна“ во 2020 година.

И годинава повторно ќе се одржи традиционалниот перформативен натпревар со „едноминутни новели“ насловен „Овде паѓаат крупни зборови“, на кој со своите кратки фикции ќе се натпреваруваат 12 странски и домашни писател(к)и. Ова е вообичаено најпопуларниот настан на фестивалот, а изминативе години победници на натпреварот беа угледни авторски имиња.
Филмот „Долги реси“ на Драган Протиќ-Прота се фокусира на еден, денес заборавен дневен ритуал и преку духовито патување низ балканските дневни и спални соби, кројачки и куќни салони, ја оживејува „музиката“ на некогашните фабрики, заедници, естетски начела и ритуали. По проекцијата ќе следи разговор со авторот Протиќ.

Излагања во кои ќе ја претстават својата работа во наставата по книжевност и работата со млади ќе имаат и Ана Фазекаш (критичарка, уредница, есеистка), Хелена де Карина (професорка), Ружица Марјановиќ (професорка и уредница на фестивалот „На пола пута“), Барбара Прегељ (универзитетска професорка и истражувачка).

Ненад Тонкин ќе ја постави изложбата „Суштества страшни со фризури и машни“, скулптури со мал формат изработени од готови најдени предмети и рециклиран материјал.
Мал концерт ќе одржи Димитра Цилевска.

Влезот на сите настани е слободен.

Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура.

ПРОГРАМА
Петок (26.08.), Сули ан
18.00.-20.00. – „Бантустански мапи“ - изложба и предавање на Урош Крчадинац
20.00. ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ
- видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска
- разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски...
23.00. Димитра Цилевска - мал концерт

Сабота (27.08.), МКЦ
18.00.-20.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 1
- Сенка Мариќ со Калина Малеска
- Маша Сеничиќ со Душица Лазова
- Јана Букова со Душко Крстевски
- Срѓан Срдиќ и Данило Луциќ со Никола Гелевски
20.30. – „Суштества страшни со фризури и машни“ - изложба на Ненад Тонкин.
21.00. ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни новели“)
Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ... Водител: Владимир Лукаш
23.00. Проекција на филмот „Дуга реса“; разговор со режисерот Драган Протиќ

Недела (28.08.), МКЦ
15.30. - 18.00. Две креативни работилници за деца
„Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра“
со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски
18.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 2
- Разговор со Јана Бауер
- Барбара Прегељ со Никола Гелевски
- Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска
- Разговор со Ана Фазекаш
20.00. дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Ана Фазекаш, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ...

The post Книжевениот фестивал „Друга приказна“ ќе ѝ ја додели главната награда на Дубравка Угрешиќ appeared first on Република.

]]>

Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ своето седмо издание годинава ќе го реализира на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје. Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони... Со 15 гости од регионот и исто толку домашни, ќе се обидеме да ги лоцираме современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараме за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираме исклучителни интердисциплинарни проекти кои ги шират перцепциите на културата... Главната награда оваа година ќе ѝ биде доделена на угледната писателка Дубравка Угрешиќ, за нејзините вонредни остварувања во експерименталната проза. Разговорот со неа ќе го води Румена Бужаровска, а ќе бидат промовирани две нејзини нови книги на македонски. За творештвото на Угрешиќ ќе зборуваат и Гоце Смилевски (писател), Мерима Омерагиќ (книжевна теоретичарка), Ирена Јовановиќ (книжевна критичарка)... Фестивалот ќе го отвори Урош Крчадинац со самостојната трансдисциплинарна изложба „Бантустански мапи“ - илустрирани мапи од патописниот роман „Бантустан“. Изложбата ќе биде проследена со предавање на авторот. Своите творештва на фестивалот ќе ги претстават: Сенка Мариќ (писателка, поетеса и уредница), Срѓан Срдиќ (поет и уредник), Маша Сеничиќ (поетеса, сценаристка и уредница), Јана Букова (писателка и поетеса), Данило Лучиќ (поет и уредник). На фестивалот ќе гостува и словенечката пистелка за деца Јана Бауер, која беше лауреатка на фестивалот „Друга приказна“ во 2020 година. И годинава повторно ќе се одржи традиционалниот перформативен натпревар со „едноминутни новели“ насловен „Овде паѓаат крупни зборови“, на кој со своите кратки фикции ќе се натпреваруваат 12 странски и домашни писател(к)и. Ова е вообичаено најпопуларниот настан на фестивалот, а изминативе години победници на натпреварот беа угледни авторски имиња. Филмот „Долги реси“ на Драган Протиќ-Прота се фокусира на еден, денес заборавен дневен ритуал и преку духовито патување низ балканските дневни и спални соби, кројачки и куќни салони, ја оживејува „музиката“ на некогашните фабрики, заедници, естетски начела и ритуали. По проекцијата ќе следи разговор со авторот Протиќ. Излагања во кои ќе ја претстават својата работа во наставата по книжевност и работата со млади ќе имаат и Ана Фазекаш (критичарка, уредница, есеистка), Хелена де Карина (професорка), Ружица Марјановиќ (професорка и уредница на фестивалот „На пола пута“), Барбара Прегељ (универзитетска професорка и истражувачка). Ненад Тонкин ќе ја постави изложбата „Суштества страшни со фризури и машни“, скулптури со мал формат изработени од готови најдени предмети и рециклиран материјал. Мал концерт ќе одржи Димитра Цилевска. Влезот на сите настани е слободен. Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура. ПРОГРАМА Петок (26.08.), Сули ан 18.00.-20.00. – „Бантустански мапи“ - изложба и предавање на Урош Крчадинац 20.00. ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ - видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска - разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски... 23.00. Димитра Цилевска - мал концерт Сабота (27.08.), МКЦ 18.00.-20.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 1 - Сенка Мариќ со Калина Малеска - Маша Сеничиќ со Душица Лазова - Јана Букова со Душко Крстевски - Срѓан Срдиќ и Данило Луциќ со Никола Гелевски 20.30. – „Суштества страшни со фризури и машни“ - изложба на Ненад Тонкин. 21.00. ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни новели“) Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ... Водител: Владимир Лукаш 23.00. Проекција на филмот „Дуга реса“; разговор со режисерот Драган Протиќ Недела (28.08.), МКЦ 15.30. - 18.00. Две креативни работилници за деца „Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра“ со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски 18.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 2 - Разговор со Јана Бауер - Барбара Прегељ со Никола Гелевски - Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска - Разговор со Ана Фазекаш 20.00. дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Ана Фазекаш, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ...

