дрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dron/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Feb 2024 15:08:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dron/ 32 32 Во Украина соборен дрон кој носел 22,5 килограми хашиш https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-soboren-dron-koj-nosel-22-5-kilogrami-hashish/ Sun, 11 Feb 2024 15:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=742874

Украинската погранична служба соопшти дека соборила дрон кој носел 22,5 килограми хашиш, при што се уапсени три лица.

Дронот е соборен во областа Волин, на границата со Полска и Белорусија.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на 346.000 долари.

The post Во Украина соборен дрон кој носел 22,5 килограми хашиш appeared first on Република.

]]>

Украинската погранична служба соопшти дека соборила дрон кој носел 22,5 килограми хашиш, при што се уапсени три лица. Дронот е соборен во областа Волин, на границата со Полска и Белорусија. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 346.000 долари.

The post Во Украина соборен дрон кој носел 22,5 килограми хашиш appeared first on Република.

]]>
Како евтините украински дронови уништуваат руски тенкови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-evtinite-ukrainski-dronovi-unishtuvaat-ruski-tenkovi/ Tue, 06 Feb 2024 14:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=741048

На Јутјуб каналот на британскиот Дејли Мејл е објавено понижувачко видео од неуспешниот напад на руски тенк кај Новомихаливка, украинско село во предградието на градот Доњецк.

На него се гледа како два руски тенкови се судираат пред да бидат кренати во воздух од украински беспилотни летала.

По судирот, еден од тенковите останува инвалид на бојното поле, но тогаш ситуацијата станала многу полоша за РуситеУкраинците користеле десетици евтини дронови за да ја уништат скапата руска воена опрема.

https://www.youtube.com/watch?v=_DoPLVitqv0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Како евтините украински дронови уништуваат руски тенкови appeared first on Република.

]]>

На Јутјуб каналот на британскиот Дејли Мејл е објавено понижувачко видео од неуспешниот напад на руски тенк кај Новомихаливка, украинско село во предградието на градот Доњецк. На него се гледа како два руски тенкови се судираат пред да бидат кренати во воздух од украински беспилотни летала. По судирот, еден од тенковите останува инвалид на бојното поле, но тогаш ситуацијата станала многу полоша за РуситеУкраинците користеле десетици евтини дронови за да ја уништат скапата руска воена опрема. https://www.youtube.com/watch?v=_DoPLVitqv0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Како евтините украински дронови уништуваат руски тенкови appeared first on Република.

]]>
Како на филм: Во најобезбедуваниот црногорски затвор со дрон се внесувале мобилни телефони https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kako-na-film-vo-najobezbeduvaniot-tsrnogorski-zatvor-so-dron-se-vnesuvale-mobilni-telefoni/ Wed, 31 Jan 2024 12:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=739005

Дваесет мобилни телефони биле одземени од затвореници, главно членови на Кавачкиот и Шкаљарскиот клан  при претрес во затворот Спуж. Овој затвор е еден од најбезбедните и затвори во Црна Гора.

Луѓе од надвор  со дрон ги фрлиле  телефоните во дворот. Тие точно знаеле каде да ги спуштат, градат дупка во дворот и ги кријат телефон во неа. Така, при претрес на просториите во кои престојуваат затворениците полицијата не може да  најде ништо.

The post Како на филм: Во најобезбедуваниот црногорски затвор со дрон се внесувале мобилни телефони appeared first on Република.

]]>

Дваесет мобилни телефони биле одземени од затвореници, главно членови на Кавачкиот и Шкаљарскиот клан  при претрес во затворот Спуж. Овој затвор е еден од најбезбедните и затвори во Црна Гора. Луѓе од надвор  со дрон ги фрлиле  телефоните во дворот. Тие точно знаеле каде да ги спуштат, градат дупка во дворот и ги кријат телефон во неа. Така, при претрес на просториите во кои престојуваат затворениците полицијата не може да  најде ништо.

The post Како на филм: Во најобезбедуваниот црногорски затвор со дрон се внесувале мобилни телефони appeared first on Република.

]]>
Русија произведе дрон „контролиран со мислите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-proizvede-dron-kontroliran-so-mislite/ Tue, 02 Jan 2024 21:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=729121

Руската национална технолошка иницијатива (НТИ) објави дека научниците од компанијата „Неуроботикс“ поврзале дрон со невроинтерфејс, кој им овозможува на пилотите да контролираат беспилотни летала со своите мисли.

Руските научници го поврзаа дронот „Пионир мини“, кој го произведува компанијата „Геоскан“, со невроинтерфејсот „Неуро плеј“. „Неуро плеј“ им овозможува на пилотите да го контролираат дронот користејќи импулси испратени од мозокот на пилотот, т.е. , неговите размислувања. Овој проект e корисен во натпревари на беспилотни летала контролирани со интерфејс мозок-компјутер, како и во рехабилитација во инклузивни натпревари. За пилотите е важен, бидејќи на овој начин ја подобрува концентрацијата, се вели во најавата, наведува Спутник.

Генералниот директор на компанијата „Неуроботикс“ Владимир Конишев рече дека контролирањето на беспилотните летала преку невроните е основа за проекти засновани на принципот на СТЕМ-образование (наука, технологија, инженерство, математика), кои бараат знаење од повеќе области: невротехнологија, мехатроника, аеродинамика и програмирање, кои се користат во игрите.

Планираме да одржиме натпревар со компанијата „Геоскан“ во Русија и се надевам дека ќе биде на меѓународно ниво. Има уште една важна карактеристика на оваа комбинирана технологија, а тоа е можноста за контрола на невроните со дронови. Ова не само што ја подобрува концентрацијата и вниманието на пилотот, туку веќе им овозможува да поднесуваат стрес и да ги контролираат емоциите при изведување на сложени операции, а тоа претставува важна алатка за подготовка на оператори на важни процеси, рече Конишев.

Генералниот директор на компанијата „Геоскан“ Алексеј Јурецки додаде дека интеграцијата на дронови со невроинтерфејс може да се користи при рехабилитација на луѓе во инклузивни натпревари кога, на пример, во еден тим има луѓе со ограничени здравствени можности.

The post Русија произведе дрон „контролиран со мислите“ appeared first on Република.

]]>

Руската национална технолошка иницијатива (НТИ) објави дека научниците од компанијата „Неуроботикс“ поврзале дрон со невроинтерфејс, кој им овозможува на пилотите да контролираат беспилотни летала со своите мисли. Руските научници го поврзаа дронот „Пионир мини“, кој го произведува компанијата „Геоскан“, со невроинтерфејсот „Неуро плеј“. „Неуро плеј“ им овозможува на пилотите да го контролираат дронот користејќи импулси испратени од мозокот на пилотот, т.е. , неговите размислувања. Овој проект e корисен во натпревари на беспилотни летала контролирани со интерфејс мозок-компјутер, како и во рехабилитација во инклузивни натпревари. За пилотите е важен, бидејќи на овој начин ја подобрува концентрацијата, се вели во најавата, наведува Спутник. Генералниот директор на компанијата „Неуроботикс“ Владимир Конишев рече дека контролирањето на беспилотните летала преку невроните е основа за проекти засновани на принципот на СТЕМ-образование (наука, технологија, инженерство, математика), кои бараат знаење од повеќе области: невротехнологија, мехатроника, аеродинамика и програмирање, кои се користат во игрите. Планираме да одржиме натпревар со компанијата „Геоскан“ во Русија и се надевам дека ќе биде на меѓународно ниво. Има уште една важна карактеристика на оваа комбинирана технологија, а тоа е можноста за контрола на невроните со дронови. Ова не само што ја подобрува концентрацијата и вниманието на пилотот, туку веќе им овозможува да поднесуваат стрес и да ги контролираат емоциите при изведување на сложени операции, а тоа претставува важна алатка за подготовка на оператори на важни процеси, рече Конишев. Генералниот директор на компанијата „Геоскан“ Алексеј Јурецки додаде дека интеграцијата на дронови со невроинтерфејс може да се користи при рехабилитација на луѓе во инклузивни натпревари кога, на пример, во еден тим има луѓе со ограничени здравствени можности.

The post Русија произведе дрон „контролиран со мислите“ appeared first on Република.

]]>
Украина ќе произведува дронови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-ke-proizveduva-dronovi/ Wed, 20 Dec 2023 13:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=724886

Украина планира да произведе еден милион извидувачки и офанзивни беспилотни летала ФПВ и повеќе од 11.000 беспилотни летала со среден и долг дострел следната година, изјави денеска украинскиот министер за воена индустрија Олександар Камишин.

„Сите производствени погони се подготвени и почнува склучувањето на договорите за 2024 година“, рече Камишин.

Тој додаде дека планирано e и производство на најмалку 1.000 дронови со дострел поголем од 1.000 километри.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

„Прашањето е многу чувствително. Од Армијата укажаа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција.

The post Украина ќе произведува дронови appeared first on Република.

]]>

Украина планира да произведе еден милион извидувачки и офанзивни беспилотни летала ФПВ и повеќе од 11.000 беспилотни летала со среден и долг дострел следната година, изјави денеска украинскиот министер за воена индустрија Олександар Камишин. „Сите производствени погони се подготвени и почнува склучувањето на договорите за 2024 година“, рече Камишин. Тој додаде дека планирано e и производство на најмалку 1.000 дронови со дострел поголем од 1.000 километри. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.
„Прашањето е многу чувствително. Од Армијата укажаа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција.

The post Украина ќе произведува дронови appeared first on Република.

]]>
Австриската полиција користи дронови за да ја надгледува границата меѓу Србија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstriskata-politsija-koristi-dronovi-za-da-ja-nadgleduva-granitsata-megu-srbija-i-makedonija/ Mon, 04 Dec 2023 14:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=719547

Австриската полиција користи дронови за да ѝ помогне на Србија да ја надгледува границата со Македонија, изјавија за австриската агенција АПА во министерството за внатрешни работи во Виена.

Апсолутно е неопходна блиска прекугранична соработка во борбата против бруталните шверцери на луѓе. Затоа, знаењето на австриските специјалисти за дронови се бара и на границата на Србија и Македонија“, изјави за агенцијата министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

Според АПА, властите во Белград минатата недела иницираа интензивни мерки на границата со Македонија и Бугарија, што резултираше со значително намалување на илегалната миграција во Австрија, односно граничните премини во областа на провинцијата Бургенланд/Градишќе, која граничи со Унгарија.