The post Книжевениот фестивал „Друга приказна“ ќе ѝ ја додели главната награда на Дубравка Угрешиќ appeared first on Република.

]]>
Книжевниот фестивал „Друга приказна“ со повик до младите љубители на книжевноста и културата да се придружат во реализацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizevniot-festival-druga-prikazna-so-povik-do-mladite-ljubiteli-na-knizevnosta-i-kulturata-da-se-pridruzat-vo-realizacijata/ Mon, 18 Jul 2022 09:38:38 +0000 https://republika.mk/?p=530575

Книжевниот фестивал „Друга приказна“ ги повикува сите млади љубители на книжевноста и културата да ни се придружат во реализацијата на регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7!

Потребни ни се ентузијастични, љубопитни и ажурни волонтер(к)и кои сакаат подобро да ја запознаат и да се вклучат во книжевната и културната сцена во Скопје и да се подружат со писател(к)и, критичар(к)и, уредници, уметници и теоретичар(к)и од земјава и регионот.

Претходно волонтерско искуство е предност, но не е неопходно.

Волонтер(к)ите ќе имаат можност да се запознаат со процесот на подготовка и реализација на фестивалот, а во зависност од своите знаења и интереси ќе можат да помогнат во различни сегменти од организацијата на настаните, во комуникацијата со гостите, да учествуваат во создавањето медиумски и други текстуални содржини... Фестивалот има предвидено покривање дневница за волонтерите.

Сите заинтересирани може да не' контактираат на мејлот drugaprikazna.festival@gmail.com
наведувајќи ги следните информации: име и презиме и телефон за контакт. Рокот за пријавување е 12 август.

Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ во организација на издавачката куќа „Темплум“ по седми пат ќе се одржи на 26, 27 и 28 август. Ова година на фестивалската тема НОВА ПИСМЕНОСТ ќе се обединат 30-тина врвни книжевни имиња од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Во трите фестивалски дена ќе бидат исполнети со разговори, промоции, уметнички изложби, книжевни читања, предавања, работилници...

Повеќе за претходите фестивалски изданија погледнете овде.

The post Книжевниот фестивал „Друга приказна“ со повик до младите љубители на книжевноста и културата да се придружат во реализацијата appeared first on Република.

]]>

Книжевниот фестивал „Друга приказна“ ги повикува сите млади љубители на книжевноста и културата да ни се придружат во реализацијата на регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7! Потребни ни се ентузијастични, љубопитни и ажурни волонтер(к)и кои сакаат подобро да ја запознаат и да се вклучат во книжевната и културната сцена во Скопје и да се подружат со писател(к)и, критичар(к)и, уредници, уметници и теоретичар(к)и од земјава и регионот. Претходно волонтерско искуство е предност, но не е неопходно. Волонтер(к)ите ќе имаат можност да се запознаат со процесот на подготовка и реализација на фестивалот, а во зависност од своите знаења и интереси ќе можат да помогнат во различни сегменти од организацијата на настаните, во комуникацијата со гостите, да учествуваат во создавањето медиумски и други текстуални содржини... Фестивалот има предвидено покривање дневница за волонтерите. Сите заинтересирани може да не' контактираат на мејлот drugaprikazna.festival@gmail.com наведувајќи ги следните информации: име и презиме и телефон за контакт. Рокот за пријавување е 12 август. Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ во организација на издавачката куќа „Темплум“ по седми пат ќе се одржи на 26, 27 и 28 август. Ова година на фестивалската тема НОВА ПИСМЕНОСТ ќе се обединат 30-тина врвни книжевни имиња од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Во трите фестивалски дена ќе бидат исполнети со разговори, промоции, уметнички изложби, книжевни читања, предавања, работилници... Повеќе за претходите фестивалски изданија погледнете овде.

The post Книжевниот фестивал „Друга приказна“ со повик до младите љубители на книжевноста и културата да се придружат во реализацијата appeared first on Република.

]]>