Според АПА, тоа е поврзано и со зголемените контроли по мигрантските рути и со зголемените патроли на австриската полиција на границата со Унгарија.

Според министерството во Виена, повеќе од сто австриски полицајци во моментов се вработени во одредени балкански земји и во Унгарија. Во Србија се стационирани 13 полицајци кои поседуваат најсовремена опрема како автобуси со системи за термичка слика и дронови.

 

The post Австриската полиција користи дронови за да ја надгледува границата меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Австриската полиција користи дронови за да ѝ помогне на Србија да ја надгледува границата со Македонија, изјавија за австриската агенција АПА во министерството за внатрешни работи во Виена.
Апсолутно е неопходна блиска прекугранична соработка во борбата против бруталните шверцери на луѓе. Затоа, знаењето на австриските специјалисти за дронови се бара и на границата на Србија и Македонија“, изјави за агенцијата министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.
Според АПА, властите во Белград минатата недела иницираа интензивни мерки на границата со Македонија и Бугарија, што резултираше со значително намалување на илегалната миграција во Австрија, односно граничните премини во областа на провинцијата Бургенланд/Градишќе, која граничи со Унгарија. Според АПА, тоа е поврзано и со зголемените контроли по мигрантските рути и со зголемените патроли на австриската полиција на границата со Унгарија. Според министерството во Виена, повеќе од сто австриски полицајци во моментов се вработени во одредени балкански земји и во Унгарија. Во Србија се стационирани 13 полицајци кои поседуваат најсовремена опрема како автобуси со системи за термичка слика и дронови.  

The post Австриската полиција користи дронови за да ја надгледува границата меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>
Украински дронови летале кон Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-dronovi-letale-kon-moskva/ Mon, 27 Nov 2023 07:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=716499

Украина се обиде да ја нападне Москва со десетици беспилотни летала, соопштија синоќа руските власти, само еден ден откако украинските власти информираа дека Русија го извршила најголемиот напад со беспилотни летала врз Киев од почетокот на војната во 2022 година.

Руската противвоздушна одбрана собори најмалку 24 беспилотни летала над областа околу Москва, но не вклучувајќи го главниот град, и над четири други провинции на југ и запад, соопштија руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин во серија изјави на Телеграм. Тие не соопштија дали има жртви.

Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов преку Телеграм соопшти дека во нападите со дронови се оштетени три згради, наведувајќи дека нема повредени.

Беспилотно летало удрило во дванаесеткатна станбена зграда во западниот руски град Тула, на околу 180 километри јужно од Москва, при што полесно е повредено едно лице и причинета е ограничена штета, напиша локалниот гувернер Алексеј Дјумин на Телеграм.

Московските аеродроми Внуково и Домодедово беа накратко затворени поради напади со беспилотни летала, јави руската државна новинска агенција Тасс. Според податоците на меѓународните портали за следење летови, двата продолжија со редовните операции вчера до 6 часот наутро.

Украинските власти веднаш не ги коментираа нападите, кои уследија еден ден откако Русија го нападна главниот град на Украина со 60 беспилотни летала Шахед.

Украинските воздухопловни сили вчераизутрина соопштија дека собориле осум од деветте беспилотни летала Шахед, испукани од руските сили во текот на ноќта

The post Украински дронови летале кон Москва appeared first on Република.

]]>

Украина се обиде да ја нападне Москва со десетици беспилотни летала, соопштија синоќа руските власти, само еден ден откако украинските власти информираа дека Русија го извршила најголемиот напад со беспилотни летала врз Киев од почетокот на војната во 2022 година. Руската противвоздушна одбрана собори најмалку 24 беспилотни летала над областа околу Москва, но не вклучувајќи го главниот град, и над четири други провинции на југ и запад, соопштија руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин во серија изјави на Телеграм. Тие не соопштија дали има жртви. Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов преку Телеграм соопшти дека во нападите со дронови се оштетени три згради, наведувајќи дека нема повредени. Беспилотно летало удрило во дванаесеткатна станбена зграда во западниот руски град Тула, на околу 180 километри јужно од Москва, при што полесно е повредено едно лице и причинета е ограничена штета, напиша локалниот гувернер Алексеј Дјумин на Телеграм. Московските аеродроми Внуково и Домодедово беа накратко затворени поради напади со беспилотни летала, јави руската државна новинска агенција Тасс. Според податоците на меѓународните портали за следење летови, двата продолжија со редовните операции вчера до 6 часот наутро. Украинските власти веднаш не ги коментираа нападите, кои уследија еден ден откако Русија го нападна главниот град на Украина со 60 беспилотни летала Шахед. Украинските воздухопловни сили вчераизутрина соопштија дека собориле осум од деветте беспилотни летала Шахед, испукани од руските сили во текот на ноќта

The post Украински дронови летале кон Москва appeared first on Република.

]]>
Утрински руски напад со дронови „камикази“ во Доњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrinski-ruski-napad-so-dronovi-kamikazi-vo-donetsk/ Tue, 21 Nov 2023 08:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=714631

Русија во текот на ноќта изврши напад врз територијата на Украина со 11 беспилотни летала камикази од типот „Шахед“ и пет ракети, соопшти украинската армија.

Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 10 напаѓачки беспилотни летала.

„Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи четири противвоздушни наведувани ракети С-300, крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 11 напаѓачки беспилотни летала „Шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја и друга цивилна инфраструктура.

The post Утрински руски напад со дронови „камикази“ во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Русија во текот на ноќта изврши напад врз територијата на Украина со 11 беспилотни летала камикази од типот „Шахед“ и пет ракети, соопшти украинската армија. Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 10 напаѓачки беспилотни летала. „Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи четири противвоздушни наведувани ракети С-300, крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 11 напаѓачки беспилотни летала „Шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја и друга цивилна инфраструктура.

The post Утрински руски напад со дронови „камикази“ во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Американски дронови ќе летаат над Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/amerikanski-dronovi-ke-letaat-nad-kosovo/ Wed, 11 Oct 2023 10:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=690116

Полицијата и Полицискиот инспекторат на Косово ја примија денеска, на пригодна церемонија, донацијата од седум беспилотни летала од Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа им се заблагодари на САД за донацијата и поддршката, која, како што рече, е особено значајна во деновите кога полицијата загуби еден од своите наредници, односно по убиството на полицаецот Африм Буњаку во селото Бањска во северно Косово, на 24 септември.

Тој ја оцени донацијата од САД како исклучително неопходна и вредна.

- (Донацијата) ќе влијае на градењето на капацитетите на полицијата, како што се граничниот надзор и истрагите. Станува збор за беспилотни летала и опрема кои се избрани од експертите на косовската полиција. Можам да му гарантирам на амбасадорот (на САД, Џефри Ховениер) дека полицијата ќе ги користи сите овие уреди во легални цели со цел да обезбеди поквалитетни услуги за сите граѓани, рече Хоџа.

Американскиот амбасадор, Ховениер ги опиша пристигнатите дронови како „витален ресурс за органите за спроведување на законот во Косово“.

- Дроновите ќе помогнат во борбата против негативните појави. Тие ќе бидат витален ресурс во справувањето со организираниот криминал и борбата против шверцот. Добивањето добри информации, исто така, ќе помогне да се преземат навремени дејствија, рече Ховениер.

Тој нагласи дека последната донација претставува продолжување на поддршката на САД за Косово.

The post Американски дронови ќе летаат над Косово appeared first on Република.

]]>

Полицијата и Полицискиот инспекторат на Косово ја примија денеска, на пригодна церемонија, донацијата од седум беспилотни летала од Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа им се заблагодари на САД за донацијата и поддршката, која, како што рече, е особено значајна во деновите кога полицијата загуби еден од своите наредници, односно по убиството на полицаецот Африм Буњаку во селото Бањска во северно Косово, на 24 септември. Тој ја оцени донацијата од САД како исклучително неопходна и вредна.
- (Донацијата) ќе влијае на градењето на капацитетите на полицијата, како што се граничниот надзор и истрагите. Станува збор за беспилотни летала и опрема кои се избрани од експертите на косовската полиција. Можам да му гарантирам на амбасадорот (на САД, Џефри Ховениер) дека полицијата ќе ги користи сите овие уреди во легални цели со цел да обезбеди поквалитетни услуги за сите граѓани, рече Хоџа.
Американскиот амбасадор, Ховениер ги опиша пристигнатите дронови како „витален ресурс за органите за спроведување на законот во Косово“. - Дроновите ќе помогнат во борбата против негативните појави. Тие ќе бидат витален ресурс во справувањето со организираниот криминал и борбата против шверцот. Добивањето добри информации, исто така, ќе помогне да се преземат навремени дејствија, рече Ховениер. Тој нагласи дека последната донација претставува продолжување на поддршката на САД за Косово.

The post Американски дронови ќе летаат над Косово appeared first on Република.

]]>
Спречен напад со дрон во близина на Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sprechen-napad-so-dron-vo-blizina-na-moskva/ Sat, 07 Oct 2023 09:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=688828

Руската воздушна одбрана соопшти дека соборила украинско беспилотно летало во близина на Москва.

Според руското Министерство за одбрана, нападот бил одбиен во областа Истар северозападно од главниот град на Русија.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм објави дека прелиминарните извештаи покажуваат дека нема жртви или штети, но дека итни служби се на терен.

The post Спречен напад со дрон во близина на Москва appeared first on Република.

]]>

Руската воздушна одбрана соопшти дека соборила украинско беспилотно летало во близина на Москва. Според руското Министерство за одбрана, нападот бил одбиен во областа Истар северозападно од главниот град на Русија. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм објави дека прелиминарните извештаи покажуваат дека нема жртви или штети, но дека итни служби се на терен.

The post Спречен напад со дрон во близина на Москва appeared first on Република.

]]>
Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dron-so-eksploziv-pronajden-na-bregot-na-bugarsko-odmoralishte-2/ Mon, 18 Sep 2023 08:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=682783

На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив, јавија бугарските медиуми.

Дронот е пронајден случајно синоќа. Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата.

Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање дрон со експлозив.

Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.

The post Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште appeared first on Република.

]]>

На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив, јавија бугарските медиуми. Дронот е пронајден случајно синоќа. Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата. Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање дрон со експлозив. Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.

The post Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште appeared first on Република.

]]>
Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dron-so-eksploziv-pronajden-na-bregot-na-bugarsko-odmoralishte/ Mon, 18 Sep 2023 07:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=682752

На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив, јавија бугарските медиуми.

Дронот е пронајден случајно синоќа. Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата.

Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање дрон со експлозив.

Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.

The post Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште appeared first on Република.

]]>

На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив, јавија бугарските медиуми. Дронот е пронајден случајно синоќа. Не е познато како дронот завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил однесен од плимата. Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање дрон со експлозив. Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.

The post Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште appeared first on Република.

]]>
Прв лет на дрон на НАТО над Финска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prv-let-na-dron-na-nato-nad-finska/ Thu, 14 Sep 2023 10:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=681863

Беспилотното извидувачко летало на НАТО, Ер-Кју-4Д „Феникс“, го заврши првиот лет на дрон на Алијансата над територијата на Финска, најновата членка на Пактот.

Како што соопшти НАТО, дронот, кој летал на големи височини над териториите на сојузниците и во меѓународниот воздушен простор, собирал податоци за потребите на Алијансата наменети за поддршка на мерките за колективно одвраќање и одбрана.

Мисијата на дронтот, кој е во состав на Копнените сили за надзор на НАТО (НАГСФ), е извршена во период кога Воздухопловните сили на НАТО продолжуваат да ги засилуваат своите извидувачки мисии на источните граници на Алијансата како резултата на руската агресија врз Украина.

Од 2022 година, флотата од дронови на НАТО за копнено извидување изврши повеќе мисии на источното крило на Алијансата, претежно во регионот на Црното Море.

Ер-Кју-4Д „Феникс“ е меѓу најнапредните беспилотни летала во светот, кои можат да се користат за разузнавање, надзор и извидување на широк простор. Дронот е стациониран во база во италијанскиот град Сигонела и може да остане во воздух повеќе од 30 часа.

Податоците собрани од дронот и анализирани од експерти на НАГСФ се достапни за сите сојузници на Алијансата, се додава во соопштението.

 

The post Прв лет на дрон на НАТО над Финска appeared first on Република.

]]>

Беспилотното извидувачко летало на НАТО, Ер-Кју-4Д „Феникс“, го заврши првиот лет на дрон на Алијансата над територијата на Финска, најновата членка на Пактот. Како што соопшти НАТО, дронот, кој летал на големи височини над териториите на сојузниците и во меѓународниот воздушен простор, собирал податоци за потребите на Алијансата наменети за поддршка на мерките за колективно одвраќање и одбрана. Мисијата на дронтот, кој е во состав на Копнените сили за надзор на НАТО (НАГСФ), е извршена во период кога Воздухопловните сили на НАТО продолжуваат да ги засилуваат своите извидувачки мисии на источните граници на Алијансата како резултата на руската агресија врз Украина. Од 2022 година, флотата од дронови на НАТО за копнено извидување изврши повеќе мисии на источното крило на Алијансата, претежно во регионот на Црното Море. Ер-Кју-4Д „Феникс“ е меѓу најнапредните беспилотни летала во светот, кои можат да се користат за разузнавање, надзор и извидување на широк простор. Дронот е стациониран во база во италијанскиот град Сигонела и може да остане во воздух повеќе од 30 часа. Податоците собрани од дронот и анализирани од експерти на НАГСФ се достапни за сите сојузници на Алијансата, се додава во соопштението.  

The post Прв лет на дрон на НАТО над Финска appeared first on Република.

]]>
Најмалку 30 загинати во напад со дрон на пазар во Картум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-30-zaginati-vo-napad-so-dron-na-pazar-vo-kartum/ Sun, 10 Sep 2023 16:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=680619

Најмалку 30 луѓе загинале во напад со беспилотно летало на отворен пазар во јужниот дел од главниот град на Судан, Картум, соопштија активисти и медицински работници, додека армијата и моќната паравоена група се борат за власт во земјата.

Најмалку триесет лица се ранети, соопшти активистичката група позната како Комитети на отпорот, како и двајца здравствени работници од Универзитетската болница Башир каде што биле пренесени.

Засега не се знае која страна во конфликтот стои зад денешниот напад. Неселективните артилериски и воздушните напади од двете страни не се невообичаени во војната во Судан, која го претвори поширокиот регион Картум во бојно поле.

Борбите меѓу армијата на земјата предводена од Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагал траат од средината на април.

Судирите се проширија од главниот град во неколку делови од земјата. Во пошироката област Картум, која ги опфаќа градовите Картум, Омдурман и Бахри, трупите на РСФ презедоа цивилни станови и ги претворија во оперативни бази. Како одговор, војската бомбардираше станбени населби, соопштија групите за човекови права и активистите.

Во западниот регион на Дарфур, каде што се водеше кампања за геноцид во раните 2000-ти, конфликтот ескалира во етничко насилство каде што членовите на РСФ и сојузничките арапски милитанти ги нападнаа етничките африкански групи, според Обединетите нации.

Повеќе од 4.000 луѓе загинаа во војната, според августовските податоци на ОН, но лекарите и активистите веруваат дека реалната бројка на жртви е многу поголема.

The post Најмалку 30 загинати во напад со дрон на пазар во Картум appeared first on Република.

]]>

Најмалку 30 луѓе загинале во напад со беспилотно летало на отворен пазар во јужниот дел од главниот град на Судан, Картум, соопштија активисти и медицински работници, додека армијата и моќната паравоена група се борат за власт во земјата. Најмалку триесет лица се ранети, соопшти активистичката група позната како Комитети на отпорот, како и двајца здравствени работници од Универзитетската болница Башир каде што биле пренесени. Засега не се знае која страна во конфликтот стои зад денешниот напад. Неселективните артилериски и воздушните напади од двете страни не се невообичаени во војната во Судан, која го претвори поширокиот регион Картум во бојно поле. Борбите меѓу армијата на земјата предводена од Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагал траат од средината на април. Судирите се проширија од главниот град во неколку делови од земјата. Во пошироката област Картум, која ги опфаќа градовите Картум, Омдурман и Бахри, трупите на РСФ презедоа цивилни станови и ги претворија во оперативни бази. Како одговор, војската бомбардираше станбени населби, соопштија групите за човекови права и активистите. Во западниот регион на Дарфур, каде што се водеше кампања за геноцид во раните 2000-ти, конфликтот ескалира во етничко насилство каде што членовите на РСФ и сојузничките арапски милитанти ги нападнаа етничките африкански групи, според Обединетите нации. Повеќе од 4.000 луѓе загинаа во војната, според августовските податоци на ОН, но лекарите и активистите веруваат дека реалната бројка на жртви е многу поголема.

The post Најмалку 30 загинати во напад со дрон на пазар во Картум appeared first on Република.

]]>
Украински дрон погодил руска воена база на Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-dron-pogodil-ruska-voena-baza-na-krim/ Sat, 26 Aug 2023 09:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=675959

Украинската воена разузнавачка агенција (ГРУ) утринава соопшти дека украински дрон ноќеска погодил руска воена база на Крим, додека локалното население тврди дека има жртви, јавуваат британските медиуми.

Претставници на ГРУ изјавија дека во нападот била нападната и погодена 126-та крајбрежна одбранбена бригада, чие седиште се наоѓа во градот Перевалњоје, на повеќе од 200 километри од територијата контролирана од Киев.

Потврдуваме дека дојде до погодок – изјави портпаролот на ГРУ, Андриј Јусов за порталот Лига.Нет, пренесен од британските медиуми.

Жителите на Перевалњоје на Телеграм пишуваат дека слушнале експлозии од воената база и тврдат дека има жртви.

„Две лица загинаа на полигонот, а едно е префрлено во болница во тешка состојба“, напишал еден од корисниците на Телеграм, додека друг изјавил дека влезот во градот е затворен.

Од друга страна, руската противвоздушна одбрана рано утринава уништила украинско беспилотно летало над Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што се наведува во соопштението, дронот бил соборен над московската населба Истра, јави Тасс.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот канал Телеграм, потврди дека дронот бил соборен додека се приближувал кон центарот на руската престолнина и дека во овој настан нема повредени.

По инцидентот, трите главни московски аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково ги прекинаа летовите.

 

The post Украински дрон погодил руска воена база на Крим appeared first on Република.

]]>

Украинската воена разузнавачка агенција (ГРУ) утринава соопшти дека украински дрон ноќеска погодил руска воена база на Крим, додека локалното население тврди дека има жртви, јавуваат британските медиуми. Претставници на ГРУ изјавија дека во нападот била нападната и погодена 126-та крајбрежна одбранбена бригада, чие седиште се наоѓа во градот Перевалњоје, на повеќе од 200 километри од територијата контролирана од Киев.
Потврдуваме дека дојде до погодок – изјави портпаролот на ГРУ, Андриј Јусов за порталот Лига.Нет, пренесен од британските медиуми.
Жителите на Перевалњоје на Телеграм пишуваат дека слушнале експлозии од воената база и тврдат дека има жртви. „Две лица загинаа на полигонот, а едно е префрлено во болница во тешка состојба“, напишал еден од корисниците на Телеграм, додека друг изјавил дека влезот во градот е затворен. Од друга страна, руската противвоздушна одбрана рано утринава уништила украинско беспилотно летало над Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. Како што се наведува во соопштението, дронот бил соборен над московската населба Истра, јави Тасс. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот канал Телеграм, потврди дека дронот бил соборен додека се приближувал кон центарот на руската престолнина и дека во овој настан нема повредени. По инцидентот, трите главни московски аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково ги прекинаа летовите.  

The post Украински дрон погодил руска воена база на Крим appeared first on Република.

]]>
Драматично видео од Москва: дрон удри во солитер! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dramatichno-video-od-moskva-dron-udri-vo-soliter/ Wed, 23 Aug 2023 07:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=674820

Солитер во центарот на Москва ноќеска е оштетен кога во него удри дрон, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Пред зори силна експлозија одекна во центарот на Москва, на само 5 километри од Кремљ.

„Малку по 3 часот се слушна силна експлозија, а потоа се виде како дим од правец на тие згради во центарот“, велат очевидци.

Дронот удрил во висина на 10-тиот кат.

Руското Министерство за одбрана тврди дека дронот изгубил контрола и удрил во објектот.

„Во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана спречија уште еден обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни авиони од типот на авиони врз градот Москва“, соопшти Министерството, нагласувајќи дека нема жртви.

Во текот на ноќта, летовите беа прекинати на бројни аеродроми, но авиосообраќајот, наводно, утрово повторно функционира нормално.

 

The post Драматично видео од Москва: дрон удри во солитер! appeared first on Република.

]]>

Солитер во центарот на Москва ноќеска е оштетен кога во него удри дрон, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Пред зори силна експлозија одекна во центарот на Москва, на само 5 километри од Кремљ. „Малку по 3 часот се слушна силна експлозија, а потоа се виде како дим од правец на тие згради во центарот“, велат очевидци. Дронот удрил во висина на 10-тиот кат. Руското Министерство за одбрана тврди дека дронот изгубил контрола и удрил во објектот.
„Во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана спречија уште еден обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни авиони од типот на авиони врз градот Москва“, соопшти Министерството, нагласувајќи дека нема жртви.
Во текот на ноќта, летовите беа прекинати на бројни аеродроми, но авиосообраќајот, наводно, утрово повторно функционира нормално.  

The post Драматично видео од Москва: дрон удри во солитер! appeared first on Република.

]]>
Авион Су-30 спречи американски дрон да надлета над Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avion-su-30-sprechi-amerikanski-dron-da-nadleta-nad-rusija/ Sat, 05 Aug 2023 16:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=669021

Руски воен авион Су-30 денеска се обиде да пресретне американско извидувачко беспилотно летало со цел истото да не надлетува над територија што е под контрола на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Рускиот екипаж го идентификуваше дронот како извидувачки дрон на американските воздухопловни сили „ЕмКу-9А Рипер“ (MQ-9 A Reaper“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се истакнува и дека откако рускиот авион почнал да се приближува американскиот дрон заминал од руската граница.

Не е наведено каде се случил инцидентот

The post Авион Су-30 спречи американски дрон да надлета над Русија appeared first on Република.

]]>

Руски воен авион Су-30 денеска се обиде да пресретне американско извидувачко беспилотно летало со цел истото да не надлетува над територија што е под контрола на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана. Рускиот екипаж го идентификуваше дронот како извидувачки дрон на американските воздухопловни сили „ЕмКу-9А Рипер“ (MQ-9 A Reaper“, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението се истакнува и дека откако рускиот авион почнал да се приближува американскиот дрон заминал од руската граница. Не е наведено каде се случил инцидентот

The post Авион Су-30 спречи американски дрон да надлета над Русија appeared first on Република.

]]>
Објавени снимки од нападот на Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaveni-snimki-od-napadot-na-moskva/ Tue, 01 Aug 2023 09:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=667527

Московската кула во кој се сместени седум владини министерства беше нападната со дрон во раните утрински часови во вторникот, што е втор напад во последните две ноќи.

Зградата IQ е местото каде што се наоѓа руското Министерство за економија и комуникации.

Надзорните снимки од внатрешноста на кулата во центарот на градот, неколку километри западно од Кремљ, објавени на интернет, се чини дека ја покажуваат експлозијата непосредно пред 1 часот по полноќ.

Но, Игор Суско, руско-украински набљудувач, рече дека временскиот печат на снимката може да биде погрешен, бидејќи воздушната одбрана на Москва го собори дронот во 3.13 часот на периферијата на градот.

Тој шпекулирал дека кулата можела да биде нападната во 03:00 часот, а не во 12:50 часот.

„Провоздушната одбрана на Москва не работи“, рече тој покрај една од снимките.

„Се чини дека таргетирањето е хируршки прецизно. Дронот најверојатно летал низ прозорецот и детонирал внатре, врз основа на оваа штета“, рече тој на Твитер (Икс).

Засега нема информации за повредени, иако на лице место била брза помош.

Над Одинчово после полноќ е снимен дрон кој доаѓа.

Мос

Два дрона се соборени во Одинцово и Наро-Фоминск, соопштија московските власти.

Сергеј Собјанин, градоначалникот на Москва, изјави дека фасадата на кулата IQ е оштетена.

„Еден влета во истата кула во комплексот на Московскиот град што претходно беше погодена“, рече тој.

Руските власти ја обвинија Украина за нападите, но Киев директно не ја презеде одговорноста.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека претходниот ден бил спречен напад со украинско беспилотно летало - втор за една недела.

Никој не е повреден во тој напад, а причинета е само мала материјална штета, но ваквите напади се непријатни за властите кои на јавноста и соопштија дека Русија има целосна контрола врз, како што ја нарекуваат, нивната „специјална воена операција“ во Украина.

 

 

 

 

The post Објавени снимки од нападот на Москва appeared first on Република.

]]>

Московската кула во кој се сместени седум владини министерства беше нападната со дрон во раните утрински часови во вторникот, што е втор напад во последните две ноќи. Зградата IQ е местото каде што се наоѓа руското Министерство за економија и комуникации. Надзорните снимки од внатрешноста на кулата во центарот на градот, неколку километри западно од Кремљ, објавени на интернет, се чини дека ја покажуваат експлозијата непосредно пред 1 часот по полноќ. Но, Игор Суско, руско-украински набљудувач, рече дека временскиот печат на снимката може да биде погрешен, бидејќи воздушната одбрана на Москва го собори дронот во 3.13 часот на периферијата на градот. Тој шпекулирал дека кулата можела да биде нападната во 03:00 часот, а не во 12:50 часот.
„Провоздушната одбрана на Москва не работи“, рече тој покрај една од снимките. „Се чини дека таргетирањето е хируршки прецизно. Дронот најверојатно летал низ прозорецот и детонирал внатре, врз основа на оваа штета“, рече тој на Твитер (Икс).
Засега нема информации за повредени, иако на лице место била брза помош. Над Одинчово после полноќ е снимен дрон кој доаѓа. Мос Два дрона се соборени во Одинцово и Наро-Фоминск, соопштија московските власти. Сергеј Собјанин, градоначалникот на Москва, изјави дека фасадата на кулата IQ е оштетена.
„Еден влета во истата кула во комплексот на Московскиот град што претходно беше погодена“, рече тој.
Руските власти ја обвинија Украина за нападите, но Киев директно не ја презеде одговорноста. Руското Министерство за одбрана соопшти дека претходниот ден бил спречен напад со украинско беспилотно летало - втор за една недела. Никој не е повреден во тој напад, а причинета е само мала материјална штета, но ваквите напади се непријатни за властите кои на јавноста и соопштија дека Русија има целосна контрола врз, како што ја нарекуваат, нивната „специјална воена операција“ во Украина.        

The post Објавени снимки од нападот на Москва appeared first on Република.

]]>
Собјанин: Спречени нови напади со дронови врз Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sobjanin-sprecheni-novi-napadi-so-dronovi-vrz-moskva/ Tue, 01 Aug 2023 07:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=667445

Руската противвоздушна одбрана во раните утрински часови собори неколку беспилотни летала над главниот град, изјави утринава градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесе ДПА.

Едно беспилотно летало ја оштети фасадата на една висококатница, изјави Собјанин на својот канал Телеграм.

Засега нема информации за жртви.

ДПА ја пренесува руската агенција Тасс која објави дека едно беспилотно летало удрило во високата зграда на градската управа.

Московскиот аеродром „Внуково“, во југозападниот дел на руската престолнина, е привремено затворен за полетувања и слетувања, јави Тасс. Летовите од него се пренасочуваа на други аеродроми.

Москва веќе беше цел на неколку напади со беспилотни летала, кои дојдоа додека Русија ја продолжува својата инвазија на соседна Украина, започната во февруари 2022 година.

Москва, исто така, постојано го гаѓа Киев со беспилотни летала, проектили и крстосувачки ракети, предизвикувајќи смрт и огромни штети во главниот град на Украина како и во другите градови, потсетува ДПА.

The post Собјанин: Спречени нови напади со дронови врз Москва appeared first on Република.

]]>

Руската противвоздушна одбрана во раните утрински часови собори неколку беспилотни летала над главниот град, изјави утринава градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесе ДПА.
Едно беспилотно летало ја оштети фасадата на една висококатница, изјави Собјанин на својот канал Телеграм.
Засега нема информации за жртви. ДПА ја пренесува руската агенција Тасс која објави дека едно беспилотно летало удрило во високата зграда на градската управа. Московскиот аеродром „Внуково“, во југозападниот дел на руската престолнина, е привремено затворен за полетувања и слетувања, јави Тасс. Летовите од него се пренасочуваа на други аеродроми. Москва веќе беше цел на неколку напади со беспилотни летала, кои дојдоа додека Русија ја продолжува својата инвазија на соседна Украина, започната во февруари 2022 година. Москва, исто така, постојано го гаѓа Киев со беспилотни летала, проектили и крстосувачки ракети, предизвикувајќи смрт и огромни штети во главниот град на Украина како и во другите градови, потсетува ДПА.

The post Собјанин: Спречени нови напади со дронови врз Москва appeared first on Република.

]]>
Руски борбен авион оштетил американско беспилотно летало над Сирија, едвај успеало да се врати во базата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-borben-avion-oshtetil-amerikansko-bespilotno-letalo-nad-sirija-edvaj-uspealo-da-se-vrati-vo-bazata/ Tue, 25 Jul 2023 18:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=665229

Воздухопловните сили на САД соопштија дека руски борбен авион прелетал „опасно блиску“ до американски дрон над Сирија и го оштетил со сигнални ракети. Ова е само последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија што се случија на Блискиот Исток, потсетува Си-Ен-Ен.

Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон „MQ-9 Reaper“ кој учествувал во мисија против ИСИС над Сирија. Тие додаваат дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер.

Екипажот на дронот успеал да го контролира леталото и да го врати во матичната база.

Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, изјави генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.

The post Руски борбен авион оштетил американско беспилотно летало над Сирија, едвај успеало да се врати во базата appeared first on Република.

]]>

Воздухопловните сили на САД соопштија дека руски борбен авион прелетал „опасно блиску“ до американски дрон над Сирија и го оштетил со сигнални ракети. Ова е само последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија што се случија на Блискиот Исток, потсетува Си-Ен-Ен. Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон „MQ-9 Reaper“ кој учествувал во мисија против ИСИС над Сирија. Тие додаваат дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер. Екипажот на дронот успеал да го контролира леталото и да го врати во матичната база.
Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, изјави генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.

The post Руски борбен авион оштетил американско беспилотно летало над Сирија, едвај успеало да се врати во базата appeared first on Република.

]]>